![]() |
|
Фан клуб Вардар |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | ||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 20.Јануари.2013 во 07:45 |
|
Историја на фудбалскиот клуб Вардар
ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соединиле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФР Југославија Вардар беше единствениот клуб од Македонија со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен легендарниот фудбалски „лисец“ Андон Дончевски со тимот на ѕвездите како Дарко Панчев, Илија Најдовски, Тони Савевски, Васил Рингов ја освои титулата во Првата југословенска лига, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој освоил шампионат но и фудбалски куп.
По распаѓањето на Југославија и составувањето на Првата МФЛ, Вардар беше еден од најдобрите клубови, но следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа и приматот го преземаат Силекс и Слога Ј а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/2002 односно 2002/03. Од основањето на клубот па до средината на осумдесеттите македонците од цела Македонија,СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделните вечерни спортски вести со внимание се слушаше за натпреварите на црвено-црните. Одењето на стадион да се гледа Вардар зема нагорна линија особено по освојувањето на Титовиот куп во 1961 година кога беше совладан Вартекс (Вараждин со 2-1).
Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои „Комити“, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!"
ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како еден од натпреварите кој влезе во историјата на македонскиот фудбал ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со ФК Трепча на кој стадионот во Скопје беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1 и се врати во Првата лига. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Ц.Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Скопје обединето за Вардар!
Навивачката група Комити Запад денеска промовираа билборди како дел од мобилизацијата за наредната сезона. Преку билборди Комитите ги повикуваат фановите на најтрофејниот македонски фудбалски бренд да се вратат на стадион и да го бодрат клубот во новата сезона.
Ова е уште еден доказ дека работите во таборот на "црвено црните" се придвижија во позитивна насока. Откако Градот Скопје го превзема раководењето се најавуваат и реализираат низа активности за враќање на најтрофејниот македoнски бренд на вистинскиот пат |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб останува во првата лига!
Низ фудбалските кругови деновиве се ширеа разни информации околу иднината на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, а денес на брифингот со новинарите во ФФМ, претседателот Хаџи-Ристески потврди дека и во следната сезона ФК Вардар ќе се натпреварува во првата македонска лига. До ова доаѓа откако ФК Вардар и несудениот нов прволигаш ФК Миравци ќе ги заменат местата, односно со фузија и промена на имињата, ФК Вардар ќе се натпреварува во првата, а ФК Миравци во втората лига. Како едно од можните имиња за ФК Вардар, се шпекулира со името „ФК Вардар 2011“, одлука која наиде на негодување кај најверните навивачи. Во 64-годишната историја, клубот успеал да го задржи името, па навивачите не сакаат тоа ни сега да биде променето. Новото раководство на клубот веќе работи на новиот тим. Клубот го напуштија бразилците Нено, Фабио и Карлос, Златко Ристов, браќата Џангаровски, Трајче Стојковски, Перица Василевски, Емин Шабани и Веби Алиовски. Неколку звучни имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, а тоа се Александар Васоски, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Александар Бајевски, поранешните играчи на Македонија ЃП Вашнгтон и Амбуре. Раководството има желба во редовите на Вардар да донесе и звучно име од странство кое би ја вратило публиката на "Градски", па едно од имињата со кое се шпекулира е камерунецот Пјер Боја од Партизан. Со новиот, реновиран тим на Вардар, најверојатно ќе раководи Илчо Ѓорѓиоски, со кого веќе се отпочнати преговорите. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Според неофицијални информации Вардар останува во Првата лига и тоа на местото на Миравци кој ќе му ја отстапи својата позиција на македонскиот најтрофеен клуб.
Фудбалскиот клуб Вардар нема да игра во Втората лига. „Црвено-црните“ остануваат во македонската фудбалска „елита“ и тоа на местото на Миравци кој преку бараж и победата во дуелот со Скопје обезбеди историски пласман во Првата лига. Во Централниот регистер на Република Македонија веќе е направена измена. Атанас Костовски веќе не е претседател на ФК Вардар. Како в.д претседател е запишан Милован Мајсторовиќ. Со ова на некој начин се потврдуваат информациите за новата ера на ФК Вардар, односно останувањето во Првата лига. Според неофицијални информации, на Вонредно собрание на клубот, Вардар ќе биде предаден на Градот Скопје, додека градоначалникот Коце Трајановски ќе биде прогласен за претседател. Наводно Милован Мајсторовиќ ќе му го отстапи местото на првиот човек на градот. Од градот Скопје информираат дека ваквите информации стигнале и до нив, но засега не можат конретно ништо да потврдат. Според исто така неофицијални информации Вардар за следната сезона ќе се подготвува и засилува за врвот на табелата односно шампионската титула. За таа цел ќе биде ангажиран некогашниот тренер на Македонија ЃП, Илчо Ѓорѓиоски кој на тимот од Ѓорче Петров им ја донесе првата историска шампионска титула.
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу бабици, килаво дете Од шампионската генерација на "Вардар" од 1987 година дури седуммина од кои тројца беа стрелци се наоѓаа во стартниот состав на дебито на македонската фудбалска репрезентација против Словенија во Крањ. - Се редеа собранија, се вмеша навивачката група "Комити", се менуваа претседатели, но клубот продолжи да тоне и во неколку наврати беше доведено во прашање и неговото преживување |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вардаровите легенди го прославија јубилејот
Вардаровите легенди, кои на 26. мај 1961 година го освоија купот на тогашна СФР Југославија, во одлична атмосфера во скопската меана "Керпич", го одбележаа јубилејот - 50 години од освојувањето на првиот трофеј. Скапоцениот пехар на Маршал Тито беше освоен со победата над Вартекс Вараждин со 2-1 со головите на Владо Николовски и Мирко Илиевски. Дел од таа „златна" генерација на црвено-црните веќе не е меѓу живите, но оние кои можеа дојдоа на малата прослава во организација на ФК Вардар, Андон Дончевски, Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев и Тоде Георгиевски во друштво на легендите од помладите генерации, Дарко Панчев, Кочо Димитровски и Мето Спасовски евоцираа спомени на како што беше речено големиот ден на македонскиот фудбал. Јубилејот го збогатија со своето присуство и новинарите на чело со доајенот на спротското новинарство Ивко Панговски кој од лице место преку радио брановите го пренесуваше овој историски настан. Во името на ФФМ, „славениците" ги поздрави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер кој во оваа пригода им подари и пригодни плакети и подароци кои ќе ги потсетуваат на денешниот ден -50 години од првата титула за македонскиот клубски фудбал. |
||
![]() |
||
FeaR ![]() Сениор ![]() ![]() False Evidence Appearing Real Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 5307 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вардар го победи Пелистер во Битола
Вардар славеше на гостувањето кај Пелистер, Металург го победи Тетекс, Силекс и Шкендија одиграа нерешно, Работнички подобар од Брегалница. Вардар победи во дерби натпреварот против Пелистер во Битола со 2-1. Славните македонски клубови оваа сезона се наоѓаат на двете последни позиции на табелата и очајно се борат за бодови со кои се надеваат дека ќе изборат опстанок. Пелисте денеска не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и загуби од својот голем ривал. Херој на Вардар беше Ѓурѓевиќ кој постигна голови во 32та и 42та минута за водство на тимот од Скопје со 2-0. Пелистер успеа само да намали преку Талевски во 67та минута од натпреварот. Металург минимално со 1-0 славеше на свој терен против Тетекс. Единствениог гол беше постигнат во 21та минута од пенал, стрелец Милен Крстев. Силекс и Шкендија во Кратово одиграа без победник 1-1. И двата гола беа постигнати во воведниот дел од натпреварот, Мисовски во 4та минута му донесе водство на Силекс, во следниот напад Емини израмни на 1-1. Работнички со 3-1 ја совлада екипата на Брегалница Штип. Домаќините поведоа со голот на Маневски во 38та минута, четири минути подоцна Глигоров зголеми на 2-0. Мандак во 61та го намали резултатот на 2-1, Синковиќ во 84та ги постави конечните 3-1. Ренова убедливо со 5-0 го победи Напредок. Емини во 27та, Јанчевски во 49та и 76та, Велјановски (автогол) во 65та и Бајрами во 90та минута беа стрелци на головите за Ренова. Турново со голот на Шулев во 81та минута го победи Скопје со 1-0. |
||
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
||
![]() |
||
Izzy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Andora, Luksemburg i Lihtenstajn. Zna4i nie sme na 4-to mesto
![]() |
||
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
||
![]() |
||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Која е втората...
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Izzy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Da da, nikoj ne e kriv shto Vardar e vo ovaa kriza, nikoj ne e kriv shto Osogovo (zadocni samo 1 nedela so plakjanjeto za licenca) ne mu e dozvoleno da igra vo Vtora liga (dodeka na klubovi od zapadna Makedonija im e izdadena, iako platija [seaushte ne e to4no utvrdeno] posle Osogovo. Nikoj ne i e kriv nitu na Pobeda shto ke bide suspendirana 8 godini.... u ovaa federacija, nikoj za nishto ne e kriv. Na site vo foteljite im e se puno i se ramno. Nivnata rabota e da go dignat nivoto na fudbalo vo Makedonija, a nie imame liga shto e pomegju 2te naj ne kvalitetni vo Evropa. Od odamna izumrea klubovite so tradicija, sea se na moda privatni klubovi, bez navivacki grupi i tradicija, a so pari. Golem 4ekor od FFM! ![]() ![]() Изменето од Izzy - 04.Август.2010 во 04:41 |
||
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
||
![]() |
||
aLbaneso ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Nikoj ne i e kriv na Vardar sto ima finansiski problemi ![]() |
||
Љаеш НЕ касаш !
|
||
![]() |
||
Izzy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 161 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii! |
||
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вардар без играчи во новото првенство? Се' додека не го плати долгот за картони кон ФФМ во износ од 20.000 евра, Вардар не може да регистрира нови фудбалери извор |
||
![]() |
||
The_Boss ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() GFX Designer Регистриран: 31.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 948 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ој Вардаре во срце ќе те носиме за тебе живот даваме само напред Вардареее!
|
||
Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |