![]() |
|
Фан клуб Манчестер Сити |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | |||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 30.Март.2012 во 12:12 |
||||||
Манчестер сити подготви 250 милиони евра за Кристијано Роналдо!Богатите шеици од Абу Даби, спонзорите на англискиот премиерлигаш Манчестер сити се решени да не жалат пари за да го ангажираат моментно најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо, членот на Реал Мадрид, а за таа цел се подготвени да ги – срушат сите рекорди! Манчестер сити е желен да му нанесе нов пораз на Јунајтед и да ја купи некогашната прва виолина на „црвените ѓаволи“, а за таа цел подготви 250 милиони евра, објавуваат медиуми во Англија. Според последните информации од кампусот на „граѓаните“, спонзорите на Сити се подготвени да издвојат над 100 милиони евра за трансфер обесштетување со што би го надминале досегашниот рекорд на Раал Мадрид кој во 2009 година плати 95, 7 милиони евра кој Манчестер јунајтед за да го купат Португалецот. Но, тоа што многу повеќе остава впечаток е дека Манчестер сити е подготвен да го направи Роналдо буквално шеик, затоа што му нуди помеѓу 480 и 600 илјади евра неделна плата, што би било повеќе од двојна заработувачка на најскапоплатениот фудбалер во моментов, Самуел Ето во руски Анжи. Според математиката, Роналдо на годишно ниво би имал заработувачка од 31 милион евра само како плата од премиерлигашот. Извори во Англија и Шпанија веќе посочиле дека 27-годишниот Португалец е заинтересиран да се врати на Островот, пред се оти му премиерлигашкиот фудбал. На сето ова се додава и дека Жорге Мендес, менаџерот на португалскиот ас, во последнава година станал неверојатно блисок со арапските бизнисмени, сопственици на Сити. Инаку Мендес е најбогатиот менаџер, чија менаџерска агенција има вредност над половина милијарда евра. „Заците од кампот на Роналдо се многу позитивни. Веќе има првичен контакт“, посочил извор блисок до англискиот тим. Шеикот Менсур бил голем фан на Роналдо и по секоја цена сака да го ангажира, па веќе е пресметано дека за четиригодишен договор Роналдо би добил вкупно 120 милиони евра, а Реал Мадрид околу 130 милиони на име на обесштетување. Инаку шеикот Менсур имал голем респект кон најтрофејниот европски клуб. „Сити планира да направи тим кој ќе доминира во иднина, но свесни се дека нивната битка за Лионел Меси однапред е загубена, па затоа целта им е Кристијано Роналдо“, посочува изворот. Роналдо играше во Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, а во 2008 стана европски првак и ја освои единствената „златна топка“, по што следеше доминацијата на Лионел Меси во светскиот фудбал. Изменето од емил - 30.Март.2012 во 12:12 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Kорпулентниот напаѓач на Билбао и на Шпанската репрезентација се сели во Лондон
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Манчестер Сити со рекордна загуба до 194,9 милиони фунти
Ова е рекордна загуба, во една финансиска година, во англискиот фудбал, и само покажува колку големи инвестиции направил Шеикот Мансур за да го трансформира Манчестер Сити од просечен клуб во 2008, до лидер на табелата во Премиерлигата во овој момент. И покрај тоа што ’Граѓаните’ за сезоната 2010/2011 прикажаа загуба од 194,9 милиони фунти, управата на клубоt не е загрижена и ваквите бројки биле очекувани поради стратегијата за забрзано вложување. Во финансискиот извештај, Сити објави нето загуба од 160,5 милиони фунти како и ’додатни вонредни расходи’ од 34,4 милиони фунти. ’Граѓаните’ имаат среќа што сеуште не се применува финансискиот фер-плеј на УЕФА, па нивното место во Европа не е загрозено. Сепак, се очекува идните финансиски извештаи да бидат далеку подобри со оглед на тоа дека неодамна беше потпишан мега договор со авиокомпанијата Етихад, за кого се пишуваше дека е вреден 35 милиони фунти по сезона а клубот ќе заработи и неколку десетици милиони од настапот во Лигата на Шампионите. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Кун Агуеро пет години во Сити, отштетата 38 милиони фунти, на грбот со бројот 16
Управата на Манчестер Сити потврди дека сега веќе поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро потпишал 5-годишен договор со "граѓаните", како и дека ќе го носи дресот со број 16. Агуеро ќе дебитира за Сити веќе во сабота, кога тимот на Манчини ќе учествува на Супер Купот во Даблин. Се огласија и Мадридѓани. "Атлетико му се заблагодарува на Агуеро за се што стори за нас во последните пет сезони и му посакуваме среќа во новиот клуб." - стои на сајтот на Атлетико. Мадридски Атлетико на име отштета за 23-годишниот Аргентинец ќе добие 38 милиони фунти. Агуеро е трето засилување за "граѓаните" во овој трансфер период, бидејќи пред него во клубот стигнаа Стефан Савиќ од Партизан и Гаел Клиши од Арсенал. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Агуеро пристигна во Манчестер, ги поминува медицинските тестови
Според последните информации од Островот, Серхио Агуеро пристигнал во Манчестер и ги започнал медицинските тестови. Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да го комплетира фамозниот трансфер со Манчестер Сити, а според англиските медиуми, ’граѓаните’ за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 38 милиони фунти. Роберто Манчини на почетокот од оваа недела потврди дека Манчестер Сити е блиску до ангажман на напаѓачот, а вчера медиумите потврдија дека се е договорено и дека Аргентинецот денес ќе стави потпис на 5-годишен договор. Агуеро пред извесно време слета во Манчестер и во моментов ги поминува рутинските медицински тестови, а се очекува во наредните 24 часа трансферот и официјално да биде комплетиран |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Сити ја прифатил понудата за Тевез
Манчестер Сити ја прифатил понудата од Коринтијанс за напаѓачот Карлос Тевез, пренесуваат англиските медиуми. Понудата од 39 милиони фунти, која бразилскиот клуб ја даде минатата недела беше одбиена бидејќи "граѓаните" бараа 50 милиони, па се верува дека клубовите се нашле некаде меѓу и постигнале договор. Тевез е јасен во својот став да го напушти не само Манчестер Сити туку и европскиот фудбал за да биде со семејството, па Коринтијанс беше најбрз и практично единствен клуб кој себе си можеше да си дозволи да го доведе аргентинскиот голгетер. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Насри пред потпис со Манчестер Сити
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Манчини: Ова е само почеток, Туре: Чувството е неверојатно
Италијанскиот менаџер на клупата на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека освоениот ФА Куп е само прв во низата трофеј кој 'граѓаните' го освојуваат во годините кои претстојат. "Можам само да кажам дека сум многу среќен поради навивачите. По многу години заслуживме да го освоиме овој трофеј. Мислам дека не доминиравме на мечот и мора уште да се подобруваме, но јас сум многу среќен. Испишавме мал дел од историјата на Манчестер Сити, а тоа е само почеток"- рекол Манчини, кој на Сити му го донесе првиот трофеј во витрините по пауза од 35 години. Стрелец на единствениот гол во финалниот натпревар против Стоук беше Јаја Туре во 74. минута. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска по средбата зрачел од радост: "Ова е остварување на сонот. Фантастично е да се победи и да се освои титулата поради клупската историја. Сакавме да освоиме некој трофеј и да се пласираме во Лигата на Шампиони. Чувството е неверојатно." |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Манчестер Сити го освои ФА Купот
Манчестер Сити - Стоук 1:0 (0:0) Фудбалерите на Манчестер Сити по петти пат во клупската историја, а прв пат по 42 години го освоија ФА Купот, откако во финалниот меч на "Вембли" ја победија екипата на Стоук, која по прв пат се најде во позиција да се бори за престижниот трофеј. "Граѓаните", беа подобар противник во поголемиот дел од мечот, а голот на одлука беше постигнат од страна на Јаја Туре, кој со силен удар од казнениот простор го матираше голманот Соренсен. Сити така успеа во добра мера да ги наплати огромните пари вложени во тимот предводен од тренерот Манчини, бидејќи претходно избори пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите, а сега го освои и првиот трофеј по 35 години пауза. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Манчини: Можеме да го победеме Јунајтед и да се пласираме во финалето
Според Италијанецот двата натпревари помеѓу „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“ во текот на сезоната (0:0 и 2:1) го покажаа тоа, иако Сити и не успеа досега да преовладува над својот ривал. Манчини смета дека неговиот тим веќе е многу блиску до најдобрите тимови, но признава дека има уште многу да се подобри за да може да стигне на нивното ниво, што според него може да се случи уште во следната сезона. „Одигравме веќе два натпревари со Манчестер Јунајтед во сезоната и се претставивме многу добро. Имаме сериозни шанси да се стигне до финалето. Ова ќе биде одлично полуфинале.“ „Ќе видите што значи за фановите. Ние веќе сме многу блиску до Манчестер Јунајтед, на најдобрите тимови. Треба да подобриме уште малку нешта и можеби следната сезона ќе бидеме на исто ниво како нив. Важно е дека одиграме добар натпревар како на „Олд Трафорд“ последен пат и имаме можност да победиме.“ - рече Манчини. Изменето од емил - 14.Март.2011 во 10:46 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Изменето од емил - 18.Јануари.2011 во 06:58 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Изменето од емил - 16.Јануари.2011 во 06:27 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Големите ѕвезди не сакаат во Сити
![]() "Секоја чест за нив, но тие се тим на иднината. Треба да чекаат, а јас немам време за чекање. Имам доволно години и сакам нешто да освојам", изјави Ибрахимовиќ откако дојде во Милан. И Марко Бориело беше цел на "граѓаните", но повремениот италијански репрезентативец одлучи да остане во татковината. "До последен момент се обидуваа да го донесат, но тој сакаше во Рим", откри агентот на Бориело. Сити се обиде и со Фернандо Торес и тоа по вторпат откако арапските милијардери го презедоа клубот. Уште еднаш неуспешно. "Немаше шанси, едноставно Фернандо не сака во Сити и ништо не се сменило во последните месеци", велат извори од Ливерпул. Ако на тоа се додаде Буфон, јасно е дека се уште постојат фудбалери кои се имуни на арапските милиони. |
|||||||
![]() |
|||||||
Izzy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ako ako... sea ke go kupat i Balotelli, i ke se osekjat mn "jaki". Hahaha
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |