IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - Куп на Конфедерации 2009
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Куп на Конфедерации 2009

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Куп на Конфедерации 2009
    Испратена: 30.Јуни.2009 во 12:24
Одлична проба за Мундијалот

Шестото издание на Купот на конфедерациите (осмо вкупно ако се земат првите две изданија во Саудиска Арабија кои носеа друго име) заврши со сценарио како порачано во седиштето на ФИФА. "Малите" репрезентации САД и Јужна Африка летнаа високо, но "големите" Бразил и Шпанија болно или (во случајот во борбата за бронзениот медал) дури и брутално ги треснаа од земја.

Добро ќе беше на амбициозно замислената генерална проба за Светското првенство да победеа САД, а во борбата за третото место најдоминантната фудбалска репрезентација во светот во моментов да беше тресната од "некоја таму" Јужна Африка, но работите на крајот дојдоа на своето место. Сигурно дека Блатер и компанија уште сега би потпишале ваков расплет и за Светското првенство што се одржува на истото место идната година: домаќинот би стигнал далеку, се разбира, би победил Бразил, но во финалето би се пробил и јуначки би се борел симпатичен и богат аутсајдер.

БОГАТО СО ГОЛОВИ

Освен по иритантните труби кои без престан свиреа на стадионите низ Јужна Африка, Купот на конфедерациите ќе се памети по спектакуларните и ефикасни натпревари полни со пресврти и сензации што ги приредија САД. Бразил во првото полувреме од финалниот натпревар од Американците прими два неверојатно наивни гола - противникот од еден контранапад и еден удар стекна капитална предност, но во продолжението дојде до израз разликата во класи.

Сепак, останува големата опомена за Бразил и покрај третиот триумф на Купот на конфедерациите. Сега на сила победи противник кој се исплаши од шансата што сама си ја создаде. Сигурно е дека на Светското првенство идната година ќе има многу посилни репрезентации кои ќе знаат како да парираат на таква предност, а Бразил сигурно нема така спектакуларно да се врати. Втора работа на која "кариоките" мораат да обрнат внимание е лошата традиција на освојувачите на Купот на конфедерациите бидејќи ниеден од нив потоа не стигна до титулата на светските првенства.

Кога сме кај головите, само последниот ден на Купот на конфедерации беа постигнати вкупно десет на двата натпревари. На целото натпреварување имаше 44 реализации или неверојатен просек од 4,4 по натпревар со што овој Куп на конфедерации е еден од најефикасните во досегашната историја.

ИЗЛЕГОА НЕКОИ НОВИ МОМЦИ

Сите знаат дека Бразил располага со големи мајстори на фудбалската игра, но за фудбалот е одлично што на големата сцена излегоа фудбалери како Клинт Демпси или Лендон Донован. Тие не се непознати, но не се ниту имиња од кои секоја ноќ можат да се очекуваат мајстории како онаа на Донован при вториот гол во финалето.

Тоа беше прекрасна акција на човекот кој минатата сезона беше петти напаѓач на тимот на Баерн. Одлично додавање на лево крило, потоа цел репертоар на велемајстор: двојно додавање, стопирање, финта за шут и поентирање со лева нога.

Или веќе спомнатиот Демпси. Никако не се работи за анонимус кој како Рожер Мила стана играч на големо натпреварување. Освен што неговиот гол во финалето против Бразил му беше трет на Купот на конфедерациите, зборуваме за човек кој играјќи за Фулам ги стресе уште Челзи и Манчестер Сити.

Но, не се само тие кои излегоа на површина на Купот на конфедерациите. Тука се едни Мфела и Паркер од Јужна Африка, кои ги постигнаа единствените четири гола за својата селекција, но тоа го направија исклучително атрактивно и со право го привлекоа вниманието врз себе. Во тој круг може да влезе и италијанскиот репрезентативец Џузепе Роси, но катастрофалните резултати на "аѕурите" и елиминацијата уште во фазата по групи го ставија во втор план неговиот ефект на ова натпреварување. Мора да се спомне и Рамирес, младиот Бразилец кој полека си изборува место во националниот тим и може да се очекува наскоро да го напушти Крузеиро и да се пресели во Европа.

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ОСВОИЈА СИМПАТИИТЕ

И покрај пресвртот во финалето и постигнати 14 гола на Купот на конфедерациите, што е една третина од вкупниот број погодоци, тема на денот не се Кака, Лусио и Дунга, туку Огучи Ониеву, Лендон Донован и Боб Бредли. Студиозниот американски селектор кој според држењето повеќе потсетува на наредник во камп за обука на маринци отколку на тренер успеа да направи екипа која само 45 минути ја делеа од огромна сензација.

Веројатно уште долго нема никој да заборави дека САД беа пред елиминација уште во фазата по групи откако ги загубија првите два натпревари со гол-разлика 1:6, но се поклопија работите, па малку и со помош на Бразил, за малку ќе си заминеа дома со значаен пехар.

Приказната на Бредли во неговата Америка потсетува на онаа на Брус Арена од СП 2002 година на која заедно со Турција и Сенегал беше најголем хит и стигна дури до четвртфиналето. Тогашниот селектор кој пред осминафиналниот дуел против Мексико доби повик и од Џорџ Буш, по високиот лет на Далечниот Исток беше сменет како последица на разочарувањето на Мундијалот во Германија пред три години.

Сега, по пробивот на Купот на конфедерациите, САД повторно се загреаја за соццер, но со тоа им создадоа големо бреме на Бредли и неговите избраници пред СП идната година. Токму од нив сега цел свет ќе очекува да ја разбие монотонијата во борбата на Шпанија и Бразил.

Но, кога е така, можеме само да се прашаме каде оди модерниот фудбал кога од Американците се очекува да бидат негови "спасители".


Луис Фабиано: Можеби некој ме забележа

Напаѓачот на Севиља, Луис Фабиано го одржа ветувањето во пресрет на почетокот од Купот на конфедерациите: најави дека сака да постигне пет гола на турнирот на кој полуфиналистите играат пет натпревари.

"Мило ми е што успеав да ја реализирам поставената задача. Излезе многу добро: откако пропуштив да постигнам гол против Јужна Африка во полуфиналето, двапати ми се посреќи во натпреварот за златниот медал. Мислам дека ова е добар просек. Доволно добар за да заинтригираат некои клубови. Но, јас сум с$ уште во Севиља. Одам сега добро да се одморам, а потоа ќе видиме што ќе се случи", рече најдобриот бразилски напаѓач во моментов.

На 31 настап за бразилската репрезентација 29-годишниот Луис Фабиано има 22 постигнати гола, но и договор со Севиља до 2011 година.

Кака: Сега на ист начин да продолжам со Реал

Ѕвездата на бразилската репрезентација Кака ги собра сите важни признанија на последниот ден од Купот на конфедерациите. Беше прогласен за играч на натпреварот, но и за најдобар фудбалер на турнирот, а само судиите го спречија да се радува на постигнат гол во финалето бидејќи не видоа дека топката ја мина гол-линијата по неговиот удар.

"Веќе почнав да победувам како фудбалер на Реал Мадрид. Но, за тоа повеќе ќе зборувам во вторник (денеска н.з.) кога клубот официјално ќе ме промовира. Во секој случај, Купот на конфедерациите е добар почеток, среќен сум што дадов придонес за победата на мојата репрезентација. Ако не победеше Бразил, ни јас немаше да ги соберам сите индивидуални награди. Сега само сакам така да продолжам и во Реал", рече Кака, кој призна дека ако судијата Мартин Хансон го признаеше голот, тој ќе му беше многу важен.

Кака е четвртиот Бразилец на Купот на конфедерациите кој е прогласен за најдобар играч. Претходно тоа им успеа на: Адриано (Германија 2005), Роналдињо (Мексико 1999) и Денилсон (Саудиска Арабија 1997).

Бредли: Конечно заслуживме респект

Селекторот на американската репрезентација, Мајкл Бредли, изрази големо задоволство од играта на своите фудбалери и резултатот кој го постигнаа на Купот на конфедерациите во Јужна Африка.

"Беше ова тежок натпревар. За жал, дозволивме прерано да примиме гол во второто полувреме и тоа можеби клучниот момент. Екстремно сум горд на своите фудбалери, играа многу добро, но исто така е вистина дека е голема слабост да се испушти ваква предност. Мислам дека овој натпревар, иако го загубивме, ќе ни го донесе респектот што го заслужуваме на светската фудбалска сцена", рече Бредли.

Најдобриот играч во неговата репрезентација и најдобар стрелец на американскиот национален тим на сите времиња (40 гола), 27-годишниот Лендон Донован не се согласи со селекторот.

"Повеќе не треба да н$ интересира респектот, туку победите и титулите", смета довчерашниот фудбалер на Баерн.

Дунга: Доказ какви фудбалери имаме

Селекторот на бразилската репрезентациј,а Карлос Дунга, го освои вториот голем трофеј откако е на оваа функција. Пред две години триумфираше на Копа Америка, а сега и на Купот на конфедерациите во Јужна Африка.

"Прво, и најважно, имаме одлична екипа. Фудбалерите имаат огромни квалитети, одлични фудбалери и дури 29 дена не си ги виделе своите семејства. Со Американците беше тешко, можевме и подобро, но и во најтешките моменти верувавме во репрезентацијата", изјави 46-годишниот Дунга, кој во 1994 година беше светски првак со бразилскиот национален тим во САД.

Тој е особено задоволен од фактот што на Купот на играа дел од најголемите бразилски фудбалски имиња, а друг дел имаа мала минутажа.

"Слушам коментари дека Луис Фабиано постигнува голови, но не е доволно добар за бразилската репрезентација. Според моите сфаќања, добар напаѓач е оној што постигнува голови, а Луис Фабиано тоа го прави", додаде бразилскиот селектор.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 23:12
Бразил ја освои третата титула на Купот на Конфедерации
 

Бразилците се новите шампиони на 8-то издание на Купот на Конфедерации. Ова е нивни трети триумф во ова натпреварување и со тоа се издвоија на самиот врв според бројот на титулите. Имаат една повеќе од Франција.

Во Јоханезбург бевме сведоци на две сосема различни полувремиња. првото во целост им припадна на Американците и второто во кое Бразилците имаа апсолутна доминација на теренот.

Натпреварот започна многу лошо за Кариоките. Еден случаен гол на Демпсеј во 10-та минута. Спектор упати едно силно нафрлување во шеснаесетникот, играчот на Фулам само ја допре и ја пласираше во десниот долен агол на Цезар кој беше немоќен. Не ни се очекуваше таков расплет на оваа акција на Американците и затоа и така лесно реализираа.

Потоа во 27-та минута фуриозна контра на Чарли Дејвис. Доби топка на средината на теренот од Донован. Ја водеше до некаде 20-тина метри од шеснаестникот, забележа дека Донован е побрз од Рамирез му ја сврте на средината, напаѓачот на Л.А.Галакси одлично испилотира со Рамирез и пласираше за 2-0 и големо изненадување за сите љубители на фудбалот. 

Бразилците во првиот дел имаа две шанси, два удара од левата страна, еден на Робињо и еден на Андрес Сантос, но Хауард одлично одбрани.

Во вториот дел сосема поинакво издание на Кариоките. Постигнаа еден гол уште на стратот во 46-та минута. Луис Фабијано го постигна својот 4-ти гол на овој турнир по асистенција на Маикон. Со тоа напаѓачот на Севиља изби сам на листата на стралците на овој турнир.

После овој гол Бразил имаше уште многу шанси. Две фантастични на Луис Фабијано и Кака, но Хауард беше неверојатен и одлично ги прочита

Сепак играта уште толку се смени на подобро кога Дунга ги извади двата играча кои беа во составот само за да се продадат летово. Излегоа Андре Сантос и Рамирез, а влегоа Даниел Алвеш и Елано.

Веднаш потоа израмнување 2-2, 74-та минута. Кака одлично продре по левата страна нафрли на втората статива, Робињо шутираше, но ја погоди пречката, топката се одби до Фабијано кој со глава од само 1-2 метри ја заби за свои 5-ти гол на овој турнир и титула најдобар стрелец.

Конечниот резултат 3-2 го постави Лусио по корнерот на Елано во 84-та минута.

Американците потоа беа немоќни за нешто повеќе. Бразил ја контролираше играта и после изданието во вториот дел сосема заслужено ја освоија титулата. Сакаа на сличен начин со бункер како против Шпанија да ја освојат титулата, но сепак две победи по ред против славни репрезентации  на сличен начин ќе беше премногу за светскиот фудбал.

На крај сосема заслужено Бразил е шампион. 5 победи во исто толку натпревари. 4-3 со Египет, 3-0 со САД, 3-0 со Италија, 1-0 со Јужна Африка во полуфиналето и 3-2 со САД во финалето.

 

Во мечот за трето место Шпанија во продолженија го совлада домаќинот со 3-2 со голот на Чаби Алонсо во продолжението.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
J.G.1945 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај J.G.1945 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 20:21
denes ocekivam Brazil da pobedi so 2:0
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 20:12

Vo sekoj slucaj, ke bide mnogu interesna utakmicata pomegu SAD i BRAZIL.


Iako Brazil e favorit, ako igra taka slabo kako protiv Juzna Afrika mozno e da se sluci uste edna senzacija od strana na Amerikancite.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 06:37

Бразил - САД (нед. 20:30) Финале 

Денес интернационалниот фудбал ќе го добие 8-от победник на Купот на Конфедерации. Во големото финале ќе играат Бразил и САД, репрезентации кои веќе еднаш ги одмерија силите во фазата по групи, а Кариоките славеа убедлио со 3:0.

Сепак ова треба да биде нешто поинакво, ова е финале и се е возможно.

Американците покажаа дека можат да напарават и изненадувања со елиминацијата на Шпанците во полуфиналето.

Може Бразил е фаворит, но и Јенките имаат свои адути, пред се борбеноста, мотивираноста која би требало да е на највисоко ниво.

Кариоките не се претставија во добро светло во полуфиналниот дуел со Јужна Африка и ако се иземе голот на Дени Алвеш од слободен удар и немаа некоја посериозна шанса на тој дуел. Делуваа некако без идеја, дезорганизирано.

Треба да се земе фактот дека Амриканците се аутсајдери и Кариоките ќе ги потценат, особено ако се знае дека во фазата по групи многу лесно ги совладаа со 3:0.

Средината на Бредли е најквалитетниот дел од неговиот состав. Пред се Мајкл Бредли, Демпсеј и Донован, но не треба да се заборави ни напаѓачот Алтидор кој имаше солидно издание на овој турнир и покажа дека Виљареал сепак видел нешто во него кога го ангажираа лани.

Боб Бредли ќе ја има во предвид играта на Јужна Африка за овој натпревар, но ќе биде тешко да се постави тоа, бидејќи нивната средина е многу потромава за разлика од домаќините и брза игра воошто не им одговора.

Ќе треба да ја задржат малку повеќе топката во своите нозе или да одат на бункер и контра напади, нешто слично како со Шпанците, но тешко дека повторно ќе имаат среќа како на тој дуел.

Невоиграноста меѓу дефанзивната двојка Лусио и Луизао би требало да биде нешто што мора да се искористи ако сакаат да извлечат нешто повеќе од почесен пораз во финалето.

За Бразил ова ќе биде 4-то финале, две победи(1997, 2005) и еден пораз(1999) досега. Со победа ќе се издвои сам на врвот според бројот на титулите во ова натпреварување.

Треба само посамоуверено и без потценување на противникот да влезат и ќе немаат никакви проблеми да победат и да го освојат трофејот.

Може ќе треба Дунга да проба со Елано или Пато на местото на Рамирез кој и не изигра ништо особено на овој турнир и се гледа во составот е само за да се продаде. Исто по се изгледа ќе проба со Даниел Алвес и Маикон на бековските позиции што уште од старт би го заплашило противникот.   

Кака, Фабијано, Робињо и останатите Кариоки се доволно искусни и квалитетни за да дозволат изненадување на вака важен натпревар и би требало по трет пат да го подигнат овој трофеј.

Можни состави:

САД: Хауард, Спекор, Демерит, Онијеву, Боканегра, Кларк, Демпсеј, Кјештан, Дејвис и Алтидор

Бразил: Цезар, Маикон, Луизао, Лусио, Алвеш, Мело, Силва, Рамиреш, Кака, Робињо и Фабијано

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 01:59
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Neznam...Nema da uspeat nisto vaka...Denes falea Diego, Pato i Adriano... misla mdeka sepak ke se povikani na SP. A i Ronaldinho nemoze da e kraj so nego, on pak dobro igra i bi mozel dosta da stori za Brazil...ne mi se svigja igrata na Brazil momentalno...a i Alex od Chelsea go nemase pozadi...
i mene ne mi se dopaga sto trenerot ja forsira ovaa igra...ali raka na srce za golot...odlicen sut, milimetarski tocno i neodbranlivo... a i Kaka, bukvalno "vezi" vo igrata...golot protiv egipet mi e eden od najdobrite na prvenstvovoсреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 00:43
Neznam...Nema da uspeat nisto vaka...Denes falea Diego, Pato i Adriano... misla mdeka sepak ke se povikani na SP. A i Ronaldinho nemoze da e kraj so nego, on pak dobro igra i bi mozel dosta da stori za Brazil...ne mi se svigja igrata na Brazil momentalno...a i Alex od Chelsea go nemase pozadi...

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 23:07
Е нема веќе големи имиња,има само такви кои се трудат да играат и прејбои ко Роналдо,Роналдињо и Адриано.
Поарно им е без нив.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 22:53
Brazil prv pat go gledam vaka bez nekoj golemi Iminja da odi na svetsko...Igracite se dobri i mladi ali ke vidime sto ke napravat...

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 22:31
Секако заслижија да победат,подобри беа.
Значи финале САД - Бразил?
За Бразил се очекуваже,ама САД дека ќе дотуркаат до финале,ни на крај памет не ми паѓашеголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 22:28
Brazil - Juzna Afrika 1:0 vo 87min Dani Alves go dade od sloboden...Bombaaa shut

Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 18:43
USA igrashe izvonredno bravo
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 04:35
ej bas gledav USA-SPAIN-2-0 i bas interesen rezlutat sto mislite mozno li e ako brazil denes vleze vo finale da izgubi od USA kako sto i spain???
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
Engelar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Engelar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 02:40
E ova greska si za greskata pike napravi fatalna greska a ne ramos
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.