|
Корисни совети |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Мај.2020 во 11:49 |
Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцетОцетот е еден од омилените домашни состојки, но со некои материјали тој не смее да дојде во допир. Речиси не постои домаќинство во кое не се користи оцет. Оцетот првенствено се користи како додаток во салатите, но често се користи и за чистење – отстранува бигор, ‘рѓа, ги отстранува миризбите итн. Сепак, со некои површини или материјали, оцетот не смее да дојде во допир. Погледнете за кои површини станува збор. Гранитни и мермерни површини Уреди со екран на допир Измет од домашни миленици Лакиран мебел Изменето од Valerija - 01.Мај.2020 во 11:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!Иако пролетта сè уште не е официјално започната, потоплото време е совршено за да се организирате и темелно да го чистите вашиот дом. Темелното чистење никогаш не е лесно, но со овие совети тоа може да не биде толку заморно како и обично. Не правете го тоа сами Работете попаметно, а не понапорно Што се однесува до ова чистење – оставете ја вашата опрема и прибор за чистење да завршат поголем дел од работата – сепак тоа е нивна функција. Наместо да чистите со обична крпа – избришете ја прашината со микрофибер крпа – таа ја задржува прашината внатре без употреба на хемикалии. На кадата, мијалникот, ВЦ шолјата и плочките нанесете средство за чистење и оставете го да делува 10 -15 минути. Ова ќе го олесни чистењето на дамките. Кога ја чистите микробрановата печка, ставете сад со вода во неа и загревајте ја 3 минути. Пареата од водата ќе ги омекне дамките и загорените остатоци. Посветете му внимание и исчистете го и вашиот фрижидер Избришете ги теглите што сè уште се во добра состојба, пред да ги вратите во фрижидерот, со крпа што е испрскана со средство за дезинфекција. По фрижидерот, исчистете ги и дезинфицирајте ги и вашите кујнски ормани со храна. Ослободете се од смрдеата од кантите за ѓубре Дезинфицирајте ги сунѓерите Проверете ги теписите, украсните перници и покривките Исперете ги сите чаршави и покривачи Фрлете ги старите средства за хигиена Не заборавајте и на плакарите со облека и чевларниците Изменето од Valerija - 08.Март.2020 во 13:51 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машинаВеруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината. Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие: 1. Перници од пена Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња. Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните. Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата. Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја. По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место. 2. Сѐ што е налепено со животински влакна Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење. За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето. Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата. 3. Градници Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека. Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи. Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги. Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот. 4. Ткаенини со запалива дамка Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека. Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија. Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина. Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење. 5. Везена или чипкана гардероба Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката. Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале. 6. Гломазни предмети Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере. Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална. 7. Облека од кашмир или кадифе Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење. И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека. Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина. Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 12:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
8 едноставни домашни трикови како секогаш да имате чиста кујнаПотребни ви се само сода бикарбона, лимон, оцет и вашата кујна повторно ќе блеска како некогаш. Готвењето понекогаш знае да биде вистинско задоволство, но чистењето потоа речиси никогаш. Остатоци од храна, тон мрсни садови и нечистотија насекаде. Ако сакате кујната постојано да ви биде чиста, треба да практикувате некои едноставни трикови. Вратете го сјајот на металните садовиТенџерињата и тавчињата повеќе не ви се сјајни како порано? Наместо да купувате нови, направете смеса од сода бикарбона, хидроген пероксид и течен сапун. Испрскајте ги садовите и оставете ги да постојат. Потоа истријте ги и исплакнете и тие ќе сјаат повторно. Исчистете ја машината за садовиМашината за садови ви ги чисти садовите секој ден, па од време навреме треба и вие да ја исчистите неа. Наместо со специјално средство, ова можете да го сторите со лимонова киселина. Наместо детергент ставете лимонова киселина и пуштете ја машината да работи. Таа ќе ги разгради остатоците од храна и ќе ја дезинфицира машината. Светнете го нерѓосувачкиот челикАпаратите од нерѓосувачки челик наместо да ги чистите со препрати, кои може да ги оштетат, исчистете ги со сода бикарбона. Испрскајте ги целите, особено на краевите, и тријте со кружни движења со стара четкичка за заби. Ќе сјаат за неколку минути. Освежете го воздухотНаместо да купувате освежувач за воздух, пресечете лимон на половина и оставете го во кујната. Просторот ќе мириса свежо и пријатно. Исчистете ја маснотијата од микробрановата печкаСо лимонов сок поминете ја микробрановата печка. Оставете да постои пет минути и потоа избришете со крпа. Маснотијата ќе излезе лесно. Исчистете го тостеротСо четкичка за заби истријте ги остатоците од храна што остануваат на тостерот. Дури можете да го превртите и добро да го протресете за да излезат трошките и од непристапните места. Исчистете ја дрвената даска за хранаСо текот на времето вашата даска за сечкање храна се прави со дамки. За да ја освежите користете смеса од сол и оцет. Оставете да отстои неколку минути на проблематичните места, истријте со четкичка и исплакнете. Светнете ги рѓосаните ножевиПотопете ги рѓосаните ножеви во концентриран лимонов сок. По неколку минути извадете ги, избришете ги и тие ќе бидат како нови. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба ли да се придржуваме до ознаките на облеката?Оваа пролет, модните дизајнери ги обожаваат шарените материјали и транспарентни ткаенини чие правилно одржување е мошне важно. Секој материјал има свои правила кога се работи за зачувување на бојата, отстранување на дамки, чувството на мекост и мирис кој ги освојува сите околу нас. Но, покрај убавите модели, дизајнерите споделија и неколку совети за материјалите: Течен детергент или детергент во прав? Темелната разлика е во тоа што детергентот во прав е подобар за бели и светли материјали и за отстранување на дамки, додека течниот детергент е совршен избор за облека која е направена од волна, свила, синтетика или памук и подразбира перење на пониски температури. Кои се трите златни правила за брзо отстранување на дамки од бела и светла облека? 1. Веднаш ставете детергент во прав на дамката 2. Со кружни потези тријте ја дамката од две до четири минути 3. Што е можно побрзо ставете ја облеката на регуларно перење Детергентот во прав често остава траги на облеката, па препорачливо е фармерките да ги перете на рака или наопаку за да го избегнете избелувањето. Ако ви се појави дамка на некој нежен материјал, ставете течен детергент на облеката. Течниот детергент е подобар избор и за шарена облека, бидејќи не содржи избелувач како што е случајот со универзалните детергенти во прав. Шарената облека треба да се пере наопаку, за да ја задржи бојата подолго. Нега на волнена облека Волната лесно може да се собере при перење, па затоа потребно е да се пере со посебен детергент за волна. Исто така, ако волнените џемпери, шалови и капи ги перете со универзален прашок, може да се појават дупки. Правилно перење Различните материјали потребно е да ги перете на различни температури. Перењето на превисоки температури може да резултира со кинење на материјалот, развлекување или гужвање. Иако памукот добро ги поднесува сите температури, препорачливо е перење на шарени памучни маици на 40°. Материјали кои најдобро се перат на оваа температура се: најлон, вискоза, шифон и фармерки. Чувствителните материјали како што е ленот, се перат на 30°. Облеката од свила или кашмир, најсигурно е да се однесе на хемиско чистење или да се испери на рака. Ако сте погрешиле при перењето и сега имате маица со големина 42 наместо 36 број, постои еден трик. Развлечената облека намокрете ја во вода во која претходно сте ставиле шеќер. Оставете ја да отстои два часа. Потоа исперете ја облеката само со вода и нека се исуши. Шеќерот го зацврстува материјалот и го враќа во првобитната состојба. Запаметете дека ознаките на облеката не се само украс. Нивното правилно читање е клуч за долг живот на облеката. Ознаките најчесто се поделени во пет категории: перење, пеглање, сушење, хемиско чистење и обелување. Најважно е да се придржувате до тие правила кога се работи за чувствителни материјали. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да ја одржувате хигиената и свежината на вашите перници?Дневното одржување и редовната грижа е нешто што дефинитивно ќе го продолжи векот на вашите перници. Дали знаете како да ја одржувате хигиената и нивната свежина? Колку и да ви изгледа комплицирано и досадно целото ова, мора да нагласиме дека чистата и удобна перница е основното нешто кое ви е потребно за добар сон. Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите свежината на вашата перница: Изменето од Valerija - 29.Април.2017 во 09:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поголемиот дел од луѓето се сконцентрирани на чистење на одредени елементи од домот што често забораваат дека има ситници кои, иако се незабележливи, имаат огромна важност за хигиената. Стручњаците се согласуваат дека постојат работи кои луѓето едноставно ги забораваат, а се особено важни доколку сакаме да внимаваме на здравјето и чистотата во домот. Според нив ова се работите кои најголемиот број луѓе забораваат да ги исчистат: 1. Задната страна на тепихот – ова место е особено подложно на собирање прав и нечистотија. 2. Чанти – извадете ја поставата и истресете ги. Памучните чанти перете ги во машина на ниска температура, а кожните третирајте ги со посебен спреј. 3. Ролетни – металните ролетни најлесно ќе ги исчистите со чорап. Натопете го во вода каде сте раствориле средство за чистење и навлечете го на раката па поминете низ ролетните. 4. Горниот дел на фрижидерот – кај најголемиот дел од луѓето предниот дел на фрижидерот е совршено чист, што не важи за горниот или страничните делови, кои главно не се забележуваат. 5. Кујнски сунѓери – стручњаците препорачуваат истите да се менуваат секоја недела, бидејќи на нив се собираат огромен број бактерии. За да им го продолжите животот морате да ги дезинфицирате со раствор од вода и средство за избелување. 6. Четки и додатоци на правосмукалка – за вашата правосмукалка совршено да функционира потребно е редовно да ја чистите прашината која се собрала во неа и нејзините делови. 7. Метла – најлесно ќе ја исчистите со правосмукалка или рачно. Исперете ја со топла вода и детергент и оставете ја да се исуши. 8. Канта за отпадоци – редовното чистење ќе ве заштити од огромниот број микроорганизми кои се создаваат во неа. 9. Чашата во која стојат четките за заби – во водата која долго стои на едно место по некое време се развиваат габи. Затоа се препорачува и овие чаши да се чистат редовно. 10. Апаратот за кафе – за да го исчистите резервоарот од наслаги, потребно е одвреме-навреме да го чистите со раствор од вода и оцет во еднакви количини. Оставете да делува 30 минути па исплакнете со ладна вода. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека блескаат вашите подови со помош на следниот трикСакате вашиот дрвен под да биде сјаен? Тогаш за тоа искористете кесичка црн чај. Црниот чај успешно ги чисти подовите и ги прави блескави. Освен тоа нема да вдишувате хемикалии од средствата за чистење и полирање. Загрејте тенџере со вода и во врелата вода ставете две кесички црн чај. Оставете го да отстои неколку минути. Крпата за бришење натопете ја во водата и добро исцедете ја. Потоа пребришете ги подовите и уживајте во ефектот. Она што е важно е да ги чистите подовите исклучиво само со црн чај, а не црн чај во комбинација со нешто друго. Ако подот ви е валкан и долго не сте го бришеле, прво исчистете го на стандардниот начин на кој го правите тоа, а потоа уште еднаш пребришете го со вода па дури потоа со црниот чај. Исто така дрвените подови пребришете ги со добро исцедена крпа за вишокот на вода да не влегува во пукнатините меѓу даските. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домаќински уредена кујнаНа сите ни се допаѓаат кујните од списанијата, но оние вистинските кујни во кои се готви за целото семејство не изгледаат баш така. Затоа денес за вас издвоивме неколку инспиративни фотографии со токму такви кујни во кои има паметни решенија и многу предмети на видик бидејќи постојано се употребуваат. Погледнете како изгледаат овие кујни и се надеваме дека ќе се инспирирате и ќе додадете некој таков детаљ и во вашата кујна. 1. Без висечки делови Намалете го трошокот за кујната, а зголемете ја практичноста. Сите оние предмети кои ги користите секојдневно најдобро е да ви се на полици за полесно да дојдете до нив. 2. Ниски полици Полиците можете да ги поставите и доста ниско во однос на работиниот дел за сите предмети да ви се на дофат на рака. 3. Зачински билки на прозор Искористете го прозорот за поставување на мали саксии со зачински билки. Секое јадење е подобро со зачини кои вие сте ги одгледале. 4. Весели бои Уште една кујна без висечки делови. Тесниот простор на овој начин изгледа поголем, а слободните ѕидови се искречени во весели бои. 5. Рустикални детали Закачени корпи и стар прозор, но и детали како дополнителна работна површина на овој тип на кујна му даваат посебен рустикален изглед. 6. Повеќе светло Светли плочки, светли полици и светли садови ќе направат кујната да изгледа посветло. 7. Рециклирање Искористете ги конзервите како држачи за лажици, мешалки и слично. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Организирајте го фрижидерот во неколку чекориДури и најорганизираните дами понекогаш кога ќе го отворат фрижидерот не се сигурни дали на некои од намирниците им истекол рокот на траење. Па затоа од време на време не е лошо да направите мала реорганизација на фрижидерот и ќе видите колку тоа ќе ви ја олесни целата работа. Во прилог ви нудиме неколку основни насоки… 1. Фрлете ги оние намирници за кои не сте сигурни кој им е рокот на траење Во фрижидерот треба да останат само оние производи кои не се штетни по здравјето и затоа ова е првиот чекор кон реорганизација. 2. Поделeте ги намирниците по групи Имајте на ум дека сите прегради во фрижидерот се направени со причина, а таа е да ви се олесни ракувањето со намирниците. Плус ако ги користите вистинските прегради фрижидерот изгледа многу попрегледно и пошироко. 3. Користете налепници Ако досега тоа не сте го правеле, обидете се и ќе видите колку ќе ви биде полесно. Наместо да се потпирате на вашата меморија и да запомните што кога сте замрзнале, едноставно напишете и без проблем ќе го најдете она што го барате. 4. Купeте садови со вакумски капачиња Ако имате постојано “гужва“ од остатоци од ручек, вечера и слично одлична идеја за вас се садови со вакуумски капачиња во кои уредно ќе го сместите остатокот од храната без истата да го замириса целиот фрижидер. 5. Средување на замрзнувачот Кога го средувате фрижидерот немојте да го занемарите замрзнувачот. Освежете го и него и ослободете се од полупразните кутии со сладолед, кесите со смрзнат зеленчук на кој му е поминат рокот на траење или месото кое стои тука премногу долго време. Правилото е дека рибата и црвеното месо не треба да стојат во замрзнувачот подолго од шест месеци, пилешкото подолго од четири месеци, а месните преработки од два месеци. Ако оваа реорганизација ја правите редовно, вашиот фрижидер секогаш ќе биде среден и организиран. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неколку трикови за совршено чист домДенес со вас ќе споделиме неколку трикови кои се идеални за совршено чист дом во кој ќе уживате. 1. Дрвена маса и комоди Дрвената маса, дрвените полици и комоди ќе го вратат својот сјај ако ги чистите со крпа која претходно сте ја натопиле со мешавина составена од половина шолја јаболков оцет и маслиново масло. 2. Пожолтени перници Наместо да купите веднаш нови, обидете се да ги исперете со шолја детергент за садови, шолја избелувач, половина шолја боракс и врела вода. 3. Рачката од тушот За да го отстраните каменецот од тушот премачкајте го со оцет, завиткајте го во пластична кеса заврзете ја и оставете ја делува најмалку половина час (во зависност од тоа колку каменец има). Потоа исперете го со вода. 4. Мувла во бањата Направете топчиња од памучна маица и натопете ги во избелувач. 5. Мебел од микрофибер На чиста бела четка ставете малку алкохол и истријте го мебелот од микрофибер и тој ќе изгледа како нов. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грешки кои го намалуваат животниот век на домаќинските апаратиМногу често машините низ домот ни се кршат и расипуваат и тоа не затоа што се неквалитетно направени, туку затоа што сме премногу мрзеливи да ги чуваме и третираме како што треба. Често воопшто не се ни мачиме да ги прочитаме инструкциите пред да почнеме да ги користиме и константно нешто правиме погрешно, па машините не ни траат долго. 37 грешки кои мораме самите да си ги поправиме за машините во домаќинството да траат подолго: Машината за перење облекаФрижидерМулти готвачМашина за миење садовиМикробрановаТостерБлендер |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Средство кое ќе ви ги реши маките со чистењето на прозоритеАко не сакате да се триете со многу хемикалии или пак, истите тие средства како да не ви помагаат да ги отстраните закоравените нечистотии на стаклата од автомобилот или огледалото во тоалетот, тогаш можете сами да направите смеса. Се состои од природни состојки, а бидете сигурни дека ќе ви помогне и со најтврдокорните дамки. Како да ја направите? Потребни состојки:
Подготовка:Измешајте ги сите состојки во празно шише со прскалка и готови сте. Како да го употребувате:Со микрофибер крпи најдобро можете да ги отстраните сите нечистотии. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испеглајте ги алиштата без употреба на пеглаМногу пати сме се нашле во ситуација каде што ни била потребна пегла за алишта, но истата или сме ја заборавиле дома или ни се расипала во најпотребните моменти. Додека да набавите нова, испробајте ги овие начини преку кои може да ги испеглате алиштата:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |