|
Што е Адвентистичката црква? |
Внеси реплика | страница 123 39> |
Автор | |||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Август.2011 во 15:23 |
||
Му реколо магарето на зајакот имаш големи уши А зошто православните отци велат дека сексот не треба да се консумира во бракот (освен за репродукција), кога медицината воопшто не се согласува со тоа? И не само медицината, туку и Светото Писмо не се согласува со тоа, па сепак не добиваме одговор од православните зошто е тоа така. |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е само алкохолот тоа што се препорачува во мали количини поради здравствени причини. Исто така се препорачува и кафето, чајот. Токму затоа и прашав зошто Елена Вајт вели дека овие нешта не треба да се консумираат, кога медицината воопшто не се согласува со тоа, но одговор не добив. |
|||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
СЕЌАВАЈ СЕ НА СВОЈОТ СОЗДАТЕЛ! Библијата започнува со познатата изрека: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“. Зборот „создаде“ т.е. „bara“ е глагол кој се однесува единствено на Божјите создавачки дела. Луѓето може да градат, да направат одредени работи, да замислат и да ги обликуваат, но само Бог може да ги создаде т.е „bara“. Единствено Бог може да го создаде просторот, вре мето, материјата и сите други делови на материјалниот свет во кои ние постоиме. Целокупниот свет кој го гледаме е дело на Божјите раце т.е „bara“. Се разбира, начинот на кој го прави тоа останува тајна. Науката едвај може да разбере што претставува материјата, уште помалку како била соз дадена и зошто постои во обликот во кој се наоѓа. Меѓутоа, клучен факт е да не заборавиме од каде настанало сето тоа! „Господовото Слово ги соз даде небесата, и здивот на неговата уста: целото нивно воинство... Зашто Тој рече и сè стана, нареди и сè се утврди“ (Псалм 33,6.9). Освен тоа, кога ќе се финишира некој главен проект, луѓето сакаат да го прослават неговото завршување. На пример, кога градиме црква, ние ја посветуваме на Бога. На сличен начин, кога Бог го завршил создавање то на Земјата, го овековечил тој настан преку одвојувањето посебен ден, а тоа е саботата. На кој начин старозаветните и новозаветните текстови ја нагласуваат Божјата содателска улога? Со што ја споредуваат? Колошаните 1,16.17; Евреите 1,2; Исаија 44,15-20; 46,5-7 Од времето кога големата борба помеѓу Христа и сатаната се пресели ла на земјата, непријателот се трудел да ги наведе луѓето да се посомневаат во Божјето постоење или да не поверуваат но Неговата улога на Создател. Не познавајќи го неговиот збор или отфрлајќи ги доказите за Неговата Создателска моќ, човечката мудрост се трудела да најде патишта преку кои ќе го објасни нашето потекло на некој друг начин, а не со создавање. Биле предложени многубројни теории . Најпопуларната во наше време, се разбира е теоријата на еволуција, која поставува случајни мутации и при родни селекции како средство со чија помош се објаснува животот и опстанокот на разумните суштества. Неодамна била објавена теорија дека сите ние сме само една компјутерска проекција, дека вистински не посто име, и дека сме илузија која со компјутерската проекција ги создава некоја супериорна раса на вселенски суштества. На многу начини, човекот би можел да помисли дека дрвените богови за кои пишува пророкот Исаија кои ги почитувале нивните создатели, не претставуваат полоша алтернативана библискиот Бог од некои современи производи на човековата мечта. За размислување: Ако навистина ја прифатиме саботата како спомен на божјето шестдневно создавање, на кој начин би можеле да бидеме заштитени од лажните теории и замисли за нашето настанување? Освен тоа, кој би сакал да обожава бог кој се послужил со толку насилен и злобен процес на еволуција за да нè создаде, зар не? |
|||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Isus gi kazhal praktichnite prerekviziti za chovekovoto steknuvanje so zhivot vechen pod pretpostavka deka mladiot chovek veruval vo Isusoviot Otec bidejkji toj go sledel Isusa i negovoto uchenje. Ako spored tebe neshto nedostasuva vo Isusoviot sovet togash toa ne e Isusov problem, kako shto ne bil Isusov problem nitu problemot shto si go imal mladiot chovek so vrzuvanjeto i zavisnosta od negoviot materijalen imot. Изменето од Messenger - 07.Август.2011 во 18:43 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ovde se navedeni zapovedi od pettata pa do desettata, no ne i on prvata do cetvrtata. Znaci li toa, spored tvojata logika, deka ako ne e spomnata Sabotata, znaci deka ne e potrebna, togash ni prvata ne e spomnata, pa ne e potrebna za spasenie? veruvaj vo koj bog sakash i Bog koj ja sozdal zemjava ke ti dade spasenie? Covekot imal materijalni problemi, vrzan za ovoj svet, e toa mu precelo za spasenie. Ne mozesh da sluzish i na Bog i na mamon. Zatoa Sinot Bozji mu kazal, odluci se na koja strana ke sedish. Toa e poentata na tvoite navedeni stihovi. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ushte povekje, isus dava tochni upatstva shto treba da se pravi za da se stekne so zhivot vechen: 16 И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?” 17 А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!” 18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, 19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!” 20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?” 21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!” ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава 19 Dali Isus spomnuva nekakvo sabotno praznuvanje kako potreba za steknuvanje vechen zhivot ??? |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Alkoholot vo noviot zaved se preporacuva po edna cashka od zdravstveni pricini. Togash nemalo LISTERIN za da se inishtuvaat bakteriite vo grloto i hranoprovodnikot, tuku so cashka alkohol se pravelo toa. E, sega za nekoi taa cashka bila malku pogolema od normalnite i se upotrebuvalo poveke od ednash nedelno ....nekolku pati dnevno...i se sozdala potreba za otvaranje kafani.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Поседувам книга која се вика "Библиско посветување" и е од Елен Вајт. Во истата книга се говори дека пророкот Даниил го согледал штетното дејство на виното и раскошниот живот врз физичкото и менталното здравје, па затоа и ја одбивал храната од Царот поради наредбата Божја. Јас колку што знам, тоа е сосема во спротивност со она што денес лекарите го велат. Ако навистина, според видеото, треба да сме благодарни за откровенијата на Елен Вајт и нивниот придонес во медицината, зошто не и било откриено дека виното дејствува позитивно кај луѓето кои патат од анемија за да не мора да пишува дека виното има штетно дејство во нејзината книга? Истотака, согласно нејзиното толкување, предупредувањето од 1 Петар 2:11 се однесува на консумацијата рускиот чај, кафето, тутунот, алкохолот и морфиумот. Јас колку што знам, Бог не го забранил никаде алкохолот, а и не знам како кафето има погубно влијание врз моралниот карактер. Да не говорам дека кафето, консумирано во нормални количини, се препорачува на луѓе со низок притисок, особено на крајот на тинејџерските години, кога сите нешта во телото заземаат конечно место, па е чест падот на притисокот, појава на вртоглавици и слично. Ова го има кажувано професор на медицинскиот факултет. Зошто Елен Вајт, на која, согласно видеото, и ги должиме достигнувањата во медицината, говори против овие нешта, кои се препорачуваат од модерната медицина, за која имала откровение? |
|||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПОНИЗНО СРЦЕ-ПОНИЗЕН ДУХ! Како христијани ние го земаме фактот дека целиот човечки род пад нал во грев, дека е грешен и посрамен. Оваа грешност и изопаченост се однесува поединечно, на сите нас. Размисли за разликата меѓу она што си можел да бидеш и она што си станал; разликата меѓу мислите со кои се занимаваш и мислите со кои би требало да се занимаваш; разликата меѓу она што го правиш и она што знаеш дека мора да го правиш! Како христијани, од библискиот пример на Исус, препознавањето на нашата вистинска природа може да стане навистина разорно и уништувачко. Тука се крие причината на нашето ожалостено срце и скршен дух. Ако ониј што тврди дека е христијанин тоа не го гледа, тогаш навистина слеп; најверојатно никогаш не доживеал искуство на обратување или некаде попатно го изгубил. Сепак, радоста доаѓа врз основа на сознанието дека Бог, и покрај на шата грешна состојба, сепак нè сака, толку многу нё сака што го дал и својот единороден Син да дојде на земјата и да умре, жртвувајќи се се беси за нас, со цел Неговиот совршен живот и совршена светост, Него виот совршен карактер да може со вера да ни го припише нам. И пов торно се појавува темата на „вечното евангелие“ (Откровение 14,6). На шето богослужение треба да се сосредоточи не само на нашата грешност, туку и на Божјето восхитувачко решение за нашата грешност а тоа е крстот! Се разбира нам ни е потребно тоа скршено срце, но таа неоп ходно жалосна стварност секогаш треба да ја ставаме во рамките на она што Бог го сторил за нас преку Исуса Христа. Всушност, сфаќањето кол ку сме лоши треба да ни донесе радост, бидејќи знаеме дека без оглед на нашата состојба сепак, благодарение на Исуса Христа, може да добиеме вечен живот. Бог никогаш нема да ги искористи нашите престапи за да нё обвини. Ова е вистина која секогаш мора да биде во центарот на на шето богослужбено искуство, било заедничко или поединечно.
|
|||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали можеш да ни посочиш каде во Новиот Завет е наредено Божјите деца да се собираат и празнуваат сабота? |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Духовните плодови (Гал.5:22) коишто произлегуваат од Милоста и ДУХОТ БОЖЈИ се видливиот Печат и Знак на вистинската заедница Христова, која не поради законот туку поради Милоста БОЖЈА е влезена во вечниот Саботен Мир (Шалом) БОЖЈИ! Сиот убав закон е само сенка која упатува на Светлината БОЖЈА во Која е Суштината на Вистината, но самиот закон во ниеден случај нее (нити може да биде) поголем од Духот Светол БОЖЈИ, преку Кого Единствениот Совршен БОГ во Исус Христос Ја отелотвори својата надприродна Мудрост! Без Таа Милост, без Таа Мудрост, без Тој Дух Светол никој неможе да биде спасен, да Ја спознае, а уште помалку да Ја следи Совршената Вистина! Но, од секогаш имало (и има) луѓе кои сакале (и сакаат) да се гордеат со своето телесно обрезание, со својата праведност при држењето на законите, со своите добри дела, со своите постови, со своите пророци (пророчици) ... и притоа се сметале за подобри од другите! (Лука 18:9 ...) Тоа во вистинката заедница (црква) БОЖЈА засигурно не е случај! Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење. (Римј. 14:5)
Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 12:12 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
САБОТАТА-БОЖЈИ ЗНАК И БОЖЈИ ПЕЧАТ Среде верскиот хаос што постои денес во светот, многубројните верски заедници, чијшто број постепено се зголемува, човек со право може да се запраша која од нив е вистинска Божја црква на која треба да и припаѓа како верник.Постои ли некаква можност, нешто или некој кој ќе ни помогне позитивно да ја разрешиме таа дилема за да не направиме погрешен избор и да застанеме на погрешна страна, да одиме по погрешен пат, и наместо во Божјето царство, да се најдеме во провалија? Христос е “ПАТ, ВИСТИНА И ЖИВОТ“ (Јован 14,6) и Тој ќе не научи како да веруваме: “Кој верува во мене како што кажува Писмото, од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода“ (Јован 7,38). Како што кажува Писмото! Бог ќе ни ги открие во својата Реч белезите на вистинската црква, која е негово Божје семејство, и ќе ни помогне да станеме припадник на неговиот народ. Вистинската Божја црква е лесно препознатлива меѓу силната плејада цркви. Божјите деца имаат видливи белези според кои се препознаваат како Божји деца. Прв голем и јасно видлив белег на верниците на Божјата црква кои му припаѓаат на Бога: “Во тоа е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение14,12). - Значи, Бог своите деца ги нарекува “свети“ и ги препознава по тоа што тие “ги држат Божјите заповеди и имаат вера во Исуса“. - Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден. Саботата е најдоминантен белег според кој секој човек што ја проучува Библијата лесно може да ја препознае вистинската Божја црква, да и се придружи и како нејзин верник да ги ужива сите оние богати саботни благослови. Саботата како Божји знак или белег во Библијата кој ја открива вистинската Божја црква: -“Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен сојуз (завет). Таа нека е знак, засекогаш, меѓу мене и Израелците“ (2 Мојсеева 31,16.17). -“Им ги дадов своите саботи како знак меѓу себе и нив, нека знаат дека Јас сум Господ кој ги посветува... Празнувајте ги моите саботи! Тие нека бидат знак меѓу мене и вас за да се знае дека Јас сум Господ, ваш Бог“ (Езекил 20,12.20). Саботата, вели Бог, е видлив знак или белег со кој е обележана мојата вистинска црква. Мојот народ, моите верници, моето семејство, празнува сабота, празнува во мојот свет ден.Затоа, почитувани, Господ и вас ве повикува: Придружете му се на мојот народ, на мојата црква и празнувајте во сабота! Уште нешто за знакот или белегот во Библијата! Во старо време Бог барал од својот народ да ги обрежуваат сите машки деца. Обрезанието исто така било знак или белег на Божјата припадност. “Секое машко меѓу вас нека биде обрежано. Обрежувајте се, и тоа нека е знак на заветот меѓу мене и вас“ (1 Мојсеева 17,10.11). Според тоа и Аврам бил обрежан: “И го прими (Аврам) знакот на обрежувањето како печат на праведноста што ја доби преку верата што ја имаше како необрежан, за да биде татко на сите кои веруваат“ (Римјаните 4,11). Се гледа дека во новозаветниот период изразот “печат“ се користел како синоним за зборот “знак“. За старозаветниот “знак на обрезание“ Павле зборува како за “печат на праведноста“. Затоа тој овде, заедно со зборот “знак“, го воведува во употреба и зборот “печат“, како синоним со исто значење. Според тоа, саботата како видлив знак, според кој Бог ја препознава својата црква, својот народ, а и неговиот народ го препознава него како свој Бог и Господ, претставува “Божји печат“ со кој Бог ги запечатува своите верни и предани деца за своето царство. В.М |
|||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистинската Црква е заедницата на Милоста БОЖЈА (Христос), Нејзините Апостоли и вистински следбеници, коишто преку Неа влегоја во вечната Сабота и немаат повеќе потреба да му робуваат на строгиот воспитувач (законот), туку преку Милоста БОЖЈА (Христос) со својот живот го исполнуваат истиот! Кој - преку Милоста БОЖЈА - влегол во Вечната Сабота, тој добро знае дека добрата заповед за неделната сабота е само бледа сенка од Вечната! ХалелуЈАХ! Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 01:31 |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јасно ми е тоа пријателе, ама работата е што, текстовиве се неконзистентни и неповрзани како и оние клипови за кои ти му сврте внимание. Во овие текстови се говори за Стариот Завет, што секако е дел од темата за вистинската црква, ама не видовме која е причината поради која некоја е вистинска, а другата не е, освен поделбите, војните и револуциите, што и не се којзнае каков критериум за вистинитоста. Blagoj_S, дали можеш нешто поконкретно да кажеш за ова за што прашувам, ама да е надвор од памфлетите и општите одговори кои и немаат некоја врска со она за што прашувам. |
|||
Внеси реплика | страница 123 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |