![]() |
|
АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | ||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 12.Февруари.2010 во 11:59 |
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
БИБЕР И ЦЕЛЕР ЗА ПОДОБАР СЕКС ![]()
Изменето од bijonse1 - 20.Јануари.2010 во 21:35 |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Препуштете се на храната која на природен начин ја распалува сексуалната желба. Ветуваат најјак облик на телесно уживање… Афродизијаците се познати како средства кои на овој или на оној начин заведуваат, ја зголемуваат сексуалната моќ, ја подобруваат потенцијата,го подигнуваат нивото на сексуалната возбуда и го зачинуваат сексуалниот живот. Меѓу нас се векови, а наводно имаат делотворност како на мажите така и на жените. Познаваме неколку видови и верувале или не некои од нив секојдневно ги употребуваме во исхраната. Самиот израз афродизијак потекнува од името на грчката божица на љубовта Афродита . Веќе илјдници години имаа доста висока цена бидејќи ветуваат најголемо телесно уживање. > Остриги... Како афродизијак остригите имаат многу богата историја. Ги познавале од времето на Античкиот Рим каде што ги пракале робовите на морскиот брег од каде што им носеле големи количини од овие морски плодови. Покасно славниот љубовник Казанова знаел да изеде дури и по 70 парчиња дневно, а сето тоа за да си ја зачува сексуалната сила. Нивната репутација е изградена врз фактот дека нивниот облик потсеќа на женскиот полов орган. Истото важи и за смоквата и авокадото. Стручњаците ги препорачуваат остригите поради тоа што се богати со цинк кој има важна улога во производството на тестостерон и здрава сперма. > Лубеница наместо виагра и ананас во одличен коктел… Сите во Америка ги изненади новоста дека лубеницата има еднаков ефект како и виаграта. Таа вест до некаде ја потврдиле и научниците. Спомнатото овошје наводно одредени хемиски соединенија кои позитивно делуваат на работата на срцето и овозможуваат лесна циркулација на крвта. Наводно на ист начин делува и виаграта. Ако лубеницата не ви спаѓа во омилените овошја и предност им давате на егзотичните тогаш на своето либидо дозвлете му свеж ананас. Најдобар е помешан со мед и рум. Наместо рум можете да употребите млеко али тогаш коктелот брзо ке се усири. Само мала чаша од овој напиток содржи голема количина на еротска енергија. |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Храната како афродизијак
Понекогаш
и секојдневните намирници кои ги имаме во кујната можат да го “зачинат”
нашиот љубовен живот, затоа што е познато дека храната буди многу
чувства. Освен тоа, самиот чин на јадење може да биде добар почеток на
страствена ноќ.......... 2. Маслинки, богати со антиоксиданси, од стари времиња се познати како афродизијак. 3. Јагоди, полни со витамин Ц и антиоксиданси, симбол на заведувањето. Пробајте со комбинација со чоколадо или шлаг. 4. Вишни, со својот особен вкус може да го “зачини” сладоледот или омилениот пијалок. |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Храната како афродизијак
Афродизијакот е природна или вештачка супстанција која го буди и го зголемува сексуалниот апетит. Името потекнува од грчката божица на љубовта, Афродита. Во текот на историјата служеле и како лек и за забава. Со тек на време и разни предмети, мириси, супстанции и направи биле предизвикувачи на сексуални желби.
Школките
и шампањското се секако на прво место кога станува збор за храната како
афродизијак, но вистинате е дека храната која навистина го поттикнува
либидото воопшто не е толку егзотична. |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Од остриги до авокадо - сите ние сме слушнале гласини за т.н.
афродизијачки својства на некои видови на храна. Додека некои од нив се
сметаат за афродизијаци без некоја основа, експертите потврдуваат дека
некои видови храна се подобри за либидото одошто другите. Кои се
вистински, а кои лажни афродизијаци?
Вистински - Остригите
Сите слушнале за т.н. афродизијачки својства на остригите, но дали
неколку остриги навистина ќе го потикнат вашето либидо? Можеби, а еве
зошто: остригите содржат високо ниво на цинк, а цинкот го потикнува
хормонот тестостерон, основниот хормон за стимулирање на сексуалниот
нагон.![]() Лажен - Банани
Можеби сте слушнале за афродизијачките својства на бананата, но дали
откако ќе изедете една за ужина значи дека ќе имате подобар секс таа
вечер? Па не, тоа е само мит. Постои едно раширено верување дека
храната која има облик на гениталии е афродизијак, а бананата очигледно
има таква форма, но освен тоа нема никакви афродизијачки својства кај
неа.![]() Вистински - Пченични никулци
Пченичните никулци се одличен извор на витаминот Е, кој може да ви
помогне многу во спалната соба. Витаминот Е често се нарекува основен
витамин за сексот, тој е моќен антиоксиданс што го спречува стареењето
и ги заштитува мембраните на клетките од штетата што ја прават
слободните радикали, а потребен е и за синтезата на хормоните. Им
помага на женските тела да го балансираат естрогенот. Премногу естроген
може да предизвика PMS, анксиозност, надуеност, главоболки, болки во
мускулите и промена на расположението - сите нешта кои се погубни за
женскиот сексуален нагон.![]() Лажен - Авокадо
Според легендата, Ацтеките го нарекувале авокадата - „Дрва тестиси“, а
во народното верување долго време авокадото се поврзува со либидото.
Дали има вистина во тоа? Не. Витамините и минералите што ги содржи
авокадото може да имаат некаква врска со зголеменото либидо, но
потребно е да изедете тони за да се добие тој ефект.![]() Вистински - Чоколадо
Сигурно сте слушнале за тоа дека темното чоколадо има антоксидантски
својства, но дали има и афродизијачки ефект? Можеби. Чоколадото има
голем број квалитети заради кои може да се стави во категоријата на
афродизијаци. Тоа содржи tryptophan, есенцијална аминокиселина која
игра улога во покачувањето на нивото на серотонин. Покачувањето се
поврзува со чувствата на релаксираност и задоволство. Една италијанска
студија покажа дека постои поврзаност помеѓу дневната конзумирана
количина на чоколадо и зголеменото либидо. Иако студијата сè уште не е
комплетирана, експертите веруваат дека од малку чоколадо
одвреме-навреме нема штета, а може дури и да биде корисно - за вашето
либидо.![]() Лажен - Семки од тиква
Можеби сте слушнале дека семките од тиква се природна виагра за жените
и тоа е добар концепт, нели? Идејата да се јадат неколку семки од
тиква, кои се здрав извор на магнезиум и железо, а после тоа веднаш да
се биде „спремна за акција“ звучи премногу добро за да биде вистинито.
Ова тврдење нема никакви научни докази, иако е широко распространето,
тоа никогаш досега не е тестирано. Заклучок: Ако ви се допаѓа да
грицкате семки од тиква, само напред, но треба да знаете дека тоа може
да не направи ништо за вашето либидо.![]() Вистински - Лути пиперчиња
Дали лутата храна може да ви го подобри и сексуалниот апетит? Да. Сè
што предизвикува реакција со потење, без разлика дали тоа се вашите
раце или вашето чело е добро за вашето либидо. Зачинетата храна, како
лутите пиперчиња, го поттикнува вашиот крвоток, а зголемениот крвоток е
механизам за возбуда која ги раздвижува вашите сокови.![]() Вистински - Шампањско
Додека е вистина тоа дека алкохолните пијалоци можат да ги намалат
вашите инхибиции, дали е вистинит и фактот дека го подобруваат и вашите
сексуални перфоманси? Според експертите, голем дел од алкохолните
пијалоци имаат спротивен ефект. Ќе ви ја разгорат желбата, но брзо ќе
ве остават без енергија. Меѓутоа, шампањското е исклучок. Тоа е совршен
пијалок за поттикнување на возбудата: не мора да пиете многу, а
ефектите се чувствуваат многу побрзо.![]() Лажен - Бадеми
Според верувањата, миризбата од бадемите прави жената да се чувствува
вљубено. Ова колку и да звучи романтично, не е вистина и му припаѓа
само на светот на бајките. Но еве еден интересен факт која покажува
дека една состојка во бадемите може сепак да влијае стимулирачки врз
вашиот сексуален живот: Бадемите содржат L-arginin, супстанца која се
наоѓа во некои медицински кремови и гелови кои се нанесуваат на
гениталиите за со цел да ја зголемат возбудата. Додека не е сигурно
колку бадеми ви требаат за да го постигнете истиот ефект врз либидото,
според докторите, нема да биде лошо да грицнете по некој бадем
одвреме-навреме во име на доброто здравје (и можеби подобар секс).......................![]() ![]() |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
1. Лути пиперчиња![]() Лути пиперчиња
Лутите пиперчиња се користеле отсекогаш кога луѓето сакале да го зачинат својот сексуален живот. Во 70-те години перуанската влада која очигледно се плашела од ефектот, го забранила чили сосот како затворска храна,со објаснување дека тоа не е во склоп со луѓето принудени да живеат со ограничувања. Теоријата за дејството на лутите пиперчиња вели дека тие влијаат на неколку начини. Замислете што се случува кога јадете голема лута пиперка: дланките
ви се потат, устата ве пече и дишењето ви се скратува. Болката го тера
телото да лачи ендорфин, кој се обидува да ја блокира физичката
нелагодност. Истиот вид ендорфин се лачи после вежбање или секс,
создавајќи чувство на олеснување............... 2. Шпанска мушичка![]() Шпанска мушичка
Старата легенда дека шпанската мушичка може да ги излуди жените е опасен мит. Шпанската мушичка е всушност зелена бубачка која се наоѓа во јужните делови на Европа. Со векови од нив се правело средство за иритација. Инсектите се сушеле а телото им се дробело. Ако и се даде на жена,
тогаш таа би завршила со иритација на уринарниот тракт, проследена со
интензивно чувство на горење и чешање во вагиналната регија........ Ова сигурно не треба да се спореди со нагон за секс. Денес шпанската
мушичка се смета за отров, а состојките кои ги содржи можат да
предизвикаат неправилна работа на бубрезите, гастроинтестинално
крварење па дури и смрт... |
||||||
![]() |
||||||
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Уров
|
||||||
МИР со сите
|
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Пениси на животни во кинеските месарници kako афродизијак
![]() Новинар на BBC се обидел да го опише својот прв контакт со јадење кое е спремано од кучешки пениси. "Келнерката пред мене стави чинија во која имало нешто сиво и светлечко, а потоа рекла: Тоа е руско куче. Големо куче, додадов јас. Да, голем кучешки пенис, ми одговори келнерката", Кажува дека по дијалогот не бил веќе гладен иако лицата од ресторанот Guolizhuang во Пекинг, навистина се потрудиле да биде задоволен, нудејќи му најразлични јадења. Но, покрај пенис од куче, му понудиле и кучешки тестиси, пенис на магаре, змија - за која тврделе дека е исклучително потента - дури секоја од нив имала по два пениса, овца, коњ и бик. Послужувале и пенис од тигар, но доколку некој Кинез се одлучи да нарача, тоа морал да го направи неколку месеци однапред и за него да издвои сума од 3.000 фунти. Јадењата од пениси станале голем хит во кинеската кујна. Во рестораните каде се служи овој тип на храна, чести гости се државни функционери и јака бизнис елите од многу земји ширум светот. "Со пенис не се конзумира алкохол, така да тука не служиме многу алкохол", рекла нутриционистката на ресторанот, но на новинарите им понудила коктел од вотка и крв од елен. Во ресторанот Guolizhuang се служи и фетус од елен. Кинеските нутриционисти кажуваат дека бил добар за кожата. Менито во рестоарнот го осмислил 81 годишниот шеф на кујната Гео. Го истражувал делувањето на животинското место на човекот и открил дека кучињата имаат малку холестерол и дека се добри за лекување на сите видови на полесни болести.............. ![]() |
||||||
![]() |
||||||
konan ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 749 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
jok ,skrvavena neam
![]() |
||||||
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
||||||
![]() |
||||||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Shto mi trebashe da komentiram na ovaa tema ![]() Choveku voopshto nemam okuseno shkolka ![]() |
||||||
![]() |
||||||
konan ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 749 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
![]() ![]() |
||||||
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
||||||
![]() |
||||||
Neptun74 ![]() Сениор ![]() ![]() Orbiter Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2643 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ahmmm, se silen afrodizijak... posebno onie "srednite"... ![]() |
||||||
DeepBlue
|
||||||
![]() |
||||||
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Daleku od toa deka mi e potrebno,jas voopshto ne sakam shkolki ![]() |
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |