IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали знаете зошто ......????
    Испратена: 25.Април.2014 во 14:31
,,,,bjonse ,,potpolno si vo pravo,,,amaaaaaaaa,,,vnatreshnitot cicatrix ,,,najteshko se tretira,,,кафе,,,

Изменето од pajser - 25.Април.2014 во 14:39
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 21:34

Зошто лузни ?  - Затоа  Contractubex , Solcoseryl ,Jecoderm !

http://ei.realself.com/full/8305a9228f387ab79edab2fc49faaefa/550644-556247.JPG http://files.fbstatic.com/PostImages/2117996/0/27b218ce-2b1b-4ad8-8852-627e1ff3b0d3.jpg   http://4.bp.blogspot.com/-LBuX0kBTK3o/Tt-AHonQSkI/AAAAAAAABbI/1LOnJpiGjYU/s400/Robert_Davi.gif

Ткивото на лузната и те како се разликува од другото околно неоштетено ткиво односно епителот на кожата , но тоа не значи дека не можеме да истото го корегираме и да го доведеме до состојба на нормалата односно како другата неоштетена кожа…по затварање на раната и остранување на хирушките конци кожата велиме ,,оздраве,,ама пак се разликува оти недостасуваат фоликулите на влакненцата на тој дел , лојни и потни жлезди , самото место на лузната има помалку еластични влакна и велиме лузната е ,,тврда и собрана,, односно има многу слаба еластичност дури до крутост…

http://www.medapharma.rs/typo3temp/pics/lexical_4643a8daae303a878ab0686e57fdbf82.jpghttp://img.mojekrpice.rs/images/2/4028809d3a6c14f6013a70495d330469.jpg      http://www.contractubex.com/media/public/bilder_1/A1.jpg

Контрактубексот крем ја зголемува синтезата на колагенот ин витро го подобрува процесот на репарација и регенерација на тоа патолошко ткиво затоа што е послабо снабдено со со крв со што е можно секундарни патолошки дегенеративни реверзибилни промени односно оштетувања , го штити ткивотот од хипооксија и како созрева лузната така и се губи црвената боја и добива отворена бледа боја , времето  на лечењето е различно зависно од генетски предиспозиици , длабочината  и големината на лузната но секогаш има едно правило да третирање на оштетениот епител- лузна е секогаш кога веќе имаме зарасната ( затворена рана и остранети хирушки конци ) доколку лузната е од повреда , со мачкање три пати на ден од центарот на лузната со благо кружно движење кон надворешноста на лузната до 4 недели на првите знаци на подобрување до три месеци на исцело губење на лузната , но тоа не значи дека не можат да се третираат и лузни стари една година…Солкосерил преставува телешки екстракт во различна форма и јачина зависи од примена , гел за дентална примена , гел за офтамолошка примена , гел и маст за дерматолошка примена , како и парантерална примена , улога на обновување на оштетеното ткиво во сите сегменти на самиот епител на кожата…

Јекодерм или рибина маст скоро сите ја знаат содржината на вит А само го убрзува делувањето во епителизација на кожата и тоа дали за сува (како препарат за нега) , така и за оштетена кожа како изгоретини , уједи , лузни од различно потекло…најнезгодни се лузните на лицето поради психолошкиот фактор на личноста за такво оштетување на тој дел што треба да го краси човекот , лузни како последица од повреда , лузни како последица од третирани бубулици и акни ( голем број познати глумци ), лузни од изгоретини и уједи , лузни од целулит и нагло слабеење  претежно приметливо кај труднички стомак, како и лузни при разни фасцијални хирушки интервенции – пластична хирургија, за корекција на делови на лицето   , па и други делови од телото како силикони на гради итн …доколку се применат овие три од горе наведени препарати со успех би се третирала лузната до нејзино исчезнување со што самата личност ќе биде посамоуверена и без комплекси на т.н.,, обележана ,, личност…



Изменето од bijonse1 - 24.Април.2014 во 21:49
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:13

Не ја фрлајте лушпата од кромидот!


Нутриционистите предупредуваат дека така фрламе многу хранливи состојки.

Со насолзени очи повеќето готвачи ја фрлаат лушпата на кромидот, но нутриционистите предупредуваат дека така фрламе многу хранливи состојки.

Група шпански и британски научници ги тестирале состојките од сите делови на кромидот, вклучувајќи ја лушпата, надворешниот слој, коренот и стеблото. Ги испитувале можните начини на користење на секој дел, дури  и на она што го сметаме за отпад.

Дојдовме до заклучок  дека кромидот содржи многу влакна (прво нетопливи влакна и флавоноид. “Конзумацијаат на влакна го намалува ризикот од болести на крвотокот, тегоби со желудникот, ракот на дебело црево,  дијабетис  тип 2 ., тврди Ванеса Беницес од Автономниот универзитет во Мадрид.

Значи сите делови од кромидот трба да се користат, бидејќи содржат пробиотици кои ја подобруваат цревната флора. Исто така во кората има и состојки кои влијаат добро на крвотокот



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 19:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:08

Шумливи таблети – да или не

Овие таблети најчесто се користат за чистење на организмот или витамински додаток.

Шумливи таблети се таблети кои се дизајнирани да се стопат во контакт со вода или некоја друга течност. Овие таблети најчесто се користат за чистење на организмот или витамински додаток. Сепак, тие не можат да ги надоместат природните минерали и витамини, а претераното консумирање може да предизвика хиповитаминоза. Ова се случува кога во организмот има високи нивоа на витамини, што може да предизвика токсичност во телото.

Шумливите таблети се заведени под број 4127645 во американското биро за патенти, а објаснети се како „форма на компресирани таблети кои се користат за намалување и елиминирање на проблемите во усната шуплина“. Оригиналните таблети содржеле шеќер (сорбитол) и калциум. Денешните таблети содржат повеќе минерали, а постојат во различни големини од 100 мг до 8000 мг.

Поради брзиот и нездравиот начин на живот, се’ повеќе луѓе загубата на витамините ја надоместуваат со шумливи таблети. Според многу студии, на овој начин се компензираат супстанциите кои се неопходни за нормалното функционирање на организмот. Тие дејствуваат веднаш и не предизвикуваат алергиски реакции. Сепак, тие не можат сосема да ги заменат природните витамини и минерали кои му се потребни на телото. Овошјето и зеленчукот би требале да бидат примарните извори на супстанци кои се неопходни за нормално функционирање на организмот. Луѓето често ги користат шумливите таблети на своја рака, без претходно да се консултираат со својот лекар, односно фармацевт. Ова е голема грешка, особено кога се работи за децата, бидејќи нивниот организам е посензитивен. Секој родител би требало да побара совет од педијатар пред да почне да користи некоја од шумливите таблети.

Проблемот со овие таблети е што содржат супстанца по име бикарбонат. На пациентите им се препорачува внимателно да ги прочитаат информациите на пакувањето, бидејќи така можат да ги дознаат состојките, износот на солта, препорачана дневна доза и сл. Ако не се следат упатствата, може да се појави висок крвен притисок, што може да предизвика сериозно оштетување на срцето.  



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 19:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2013 во 21:12
Со лакот ги чувам до недела дена неизедени
и јас лакот го лупам место ноктите
и ко ќе снема лак пак исто
тропалки земав за на рака и пак залудно

Изменето од sanja-a - 30.Декември.2013 во 21:12
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 21:42
Originally posted by sanja-a sanja-a напиша:

Моите обиди во негрицкање на нокти завршуваат по една недела,
долги нокти не трпам во никој случај пред се поради работата,
ама па и грицкани се гнездо за болести

Пробај со зацврстувач за нокти. Две во едно ќе ти дојде. И јас имав таква навика поради нервоза и стрес на работа и почнав со зацврстувачот. Кога ќе помислев на грицкање, само лакот ќе го излупев со заби и ќе се "заситев"голема насмевка
И повеќе не ми текна да ги грицкам, кога ќе ми текнеше на миризбата и вкусот на зацврстувачот.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 18:12
Моите обиди во негрицкање на нокти завршуваат по една недела,
долги нокти не трпам во никој случај пред се поради работата,
ама па и грицкани се гнездо за болести

Изменето од sanja-a - 29.Декември.2013 во 18:13
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 23:47
Грицкање нокти

http://wwwdelivery.superstock.com/Image/1439/Thumb/1439R-669066.jpg  http://stopbitingnail.weebly.com/uploads/5/2/1/7/5217290/5373949.jpg http://wwwdelivery.superstock.com/Image/1439/Thumb/1439R-669019.jpghttp://www.magazinmode.com/wp-content/uploads/2010/01/kako-zaustaviti-grickanje-noktiju.jpg http://www.ordinacija.hr/repository/images/_variations/8/9/897aad90fb5866b46c27676a5943bf05_content_large.jpg
Често не сме ни свесни кога ги грицкаме ноктите …едноставно кога ќе почуствуваме бол од загризаната кожинка ќе сме свесни за нашето грицкање… да ги заштитиме нашите нокти од ваква навика со едноставно ставање на ханзапласт, фластер на ноктите или некој блуткав , љут вкус од пиперка да не ни текне да ги доближиме до уста…често грицкаме нокти попратно со гледање ТВ , читање новина или друга активност…или грицкањето ни ја одава моменталната загриженост или друга крајност… означава наша моментална здодевност…грицкање на ноктите некогаш може да се протолкува како симптом на  опсесивно однесување или едноставно преставува навика која ни помага да се ослободиме од моменталниот стрес , како и една од начинитe на изразување кога имаме проблеми со забите…самото грицкање на нокти подразбираме и грицкањето на поткожицата т.е. епидермот како и мекото ткиво околу ноктот , како викам јас ,,тоа иде во комплет,
   http://s2.hubimg.com/u/320421_f520.jpghttp://1.bp.blogspot.com/_E_Ai1mybVGo/TPsM24qQO3I/AAAAAAAAENg/xpXIHBjw6uo/s1600/DSC_0161.JPG http://i37.tinypic.com/110vfqf.jpg   
инаку може да се има и друга навика како чепкање на носот , цицање на палецот , стискање со забите како и вртење на некој прамен на коса, брзо мрдање на ногата како шиење на машина сингерица итн…ова навика ја имаат скоро сите од 10 до 30 години кога се смета дека потоа се стабилизира ова навика , и тоа грицкањето е позачестено кај машките за разлика од женските…убавите средени нокти , вештачки нокти како  и редовен маникир може да не отргне од ова лоша навика,а машките  можат да користат проѕирен лак кој е многу горчлив на вкус или едноставно да се постави фластер на грицканите прсти или едноставно да се почне да се контролира стресот друго нема …штетноста на грицкањето на ноктите се согледува во можните инфекции при крварењето на загризаната заноктица како и бол и црвенило на прстите јагодицата, како и проблеми и инфекции на забите со кои грицкамеи на крај најекстремено грицкање на нокти ама од нозете…убавите нокти на раце и нозе , онака природни а не накинџурени од манекир , одаваат и означува добар карактер и здрава личност голема насмевка


