Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Манчестер Сити

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20080
Датум на принтање: 16.Мај.2024 во 03:46
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Манчестер Сити
Постирано од: fiks
Наслов: Фан клуб Манчестер Сити
Датум на внесување: 15.Септември.2009 во 11:43

Тевез надвор три седмици


Ѕвездата на аргентинската репрезентација и тимот на Манчестер Сити ќе мора да паузира три седмици заради повреда.

Тимот на Манчестер Сити ќе мора да се спротистави на Арсенал без нивниот напаѓач Карлос Тевез, на кого му беше дијагнозирана повреда на коленото, заради која ќе отсуствува од две до три седмици.

Sky Sports News пренесува дека Тевез нема да игра на мечот со Арсенал како и на дербито во Манчестер против градскиот ривал заради повредата која ја заработил играјќи за репрезентацијата.

Но тоа не е се. Тимот на Манчестер Сити за дуелот против Арсенал најверојатно нема да може да смета ни на Робињо кој се уште не е целосно опоравен од повредата на зглобот.

Тој оваа повреда ја влечи уште од минатата сезона, а кога се чинеше дека ќе се опорави работите се закомплицираа на дуелот, баш против Аргентина во квалификациите за СП.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Септември.2009 во 16:11
Иште еден малер за Граѓанитетага
 
Три меча суспензија за Адебајор

Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор доби суспензија од три натпревари поради http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/549722/index.html - насилничкото однесување на мечот против Арсенал во саботата. Тогоанскиот репрезентативец е обвинет за намерно газење на противничкиот фудбалер Робин ван Перси, а дополнително ќе одговара за начинот на кој го прослави голот пред гостинските навивачи кои претходно ги нарече најлоши во Англија.

Ван Перси по еден дуел со Адебајор заработи расекотина на лицето, а подоцна робусниот напаѓач го претрча целиот терен за да го прослави голот пред навивачите на Арсенал од кои минатата сезона додека го носеше дресот на "топчиите" често беше исвиркуван. Мораа да интервенираат редарите и полицијата за да се смират страстите и бесните симпатизери на лондонскиот клуб. ФА соопшти дека за секој од овие инциденти ќе има посебно сослушување и ја замоли полицијата да поведе истрага против навивачите на Арсенал кои фрлаа шишиња и разни предмети на теренот. Еден од редарите притоа беше погоден во главата и ја загуби свеста.

"Адебајор врз основа на забрзана дисциплинска постапка е обвинет за насилничко однесување во инцидентот со Робин ван Перси кој тогаш заработи повреда на лицето. Судијата Марк Клатенбург пред ФА изјави дека не го забележал инцидентот, но истакна дека ако го видел сигурно ќе му покажел директен црвен картон на Адебајор", се вели во официјалното соопштение на ФА.

Адебајор мора најдоцна до 30 септември да се изјасни за обвиненијата за неспортско однесување. Пред англиските медиуми вчера тој рече дека не се чувствува виновен. Адебајор ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед претстојниот викенд плус мечот со Вест Хем на 28 септември во рамките на Премиер-лигата како и дуелот со Фулам во Карлинг-купот. Веднаш по истекувањето на оваа суспензија ќе се знае дали дополнително ќе одмора, но со оглед на паузата во Премиер-лигата поради квалификациите за СП, враќањето на теренот сигурно ќе биде за околу еден месец.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 12:34
Лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Крејг Белами беше окрвавено, откако тој беше нападнат во грб на излезот од ноќен клуб од фан на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.


Напаѓачот со вид на ръгби играч удрил Белами првично по главата, по што го соборил на земјата и продолжил да го удираат.


Фанот на Манчестер Јунајтед избегал преди полицијата да пристигне пред барот Панацеја, кое се наоѓа во Алдерли, Чешир.


Сведок на инцидентот рече: "напаѓачот удари Белами пет или шест пати во лице".

Белами одби да го коментира она што се случило пред медиумите, а е дал своите искази пред локалната полиција.

Велскиот напаѓач бил излезен со својот пријател Вејн Бриџ, кој сепак си е пошал порано.


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 12:54
Манчини: Откако ќе освојам титули со Сити, ќе бидам селектор на Италија

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини напорно работи за да ги исполни целите кои ги има зацртано со “граѓаните“. најави дека откако ќе освои некоја титула ќе се врати да биде селектор на Италија.

“Работам и по 18 саати на ден се со цел за да ги постигнеме целите кои зацртавме. За неколку сезони Сити мора да освои шампионска титула, исто како во сите клубови кои досега бев.“

“Во овие моменти мислам само на Манчестер Сити. Ќе останам овде неколку години и еден ден ќе се вратам во Италија за да бидам селектор. Тоа не можам да го негирам.“

Би сакал да пренесам некои традиции од Англија во Италија. Тука тренерите после натпреварите пијат вино и зборуваат за фудбал, додека фудбалерите јадат со совите фамилии. После свирежот на судијата завршуваат сите расправи.“ - рече Мачини.  


Малку преабмициозна изјава на Манчини со огледа на јачината на првата четворка во Англија.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 12:54
Чудна некоја одлука на Манчини,да се продаде Адебајор??????
Би се сложил Вејн Бриџ и Филипс,но Адебајор да го напушти клубот никако,тој им е ударна игла според мене,нема ставено многу голови но има голем удел како асистен и играч без топка во нападот на Сити.


http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/597479/index.html - - Манчини ги продава Адебајор, Бриџ и Филипс

Италијанскиот менаџер на Манчестер Сити, Роберто Манчини, планира на крајот на сезоната да се ослободи од ѕвезденото трио вредно 50 милиони фунти, а кое го сочинуваат Емануел Адебајор, Вејн Бриџ и Шон Рајт Филипс. Според пишувањата на таблоидот Сан, Манчини со продажбата на овие фудбалери планира да собере доволно пари за ангажман на голгетерот на Ливерпул Фернандо Торес и уште неколку квалитетни фудбалери. Италијанецот добил задача да го однесе тимот во Лигата на шампионите, а потоа да го засили за дуелите од елитното натпреварување но и да ја донесе титулата во Премиер-лигата.

Адебајор постигна 13 гола на 28 натпревари и тој моментално вреди 25 милиони, а што е најважно не е по вкусот на Манчини. Рај Филипс оваа сезона стартуваше на шест натпревари, а наскоро му истекува договорот, додека, пак, Бриџ доколку не ја преброди кризата од случајот со Тери и не почне да прикажува партии какви што се очекува, сигурно ќе си замине од клубот. Манчини може да го продаде и Стивен Ајрленд, кој е миленик на навивачите и е во клубот е од својата петнаесетта година бидејќи не влегува во неговите тактички замисли.

Најновите информации говорат дека Шеикот Мансур ќе му обезбеди на Манчини 150 милиони евра ова лето за засилувања. Досега сопственикот на Сити потроши околу 250 милиони со цел да го направи тимот број 1 во светот, меѓутоа решен е да не штеди и да ги реализира своите замисли. Меѓу новите засилувања се спомнуваат голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон и крилото на Бенфика Анхел ди Мариа.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 13:47
Се пооизвесно е дека нема да фатат четврто место.

P.S. Чудно, овај Адебајор никој не го сака.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:00
Според мене Адебајор е одличен напаѓач,не гледам логика да го исфрли од тимот Манчини.

Во врска со ЛШ Сити до крај има 3 меча.
Првиот и вториот дома со Тотенхем и Астон Вила,а последниот на гости со Вест Хем.

Доколку направат 3 победи имаат загарантирано 4 место.
Тотенхем и Астин Вила им бегаат по еден бод,и сигурно ќе бидат 4-то место.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:08
Aston Vila има натпревар повеќе од Ман. Сити и Тотенхем.

Јас типувам на меѓусебен дуел за Тотенхем, мислам дека имаат подобар состав и се во подобра форма. Доволно им е и нерешено за да го задржат четвртото место. Сепак заслужуваат четврто, прикажаа далеку подобра игра од Сити.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:15
Ќе видиме кој знае како ќе биде.
Тотенхем прикажа добра игра,ама ми гледаат некако многу понестабилни од Сити,плус интересно ќе биде ако Сити стигне до ЛШ колку пари ќе вложат нафтаџиите за нови играчи.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:17
А, парите не гарантираат успех. Види го само Реал. голема%20насмевка


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:27
Добро во право си,ама погледај го Челзи?



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:31
Што Челзи? Три години освојува само ФА куп. хи,%20хи...


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 14:45
Е сега и ти.
Па нели шампиони беа во Англија,секоја година прво или второ место.

ЛШ е најтешко да се освои,но мисла дека ќе биде Челзи некогаш на врвот.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 15:01
Абе 3 години Челзи немаат титула со која можат да се гордеат. А пари фрлени се колку сакаш.

Од друга страна, Ливерпул, мака мачи да фати шесто место. Спротивно од него, Тотенхем, покажува константно добра игра, ги победи и Челзи и Арсенал и не е тим за потценување.

И уште една спротивност од Челзи, кој секоја година троши многу пари за засилувања. Манчестер Јунајтед, кој ретко кога купил скап играч, купува млади талентирани играчи, кои потоа ги продава неколку пати поскапо. Сите беа скептици по заминувањето на Тевез и Роналдо, дека Манчестер ќе има сили за квалитетна сезона, но сепак се покажа дека беа конк*рентни и во Премиер лига и во ЛШ. Она што е за респект е константноста на тимот во сите години. Лани беше Роналдо најсилната алка, годинава Руни, в година некој друг и така оди тоа. голема%20насмевка


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 17:00
Nz kolku car4inja ima tuka.... Chelsea u poslednite tri godini (od kako go donesea Shevchenko i Ballack), imat potrosheno 20-30 miliona za celi 3 godini. Ne bidete tupavi za da treskate takvi gluposti, deka Chelsea se rasfrla so pari. Tottenham, City, Liverpool, Sunderland, pa duri i Stoke City, potroshija povishe pari odkolku Chelsea u poslednite nekolku godini. Gledaj gi transferite na Chelsea u poslednite nekolku godini pa togaj dumajte. Dec0 = 7m, Bosingwa = 12m, Anelka = 12m, Ivanovic = 8m, Zhirkov = 18m, Sturridge = 3.5m, Turnbull = free..... zboram za poslednite 2-3 sezoni, a pogledni gi kolku potroshija ostanatite ekipi u premier ligata. Abramovich prestana da se rasfrla so pari od kako go donese Ashely Cole, za zamena so Gallas. Toa beshe negovio posleden golem transfer. I pred da dumate gluposti za Chelsea, prvo rastrazete se, a ne samo "Chelsea frlat pari, ak'l nemat".

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јули.2010 во 08:59
Сити го донесе и Коларов

Манчестер Сити ја продолжи својата неверојатно активност на трансфер-пазарот ова лето. Англиските медиуми објавија дека вчера клубот го донел и четвртото засилување и тоа во името на српскиот репрезентативец Александар Коларов, инаку досегашен член на Лацио. Сумата која Сити ја плати за Коларов изнесува 17 милиони фунти, а со тоа младиот бек ги урна надежите на Жозе Мурињо дека ќе успее да го донесе во Реал Мадрид.

Коларов излезе на фудбалската сцена во 2007 година кога со репрезентацијата на Србија до 21 година стигна до финалето на Европското првенство. Потоа Лацио го откупи од ОФК Београд за 800 илјади евра, а сега ќе го продаде речиси 25 пати поскапо. Коларов одигра 82 натпревари за римскиот клуб и постигна шест гола, а во Србија го споредуваат со Роберто Карлос поради разорниот удар.

Со ангажманот на Коларов, сумата што Сити ја потроши за нови фудбалери достигна 75 милиони фунти. Од нив, по 24 милиони беа потрошени за Давид Силва и Јаја Туре, 15 за Џером Боатенг и сега 17 за Коларов. Интересно е тоа што претседателот на Лацио се уште демантира дека воопшто дошло до трансфер.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јули.2010 во 12:36

Сити му нареди на Робињо да се врати во Манчестер

Извор: СараевоХ ком

Бразилскиот напаѓач Робињо добил рок од својот актуелен клуб Манчестер Сити најдоцна до 5.август да се врати во Англија, за да се реши прашањето околу продолжувањето на неговата фудбалска кариера.

Манчестер Сити го доведе Робињо во своите редови во август 2008. година за 32,4 милиони фунти, но Бразилецот не се снајде најдобро во новата сезона, па вториот дел на сезоната го помина како позајмен играч на бразилскиот клуб Сантос.

Иако договорно е врзан за Сити уште две години, Робињо сака да остане во Сантос, додека во Сити е обидуваат да вратат барем дел од вложените средства.

„Робињо го сака начинот на живот во Бразил. Го сака тамошниот фудбал и плажите. Не сака сето тоа да го менува за дождот во Манчестер. Постоеше и некоја понуда од Турција, но таа не ги задоволи критериумите на Сити. Сантос е негов матичен клуб, тука е најголема ѕвезда и сака да остане, но доби ултиматум и мора да се врати во Манчестер до 5. август“, коментираше анонимен извор близок до Робињо



-------------


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 01:27
Ako ako... sea ke go kupat i Balotelli, i ke se osekjat mn "jaki". Hahaha    koi idioti se tie? sea ke napravat ekipa od 114 napagja4a, i 80 defensive midfielders. idioti! 4ule, ama ne razbrale, sakat "golem" tim da pravat. FAIL!

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 06:41
Големите ѕвезди не сакаат во Сити

Неколку познати светски фудбалери одбиле да се преселат во Манчестер Сити во последните два дена од летниот преоден рок, открија англиските медиуми. Станува збор за Златан Ибрахимовиќ, Марко Бориело, Фернандо Торес...

"Секоја чест за нив, но тие се тим на иднината. Треба да чекаат, а јас немам време за чекање. Имам доволно години и сакам нешто да освојам", изјави Ибрахимовиќ откако дојде во Милан.

И Марко Бориело беше цел на "граѓаните", но повремениот италијански репрезентативец одлучи да остане во татковината.

"До последен момент се обидуваа да го донесат, но тој сакаше во Рим", откри агентот на Бориело.

Сити се обиде и со Фернандо Торес и тоа по вторпат откако арапските милијардери го презедоа клубот. Уште еднаш неуспешно.

"Немаше шанси, едноставно Фернандо не сака во Сити и ништо не се сменило во последните месеци", велат извори од Ливерпул.

Ако на тоа се додаде Буфон, јасно е дека се уште постојат фудбалери кои се имуни на арапските милиони.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јануари.2011 во 06:25
Манчини: Со Џеко можеме до титулата /fudbal/anglija/3008-mancini-so-dzeko-mozheme-do-titulata.pdf -   /fudbal/anglija/3008-mancini-so-dzeko-mozheme-do-titulata.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2FuZ2xpamEvMzAwOC1tYW5jaW5pLXNvLWR6ZWtvLW1vemhlbWUtZG8tdGl0dWxhdGEuaHRtbA%3D%3D -  
 

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека новото засилување на клубот. Един Џеко може да им помогне на "граѓаните" да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона...

Босанскиот голгетер дојде од германски Волфсбург за сума од 27 милиони фунти и во текот на вчерашниот ден го имаше своето деби на средбата со Вулверхемптон.

"Сигурно дека сум возбуден, бидејќи успеавме да донесеме еден многу добар фудбалер. Џеко неспорно е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и моја желба е тој да биде заедно на теренот со Марио Балотели и Карлос Тевез" - изјави Манчини.

Италијанецот додаде дека во моментов е вистинска штета затоа што Балотели е повреден, но Џеко е решението за титулата која со нетрпение ја чекаат фановите на клубот



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 06:57
Балотели упати навредливи критики кон Мурињо, Меси и англиските медиуми /fudbal/anglija/3030-baloteli-podeli-navredlivi-kritiki-za-murinjo-mesi-i-angliskite-mediumi.pdf -   /fudbal/anglija/3030-baloteli-podeli-navredlivi-kritiki-za-murinjo-mesi-i-angliskite-mediumi.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2FuZ2xpamEvMzAzMC1iYWxvdGVsaS1wb2RlbGktbmF2cmVkbGl2aS1rcml0aWtpLXphLW11cmluam8tbWVzaS1pLWFuZ2xpc2tpdGUtbWVkaXVtaS5odG1s -  
 

 

Марио Балотели е повторно во центарот на вниманието со контроверзната изјава во која нагласи дека Жозе Мурињо треба да научи да се однесува пристојно, дека Лионел Меси не ја заслужи Златната Топка, дека Англиските медиуми се непрофесионални...

Играчот на Манчестер Сити во својата изјава за La Gazzeta dello Sport во рубриката extra time даде серија критики и обвинувања кон неговите колеги и медиумите. Балотели му се придружи на Франц Бекенбауер и се надоврза на неговата изјава дека Португалскиот стратег не знае за добро однесување.

"Мурињо е најдобриот тренер на светот, но треба да научи што се манири и почитување" - изјави Балотели.

Не е тајна дека Балотели и Мурињо имаа несогласувања во Интер, но во никој случај напаѓачот не е компетентен да дава вакви констатации.

Балотели е лут и на Англиските медиуми откако објавија дека тој ја изневерувал неговата девојка Софи Мид (која воедно е модел и победник во реалното шоу Големиот брат) со нејзината најдобра пријателка за време на Новогодишната вечер додека сите се наоѓале во истиот стан, па изјави дека не знаат да работат, а додаде и неколку зборови за неговите соиграчи од Манчестер Сити.

"Адам Џонсон има одлична техника, Емануел Адебајор е најсмешен, а Патрик Виеира и Александар Коларов многу ми помогнаа кога дојдов тука" - додаде Балотели.

"Мислам дека англиската лига е далеку понапредна од другите, но медиумите пак не ги бива за ништо"

"Се што можам да кажам за Софи е дека се видовме еднаш и потоа почна да ме бомбардира со пораки, додека една од нејзините пријателки многу повеќе ми го привлече вниманието"

"Скудетото мислам дека ќе го освои Милан, но ако размислам поубаво би рекол тимот кој ми даде многу - Интер"

"Најдобар играч во Серија А е Златан Ибрахимовиќ, тој е играч од друга планета, а би го избрал Себастијан Џиовинко како најдобар млад италијански играч"

"Мислам дека Меси не ја заслужи Златната Топка, наградата требаше да ја добие Весли Снајдер".



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 10:46
 

Манчини: Можеме да го победеме Јунајтед и да се пласираме во финалето

    http://www.sportdenes.com/media/k2/items/cache/d59d2c2b289c88ea3883733aab2dc8de_XL.jpg">Роберто%20Манчини   


    Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека неговиот тим има сили да го победи градскиот ривал Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот.


    Според Италијанецот двата натпревари помеѓу „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“ во текот на сезоната (0:0 и 2:1) го покажаа тоа, иако Сити и не успеа досега да преовладува над својот ривал. Манчини смета дека неговиот тим веќе е многу блиску до најдобрите тимови, но признава дека има уште многу да се подобри за да може да стигне на нивното ниво, што според него може да се случи уште во следната сезона.

    „Одигравме веќе два натпревари со Манчестер Јунајтед во сезоната и се претставивме многу добро. Имаме сериозни шанси да се стигне до финалето. Ова ќе биде одлично полуфинале.“

    „Ќе видите што значи за фановите. Ние веќе сме многу блиску до Манчестер Јунајтед, на најдобрите тимови. Треба да подобриме уште малку нешта и можеби следната сезона ќе бидеме на исто ниво како нив. Важно е дека одиграме добар натпревар како на „Олд Трафорд“ последен пат и имаме можност да победиме.“
    - рече Манчини.


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 05:50
    Манчестер Сити го освои ФА Купот

    Манчестер Сити - Стоук 1:0 (0:0)
    Јаја Туре 75'

    Фудбалерите на Манчестер Сити по петти пат во клупската историја, а прв пат по 42 години го освоија ФА Купот, откако во финалниот меч на "Вембли" ја победија екипата на Стоук, која по прв пат се најде во позиција да се бори за престижниот трофеј.

    "Граѓаните", беа подобар противник во поголемиот дел од мечот, а голот на одлука беше постигнат од страна на Јаја Туре, кој со силен удар од казнениот простор го матираше голманот Соренсен.

    Сити така успеа во добра мера да ги наплати огромните пари вложени во тимот предводен од тренерот Манчини, бидејќи претходно избори пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите, а сега го освои и првиот трофеј по 35 години пауза.




    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 05:51
    Манчини: Ова е само почеток, Туре: Чувството е неверојатно

    Италијанскиот менаџер на клупата на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека освоениот ФА Куп е само прв во низата трофеј кој 'граѓаните' го освојуваат во годините кои претстојат.

    "Можам само да кажам дека сум многу среќен поради навивачите. По многу години заслуживме да го освоиме овој трофеј. Мислам дека не доминиравме на мечот и мора уште да се подобруваме, но јас сум многу среќен. Испишавме мал дел од историјата на Манчестер Сити, а тоа е само почеток"- рекол Манчини, кој на Сити му го донесе првиот трофеј во витрините по пауза од 35 години.

    Стрелец на единствениот гол во финалниот натпревар против Стоук беше Јаја Туре во 74. минута. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска по средбата зрачел од радост:

    "Ова е остварување на сонот. Фантастично е да се победи и да се освои титулата поради клупската историја. Сакавме да освоиме некој трофеј и да се пласираме во Лигата на Шампиони. Чувството е неверојатно."



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 05:57
    Насри пред потпис со Манчестер Сити

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19430/samir%20nasri.jpg"> Иако се уште нема официјална потврда, Насри во Манчестер Сити за предвремен раскин на договорот со Французинот на Арсенал ќе му плати обештетување од 25 милиони евра. Анонимни претставници од преговарачкиот тим на Манчестер Сити изјавија дека Насри се согласил на трансферот, а во новиот клуб, францускиот репрезентативец годишно ќе инкасира сума од 5,3 милиони евра. Токму Насри беше еден од приоритетите на Манчестер Сити, кој во меѓувреме ангажираше уште еден фудбалер на Арсенал, Гаел Клиши, а дефанзивниот ред на тимот предводен од Роберто Манчини го засили и репрезентативецот на Црна Гора и досегашен член на Партизан, Стефан Савиќ. Насри во периодот од 2008 до 2011 година за Арсенал одигра 124 натпревари и постигна 27 погодоци. Манчестер Сити успеа да ја добие битката за ангажирањето на Насри, а во конк*ренција беа уште градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, Челзи и Барселона.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 19.Јули.2011 во 06:17
    Сити ја прифатил понудата за Тевез

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19546/t.jpg">

    Манчестер Сити ја прифатил понудата од Коринтијанс за напаѓачот Карлос Тевез, пренесуваат англиските медиуми. Понудата од 39 милиони фунти, која бразилскиот клуб ја даде минатата недела беше одбиена бидејќи "граѓаните" бараа 50 милиони, па се верува дека клубовите се нашле некаде меѓу и постигнале договор.

    Тевез е јасен во својот став да го напушти не само Манчестер Сити туку и европскиот фудбал за да биде со семејството, па Коринтијанс беше најбрз и практично единствен клуб кој себе си можеше да си дозволи да го доведе аргентинскиот голгетер.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 14:47
    Агуеро пристигна во Манчестер, ги поминува медицинските тестови
     
     

     

    Според последните информации од Островот, Серхио Агуеро пристигнал во Манчестер и ги започнал медицинските тестови.

    Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да го комплетира фамозниот трансфер со Манчестер Сити, а според англиските медиуми, ’граѓаните’ за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 38 милиони фунти.

    Роберто Манчини на почетокот од оваа недела потврди дека Манчестер Сити е блиску до ангажман на напаѓачот, а вчера медиумите потврдија дека се е договорено и дека Аргентинецот денес ќе стави потпис на 5-годишен договор.

    Агуеро пред извесно време слета во Манчестер и во моментов ги поминува рутинските медицински тестови, а се очекува во наредните 24 часа трансферот и официјално да биде комплетиран


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 29.Јули.2011 во 07:00
    Кун Агуеро пет години во Сити, отштетата 38 милиони фунти, на грбот со бројот 16


    Управата на Манчестер Сити потврди дека сега веќе поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро потпишал 5-годишен договор со "граѓаните", како и дека ќе го носи дресот со број 16.

    Агуеро ќе дебитира за Сити веќе во сабота, кога тимот на Манчини ќе учествува на Супер Купот во Даблин. Се огласија и Мадридѓани.

    "Атлетико му се заблагодарува на Агуеро за се што стори за нас во последните пет сезони и му посакуваме среќа во новиот клуб." - стои на сајтот на Атлетико.

    Мадридски Атлетико на име отштета за 23-годишниот Аргентинец ќе добие 38 милиони фунти.

    Агуеро е трето засилување за "граѓаните" во овој трансфер период, бидејќи пред него во клубот стигнаа Стефан Савиќ од Партизан и Гаел Клиши од Арсенал.

    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 19.Ноември.2011 во 06:28

    /informacii-sport/8415-manchester-siti-so-rekordna-zaguba-do-1949-milioni-funti" rel="nofollow - Манчестер Сити со рекордна загуба до 194,9 милиони фунти

     
     

    Ова е рекордна загуба, во една финансиска година, во англискиот фудбал, и само покажува колку големи инвестиции направил Шеикот Мансур за да го трансформира Манчестер Сити од просечен клуб во 2008, до лидер на табелата во Премиерлигата во овој момент.

    И покрај тоа што ’Граѓаните’ за сезоната 2010/2011 прикажаа загуба од 194,9 милиони фунти, управата на клубоt не е загрижена и ваквите бројки биле очекувани поради стратегијата за забрзано вложување.

    Во финансискиот извештај, Сити објави нето загуба од 160,5 милиони фунти како и ’додатни вонредни расходи’ од 34,4 милиони фунти.

    ’Граѓаните’ имаат среќа што сеуште не се применува финансискиот фер-плеј на УЕФА, па нивното место во Европа не е загрозено.

    Сепак, се очекува идните финансиски извештаи да бидат далеку подобри со оглед на тоа дека неодамна беше потпишан мега договор со авиокомпанијата Етихад, за кого се пишуваше дека е вреден 35 милиони фунти по сезона а клубот ќе заработи и неколку десетици милиони од настапот во Лигата на Шампионите.

    Од таборот на Сити исто така потенцираат дека комерцијалниот приход се зголемил за 49,7% а исто така се зголемил и приходот од ТВ правата за 27,4%.

    Вкупниот приход е 153,2 милиони фунти, и за прв пат ја надмина границата од 150 милиони.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 07:18

    Kорпулентниот напаѓач на Билбао и на Шпанската репрезентација се сели во Лондон




    Фернандо Љоренте  има договор уште 18 месеци.

    Во овој момент неизвесно е што ќе се случува со тој фудбалер, пред неколку недели изјави дека не сака да игра за друг тим во Примера, иако се ширеа шпекулации дека ќе премине во Реал Мадрид.


    Но, како една од можните дестинации за Љоренте е Манчестер Сити.


    Сити го сака овој напаѓач веќе подолго време и спремни се да му понудат по 7 милиони евра по сезона.


    Се претпоставува дека Љоренте би можел да го продолжи договорот со Баскијската екипа, а потоа да прифати понуда од Сити така што неговиот сакан Атлетик Билбао би заработил многу повеќе за негова продажба.



    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 30.Март.2012 во 12:12

    Манчестер сити подготви 250 милиони евра за Кристијано Роналдо!


    Богатите шеици од Абу Даби, спонзорите на англискиот премиерлигаш Манчестер сити се решени да не жалат пари за да го ангажираат моментно најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо, членот на Реал Мадрид, а за таа цел се подготвени да ги – срушат сите рекорди!

    http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/ronaldo-masina-za-pari-e1333096709924.jpg" rel="nofollow">

    Манчестер сити е желен да му нанесе нов пораз на Јунајтед и да ја купи некогашната прва виолина на „црвените ѓаволи“, а за таа цел подготви 250 милиони евра, објавуваат медиуми во Англија. Според последните информации од кампусот на „граѓаните“, спонзорите на Сити се подготвени да издвојат над 100 милиони евра за трансфер обесштетување со што би го надминале досегашниот рекорд на Раал Мадрид кој во 2009 година плати 95, 7 милиони евра кој Манчестер јунајтед за да го купат Португалецот.

    Но, тоа што многу повеќе остава впечаток е дека Манчестер сити е подготвен да го направи Роналдо буквално шеик, затоа што му нуди помеѓу 480 и 600 илјади евра неделна плата, што би било повеќе од двојна заработувачка на најскапоплатениот фудбалер во моментов, Самуел Ето во руски Анжи. Според математиката, Роналдо на годишно ниво би имал заработувачка од 31 милион евра само како плата од премиерлигашот.

    Извори во Англија и Шпанија веќе посочиле дека 27-годишниот Португалец е заинтересиран да се врати на Островот, пред се оти му премиерлигашкиот фудбал. На сето ова се додава и дека Жорге Мендес, менаџерот на португалскиот ас, во последнава година станал неверојатно блисок со арапските бизнисмени, сопственици на Сити. Инаку Мендес е најбогатиот менаџер, чија менаџерска агенција има вредност над половина милијарда евра.

    „Заците од кампот на Роналдо се многу позитивни. Веќе има првичен контакт“, посочил извор блисок до англискиот тим.

    Шеикот Менсур бил голем фан на Роналдо и по секоја цена сака да го ангажира, па веќе е пресметано дека за четиригодишен договор Роналдо би добил вкупно 120 милиони евра, а Реал Мадрид околу 130 милиони на име на обесштетување. Инаку шеикот Менсур имал голем респект кон најтрофејниот европски клуб.

    „Сити планира да направи тим кој ќе доминира во иднина, но свесни се дека нивната битка за Лионел Меси однапред е загубена, па затоа целта им е Кристијано Роналдо“, посочува изворот.

    Роналдо играше во Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, а во 2008 стана европски првак и ја освои единствената „златна топка“, по што следеше доминацијата на Лионел Меси во светскиот фудбал.



    -------------



    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk