|
Духовден или задушница? |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Јуни.2009 во 13:45 |
|
mamamd, и јас имам загубено близок член од семејството, и јас знам што е слика што не бледнее. Но верувам и убеден сум дека одговор од Севишниот има и дека еден ден ќе го дознаеме. А, како што кажав и во предходниот коментар, ако сме ја граделе верата на карпа (врз Исусовото учење), тогаш Бог ќе ни даде сила да поминеме низ сите тешкотии и искушенија што животот ќе ни ги донесе. Ми дал мене, би ти дал и тебе, ќе му даде на секој кој некомпромисно верува во Него, ги учи Христовите заповеди и ги извршува. Бог ветува дека нема да бидеме искушувани над нашите сили, дека никој нема да не отргне од раката Негова. Сега ни останува да веруваме и да не ја губиме надежда во Него пребегнувајќи кон разни суеверија, бабини деветини, пагански обичаи и сл. туку, доколку се нарекуваме христијани, да останеме верни на учењето на Божјиот Збор - Библијата.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас разбирам дека сето тоа е така, ама никако не можам да ја избришам сликата на мајката прецвикната од болка (синоќа во зградата до мене почина од леукемија младо момче кое остави две дечиња сирачиња) и токму тоа се прашував - Зошто господе?
Ако тој растел сирак, ако на истите години умрел неговиот татко, зошто и неговите деца да растат сираци? Зошто ако неговата баба плачела за предвременото заминување на нејзината рожба, сега мора да плаче и неговата мајка по него? Има многу зошто, а солзите одат сами, без да ги сопираш. сакам да верувам дека за се има одговор Севишниот, ама јас денеска не го најдов одговорот. Некои велат дека добри луѓе умираат на големи христијански празници. Јас никогаш не ја прифатив смртта на млади луге, а најмалку на деца. Тешко е да објасниш зошто родителот мора да го надживее своето дете?! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mamаmad, токму во овие тешки моменти од животот (пр. кога ќе загубиме некој близок) се проверува искреноста, големината, темелот и вистинската убеденост во нашата вера. Секој знае да рече "Алелуја Господе" кога ни е убаво, кога сме здрави, весели, кога сите овци ни се на број, кога сме растеретени од грижите, кога се ни тече како мед и млеко. Но кога ќе навалат темните животни бранови врз нас, кога ќе не спотрефат неколку последователни несреќи, кога ќе навалат болестите, кога ќе изгубиме работа или кога ќе изгубиме некој близок, дури тогаш настапува тестот на вистинската вера.
Ако верникот, како што вели Исус во една од Своите параболи (Матеј 7:24-27), ја градел својата вера на песок, тогаш тој ќе почне да се гневи на Бог, ќе го проколнува Бог, ќе се откаже од верата и од Бог, својата надеж ќе ја положи во суеверија, пагански ритуали, разни нерационалности и сл. Но ако верникот, како што вели Исус, ја градел Својата вера на карпа, слушајќи ги и исполнувајќи ги Неговите зборови (што не нужно се и зборови на свештенците и поповите нели), тогаш, после сите несреќи и загуби, верникот ќе може како старозаветниот Јов да ги исправи премалените колена, да ја подигне главата кон Небото и да рече: Господ даде, господ зеде. Благословено да биде Името Господово! (Јов 1:21) Таквиот верник, дури кога минува и низ такви долини од својот живот, не посегнува по суеверија, по пагански ритуали, по нерационални обичаи и сл. туку верно се држи до Божјиот Збор и Христовото учење, затоа што ја изградил својата вера на карпа, и како што вели Христос во горната парабола...
"И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше втемелена на карпа."
(Исус во ев. Матеј 7:25) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo zagubata na najbliskite nema vernik, nema racionalnost. Sekogash e polesno da se zboruva, pocituva neshto koga e vo prashanja tugjata soocenost so smrtta. Koga e toa licno (blizok clen) nikoj ne se raduva, naprotiv taguva zaradi fizickoto ne prisustvo na bliskiot tuka, do nas, na zemjata. Bolkata od zagubata lugjeto gi pravi neracionsli, duri i nevernici. |
||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште една голема грешка кај тие што се нарекуваат христијани.Затоа не треба да се лутат кога ке им се посочат грешките во однос на нивните тврдења и докажувањљ околу тоа дека се неприкосновени христијани и следбеници на Христовото учење. Затоа секој што се смета за христијанин не смее да помисли да прави вакви ритуални потези кој се практично спротивни на христијанството. |
||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тешко нас, ако дошло време Дракче да ни кажува за душите.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova vo Vreme e nesto sto mnogumina od nas ne go znaat
ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ГО СЛАВАТ ДУХОВДЕН Велигден за починатите Православните христијани в недела го слават роденденот на црквата, народски познат како Духовден. Со него завршува годишниот циклус на верски празници и почнува новиот календар на празнување според православната традиција и религија. Според христијанските писанија на овој ден врз 12 свети апостоли во вид на огнени јазици се излеал Светиот Дух и тие почнале да зборуваат на различни јазици. Еден ден пред празникот е најголемата Задушница во годината, кога луѓето ги посетуваат гробовите на своите блиски за да се сетат на нив и да раздадат храна во нивно име. Народски верувања се дека во деновите пред Духовден почесто се сонуваат починатите, а луѓето мислат дека тогаш е Велигден за мртвите, па затоа и на овој ден носат црвени јајца на гробиштата. - Петнаесеттина дена пред Задушница, луѓето сонуваат како се на полна трпеза или на свадба. Ги сонуваат своите покојни роднини, како им бараат облека или нешто за јадење, па затоа на овој ден луѓето одат на гробишта и носат храна и облека, која ја раздаваат “ вели Драгица Стефковска, новинарка, добротвор и толкувач на сонови. Според неа, постои верување дека душите што не се опеани со посмртно опело шетаат надвор од гробовите. Тоа се најчесто луѓе што загинале во земјотреси, големи несреќи, чиишто тела не биле најдени и не биле соодветно погребани. Во Македонската православна црква објаснуваат дека луѓето ја поистоветуваат Задушницата со Духовден, но тие немаат исто значење, затоа што празникот е радосен, а не тажен. - Ова е голем празник, кој се слави три дена, како и Велигден и Божик. Луѓето го мешаат Духовден со Задушницата в сабота, затоа што името на празникот кај нашите луѓе асоцира на мртви и на гробишта. А на празникот, всушност, го славиме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и со тоа се става печат на новиот завет на Бога со луѓето “ објаснуваат свештениците од скопската црква „Свети Димитрија“. Празникот уште се нарекува и Педесетница, затоа што се поминати педесет дена од Велигден. Првиот ден, односно неделата црквата го посветува на Света Троица и тој во народот се нарекува Троицин ден, а на вториот се слави Светиот Дух, заради што и се нарекува Духовден. Во многу македонски цркви и манастири што го носат името на света Троица на овој празник се организираат слави со богати трпези и народни веселби. |
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
se uste ne ste zaminale?
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Христос јасно кажал како треба да изгледаат и како да Го слават Бог христијаните, а пак Evangelos не го дели православието од христијанството самоиницијативно и според негова некоја желба за да го омаловажи туку тоа го констатирал од Светото Писмо. |
||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На Духовден преди околу 2000 години, луѓе со најразлично потекло, јазик, светоглед, ... во Името Исусово биле вдаховени со Вечниот ДУХ на ЉУБОВТА! Кај ними паднале сите догми, предрасуди, стравови, кондиции и биле на чудесен начин повторно повржани во Оној Вечен Дух кој е Темел и Извор на сето постоење. Оној Дух Кој е Татко (и Мајка) на Животот и е пред секој човек, нација, конфесија, филозофија, теологија, ...! Има ли поголем настан во историјата на човештвото? |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темплариус еве каде го појаснив тоа зошто Задушница не е христијански празник.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne mi e jasno koj go pojasnil toa i spored kogo e toa, koj si ti da go delish pravoslavieto od hristijanstvoto, pa ako si ti zabutan vo nekoja tamu crkva ne moze bre za pravoslavnoto hristijanstvo taka da zboruvas.... |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се разбира мила, прочитај на 2-та страна од оваа тема, првиот коментар. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |