IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Самопотемнување???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Самопотемнување???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Самопотемнување???
    Испратена: 01.Ноември.2011 во 12:52

Секси рамномерен тен со помош на крем за самопотемнување

Се чувствувате попривлечно кога имате бронзен тен? Не сте единствени. Милиони луѓе низ светот го обожаваат бронзениот тен и со душа го чекаат летото за да „фатат“ малку боја. А додека дојде време за летниот одмор, многу од нив се обидуваат да добијат потемен тен по вештачки пат.

Кремовите за самопотемнување овозможуваат да добиете бронзен тен без да се изложувате на штетните сончеви зраци или да лежите во опасните солариуми. Кремовите се безбеден избор за добивање на секси тен, но имаат и свои негативни страни – добиениот тен трае само неколку дена, а постои и ризик да завршите со непријатни флеки по телото.

Жена%20со%20бронзен%20тенКремовите за самопотемнување можат да ви дадат привлечен рамномерен бронзен тен

За да извлечете максимален ефект од кремовите за самопотемнување и да добиете што поприроден изглед, треба да се придржувате кон следните мали правила:

  1. Подгответе ја кожата со ексфолијација и туширање. Најважниот чекор за добивањето на привлечен рамномерен тен е ексфолијацијата. Влезете под туш и со помош на пилинг отстранете го мртвиот слој на кожата. За најдобри резултати користете луфа или ракавица за ексфолијација. Благодарение на оваа постапка ќе ја избегнете појавата на флеки. Поголемо внимание посветете им на лактите, колената и глуждовите.
  2. Не се мачкајте со крем за самопотемнување во бања во која има пареа. Или почекајте пареата целосно да исчезне, или одете во друга просторија.
  3. Исушете ја кожата целосно и почекајте да се излади. По туширањето почекајте барем 15 минути за вашата кожа целосно да се исуши и да олади.
  4. Мачкајте се со кружни, мали и нежни движења. Издвојте си повеќе време и не брзајте, бидејќи наглите брзи потези може да ви донесат нерамномерен тен и непријатни линии. Нежно нанесувајте мали количини крем и разнесувајте го со кружни движења.
  5. Започнете од нозете, па движете се нагоре. Ако се намачкате прво на стомакот и грбот, кога ќе се наведнувате за да ги мачкате нозете ќе се насобере подебел слој крем на местата каде што ќе се „збрчка“ кожата на стомакот и тоа може да ви донесе непосакувани шари. Затоа, прво премачкајте ги нозете, а потоа преминете на горниот дел од телото.
  6. За лактите, колената и глуждовите, разредете го кремот. Една од најчестите поплаки на жените е дека овие кремови предизвикуваат драстично потемнување на кожата на лактите, колената и глуждовите. Причината за тоа е што на овие делови од телото кожата е сува и впива поголемо количество крем. Но, и за ова има решение. Едноставно помешајте еднакви количества крем за самопотемнување и хидратантен крем и таквата смеса користете ја за премачкување на овие проблематични делови. Исто така, пожелно е по туширањето да ги премачкате овие делови од телото со обичен хидратантен крем.
  7. Мијте ги рацете на секои 5 минути. Не го заборавајте ова важно правило ако не сакате наредниот ден да шетате со „валкани“ раце со темни флеки.
  8. За грбот побарајте помош. Скоро е невозможно сами да успеете рамномерно да го премачкате грбот, па затоа побарајте помош од блиска пријателка или од член на вашето семејство. Ако сепак одлучите да се мачкате сами, користете сунѓер.
  9. Откако ќе завршите со премачкувањето, измијте ги темелно рацете. Поголемо внимание обрнете ѝ на кожата меѓу прстите. За да го отстраните кремот којшто се натрупал под ноктите, користете мала четка или стара четка за заби.
  10. За крај, со сунѓерче премачкајте го горниот дел на рацете. Многу жени брзаат веднаш да ги измијат рацете за да не им станат темни и потоа забораваат да финишираат со премачкување на надворешниот дел меѓу зглобот и прстите. Таквиот пропуст може да доведе до појава на видлива граница кај зглобовите на рацете. За да го избегнете тоа, премачкајте го овој дел со помош на мало сунѓерче. Така нема да има потреба повторно да ги миете рацете. Препорачливо е да користите сунѓерче и за горниот дел на стапалата.
  11. Останете голи 20-30 минути. Потребно е да почекате кремот да се впие во кожата. Така максимално ќе ја заштитите облеката од флеки. Но, треба да знаете дека и покрај чекањето, можно е да се појават дамки на облеката или пак на чаршафите ако се мачкате пред спиење.
  12. Не се туширајте во период од 6 часа по мачкањето. Повеќето жени претпочитаат да се мачкаат со крем за самопотемнување навечер пред легнување. Тоа е и добра идеја затоа што кремот ќе може да дејствува во текот на ноќта.

Дополнителни совети:

  • Секојдневно ексфолирајте ја кожата 3-4 дена пред користењето на кремот. Само во таков случај ќе можете да бидете сигурни дека целосно сте се ослободиле од мртвите клетки на кожата.
  • Секојдневно користете млеко за хидратација 5 дена пред користењето на кремот. Со тоа ќе ја омекнете кожата и ќе овозможите полесно нанесување на кремот за самопотемнување.
  • Депилирајте се или бричете се 24-48 часа пред нанесувањето на кремот. Така ќе ја избегнете потенцијалната иритација на кожата.
  • Пред употреба на кремот, направете тест. Намачкајте се со кремот на мала површина на кожата и почекајте неколку часа. Ако нема никаква несакана реакција, можете да продолжите со употребата.
  • За лицето користете крем наменет за лице. Иако некои жени немаат никаков проблем кога ќе употребат ист крем и за телото и за лицето, ако имате проблеми со акни или ако имате чувствителна кожа, препорачливо е да користите крем наменет за лице.
  • Кремовите за самопотемнување не се заштита од сонце. Кога и да се изложувате на сонце, треба да користите крем со заштитен фактор поголем од 15.

Помош при појава на темни флеки

Негативната страна на кремовите за самопотемнување е што кријат ризик за појава на темни флеки. Ако ви се случи тоа, натопете памучен тампон со сок од лимон и истријте ја кожата. Многу жени тврдат дека помага употребата на мало количество сода бикарбона како пилинг или паста за заби.

Доколку имате темни портокалови флеки на рацете, можете да искористите малку хидроген за да ја обелите кожата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 17:47
za dzabe pari frlanje.

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
shopaholica Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај shopaholica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 14:52
prirodno si e najubavo...
ama ako veke sakas samopotemnuvanje probaj onoj na avon deluva za 1-2 nedeli najkasno
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 12:31
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа



Овој лосион и јас го препорачувам одличен ми е и мене... јас и така сум бела, бела, па сакам пред да излезам на плажа да имам барем малку боја... пробував секакви креми, ама овој најдобро се покажа... со добар пилинг на кожата на телото и редовна примена, нема флеки, ниту пак рацете остануваат обоени како што е тоа случај со другите лосиони и кремови... не дека нема недостаток, ама занемарлив е во однос на ефектот што се добива
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 23:51
ma ni zastiten faktor ne mi pomaga od tebe SONCE:(((((((((((((
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 23:03
Крема никако!!!Толку безвеза искача,како нашлакано некако..шо знам бар мене ич не ми се бендиса..или на солариум(ако се плашиш од штетното влијание,не мораш да скиснеш у него,само малце колку да добиеш подлога,па после природно)..или природно..така ми се чини е нај ок..
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 13:43
Имам бел тен и ич не се мачам со вештачко потемнување.
Како краен ефект може само да шетам исфлекана и како размачкана од чоколадо... бљак...
Само природно, друго и јас не признавамтрепкање
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 09:25
Lani se zeznav so krema od Orifleim
cela bev isharana....
samo priroden nacin na temneenje
drugo ne priznavam
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
nikita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 20:16
sepak ni toa ni toa,nisto kratko kazano...soncevo sekoja godina e se postetno i postetno....taka sto letovo koristam mleko faktor 50...voopsto ne mi e bitno dali ke potemnam ili ne...
She sells seashells by the seashore...
Кон врв
mina_d Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mina_d Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 21:11
ако сакате подеднакво потемнување на целото тело тогаш не ни помислувајте на никакви креми и спрејови! само солариум! Можеби солариумот не е најздавото решение но сигурно нема да имате шаренило по кожата,нити ке мирисате лошо од кремите а и облеката нема да ви биде извалкана што е чест случај од користењето на креми!
Сите луѓе знаат да сакат, тоа е вродено. Некои го прават природно, но повеќето треба одново да го научат!
Кон врв
nikita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 21:54
edna drugraka stavase od garnier,ama ona bese epten bela....i dobar ispadna tenot posle prvo stavanje...ama posle 3-4 dena kako fleki i se napravija...mn grdo....se mislev dali da se mackam,ama koga vidov toa nikako
She sells seashells by the seashore...
Кон врв
bla bla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bla bla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 20:42
не не и не....не сум за тоа
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 19:34
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа bas so ova se ispozaebav тага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 19:25
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа
da nivea, probaj nivea
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.