АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20273
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 23:30 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА
Постирано од: bijonse1
Наслов: АФРОДИЗИЈАК ВО ИСХРАНАТА
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 00:49
ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ГЛАДТТА СО ЗАДОВОЛСТВО....... Вашето искуство и предлози ......
Моќта на афродизијаците секогаш го привлекува вниманието, а овде ги
имате десетте што најдобро го задоволуваат гладот за задоволство. Со
секој афродизијак добивате и предлог рецепт за вкусен почеток на
уживањето.
Шумско овошје
Шумските јагоди, малини и капини се многу богати со витамините Ц и Е
- вистински двигатели на сексуалниот нагон. Рибизлите и боровниците се
полни со Б витамини и овозможуваат нормално функционирање на бубрезите,
без што сексот нема да биде тоа што сакате да биде.
Секси појадок: Чинија свежо шумско задоволство (со или без шлаг), а ако нема свежи, направете палачинки со џем од шумско овошје.
Масните киселини и цинкот од семките не само што ја одржуваат млада вашата кожа и коса, туку и вашето либидо.
Секси појадок: Било какво пециво попрскано со семки од тиква.
Интегрални (нерафинирани) житарки
Заменете ги белиот леб, ориз и тестенини за нивните интегрални
двојници. Ваквата храна содржи витамин Б кој директно ја поттикнува
сексуалната желба. А со оглед на тоа дека нерафинираните житни
производи се и диетални, ќе исчезне вишокот килограми, ќе се зголеми
самодовербата, а поради тоа ќе се чувствувате и посекси.
Секси појадок: Житна каша со сецкана банана, полумасно млеко,
една шака шумско овошје и малку семки од тиква. Ако сакате
пософистициран оброк може да направите мали тост сендвичи со препечен
црн леб со чаден лосос.
Целер
Можеби не изгледа примамливо, но целерот го стимулира мозочниот дел кој ги контролира т.н. секс хормони.
Секси ужинка: Целер и чипс со сос.
Лосос
Лососот е одлична основа за некоја романтична вечера по која ќе
следуваат интензивирани оргазми. Омега 3 масните киселини го креваат
нивото на допамин - невротрансмитер што ја поттикнува желбата, но и го
засилуваат протокот на крв се` до гениталиите.
Секси вечера: Динстан лосос со било каква комбинација на зеленчук.
Спанаќ
Богат со витамин Б6 и фолна киселина, кои се клучни во создавањето на т.н. секс хормони, како и цинк за екстра страст.
Секси вечера: Салата од спанаќ, тестенини со сос од спанаќ, риба со крем сос од спанаќ или рижото со спанаќ. Се` е вкусно!
Авокадо
Ова божествено овошје е богато со витамин Е, важен фактор за здрави и
убави коса, кожа и нокти, но и клучен фактор за зголемена сексуална
желба и плодност.
Секси вечера: Салата од авокадо и портокали
Исцедете сок од 3 портокали (2/3 од една чаша), а потоа во половина од
исцедениот сок од портокал ставете една лажица свеж ѓумбир, 3 лажици
диетален мајонез, 1 лажичка сенф, 2 лажички мед и малку сол и бибер.
Исецкајте две авокада и додајте ги во сосот од ѓумбир и мед. Додајте
две ситно сецкани главици црвен кромид, една лажица сецкани ливчиња
нане и една лажица коријандер, и промешајте ги сите состојки. Во длабок
сад ставете сецкана марула, 1 лажица маслиново масло, останатата половина од сокот од портокал и додајте ја
подготвената смеса. За крај, исецкајте еден портокал и додадете го во
салатата.
Бадем
Вкусен и полн со есенцијални масни киселини кои го одржуваат здравиот
баланс на секс хормоните. Потпечените бадеми се богати и со манган, кој
го чува здравјето на репродуктивните органи.
Секси појадок, ужинка, десерт или вечера: Неколку бадеми или сладолед од бадеми попрскан со сецкани бадеми.
Банани
Бананите ќе ја подобрат вашата изведба во кревет, а ќе ве обезбедат и
со калиум и Б витамини - од витално значење во лачењето на секс
хормоните.
Секси десерт: Банана сплит (со црно чоколадо и сецкани бадеми)
Една од состојките во црното чоколадо е позната како „љубовна дрога“
затоа што го забрзува пулсот и го поттикнува мозокот да мисли дека
почнува да се вљубува.
Секси десерт: Чоколадни палачинки со сос од темно чоколадо, уште подобро ако користите кафеав шеќер во рецептот.
|
Коментари:
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 00:52
Секси десерт:палачинки со многу мед и ореви
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 01:13
Бадем
Вкусен и полн со есенцијални масни киселини кои го одржуваат здравиот баланс на секс хормоните. Потпечените бадеми се богати и со манган, кој го чува здравјето на репродуктивните органи.
Затоа ли ми вртат пеперутки по стомак....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:28
Охохохо еве што ќе им готвам на срцките...
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 22:47
Shkolkite se isto taka silen afrodizijak,probajte!
|
Постирано од: konan
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 11:12
cccccc, na koj do so mu e dojdeno
------------- Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 11:59
konan напиша:
cccccc, na koj do so mu e dojdeno |
Daleku od toa deka mi e potrebno,jas voopshto ne sakam shkolki
|
Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:01
renatax напиша:
Shkolkite se isto taka silen afrodizijak,probajte!
|
Ahmmm, se silen afrodizijak... posebno onie "srednite"...
------------- DeepBlue
|
Постирано од: konan
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:03
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:07
Shto mi trebashe da komentiram na ovaa tema Choveku voopshto nemam okuseno shkolka
|
Постирано од: konan
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:15
jok ,skrvavena neam
------------- Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 20:44
Пениси на животни во кинеските месарници kako афродизијак
Кинеските
кувари одлучиле да се посветат во спремање на многу необични јадења -
од животински пениси до тестиси и фетуси. Се чини дека во тоа се многу
успешни бидејќи специјализираниот ресторан Guolizhuang во кој се
припремаат овие специјалитети е многу добро посетен.
Новинар на BBC се обидел да го опише својот прв контакт со јадење кое е спремано од кучешки пениси.
"Келнерката пред мене стави чинија во која имало нешто сиво и
светлечко, а потоа рекла: Тоа е руско куче. Големо куче, додадов јас.
Да, голем кучешки пенис, ми одговори келнерката",
Кажува дека по дијалогот не бил веќе гладен иако лицата од ресторанот
Guolizhuang во Пекинг, навистина се потрудиле да биде задоволен,
нудејќи му најразлични јадења.
Но, покрај пенис од куче, му понудиле и кучешки тестиси, пенис на
магаре, змија - за која тврделе дека е исклучително потента - дури
секоја од нив имала по два пениса, овца, коњ и бик.
Послужувале и пенис од тигар, но доколку некој Кинез се одлучи да
нарача, тоа морал да го направи неколку месеци однапред и за него да
издвои сума од 3.000 фунти.
Јадењата од пениси станале голем хит во кинеската кујна. Во рестораните
каде се служи овој тип на храна, чести гости се државни функционери и
јака бизнис елите од многу земји ширум светот.
"Со пенис не се конзумира алкохол, така да тука не служиме многу алкохол", рекла нутриционистката на ресторанот, но на новинарите им понудила коктел од вотка и крв од елен.
Во ресторанот Guolizhuang се служи и фетус од елен. Кинеските нутриционисти кажуваат дека бил добар за кожата.
Менито во рестоарнот го осмислил 81 годишниот шеф на кујната Гео. Го
истражувал делувањето на животинското место на човекот и открил дека
кучињата имаат малку холестерол и дека се добри за лекување на сите
видови на полесни болести..............
-------------
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 21:44
Уров
------------- МИР со сите
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Ноември.2009 во 20:39
Постојат многу теории за тоа кој е најсилниот афродизијак на светот.
Меѓу нив, за жал, има и многу неточни тврдења. Време е да решиме
неколку дилеми...
1. Лути пиперчиња
Лути пиперчиња
Лутите пиперчиња се користеле отсекогаш кога луѓето сакале да го зачинат својот сексуален живот.
Во 70-те години перуанската влада која очигледно се плашела од
ефектот, го забранила чили сосот како затворска храна,со објаснување
дека тоа не е во склоп со луѓето принудени да живеат со ограничувања.
Теоријата за дејството на лутите пиперчиња вели дека тие влијаат на
неколку начини.
Замислете што се случува кога јадете голема лута пиперка: дланките
ви се потат, устата ве пече и дишењето ви се скратува. Болката го тера
телото да лачи ендорфин, кој се обидува да ја блокира физичката
нелагодност. Истиот вид ендорфин се лачи после вежбање или секс,
создавајќи чувство на олеснување...............
2. Шпанска мушичка
Шпанска мушичка
Старата легенда дека шпанската мушичка може да ги излуди жените е
опасен мит. Шпанската мушичка е всушност зелена бубачка која се наоѓа
во јужните делови на Европа. Со векови од нив се правело средство за
иритација.
Инсектите се сушеле а телото им се дробело. Ако и се даде на жена,
тогаш таа би завршила со иритација на уринарниот тракт, проследена со
интензивно чувство на горење и чешање во вагиналната регија........
Ова сигурно не треба да се спореди со нагон за секс. Денес шпанската
мушичка се смета за отров, а состојките кои ги содржи можат да
предизвикаат неправилна работа на бубрезите, гастроинтестинално
крварење па дури и смрт...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 21:27
Од остриги до авокадо - сите ние сме слушнале гласини за т.н.
афродизијачки својства на некои видови на храна. Додека некои од нив се
сметаат за афродизијаци без некоја основа, експертите потврдуваат дека
некои видови храна се подобри за либидото одошто другите. Кои се
вистински, а кои лажни афродизијаци?
Вистински - Остригите
Сите слушнале за т.н. афродизијачки својства на остригите, но дали
неколку остриги навистина ќе го потикнат вашето либидо? Можеби, а еве
зошто: остригите содржат високо ниво на цинк, а цинкот го потикнува
хормонот тестостерон, основниот хормон за стимулирање на сексуалниот
нагон.
Лажен - Банани
Можеби сте слушнале за афродизијачките својства на бананата, но дали
откако ќе изедете една за ужина значи дека ќе имате подобар секс таа
вечер? Па не, тоа е само мит. Постои едно раширено верување дека
храната која има облик на гениталии е афродизијак, а бананата очигледно
има таква форма, но освен тоа нема никакви афродизијачки својства кај
неа.
Вистински - Пченични никулци
Пченичните никулци се одличен извор на витаминот Е, кој може да ви
помогне многу во спалната соба. Витаминот Е често се нарекува основен
витамин за сексот, тој е моќен антиоксиданс што го спречува стареењето
и ги заштитува мембраните на клетките од штетата што ја прават
слободните радикали, а потребен е и за синтезата на хормоните. Им
помага на женските тела да го балансираат естрогенот. Премногу естроген
може да предизвика PMS, анксиозност, надуеност, главоболки, болки во
мускулите и промена на расположението - сите нешта кои се погубни за
женскиот сексуален нагон.
Лажен - Авокадо
Според легендата, Ацтеките го нарекувале авокадата - „Дрва тестиси“, а
во народното верување долго време авокадото се поврзува со либидото.
Дали има вистина во тоа? Не. Витамините и минералите што ги содржи
авокадото може да имаат некаква врска со зголеменото либидо, но
потребно е да изедете тони за да се добие тој ефект.
Вистински - Чоколадо
Сигурно сте слушнале за тоа дека темното чоколадо има антоксидантски
својства, но дали има и афродизијачки ефект? Можеби. Чоколадото има
голем број квалитети заради кои може да се стави во категоријата на
афродизијаци. Тоа содржи tryptophan, есенцијална аминокиселина која
игра улога во покачувањето на нивото на серотонин. Покачувањето се
поврзува со чувствата на релаксираност и задоволство. Една италијанска
студија покажа дека постои поврзаност помеѓу дневната конзумирана
количина на чоколадо и зголеменото либидо. Иако студијата сè уште не е
комплетирана, експертите веруваат дека од малку чоколадо
одвреме-навреме нема штета, а може дури и да биде корисно - за вашето
либидо.
Лажен - Семки од тиква
Можеби сте слушнале дека семките од тиква се природна виагра за жените
и тоа е добар концепт, нели? Идејата да се јадат неколку семки од
тиква, кои се здрав извор на магнезиум и железо, а после тоа веднаш да
се биде „спремна за акција“ звучи премногу добро за да биде вистинито.
Ова тврдење нема никакви научни докази, иако е широко распространето,
тоа никогаш досега не е тестирано. Заклучок: Ако ви се допаѓа да
грицкате семки од тиква, само напред, но треба да знаете дека тоа може
да не направи ништо за вашето либидо.
Вистински - Лути пиперчиња
Дали лутата храна може да ви го подобри и сексуалниот апетит? Да. Сè
што предизвикува реакција со потење, без разлика дали тоа се вашите
раце или вашето чело е добро за вашето либидо. Зачинетата храна, како
лутите пиперчиња, го поттикнува вашиот крвоток, а зголемениот крвоток е
механизам за возбуда која ги раздвижува вашите сокови.
Вистински - Шампањско
Додека е вистина тоа дека алкохолните пијалоци можат да ги намалат
вашите инхибиции, дали е вистинит и фактот дека го подобруваат и вашите
сексуални перфоманси? Според експертите, голем дел од алкохолните
пијалоци имаат спротивен ефект. Ќе ви ја разгорат желбата, но брзо ќе
ве остават без енергија. Меѓутоа, шампањското е исклучок. Тоа е совршен
пијалок за поттикнување на возбудата: не мора да пиете многу, а
ефектите се чувствуваат многу побрзо.
Лажен - Бадеми
Според верувањата, миризбата од бадемите прави жената да се чувствува
вљубено. Ова колку и да звучи романтично, не е вистина и му припаѓа
само на светот на бајките. Но еве еден интересен факт која покажува
дека една состојка во бадемите може сепак да влијае стимулирачки врз
вашиот сексуален живот: Бадемите содржат L-arginin, супстанца која се
наоѓа во некои медицински кремови и гелови кои се нанесуваат на
гениталиите за со цел да ја зголемат возбудата. Додека не е сигурно
колку бадеми ви требаат за да го постигнете истиот ефект врз либидото,
според докторите, нема да биде лошо да грицнете по некој бадем
одвреме-навреме во име на доброто здравје (и можеби подобар секс).......................
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 18:20
Храната како афродизијак Афродизијакот е природна или вештачка супстанција која го буди и го
зголемува сексуалниот апетит. Името потекнува од грчката божица на
љубовта, Афродита. Во текот на историјата служеле и како лек и за
забава. Со тек на време и разни предмети, мириси, супстанции и направи
биле предизвикувачи на сексуални желби.
Школките
и шампањското се секако на прво место кога станува збор за храната како
афродизијак, но вистинате е дека храната која навистина го поттикнува
либидото воопшто не е толку егзотична.
Сирењето,
јајцата, бананата, праските, лешниците и оревите се само дел од
намирниците кои ќе ја зајакнат Вашата сексуална енргија. Од друга
страна пак намирниците со високо количество на заситени масти, грицките
и слатките од бело брашно и шеќер ја одземаат сексуалната енергија и ја
намалуваат страста. Младото сирење и немасниот јогурт го креваат
нивото на допамин, супстанца која е заслужна за јакнење на сексуалната
желбата, додека јајцата и црвеното месо ја зголемуваат сексуалната
енергија. Омега 3 масните киселини од рибата пак, ја зголемуваат
Вашата чувствителност на секој допир од страна на партнерот/ката.
Црвеното
овошје богато со антиоксиданти, како боровниците, јагодите и брусницата
ја зголемуваат циркулацијата, додека заситените масти од маслиновото
масло и мисиркиното месо го зголемуваат нивото на тестостерон, што ги
прават мажите поактивни за време на сексот. Црната чоколада го
крева нивото на хормонот на среќата, што резултира пак со засилено
либидо. Намирниците кои се богати со витамин Б, како кикириките,
млекото и јајцата го олеснуваат доживувањето на оргазам. Семките од
тиква, лешниците и оревите се богати со протеини кои го одржуваат
организамот витален и спремен за засилена сексуална активност.
Митските
афродизијачки својства на школките се поврзани со високото ниво на
цинк во нив, кој ги засилува чувстата за мирис и вкус, додека
намирниците со сензуален изглед како бананата, праската и смоквите ја
поттикнуваат фантазијата и ја распламтуваат страста........
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 18:24
Храната како афродизијак
Понекогаш
и секојдневните намирници кои ги имаме во кујната можат да го “зачинат”
нашиот љубовен живот, затоа што е познато дека храната буди многу
чувства. Освен тоа, самиот чин на јадење може да биде добар почеток на
страствена ноќ..........
1. Лубеница, ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа, освежува и има малку калории.
2. Маслинки, богати со антиоксиданси, од стари времиња се познати како афродизијак.
3. Јагоди, полни со витамин Ц и антиоксиданси, симбол на заведувањето. Пробајте со комбинација со чоколадо или шлаг.
4. Вишни, со својот особен вкус може да го “зачини” сладоледот или омилениот пијалок.
5. Артичоки, вкусен зеленчук кој одамна е познат по афродизијачките својства.
6. Чај од ѓумбир, збогатен со цимет ја поттикнува циркулацијата и ги опушта мускулите.
7. Калинка, зрната од калинката се многу здрави и вкусни, ги шират крвните садови, и се додаваат на солени и слатки салати.
8. Пица,
со вистински мадитерански зачини, маслиново масло и домати кои и даваат
посебен вкус, пицата се јаде со раце, што е посебно задоволство за
љубовниците.
9. Шлаг, најсексипилното јадење на светот е неизоставен дел од “љубовната игра”.
10. Месо, оброкот богат со протеини дава сила и секогаш е добар избор за вечера за двајца........млјаццц
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 17:57
Препуштете се на храната која на природен начин ја распалува сексуалната желба. Ветуваат најјак облик на телесно уживање… Афродизијаците се познати како средства кои на овој или на оној начин заведуваат, ја зголемуваат сексуалната моќ, ја подобруваат потенцијата,го подигнуваат нивото на сексуалната возбуда и го зачинуваат сексуалниот живот. Меѓу
нас се векови, а наводно имаат делотворност како на мажите така и на
жените. Познаваме неколку видови и верувале или не некои од нив
секојдневно ги употребуваме во исхраната.
Самиот израз афродизијак потекнува од името на грчката божица на
љубовта Афродита . Веќе илјдници години имаа доста висока цена бидејќи
ветуваат најголемо телесно уживање. http://www.bidiin.com/images/stories/pajo/10/afrodizijak_1.jpg"> > Остриги... Како афродизијак остригите имаат многу богата историја. Ги
познавале од времето на Античкиот Рим каде што ги пракале робовите на
морскиот брег од каде што им носеле големи количини од овие морски
плодови. Покасно славниот љубовник Казанова знаел да изеде дури и по 70 парчиња дневно, а сето тоа за да си ја зачува сексуалната сила. Нивната репутација е изградена врз фактот дека нивниот облик потсеќа на женскиот полов орган. Истото важи и за смоквата и авокадото. Стручњаците
ги препорачуваат остригите поради тоа што се богати со цинк кој има
важна улога во производството на тестостерон и здрава сперма. http://www.bidiin.com/images/stories/pajo/10/afrodizijak_2.jpg"> > Лубеница наместо виагра и ананас во одличен коктел… Сите во Америка ги изненади новоста дека лубеницата има еднаков ефект како и виаграта. Таа вест до некаде ја потврдиле и научниците. Спомнатото
овошје наводно одредени хемиски соединенија кои позитивно делуваат на
работата на срцето и овозможуваат лесна циркулација на крвта. Наводно на ист начин делува и виаграта. Ако лубеницата не ви спаѓа во омилените овошја и предност им давате на егзотичните тогаш на своето либидо дозвлете му свеж ананас. Најдобар е помешан со мед и рум. Наместо рум можете да употребите млеко али тогаш коктелот брзо ке се усири. Само мала чаша од овој напиток содржи голема количина на еротска енергија. http://www.bidiin.com/images/stories/pajo/10/afrodizijak_3.jpg">
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 21:33
БИБЕР И ЦЕЛЕР ЗА ПОДОБАР СЕКС http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/biber-i-celer-za-podobar-seks.html">
Луѓето
отсекогаш користеле разни афродизијаци за зголемување на сексуалната
моќ. Примери има безброј, а на листата се наоѓа се и сешто, од бибер и босилек, преку остриги па се до јазик од паун.......
На балканот пак најпознати се медот и оревите, кој докажано
дејствуваат. Камасутра предлага тестиси од овен кој се приготвуваат во
слатко млеко.
За најдобри домашни афродизијаци се сметаат першун и целер, со црн и
бел лук и проја или качамак. Денес медицината нуди безброј на средства
кои ги решаваат овие проблеми.
Народниот рецепт за полна сила е следниов:
Земете 40 грама лист од босилек, 30 грама темјан и першун, и
20 грама лист од целер и добро промешајте ги. За еден филџан од овој
чај додајте половина исецкан лук. Сето тоа прелијте го со топла вода,
додајте лажичка мед и оставите да одстои половина час во поклопен
филџан..... |
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2010 во 11:59
|
|
Свинското како афродизијак
Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер даде изненадувачки совет до сонародниците како да си го подобрат сексуалниот живот.
- Многу поголемо задоволство е да каснете малку свинско на скара отколку да земате вијагра, изјави таа.
Кирхнер зборуваше на настан во претседателската палата чија цел беше да се поттикне конзумирањето свинско месо. Аргентина е држава со најголема потрошувачка на месо по глава на жител, но претежно телешко.
Кирхнер додаде дека лично ги испробала добрите својства на свинското како афродизијак укажувајќи за еден „прекрасен викенд“ од неодамна со својот сопруг, поранешниот претседател Нестор Кирхнер. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|