Изменето од bijonse1 - 24.Април.2014 во 21:44
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2013 во 23:05
ЗОШТО КОСАТА ОБЕЛУВА КОГА СМЕ СЕУШТЕ МЛАДИ ?

Thomas More (1535) & Marie Antoinete ( 1793) побеле во косата преку ноќ пред нивното погубување...можно ли е под голем стрес за ваква нагла промена??  Косата содржи протеин  со пигмент  melanin …значи појавата на белата коса не е секогаш поврзано со староста , напротив млади особи имаат појава на бели влакна во многу ран стадиум…
http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2008/11/13/article-1085486-0276B448000005DC-296_468x286.jpg http://img.ehowcdn.com/article-page-main/ehow/images/a05/40/e0/causes-white-hair-800x800.jpg  http://www.ladyzona.com/wp-content/uploads/2010/02/Hair+white2.jpg
мoжно при нагли промени на хормони како и силни стресови да дојде до пореметување на самиот меланин но многу ретко преку ноќ најчесто потребно е неколку недели , секоја клетка од влакното на косата произведува мала количина на хидроген пероксид чие лачење со години се зголемува така да пероксидот го уништува природниот пигмент меланин во фоликулите на влакната и прво ја прави косата сива па да на крај сосема ја обели… е сега ова појачано лачење на хидроген пероксид во фоликулите е предизвикано од редукцијата на ензимот tirosinaza кој го разложува пероксидот на кислород и вода па со тоа се потикнува производството на меланин…ете го лекот против белењето на косата , да се надомести овој ензим…но се уште се врши клиничко испитување ( така наречен K(D)PT  ) така да засега единствен спас е помирување со белата коса или едноставно вешто фарбање со нијансирана природна боја на косата… еве некои совети кои би помогнале : пиење на сок од моркови , мед , користење на витамини од групата А и Б и често мачкање на влакното со специјалните гелови за зајакнување на косата со различно  комерцијално име…
http://www.planetazdravlja.com/wp-content/uploads/2011/02/seda.jpg         http://www.produkt-suchmaschine.com/images/products/42_/abtei-kieselerde-plus-magnesium-calcium-biotin-id2097714.jpg      http://www.anibio.de/mm/Biotin_2011.jpg          http://biovea-europe.com/images/products/lrg/Biotin_LG.jpg 
Biotin е важен витамин за појачано растење на косата и за превенција од опаѓање на истата… тој е хидросолубилен витамин  значи растворлив во вода и доколку целосно не се искористи се елиминира со мокрачата… од групата на Б витамини т.е. vitamin H или  B7, го има  во месото во црниот дроб и бубрезите, во млечните производи (млеко, сирење, путер), жолчката од јајцето, бананите, јагодите, авокадото, лубеницата, грејпфрутот, грозјето, печурките, грашокот, пивскиот квасец, пченичните р`кулци, оревите, гравот, кикириките , лососот, туната, скушата и харингата , за разлика од другите витамини , кои телото ги зема од храната, овој витамин може да се синтетизира со помош на бактериите кои се наоѓаат во цревата…бидејќи на организмот му се потребни мали количини  ,а го има и во намирници, а и се синтетизира во телото , многу ретко се сретнува недостаток на витаминот B7  во организмот…биотинот обезбедува  правилен раст и ја регенерира клетката … негов недостаток секогаш е присутен кога имаме намален имунитет …доаѓа до намалување на бројот на клетките плазмоцити, кои произведуваат антитела…биотинот помага во одржувањето на адекватното ниво на шеќерот во крвта и дијабетичарите имаат корист од овој витамин, бидејќи тој ја поттикнува реакцијата на телото на инсулин…може да ги намали симптомите на депресија, а исто така помага и при намалување на болката…
http://www.planetazdravlja.com/wp-content/uploads/2011/02/cetka3.jpg                             http://images.idividi.com.mk/images/bela_kosa1.jpg        http://www.produkt-suchmaschine.com/images/products/547_/abopharma-zinkbiotin-kapseln-id5509330.jpg    
помага да ноктите бидат појаки и помалку кршливи, а кожата здрава и еластична…и уште еден интересен факт да овој витамин B 7   помага да косата не побели, да биде појака и да не опаѓа….инаку како  суплимент дерматолозите го препорачуваат 2mg дневно за појачано растење на косата и 3 mg против опаѓањето на косата…интересно да дози и од 200 mg дневно не се токсични…Недостаток на витаминот B7 може да се јави кај лица кои биле на долготрајна терапија со антибиотици се манифестира со губиток на апетит, мачнина, болки во мускулите, замор, депресија, анорексија , анемија, дерматит и екцеми на лицето и телото, опаѓање на косата… доколку се внесува  алкохол и кафе доаѓа до намалена ресеорпција на истиот…да



Изменето од bijonse1 - 24.Април.2014 во 21:43
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2012 во 19:51

ЗОШТО МОРА ДА ГО ЗНАЕМЕ Heimlichov МАНЕВАР !!

Колку пати ни се случило да бидеме присутни кога некој се дави со храна (поради брзо јадење, алчно недожвакување или зборување,смеење, па ќе се ,,залета,, парче  каде не треба- во душникот )…

 http://images.askmen.com/video/sports/how-to-perform-the-heimlich-maneuver-abdominal-thrusts.jpg    http://www.healthy.net/images/aipm/choking_baby.jpg http://i.ehow.com/images/a00/0e/j5/heimlich-maneuver-1.6-800X800.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c9/Abdominal_thrusts3.jpg/200px-Abdominal_thrusts3.jpg http://www.activeforever.com/images/DiscoveryImages/Injury-01.jpg
или детенце кој при најмалку невнимание на родителот играјќи ќе голтне некој предмет кој ,,ќе заглави,, во грло , често,  разните грицки , пуканки , кикирики се залетува во душник кога ги консумираме гледајќи некој хорор или акционен филм не размислувајќи како јадеме и џвакаме…

често  тинајџери правејќи се важни , фрлат дел од храната во вис, да во лет истата ја голтнат па да ,,залета,, повторно во душникот…

http://v023o.popscreen.com/eGZzaHFuMTI=_o_how-to-perform-the-heimlich-maneuver-abdominal-thrusts.jpg    http://img2.tfd.com/mk/H/X2604-H-17.png    http://img.ehowcdn.com/article-new/ehow/images/a00/0e/j5/heimlich-maneuver-800x800.jpg    http://www.ngha.med.sa/Arabic/MediaCenter/News/PublishingImages/Choking.jpg

затоа не би било лошо секој да го знае овој метод на остранување на неправилното голтнато и заглавено чиј метод може да спаси и живоТ , чуството на давење не ни дава брзо ниту да размислиме ниту да реагираме ,чиста паника ,  а ни останува само 4 минути да превземеме нешто против неправилниот внесен и заглавен дел од нешто во нашиот душник..,  

Heimlichov захват се применува кога сме самите во опасност со гушење од нешто, а околу нас нема никој да ни помогне , е сега не ќе можеме да се удриме самите позади на грб :mrgreen: , ама тупаницата со една рака ќе ја направиме а со другата преку неа притисниме и сето тоа силно ќе се наклониме кон некоја тврда површина од столица , фотеља …Пред да се примени овој  Heimlichov захват личноста прво се удира 5 пати со дланка во задниот дел , па потоа се зафатува со двете раце од грб се прави со дланката тупаница и се притика во горниот дел на стомакот помеѓу папокот и почетокот на ребрата , а со другата рака се притиска одозгора тупаницата од доле нагоре за да може да се притисне стомакот силно од доле нагоре и тоа препорачливо да се одели особата која се дави од тлото доле , се повторува 5 пати истото и се комбинира со лупање по грб со дланка …


http://24.media.tumblr.com/tumblr_m6yslgvdpW1qj082go1_500.jpg     http://www.throng.com.au/wp-content/uploads/2012/05/ouat-pilot.png

п.с

немојте да помислите дека со бакнеж на особата која има голтнато залак и се заглавил, дека истото ќе излезе преку уста , тоа го има само во приказните :mrgreen:

оваа метода која го добила името по америчкиот доктор и медицински истражувач Dr. Henry Jay Heimlich кој доживеал цели 92 години старост...



Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2012 во 20:01
Кон врв
Milko01 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 180
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milko01 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2012 во 01:34
Не знаеме....и не сакаме да знаеме...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2012 во 05:55


„ЛЕКОТ Е ПЕТ ПАРИ АКО ГО ЗНАЕМЕ“ – ЕДНОСТАВНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ РАК КОИ НАВИСТИНА ДЕЛУВААТ


Ако познавате некој кој се бори со ракот, ве молиме да му ги доставите овие информации, бидејќи токму тие можеби ќе спасат уште еден живот и можеби претставуваат единствена надеж за опстанок!

rak27Иако ракот се смета за комплексно заболување важно е да се сфати дека канцерогените заболувања всушност претставуваат забрзан раст на канцерогени клетки при што доаѓа до ослабнување на имуниот систем, зголемување на количината на токсични материи во организмот.

Доказите добиени од значајни истражувања покажале дека постојат стотина познати и ефективни лекови против ова заболување. Еве неколку едноставни протоколи кои можат да направат чудо во лечењето на канцерогените заболувања.

 1. Сода бикарбона

slika 1

- Една кафена лажица сода бикарбона и сок од еден лимон, 250 милилитри вода, неколку пати на ден успешно ќе ја намали киселоста во организмот. Канцерогените клетки не можат да растат во алкална средина.

 2. Sanguinaria Canadensis (крвавче)

slika 2

- Ова е повеќегодишна билка која во себе содржи алкалоид наречен Sanguinarin. Тој има својство да ги уништи канцерогените клетки, а да не ги уништи здравите клетки. Може да се употребува орално и надворешно како лек против кожни и други видови облици на рак.

3. Чага

slika 3

- Ова е лековита габа чие дејство со години се проучува. Се покажало дека таа има својство да го модулира имунолошкиот систем и дека има антиканцерогени својства.

 4. Витамин Д

slika 4,jpg

- Следење на количината на витамин Д во крвта и негово балансирање може да помогне при превенција од канцерогени заболувања и како помош во борбата против ракот. Во студија од 2006 година истакнато е дека мали количини на витамин Д е поврзано со намалена стапка на преживување на заболените од рак, особено кај пациенти кои се во постменопаузен период.

 5. Чајна напивка од Essiac

slika 5

- Оргиналната мешавина на чајот е стар рецепт на индијанците домородци кои го користеле стотини години на назад. Една канадска медицинска сестра од нив го дознала чајниот рецепт и почнала да го дели на пациентите кои се бореле со ракот, по што пациентите почнале неверојатно брзо да се опоравуваат. Чајот е комбинација од неколку антиканцерогени растенија и растенија кои го чистат телото, а тоа е се што му е потребно на пациентот болен од рак. Се што треба да направи е да го консумира неколку пати на ден.

 6. Масло од ленено семе и младо нецедено сирење

slika 6

- Доктор Џоана Будвиг од Германија, биохемичарка и лекар, е жената која го смислила природниот начин на лечење на ракот со стапка од 90 проценти на излекување, метод кој го практикувала педесет години. Комбинацијата на маслото и младото сирење му дава на организмот есенцијални масни киселини и липопротеини кои го редуцираат туморот и го обновуваат балансот на организмот.

 7. Масло од канабис – Cannabis sativa subsp. sativa var. Indica

Drop_of_cannabis_oil

- Канабиноидите во маслото од канабис ги убиваат канцерогените клетки. Исто како и другите растителни препарати не ги уништуваат здравите клетки. Постојат голем број на студии кои потврдиле колку е важно маслото од канабис во процесот на лечење на многу видови рак вклучувајќи го и ракот на дојка.

8. Јод

slika 7

- 85 проценти од луѓето од светската популација имаат премалку јод во организмот. Поради ова се зголемува количината и производството на естрогени во организмот па поради тоа мораме често да ја проверуваме количината на јод во крвта. (за да не дозволиме естрогенот да создаде мутација на клетките и зголемување на можноста да се создаде циста и тумор)

 9. Мелатонин

slika 8

- Мелатонинот е моќен инхибитор на создавање на канцерогени клетки. Всушност лабораториските студии покажале дека мелатонинот „ги успива“ канцерогените клетки на дојката и го намалува нивниот раст за 70 проценти. Мелатонинот исто така го спречува негативното делување на естрогенот кој го внесуваме преку исхраната. (млеко, месо, риба и морски плодови)

 10. Изданоци од брокула

98c6a76ea9252c34e3b32b377529b9b7_content_large

- Овој зеленчук има антиканцерогени својства, а докажано е дека изданоците од брокулата имаат сто пати повеќе протеини од другите сродни зеленчуци. Тие во себе содржат сулфорофан кој не само што ги убива канцерогените клетки туку и го намалува нивниот раст и ширење по организмот, а тоа дејство го покажува кај многу видови на рак.

Ако познавате некој кој се бори со ракот, ве молиме да му ги доставите овие информации, бидејќи токму тие можеби ќе спасат уште еден живот и можеби претставуваат единствена надеж за опстанок!

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2012 во 17:46

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО СЕ ПРАВИ OGTT тест и тест на glikohemoglobini ?

Може прашање?

-Дали сум шеќераш ( ДИJАБЕТИЧАР ) или имам тенденција да добијам шеќерна болест? ете , во ниедно време настинав и морав да одам кај матичниот лекар попладне накај 14ч , кој ме испратил на брза лабораториска анализа за да ги види вредностите од леукоцитите кои беа 9,5 давајќи ми антибиотик , ме буни ова вредност на шеќер во крвта 7,2 над нормалата (6,8 )  иако тој ми кажа дека тоа не било нормално според времето кога се направила анализата! инаку имам 35 год и секогаш кога ги правев анализите сабајлешниот шеќер ми бил 3,8-4,2 .

http://dels-old.nas.edu/ilar_n/ilarjournal/47_3/graphics/47_3_243f1.jpg  http://americanhsra.org/eventsOLD/trash/sanofi-diabetes-logo-i9.jpg

Одговор :

Сигурно не си hipohonder, едноставно си загрижен поради нивото на глукоза во крвта , инаку знаеш   референтните вредности на шеќер во крвта се однесува само на утринските вредности и тоа после период од гладување од 12- 16 ч така да поеднинечно попладневно одредување на гликоза во крв нема некоја дијагностичка вредност , инаку концентрацијата на шеќер во крвта се регулира од лачење на хормон во прв ред инсулин , глукагон , хормон на раст , тироксин , адреналин. Во услови на стрес под дејство на адреналин доаѓа до пораст на концентрација на глукоза во крвта , додека кај болеста Diabetes mellitus  е како последица на недоволно лачење-делување на инсулинот , ете што значи ,,стресен шеќер во крвта,, независно од исхраната . Исто вакво  покачување на глукозата во крвта имаме и од некои лекови ( фуросемид за појачано мокрење, индометацин нестероиден антиревматик, естрогени , кофеин,  итн).

   http://graphics8.nytimes.com/images/2007/08/01/health/adam/19197.jpg   http://www.domzdravljanis.co.rs/images/5dijabetes.jpg http://www.rogerspeakperformers.com/wordpress/wp-content/uploads/2012/04/042612_0308_OneinFiveCa2.jpg

Дали си дијабетичар?
постои тест со кој се оптоварува телото со глукоза или ,, орални глукоза толеранс тест,,  (OGTT) и според препораката на Светската здравствена организација ваков тест треба да направат сите кои имат симптоми на покачен шеќер во крвта: зголемена глад, пречесто мокрење , губење на телесна тежина и се разбира тие што имаат над  11,1 mmol/L после 2,3 ч од оброкот или утринското мерење после 12-16ч да биде  преку 8,0 mmol/L....често се греши кога се предлага да се направи тестот за време на трауми , инфекции , тешка болест или при користење на диуретици и кортикостероиди исто важно е дека не смее да се направи тестот  три дена пред и три дена после менструалниот циклус и секогаш пред тестот треба да се гладува најмалку 10 ч а најповеќе 16 ч , не смее да се пуши ниту да се пие за време на тестот и додека се чека мора пациентот да мирува .Како се изведува  самиот OGTT тест? се дава точно 75 g  anhidrovana glukoza растворена во   250 -350 mL вода и треба да се испие за време од една минута , првиот примерок на крвта се зема пред тестот на гладно и после 1ч ( 60 мин) па 2 ч ( 120 мин) по испиената вода со глукоза …

или

нормални вредности   < 5,5 < 8,9 < 6,7

гранични вредности  5,5 – 7,2 8,9 – 12,2 6,7 – 8,3
патолошки вредности  > 7,2 > 12,2 > 8,3

фактори кои би делувале на резултатот на  OGTT :

1. Пушење

2. Неадекватна диета со што се смалува толеранцијата на јагленохидратите давајќи слика на лажен дијабетес .

3. Инфективни болести и разни хирушки интервенции.

4. Ендокринолошки болести , хипертиреоза , феохромоцитон и хиперфункција на надбубрежната жлезда кои доведува до ,,ненормални ,, резултати на  OGTT тест…

напоредно со OGTT тест вообичаено се прави  така наречен :

Тест на Glikohemoglobini

Гликолизиран хемогломин  (glikohemoglobini HbA1)се состои од три ракции : HbA1a, HbA1b i HbA1c , Hemoglobin HbA1c го содржи  80% од вкупниот  HbA1. Гликолизација на хемоглобинот се одвива континуирано во текот на животниот век на еритроцитите и затоа концентрацијата на  HbA1c  или вкупниот HbA1 е пропорционален со просечното ниво на глукозата во крвта во текот на 2,3 месеци пред самото одредување. Продирајќи во еритроцитите , глукозата иреверзибилно се врзува за хемоглобинот и останува до крај на својот живот така врзан, затоа тоа се искористува како добар параметар за следење на метаболните контроли на дијабетисот оти не зависи од краткотрајните промени на гликемијата и затоа при толкување на резултатот важно е да се каже дека  HbA1c  е значајно снижен кај состојби со скратен животен век на еритроцитите . Референтни вредности на гликозираниот хемоглобин  HbA1c  се движат од  3,0 do 6,0% сметајќи дека вредност на   HbA1c кај пациенти со дијабетес  до 7,5%  укажува на добра регулација на болеста.

Заклучок на сето ова :

значи според ИНСД (European Niddm Policy Group 1993) критериум на  компензација на гликемијата во крвта би била :

наутро на гладно 4,6 – 6,1 (компензација) до 7,8 (субкомпензација)  и над 7,8 (декомпензација)

после еден час изеден оброк 4,4 – 8,0 ( компензација) до 9,5 ( субкомпензација) и над 10,0 ( декомпензација)

HbA1 до 8, 0 ( компензиран ) до 9,5 ( субкомпензирн) и над 9,5 ( декомпензиран)

HbA1c до 6,5 ( компензиран) до 7,5 ( субкомпензиран) и над 7,5 ( декомпензиран)

http://doktori.mk/files/upload/1160/%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%81%203.jpg                                   http://www.crdamc.amedd.army.mil/newSite/popHealth-diabetes/_images/target-dia.png                http://www.diabetesdaily.com/voices/files/2012/05/stopdiabetes-133x300612.jpg



Изменето од bijonse1 - 25.Јули.2012 во 17:54
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2012 во 10:50
БОЈАТА НА ИЗМЕТОТ  , ,, СТОЛИЦА ,, ИЛИ  FECES ПОКАЖУВА... ШТО ? 
 
http://1.bp.blogspot.com/_I33bIyV9MZw/TD46_NsUMlI/AAAAAAAAA4U/OJdBxbvm1UM/s1600/rest+in+feces.jpg  http://farm3.staticflickr.com/2559/4007890542_9de3870e22.jpg  http://www.threebrain.com/news/feces.jpg

Фецесот се состои од околу 75% вода, а  другите % од мртви бактерии , масти , нешто белки , груби остатоци од храна и жолчни пигменти , велиме дека фецесот  ,,смрди ,, тоа е поради продуктите на бактериската активност и тоа зависи,нели , од самиот човек зависно каква бактериска флора има , а и од самата храна која ја јаде …

http://s3.amazonaws.com/readers/2011/08/10/gallbladder_2.jpg  http://healthybodydaily.com/wp-content/uploads/2010/06/red_poop_black_poop.jpg

интересно е да се знае околу бојата на фецесот т.е. ,,столицата,, што ни кажува за моменталната исхрана , но и за здравствената состојба на телото и за жал  тие што треба да ја ,,прочитаат,, и да постават дијагноза, лутаат во други правци во погрешно толкување…ај малку да се потсетиме , дека ЦРНИОТ ДРОБ постојано лачи жолчка која се акумулира во жолчното кесе и по потреба се излива преку жолчни патишта во тенкото црево при што од светло зелена боја под дејство на активноста на ,,добрите бактери,, кои се присутни во цревата се претвора во жолта , портокалева и конечна здрава боја на столицата-  кафена …е сега , што би значело кога крајната ,,столица,, (измет)  не би била кафеава туку :

1.) Црна и леплива и смрдлива ,,столица,,

Тоа би значело крварење во стомакот или во горниот дел на тенкото црево, промената на бојата  е поради хемиските реакции на крв во рамките на тенкотот црево кои се предизвикани од дигестивните ензими во цревата….

2.) Црна нелеплива и без мирис ,, столица,,

Од пиење на железни препарати (против анемија), како и лекарства кои содржат бизмут…

3.) Црвена ,,столица,,

Кога крварењето потекнува од долните делови на цревата, крвта  не може да дојде до продолжен контакт со ензими за варење, бидејќи е кратко растојание од местото на крварење до ректумот и во овој тип на крварење може да биде темно црвена , но таква боја ќе даде и ,,столица ,, на здрав човек ако изел цвекло, црвен зеленчук, и друга храна кои содржи ,,црвени бои,,…

http://farm8.staticflickr.com/7211/7337378438_4e9764eb88_z.jpg  http://4.bp.blogspot.com/-Rvi-1kTpJ2Q/TmPH2GCYI6I/AAAAAAAAAHM/AK2jIeJngqU/s1600/Transplanting+Feces.jpg

4.) Сива или глина ,, столица,,

Фецес со таква боја укажува малку или целосно одсуство на жолчка, бледа боја може да значи состојба (билијарна опструкција), каде протокот на жолчката на црево е попречена, како што се, опструкција на жолчните канали од тумор или жолчните камења во канал или во близина панкреасот…

5.) Жолта ,,столица,,

Жолт фецес  може да укаже на присуство на  масти во столицата како резултат на болести на панкреасот со намалено лачење  на ензими за варење во цревата, како што се хроничниот панкреатит (воспаление и  злоупотреба на алкохол) или опструкција на панкреасните канали што ги носи ензими на цревата (најчесто поради рак на панкреасот)…

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0a/Feces_de_can_(dog).jpg   http://www.dernek.ba/blogslikevelike/2264078-364259.jpg   http://neobychno.com/img/2011/02/mylo-govno-2.jpg   http://marenda.biz/wp-content/uploads/2012/03/ewwwee.jpg  http://www.buzzle.com/img/articleImages/342865-5836-35.jpg   http://www.buzzle.com/img/articleImages/316112-12314-8.jpg

6.) Зелена ,,столица,,

Кога фецесот минува низ цревата брзо (дијареа), може да има малку време за да се подложи на билирубини и затоа може да се појави со зелена боја поради брзото минување низ цревата…

7.) Портокалева ,,столица,,

Постојат  бенигни причини , но може да се има портокалев фецес поради користење на некои лекови и храна што содржат бета-каротин ( витамин А)како моркови , слатки компири , свежа мајчина душица, спанаќ ,секој сок со црвена боја и алуминиум хидроксид (што може да се најде во антациди-Компенсан)…Само еднаш ,,променета столица,, не би требало да ја земаме во предвид за некоја промена на телото, но ,  што би рекле тогаш? е па,  возрасните имаат фецес тежок 100 до 250 грам и зависно колку пати ,,излегуваме по надвор,, демек вршиме дефекација тоа ќе делува на изгледот на фецесот , а се одразува и на нашето здравје…односно кога ќе се јаде повеќе зеленчук ,,столицата,, може да има делумно зеленикава боја, а ако се јаде повеќе месо може да даде темна кафена скоро црна боја со придружена силна непријатна миризба , лоша миризба дава и храна и пијалоци богати со вештачки ароми …

http://www.healthnetcafe.com/images/stool_diagram.jpg  http://farm1.static.flickr.com/51/163981285_501d666739.jpg

конзистенција и форма  на ,,столицата,, – фецес , од течна дијареична , watery ,  преку нормална , до многу тврда ,hard dry , ,,капс столица,, клинички случај , со не толку чести дијареични жолти столици попратени со грчеви и болки во желудник и нагон на повраќање кои се задржуваат неколку дена и повторно се повторуваа по неколку месеци ??

http://www.24sata.hr/image/zele-objaviti-javnosti-recept-za-virus-koji-moze-ubiti-milijune-504x335-20080520-20101019005610-92280.jpg  http://acidophilusmilk.net/wp-content/uploads/2011/07/lactobacillus_acidophilus_milk_based_100_caps__70704_thumb.jpg  http://ecx.images-amazon.com/images/I/41rQB8yW-6L._SL500_AA300_.jpg

прв чекор , комплет лабораториско испитување посебно акцентирани хепатални односно ензимски тестови , билирубин , итн, втор чекор , ултразвучно испитување т.е. ехо разгледување на сите интерни органи во гастроинтестиналниот тракт …и ? кога ќе добиете резултати во граница на нормалата ?  ем ехо ем лабораториски резултати ? а вие мака си имате? имаме две опции или бактериска цревна инфекција или едноставно поради Х причини губење на ,,добрите цревни бактери,, со што храната не може да се задржи ниту фецес да промени боја во цревата од жолто до кафеава боја, едноставно  ГИ НЕМА ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ ,, да го стораат тоа,  а бактериска инфекција поради немање покачена температура ниту пак ептен чести ,,столици,, испаѓа како солуција , останува фактот дека ги немаме ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ,, кои поради икс причини се изгубија од цревата …

http://marketkonekt.com/sites/balkanbaba/docs/image_1335175464_61.png   http://blog.articlehealthandfitness.com/wp-content/uploads/2010/09/Activia2.jpg   http://www.mynet.sk/reset/rst_images/0031/xZM-f903-157289.png   http://3.bp.blogspot.com/-Zi2weJ_STP4/TmgJJQkrcwI/AAAAAAAADM0/Iz9kzTNyvaA/s1600/photo+%252870%2529.JPG

ете со една капсула од такви млечно киселински бактерии кои пиејќи во допир со вода ќе збувнат во телото ќе се размножат и ќе си се ,,наместат,, во цревната флора каде им е местото , помагајќи во варење на храната и кога ќе се додаде комплекс на витамини од Б групата и нешто вит К , телото ќе се поврати за неколку часа… или долгорочно користење на специјални млечни производи збогатени со такви бактерии ацидофилус… не спомнав , какви све  психолошки стресови (депресија , можност на покачување на крвен притисок , тахикардија и покачен шеќер во крв) може да дојде напразно при соочување со неточна ,,неизлечива,, препоставка за здравствената ситуација , затоа треба секогаш добро да се размисли , консултации со стручни лица од повеќе области дури и народни искуства во медицинска пракса се од големо значење…

џабе народот не кажува од памти века :

Лекот е пет пари , ама да знајш да го најдеш !!!



Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2012 во 11:02
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.