Испечати | Затвори го прозорот

Самопотемнување???

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мода и убавина
Опис на форумот: Креатори, козметика, фризура, целулит, трендови...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19304
Датум на принтање: 16.Јануари.2025 во 04:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Самопотемнување???
Постирано од: emilyXX
Наслов: Самопотемнување???
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:07
Сакам да зеам некој крем лосион спреј што и да е за самопотемнуванје али незнам кој? Ај плс предлозете ми некој?

-------------
Just Be Who You Wanna Be...Not What Others Wanna See!!!



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:20
ke se zeznes. gitla u solarium.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:23
pred 2-3 godini kupiv od Oriflame gel ili nesto takvo slicno bese ni mi ni teknuva...se ok, potemnuva za nijansa za nekolku casa, ama naredniot den celata koza e sarena pa morav da ja trijam kozata za da padni bojata ..se namackav 2-3 pati i direktno vo kantata..среќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: emilyXX
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:23
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

ke se zeznes. gitla u solarium.


Нејќам у солариум пошо е штетно бајаги

-------------
Just Be Who You Wanna Be...Not What Others Wanna See!!!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:25
А наместо да даваш пари за крема да си идеш фино лепо на солариум,бар ке потемниш подеднакво насекаде.Со крема ке ти се ишара цела кожа и лошо изгледа.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:25
a kremata ne e stetna? ne zezaj. ako sakas temneenje odi vo solarium so ova ko dalmatinec ke se storis samo

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:28
А мислиш дека денешново сонце е многу поздраво од солариум? Не си играј со кремите да не седиш дома неколку дена.


Постирано од: Marijaana
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:38
И јас се зезнав со таква крема, ај што бев шарена, па и тоа кремата имаше мирис на кокос, ама за жал само првите пола саат, после почнува да смрди кожата како 3 недели немиена..


Постирано од: emilyXX
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 02:57
Значи нема чаре у кремиве...

-------------
Just Be Who You Wanna Be...Not What Others Wanna See!!!


Постирано од: Marijaana
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 11:23
Чаре има, ке потемниш, ама имај предвид дека кожата ќе потемнува повеќе ако ставиш повеќе крема, и обратно, значи веројатноста да не нанесиш рамномерно и да се направиш шарена е многу голема, сепак на сите тоа ни е од искуство.


Постирано од: Milaa
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 11:50
Originally posted by Marijaana Marijaana напиша:

И јас се зезнав со таква крема, ај што бев шарена, па и тоа кремата имаше мирис на кокос, ама за жал само првите пола саат, после почнува да смрди кожата како 3 недели немиена..

газење%20од%20смеењеисто искуство
ми се чини уште го помнам мирисотболен,а беше пред неколку годиницрвенеење


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 11:56
моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа


-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 13:03
Добра е оваа Нивеа што ја предлага Марија1000 и Џонсон за сампотемнување и Гарниер спрејот е фин.
Прво многу е битно да се одбере крема/спреј која одговара на природниот тен и да се нанесува рамномерно и не повеќе од препорачана доза. Не може да се очекуваат резултати како при природно темнеење на сонце.
Има многу срања што се продаваат скапи а неефектни.
Јас не сум нешто луда по темен тен. Предноста на кремите е што се на бета каротен-ска база, колку-толку природно

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 15:23
Probaj so selftening krema ili sprej od Avon,jas sum koristela i zadovolna sum.

Ama vnimavaj ptehodno da napravish piling zadozitelno za da bide ramnomerno potemnuvanjeto,vo sprotivno moze da se pojavat fleki.


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 16:22
more pocrvenuvanje zavisi od prethodniot ten na KOZATA

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 19:25
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа
da nivea, probaj nivea


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 19:34
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа bas so ova se ispozaebav тага


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: bla bla
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 20:42
не не и не....не сум за тоа


Постирано од: nikita
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 21:54
edna drugraka stavase od garnier,ama ona bese epten bela....i dobar ispadna tenot posle prvo stavanje...ama posle 3-4 dena kako fleki i se napravija...mn grdo....se mislev dali da se mackam,ama koga vidov toa nikako

-------------
She sells seashells by the seashore...


Постирано од: mina_d
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:11
ако сакате подеднакво потемнување на целото тело тогаш не ни помислувајте на никакви креми и спрејови! само солариум! Можеби солариумот не е најздавото решение но сигурно нема да имате шаренило по кожата,нити ке мирисате лошо од кремите а и облеката нема да ви биде извалкана што е чест случај од користењето на креми!

-------------
Сите луѓе знаат да сакат, тоа е вродено. Некои го прават природно, но повеќето треба одново да го научат!


Постирано од: nikita
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 20:16
sepak ni toa ni toa,nisto kratko kazano...soncevo sekoja godina e se postetno i postetno....taka sto letovo koristam mleko faktor 50...voopsto ne mi e bitno dali ke potemnam ili ne...

-------------
She sells seashells by the seashore...


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јуни.2009 во 09:25
Lani se zeznav so krema od Orifleim
cela bev isharana....
samo priroden nacin na temneenje
drugo ne priznavam


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Јуни.2009 во 13:43
Имам бел тен и ич не се мачам со вештачко потемнување.
Како краен ефект може само да шетам исфлекана и како размачкана од чоколадо... бљак...
Само природно, друго и јас не признавамтрепкање


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 10.Јуни.2009 во 23:03
Крема никако!!!Толку безвеза искача,како нашлакано некако..шо знам бар мене ич не ми се бендиса..или на солариум(ако се плашиш од штетното влијание,не мораш да скиснеш у него,само малце колку да добиеш подлога,па после природно)..или природно..така ми се чини е нај ок..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 10.Јуни.2009 во 23:51
ma ni zastiten faktor ne mi pomaga od tebe SONCE:(((((((((((((

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 12:31
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

моја препорака ,од лично искуство nivea body summer beauty
среќа



Овој лосион и јас го препорачувам одличен ми е и мене... јас и така сум бела, бела, па сакам пред да излезам на плажа да имам барем малку боја... пробував секакви креми, ама овој најдобро се покажа... со добар пилинг на кожата на телото и редовна примена, нема флеки, ниту пак рацете остануваат обоени како што е тоа случај со другите лосиони и кремови... не дека нема недостаток, ама занемарлив е во однос на ефектот што се добива

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: shopaholica
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 14:52
prirodno si e najubavo...
ama ako veke sakas samopotemnuvanje probaj onoj na avon deluva za 1-2 nedeli najkasno


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 17:47
za dzabe pari frlanje.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Ноември.2011 во 12:52

Секси рамномерен тен со помош на крем за самопотемнување

http://www.femina.mk/убавина-и-мода/тело/секси-рамномерен-тен-со-помош-на-крем-за-самопотемнување"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0%2F%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%2F%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">

Се чувствувате попривлечно кога имате бронзен тен? Не сте единствени. Милиони луѓе низ светот го обожаваат бронзениот тен и со душа го чекаат летото за да „фатат“ малку боја. А додека дојде време за летниот одмор, многу од нив се обидуваат да добијат потемен тен по вештачки пат.

Кремовите за самопотемнување овозможуваат да добиете бронзен тен без да се изложувате на штетните сончеви зраци или да лежите во опасните солариуми. Кремовите се безбеден избор за добивање на секси тен, но имаат и свои негативни страни – добиениот тен трае само неколку дена, а постои и ризик да завршите со непријатни флеки по телото.

Жена%20со%20бронзен%20тенКремовите за самопотемнување можат да ви дадат привлечен рамномерен бронзен тен

За да извлечете максимален ефект од кремовите за самопотемнување и да добиете што поприроден изглед, треба да се придржувате кон следните мали правила:

  1. Подгответе ја кожата со ексфолијација и туширање. Најважниот чекор за добивањето на привлечен рамномерен тен е http://www.femina.mk/убавина-и-мода/тело/ексфолијација-за-нежна-и-блескава-кожа">ексфолијацијата . Влезете под туш и со помош на пилинг отстранете го мртвиот слој на кожата. За најдобри резултати користете луфа или ракавица за ексфолијација. Благодарение на оваа постапка ќе ја избегнете појавата на флеки. Поголемо внимание посветете им на лактите, колената и глуждовите.
  2. Не се мачкајте со крем за самопотемнување во бања во која има пареа. Или почекајте пареата целосно да исчезне, или одете во друга просторија.
  3. Исушете ја кожата целосно и почекајте да се излади. По туширањето почекајте барем 15 минути за вашата кожа целосно да се исуши и да олади.
  4. Мачкајте се со кружни, мали и нежни движења. Издвојте си повеќе време и не брзајте, бидејќи наглите брзи потези може да ви донесат нерамномерен тен и непријатни линии. Нежно нанесувајте мали количини крем и разнесувајте го со кружни движења.
  5. Започнете од нозете, па движете се нагоре. Ако се намачкате прво на http://www.femina.mk/убавина-и-мода/тело/5%20вежби%20за%20зацврстување%20на%20стомачните%20мускули - стомакот и http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/7-вежби-за-секси-грб - грбот , кога ќе се наведнувате за да ги мачкате нозете ќе се насобере подебел слој крем на местата каде што ќе се „збрчка“ кожата на стомакот и тоа може да ви донесе непосакувани шари. Затоа, прво премачкајте ги http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/10-вежби-за-убави-нозе - нозете , а потоа преминете на горниот дел од телото.
  6. За лактите, колената и глуждовите, разредете го кремот. Една од најчестите поплаки на жените е дека овие кремови предизвикуваат драстично потемнување на кожата на лактите, колената и глуждовите. Причината за тоа е што на овие делови од телото кожата е сува и впива поголемо количество крем. Но, и за ова има решение. Едноставно помешајте еднакви количества крем за самопотемнување и хидратантен крем и таквата смеса користете ја за премачкување на овие проблематични делови. Исто така, пожелно е по туширањето да ги премачкате овие делови од телото со обичен хидратантен крем.
  7. Мијте ги рацете на секои 5 минути. Не го заборавајте ова важно правило ако не сакате наредниот ден да шетате со „валкани“ раце со темни флеки.
  8. За грбот побарајте помош. Скоро е невозможно сами да успеете рамномерно да го премачкате грбот, па затоа побарајте помош од блиска пријателка или од член на вашето семејство. Ако сепак одлучите да се мачкате сами, користете сунѓер.
  9. Откако ќе завршите со премачкувањето, измијте ги темелно рацете. Поголемо внимание обрнете ѝ на кожата меѓу прстите. За да го отстраните кремот којшто се натрупал под ноктите, користете мала четка или стара четка за заби.
  10. За крај, со сунѓерче премачкајте го горниот дел на рацете. Многу жени брзаат веднаш да ги измијат рацете за да не им станат темни и потоа забораваат да финишираат со премачкување на надворешниот дел меѓу зглобот и прстите. Таквиот пропуст може да доведе до појава на видлива граница кај зглобовите на http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/7-вежби-за-убави-цврсти-раце - рацете . За да го избегнете тоа, премачкајте го овој дел со помош на мало сунѓерче. Така нема да има потреба повторно да ги миете рацете. Препорачливо е да користите сунѓерче и за горниот дел на стапалата.
  11. Останете голи 20-30 минути. Потребно е да почекате кремот да се впие во кожата. Така максимално ќе ја заштитите облеката од флеки. Но, треба да знаете дека и покрај чекањето, можно е да се појават дамки на облеката или пак на чаршафите ако се мачкате пред http://www.femina.mk/здравје/совети-за-здравјето/митови-и-факти-за-спиењето - спиење .
  12. Не се туширајте во период од 6 часа по мачкањето. Повеќето жени претпочитаат да се мачкаат со крем за самопотемнување навечер пред легнување. Тоа е и добра идеја затоа што кремот ќе може да дејствува во текот на ноќта.

Дополнителни совети:

  • Секојдневно ексфолирајте ја кожата 3-4 дена пред користењето на кремот. Само во таков случај ќе можете да бидете сигурни дека целосно сте се ослободиле од мртвите клетки на кожата.
  • Секојдневно користете млеко за хидратација 5 дена пред користењето на кремот. Со тоа ќе ја омекнете кожата и ќе овозможите полесно нанесување на кремот за самопотемнување.
  • Депилирајте се или бричете се 24-48 часа пред нанесувањето на кремот. Така ќе ја избегнете потенцијалната иритација на кожата.
  • Пред употреба на кремот, направете тест. Намачкајте се со кремот на мала површина на кожата и почекајте неколку часа. Ако нема никаква несакана реакција, можете да продолжите со употребата.
  • За лицето користете крем наменет за лице. Иако некои жени немаат никаков проблем кога ќе употребат ист крем и за телото и за лицето, ако имате проблеми со акни или ако имате чувствителна кожа, препорачливо е да користите крем наменет за лице.
  • Кремовите за самопотемнување не се заштита од сонце. Кога и да се изложувате на сонце, треба да користите крем со заштитен фактор поголем од 15.

Помош при појава на темни флеки

Негативната страна на кремовите за самопотемнување е што кријат ризик за појава на темни флеки. Ако ви се случи тоа, натопете памучен тампон со сок од http://www.femina.mk/рецепти/намирници/лимонот-и-неговите-примени - лимон и истријте ја кожата. Многу жени тврдат дека помага употребата на мало количество сода бикарбона како пилинг или http://www.femina.mk/убавина-и-мода/тело/вазелин-и-паста-за-заби-2-продукти-20-интересни-намени - паста за заби .

Доколку имате темни портокалови флеки на рацете, можете да искористите малку хидроген за да ја обелите кожата.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk