IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - После смртта...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

После смртта...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 28>
Автор
Порака Обратен редослед
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: После смртта...
    Испратена: 01.Февруари.2018 во 12:09
Originally posted by Moona Moona напиша:

Не ми се верува дека постојат толку прости луѓе...
Како прво не постои „душа“ за да може да оди некаде после смртта. Тоа што луѓето го викаат „душа“ е мозокот - уште еден орган што се гаси со смртта на телото.
Ако се прашувате како е да се биде мртов сега конечно ќе го добиете одговорот на тоа прашање.
Кога умираш, престануваш да постоиш. Те нема. А тебе не те имало отсекогаш. Не си постоел од почетокот на времето. Што значи, кога ќе умреш, ќе ти биде како што ти беше пред да се родиш.
Ако се сеќавате како ви беше пред да се родите, тогаш сега знаете како ќе ви биде кога ќе умрете.   

ako e veke taka,dali koga ke umres povtorno se pojavuvas kako bebe na ovoj svet? среќа
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
Moona Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2018
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Moona Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2018 во 23:06
Не ми се верува дека постојат толку прости луѓе...
Како прво не постои „душа“ за да може да оди некаде после смртта. Тоа што луѓето го викаат „душа“ е мозокот - уште еден орган што се гаси со смртта на телото.
Ако се прашувате како е да се биде мртов сега конечно ќе го добиете одговорот на тоа прашање.
Кога умираш, престануваш да постоиш. Те нема. А тебе не те имало отсекогаш. Не си постоел од почетокот на времето. Што значи, кога ќе умреш, ќе ти биде како што ти беше пред да се родиш.
Ако се сеќавате како ви беше пред да се родите, тогаш сега знаете како ќе ви биде кога ќе умрете.   

Изменето од Moona - 15.Јануари.2018 во 23:07
Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2016 во 01:23
Медицината тврди дека не постои задгробен живот, што тоа не е точно. Медицината тврди дека нема шејтани и коа ќе му влезат во некој чоек, медицината ги третира како шизофреничари. А всушност навистина болни низ лудниците шетаат само 10% од оние 100, кои што навистина се шизофреничари. А шејтани имаме куп кои ги начекуваат наивните да речам така, луѓе, коа поминуваат низ некоја уличка темна, мрачна, нечиста едноставно се закачаат на нив и тие волшебно преку ноќ гледаат работи, си зборат сами со себе, нема друг назив за нив, а има луѓе шо станаа преку ден „шизофреничари“ шуќур денеска излечени, па зборат за нивните патешествија, сум имала прилика да зборам лично со неколку и се ежев и цел месец не можев да спијам од страв, од нивните муабети. Во Германија има една муслиманка, прво била најголем атеист икад и Рокерка, денес е затворена во фереџе и патува низ светот за да му кажува на светот да се осветат побрзо. Бидејќи таа два дена била почината, значи умре и се разбудила со изгорени, раце, нозе, половина, стомак, гради... Кој дел и бил откриен, тој и го изгореле во другиот свет и и рекле сеа ќе се вратиш, да им кажеш на неверниците... Коа почнала да вришти таму од коморите Германски, нивни... Луѓето во шок паднаа, се ужасија... И така шо ви велам, постојат доста работи во светот, на кои не им обраќаме внимание, не им веруваме, а касно ќе ни биде кога ќе ги доживееме на наша кожа.
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
lethergo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Мај.2016
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lethergo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2016 во 05:23
Многу не сум размислувал на оваа тема затоа што секогаш постои можноста повторно да се преродиме во истото тело, време и место...јбт таков живот двапати.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 10:13
kje staam edna poznata filozofska , tokmu ovde i sega - dokolku mi dozvolite, se razbira

- dusha sme so chovechko iskustvo a ne obratno..
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:23

Духови на починатите или....


Медицината вели дека животот завршува со смртта, но дали е навистина така? 

Многу луѓе кои загубиле сакана личност тврдат дека доживеале некои навистина необични нешта. Според едно истражување направено од универзитетот од Милано, дури 60 проценти од вдовците и вдовиците, кои го изгубиле партнерот, по неговата смрт имале некакво паранормално искуство. Повеќето од нив се убедувале себе си дека станува збор за случајност или пак за очајна потреба да го видат починатиот.

Сепак, постојат и луѓе кои се убедени дека тука има нешто повеќе од она што може да го види човековото око. Манифестирањето на оваа енергија може да се појави на повеќе начини и тоа:

Посета во сон – најлесниот начин за „комуникација“ е преку сонот. Починатата личност доаѓа во сонот и ви објаснува дека е во ред или пак има порака за некого која што сака да ја пренесете. Некои луѓе сонуваат дека починатиот само молчи, го потврдува своето присуство, но не комуницира.

Чувство на присутност – како живи суштества способни сме да чувствуваме најразлични типови на енергии. Некои луѓе велат дека може да го почувствуваат присуството на своите сакани во просторијата. Па така додека седат гледаат телевизија или пак едноставно извршуваат некаква домашна обврска имаат чувство дека не се сами. 

Чувство на допир – некои од испитаниците велат дека неколку дена по смртта на партнерот имале чувство дека некој ги допира, ги држи за рака или пак нежно ги гушка.

Чувство на познат мирис – влегувате во собата и го чувствувате тој добро познат мирис. Но, како е можно, кога личноста повеќе ја нема?

Гласови – слушањето гласови се однесува на интуитивното добивање на пораки. На пример од никаде ви доаѓа некоја мисла во главата или пак ви се причинува дека сте слушнале глас, а не можете да сфатите од каде.

Електрицитет - промените во струјата се едни од најчестите манифестации на присуство на почината личност. Гасење и палење на светлото, ненадејно пукање на сијалици, пречки во преносот и слично се само мал дел од начините на кои што се верува дека комуницира починатата личност.

Необични случајности – барате знак од саканата личност со кој сакате да бидете сигурни дека таа е во ред и во истиот момент на радиото ја пуштаат вашата песна? Или пак ви се случува нешто толку необично што не можете да си поверувате дека е случајност? Едноставно не може да биде

Проблеми со телефоните – алармот ѕвони, а вие знаете дека не сте го вклучиле или пак телефонот започнува да се блокира и да испушта несвојствени звуци

Необични движења – нештата паѓаат дури и кога во просторијата нема никој. Уште еден необичен момент е поместувањето на фотографиите на починатите или пак поместување на други нешта кои што сте сигурни дека воопшто не сте ги допреле.

Сенки – во многу мал дел од случаите луѓето изјавиле дека виделе сенка која поминува покрај нив или пак бела светлина околу фотографијата на саканата личност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2016 во 20:22
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 22:02

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ЗА ЖИВОТОТ И СМРТТА

Умрев од рак и се вратив од мртвите


Дали постои живот после смртта? Според модерната медицина, одговорот на ова прашање е мошне едноставен. Еднаш кога ќе престанат биолошките функции на телото, завршува сè. Сепак, во светот постојат илјадници луѓе кои биле на работ на смртта, имале необично искуство и се вратиле меѓу живите да посведочат за она што го преживеале.

Анита Морџани е жена чија приказна се граничи со фикција. Во 2006-та година завршила во кома поради рак во финална фаза. На семејството му било соопштено дека треба да ги искористи последните моменти покрај смртната постела за да се прости од неа бидејќи повеќе нема никаква надеж. 

Но, приказната добива неочекуван пресврт откако Анита се буди од кома и за неколку дена ракот целосно се повлекува од нејзиното тело.

-Дојдов до оној стадиум кога докторите мислеа дека нема да преживеам. Органите полека, но сигурно ми откажуваа, имав отворени рани по целото тело, имав тумори со големина на лимон во своето тело. Бев како скелет, белите дробови ми се полнеа со течности, без приклучена на апарати за да можам да дишам, раскажува таа.

Додека била во кома доживеала нешто сосема необично.

Можев да слушнам сè, не само во болничката соба, туку и надвор од неа. Изгледаше како да не сум поврзана со телото. Мојата свест, суштина, не знам како да ја наречам беше надвор од моето тело. Бев свесна дека телото ми е во болница, но од страна изгледаше мало и незначајно. Јас бев насекаде. Можев да го видам сопругот, кој ме држеше за рака, како и мајка ми, која беше тажна и разговараше со докторот.

Морџани ги поттикнува сите оние кои имаат роднини и пријатели, кои се во кома, да зборуваат со нив и никогаш да не губат надеж, бидејќи болните можат да ги слушнат. Личноста што е во кома треба да знае дека што и да одлучи да прави, нема погрешен или вистински избор. 

-Сè станува кристално јасно. Бев свесна за целиот мој живот и за тоа како секоја одлука што сум ја направила во животот ме довела до тој момент, да умирам во таа болница. Сфатив зошто сум добила рак. Сфатив дека цел живот се плашам, сакам да ги задоволам другите луѓе, не грижејќи се за себе целосно сум го загубила својот идентитет. Се потиснав себе си и тоа доведе до мојата болест, објаснува Морџани.

Таа додава дека Бог е енергија, универзална свест и љубов, а не тело како што го перципира човекот. Кога одите на погреб лесно може да забележите дека пред вас е само празно тело, додека суштината на тоа тело е некаде на друго место. Токму тоа е она нешто, што и пркоси на биологијата и на медицината. Луѓето не можат да го сфатат концептот на душата затоа што се научени да ги сфаќаат и анализираат нештата само од својата човечка перспектива. Во суштина постои многу повеќе од она што може да го види нашето око. 

-Еден од проблемите кои ги имаат луѓето е фактот што ја загубиле својата радост за живот. Сме заборавиле кои сме, немаме страст за своите животи. Секогаш им велам на луѓето да го допрат своето срце и покажете кои сте. Живејте со радост, препорачува Морџани, чие животно искуство можете да го прочитате во книгата „Dying to be Me - My journey from cancer to near death to true“

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 13:53

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШАТА ДУША КОГА ЌЕ УМРЕТЕ? ЕВЕ ОДГОВОР КОЈ ЌЕ ВЕ ШОКИРА!

1

Постојат разни трвдења за тоа што се случува со нашата душа кога ќе умреме.

Во продолжение ви пренесуваме неколку:

– Вашата душа излегува од вашето тело и ја исцрпува целата енергија. Иако мислите дека веќе немате тело, имате чувство дека сепак имате, и имате чувство како да сте излечени.

– Одеднаш знаете куп работи кои не сте ги знаеле додека сте биле живи.

– Целата атмосфера е исполнета со некој смирувачки звук, како стотици илјади гласови да пеат само за вас, но тие се толку далеку што едвај можете да ги слушнете.

– Светлосните зраци се пријателски и имаат своја личност: особини како мудрост, интелигенција и добрина. Делуваат како да ве знаат и да ве разбираат.

– Кога ќе умрете горе ќе ве дочекаат суштества кои се тука да ве поздрават и да ви помогнат да се навикнете на новата ситуација.

– Потоа, како некој да притиснал дугме на космичкиот проектор, го гледате цел свој живот како на филм.

– И додека го гледате својот живот од раѓање до смрт, тоа е како да имате специјален далечински управувач. Можете да прегледате каде сакате.

– После смртта, имате прилика да ги следите сите патишта кои не сте ги презеле кога сте биле живи, па да видите што би било доколку тоа сте го презеле.

– Откако ќе го прегледате целиот свој живот, добивате ново тело, кое е направено од концентрирана светлина.

– Воопшто не сте загрижени за тоа како изгледате.

– Горе ќе ве сретне ваш духовен водич, и иако никогаш не сте се сретнале на земјата, вие сепак се познавате. И повторно сте со своето семејство и пријателите.

– Сфаќате дека смртта и не е толку сериозна како што се чини, бидејќи сте вечни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:43
раѓањето има спротивност

животот нема

од искуство
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:40

Живот после смртта? Научниците велат „да“


Дали постои живот по смртта? Прашање кое постои уште од формирањето на самото човештво, нели? Но, одговорот не е конечен, постојано се менува, а еден научник од Северна Каролина тврди дека постои.

zivot-posle-smrtta-nekoi-nacnici-velat-da-01.jpg

Според теоријата на Др. Роберт Ланза смртта е само илузија која ја создава нашата свест.

„Ние мислиме дека живееме еден живот, еден голем биохемиски процес и дека откако ќе умреме нашето постоење прекинува“ – објаснува, Др. Роберт.

Според неговата биоцентрична теорија, луѓето веруваат во смртта, бидејќи така се научени. Ова учење произлегува од фактот што ние животот го врзуваме за нашето физичко тело, а докажано е дека ова тело умира.

„Нашата свест ја создава вселената, а не обратно. Работата е во тоа како го перцепираме светот околу нас. Ако небото го гледаме како сино, тоа е така затоа што некој не научил дека бојата на небото е сина, но врските во мозокот може да бидат изменети, па може небото да го доживееме како црвено или зелено“ – додава, Др. Роберт.

Др. Роберт Ланза не е единствениот кој ја подржува оваа теорија. Постојат и други научници кои се согласуваат со него. Токму тие тврдат дека се она што го гледаме не постои без нашата свест, односно токму свеста одредува какви ќе бидат работите надвор од нас. Накратко кажано, вселената е алатка на умот.

Неговата теорија со бројни експерименти е докажана. Еден од тие експерименти е и оној каде честичката минува низ препреките.

„Животот е авантура кој го надминува нашиот линеарен начин на размислување. Откако ќе умреме, ние повторно оживуваме што е докажано преку квантната механика и бројни докази од квантната физика“ – вели, Др. Роберт.

Сепак, постојат и такви научници кои се спротивставуваат на ова сфаќање и тврдат дека сознанијата од квантната физика не можат да се сфатат на таков начин и да ја негираат дарвиновата теорија.

Критиката која ја добива биоцентричната теорија: „Денешната наука ги отфрла теориите кои не се согласуваат со дарвиновата теорија. Таа е темел на модерната наука, а Ланза се бави со некој чудни сфаќања кои едноставно се неприфатливи. Неговиот биоцентризам не нуди никакво детално објаснување за свеста и ги игнорира сите оние истражувања кои се бават токму со човековата свест“ .

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 10:46
раѓањето има своја спротивност - смртта

животот, нема

инаку, како се' ќе постоеше??

затоа, танцувај
едно е - не се две
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2014 во 19:51
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zivim Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zivim Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2014 во 12:15
Imame ziv dokaz deka posle smrta ima zivot,dokazot e deka postoi voskresenie,Isus Hristos voskresna i zivee taka ke bide i so nas koi veruvame vo nego zasto nasiot bog umre i voskresna za   nas da imame vecen zivot i da bideme so nego vo carstvoto   bozje
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.