|
Сексуално преносливи болести! |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Октомври.2009 во 01:16 |
Pishuvaj knig ova kje im treba na vozrasnite poradi mladite...........A, taka. Ashkolsum. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Пупенка
Нов член Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пицајзли
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За постот од bijonse1 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕКС ????
Сексуален однос ( коитус ) - телесно соединување на сексуалните партнери заради задоволување на сексуалната желба. Видови: вагинален ( вагина-пенис ), анален ( пенис-анален отвор,чмар) и орален ( уста-пенис, уста -вагина) А што нè прави сексуално активни? Желбата за секс - либидо - резултат на лачење на полови хормони во период на пубертет Пубертет- период на психичко и полово созревање на личноста; кај девојчиња од 10-15год., кај момчиња од 12-17год. Полови хормони - супстанци кои се лачат од машки и женски полови жлезди ( тестиси т.е јајници ) заради Што се разликуваат машки и женски полови карактеристики. Полови ( сексуални ) карактеристики - телесни промени по кои се разликуваат машки и женски особи, а се резултет на половите хормони (женски: дојки, менструација, влакнатост под пазуви и на гениталии, женска конституција на тело; машки: задебелување на глас, влакна на гениталии, под пазуви, брада, мустаЌи, пораст на пенис и тестиси, атлетска градба на тело и сл. ) Полови органи - делови на телото; генетски предодредени машки или женски; внатрешни и надворешни. СЕКС . . . а зошто ??? " Репродукција на видот - имање потомство ( деца ) " Добро здравје " Хормонска рамнотежа " Психичка смиреност " Задоволство " Израз на чувства меѓу партнерите " Заради. . . Да сексот ни е потребен!!!. Но помислуваш ли дека и сексот може да има нескани последици???? Сепак. .... што, какo... ППИ- полово преносливи инфекции - заразни заболувања кои се пренесуваат по сексуален пат. ( уште познати како сексуално преносливи инфекции т.е венерични болести ) Зошто... Статистиките покажуваат дека младите кои се сексуално активни се најповеке изложени на ризик да добијат ППИ од било која друга возрасна група. Како се пренесуваат полово преносливи инфекции? - Незаштитен сексуален однос со инфициран партнер; - Директен контакт со инфицираното место; - Од заразена бремена жена на плодот ( во тек на бременост, породувањеили доење); - Крвен контакт: употреба на веке користени игли, шприцеви при инртавенско користење дрога, тетовирање, пирсинг и сл. Може ли да се препознаат ? Симптоми како: " Необичен исцедок од пенис/вагина со непријатен мирис, густина, боја; " Печење, болка, често мокрење; " Болка при сексуален однос; " Црвенило, исип, чешање околу гениталии; " Нарушено менструално крварење Треба да бидат причина за консултација со лекар ( матичен лекар, гинеколог, дерматовенеролог или уролог) Многу ППИ честопати не даваат никакви симптоми - може да си инфициран и да ја пренесуваш инфекцијата на секс.партнер и без да знаеш! Кои се последиците ако не се лекуваат? - Намалена плодност до стерилитет ( неможност за создавање потомство ) - Отежната бременост , спонтани абортуси, мртвородено; - Пренесување на инфекцијата на новороденото; - Зголемен ризик за појава на рак на гло на матка; - Смртен исход ( ХИВ/АИДС или некои сериозни ППИ ) НАЈЧЕСТИ ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ ППИ предизвикани од бактерии: ГОНОРЕА Позната во народот и како ТРИПЕР, предизикана од бактерија - гонокок Како се пренесува? " Незаштитен секс.однос ( вагинален, анален, орален ) со инфициран партнер " Може и преку даски на вц шолји, заеднички пешкири, долна облека и сл. " Инфицирана мајка може да ја пренесе инфекцијата очите на новороденото ( обавезна заштита со капки по раѓање ) Кои се симптоми? Кај мажи: " Силна болка и печење при мокрење " Матна мокрача " Густ, жолто-зелен исцедок од пенис ( таканаречена утринска капка) Кај жени: " Слаба болка и пецкање при мокрење " Жолтеникав исцедок " Тапи болки во долен дел на стомак Како се открива? " При редовен гениколошки преглед " При појава на симптоми " Анализа на исцедок,брис од пенис/вагина, крвни анализи Како се лекува? " Антибиотици за обата партнера " Апстиненција во тек на терапија " Ако не се лекува навремено и соодветно може да остави трајни последици до неплодност Како се спречува? " Кондом при секој секс.однос " Редовна посета на гинеколог СИФИЛИС Бактериска инфекција позаната уште како ЛУЕС. Предизвикувач е бактерија наречена бледа спирохета. Како се пренесува? " НезеШтитен секс.однос со инфициран партнер " Контакт со раничката на сифилис во генитална регија кој а најчесто е незабележана " Вертикален пренос - од бремена жена на плодот во тек на бременост Кои се симптоми? Сифилис се развива во три стадиуми (фази): Фаза 1 ( примарен стадиум):безболна раничка во предел на половите органи која често е незабележана. По 4-6 недели спонтано се повлекува Фаза 2 ( секундарен стадиум): црвен дамчест исип по цело тело,зголемени жлезди и покачена температура.Трае од неколку недели до година,премиувајЌи во латентна фаза (без симптоми). Фаза 3 (терциерен сифилис): трајни оШтетувања на повеЌе органи: мозок, нерви,срце и крвни садови,коски црн дроб и кожа. Како се открива? " Лекарски преглед и откривање на примарната раничка " Земање примерок ( брис ) од раничката " Специфични крвни тестови Како се лекува и компликации? " Третман со антибиотици доволно долго " Компликации: сите трајни оштетувања од терциарниот стадиум, вроден сифилис ( со последици во текот на животот на детето) Заштита?! " Кондом при секс.контакт " Практикување секс.однод со познат партнер " Редовна посета на гинеколог КЛАМИДИЈАЗА Една од најчестите и најупорните ППИ која лесно се шири, а долго се лекува.Предизвикувач бактерија Chlamidia trachomatis Како се пренесува? " Незаштитен секс.однос ( вагинален,анален,орален ) " Автоинфекција- контакт со раце на гениталии - очи " Од мајка на новородено во тек на породувањето Кои се симптоми? " Најчесто без никакви тегоби " Кај мал број жени може да се јават необичен исцедок,болка при мокрење,болка во долен дел на стомак,крварење помеѓу две менструации или по секс.однос " Кај мажи поретко може да се јави воденаст исцедок со светла боја, пецкање при мокрење или болка и оток на тестисите Како се открива? " При гениколошки преглед со земање брис за Кламидија " Крвни тестови-докажување на антитела против Кламидија " Најчесто се открива случајно ако се направат анализи за Кламидија или кога ќе одлучат партнерите да имаат дете, а при тоа имаат потешкотии Лекување и последици " Антибиотици - третман на обата партнера истовремено " Упорност во лекувањето! " Последици на нелекувана инфекција: постојана болка во долниот дел на стомакот; ширење на инфекцијата на внатрешните репродуктивни органи; намалена плодност до стерилитет или компликации во тек на бременост Спречување?! " Практикување сигурен секс- кондом при секој секс.однос " Редовни гениколошки контроли ВИРУСНИ ППИ ГЕНИТАЛЕН ХЕРПЕС Вирусна инфекција при која се јавуваат болни пликови во генитална регија ( слични со познатиот херпес на уста ). Предизвикувач: Херпес симлеџ вирус: тип 1 предизвикува херпес на уста, а тип 2 генитален херпес. Како се пренесува? " Незаштитен сексуален однос (орален,анален,вагинален)-може да се пренесе и ако во генитална регија нема пликови видливи со око " Контакт со инфицираното место ( херпетичната раничка ) " Од инфцирана мајка на плод во тек на бременост или породување Како се манифестира? " Може да помине без симптоми " Карактеристично: меурчиња исплонети со бистра течност,пратени со пецкање и чешање во генитална регија " По прскање на меурчињата остануваат болни ранички кои сами по себе зараснуваат без лузна - Вирусот на Херпес и по повлекување на видливите промени останува во организмот и има склоност повторно да се појави спонтано или при намалување на имунитетот на организмот. - Долготрајни или чести инфекции со генитален Херпес ја зголемува можноста за пренесување на ХИВ! Како се открива? " Лекарски преглед на кој се гледа типична промена " Брис од местото на инфекција " Крвни анализи за докажување антитела кон Херпес вирусот Лекување " Не постои лек кој може да го отстрани вирусот од организмот " Терапија локално (со масти) или со таблети помага побргу да се повлечат промените и болката како и да се продолжи времето на повторна епизода " Хигиена на инфицираното место Спречување " Немајте секс.однос со партнер кој има видливи ранички или кој се лекува од генитален херпес " Ако партнерот има ранички избегнувајте и орален секс " ВАЖНО: Употреба на кондом не секогаш ја спречува инфекцијата, ако промените се на делови од генитална регија кои не ги покрива кондомот КОНДИЛОМИ Уште познати како генитални брадавички т.е ХПВ инфекција. Предизвикувач е ХПВ вирус ( хуман папиллома вирус ), тесно поврзан со појава на рак на грло на матка. Како се пренесува? " Незаштитен секс.контакт - многу честа ППИ: 50-75% сексуално активни лица " Допир на инфицирано место " Бремена жена на новородено во тек на породување Како се манифестира? " Најчесто без никакви знаци - лицето може да е инфицирано и да ја пренесува инфекцијата без да е свесно за тоа " Мали, безболни, меки израстоци (брадавички) во вагина, пенис или анус, а ако се во голем број личат на карфиол " Може да се пратени со чешање,крварење или болка Откривање " Најчесто случајно на редовен гениколошки преглед " Папаниколау тест ( рутински се зема од гениколог ) " При сомневање за ХПВ се зема посебен брис за откривање директно на вирусот Лекување " Може промените да се повлечат сами по себе " Локално со вагиналети или креми " Хируршки Не постои лек за трајно уништување на вирусот кој останува во организмот и честопати промените повторно се јавуваат! Заштита " Немај секс со лице кое има видливи генитални брадавички " Кондом - иако не може да ја спречи инфекцијата ако промените се на генитална регија која не се покрива со кондом " Редовни гениколошки контроли за рано откривање и третман ТРИХОМОНИЈАЗА Многу распространета ППИ и тоа многу почесто кај жени. Иако непријатна сепак не е сериозана болест. Предизвикувач: микроскопски паразит Трицхомонас вагиналис. Како се пренесува? " Незаштитен секс.однос ( најчесто кај млади од 16-35 год.) " Преку влажни пешкири, ракавици за капење, долна облека, вц шолја и сл. Симптоми?! Жени: " болка во генитална регија или болка при секс " пенушав, обилен, жолтеникав исцедок со лош мирис " Чешање и пецкање во вагина Мажи: " болка при мокрење " исцедок со светла боја, често неприметлив Како се открива и лекува? " Гениколошки преглед со брис од вагина " Лекување на обата партнера истовремено, за девојките и вагиналети ( таблети за во вагина) Спречување " Кондом при секс.однос " Редовни гениколошки прегледи СРАМНИ ВОШКИ Во народот уште познати како пицајзли, ППИ предизвикана од паразит (инсект)- вошка која се прицврстува за влакното се храни со крв ,брзо се размножува и живее 3-4 недели. Како се пренесува? " Сексуален однос " Близок физички контакт " Заразени пешкири, облека, постелина и сл. Симптоми " Јако чешање околу генитална регија " Видливи сиви инсекти и белузлави гниди на влакната на полови органи Лекување " Локално-лосиони, шампони или креми " Дезинфекција на облеката и постелината " Известување на партнерот Заштита " Водете љубов со личност која ја познавате! ППИ предизвикани од габи КАНДИДИЈАЗА Многу честа и непријатна ППИ. Предизвикувач; квасна габа Candida albicans во организмот и во вагината на жената, а прави проблем кога ќе се намножи. Како настанува инфекција? " Во 70 % од случаите причината е внатрешна т.е настанува заради нарушување на нормалната вагинална флора, што може да се случи пр. При долга употреба на антибиотици,контрацептиви, бременост, шекерна болест и други состојби на намален имунитет. " Во третина случаеви,инфекцијата е од надвор преку незаштитен секс.однос или допир со инфициран предмет Симптоми? Кај жени: " упорен јадеж во предел на гениталии, " Густо бело прање како засирено млеко со мирис на квасец " Пецкање во вагина при мокрење " Болка при секс.однос " Црвенило и беличасти наслаги на срамни усни и вагина Кај маж: чешање на пенисот на чија глава може да има ситни црвени брунчиња Како се открива? " Гениколошки преглед- типичен наод " Брис од вагина Лекување " Локално- со вагинални таблети и креми,лосиони " Орално- со таблети кои се земаат преку уста " Апстиненција додека трае лекувањето " По потреба се лекува и партнерот Дополнителни фактори на ризик: " Недоволна хигиена или претерано испирање на вагина " Чести полови односи " Претерана употреба на кисели сапуни и сл. ХИВ/СИДА Сида ( АИДС ) или Синдром на стекната имунодефициенција предизвикан од ХИВ вирус. Тоа значи дека инфекцијата со ХИВ вирус се стекнува во животот ( не е наследна ), при Што во организмат постепено се слабее имуниот систем и тој ја губи способноста да се брани од многу заболувања од кои би се одбранил доколку не е инфициран со ХИВ. ХИВ – human immunodeficiency вирус. Како се пренесува? " Секс без кондом со инфициран партнер ( анален,вагинален,орален заради контакт со инфицирана сперма, вегинален секрет или крв ) " Крвен пат- размена на употребени игли И шприцеви, нестерилни инструменти за тетовирање,пирсинг, и сл. " Од инфицирана мајка на дете ( бременост, породување, доење ) Како не се пренесува? " Ракување,гуШкање, бакнување,кивање,кашлање " Допир на предмети за јавна употреба " Тоелети,базени, јавен превоз,спортување " Садови за јадење,пеШкири,постелина " Инсекти, домаШни животни Како се манифестира? Поминува долг временски период ( средно 10-15 години ) без да се манифестираат симптоми на инфекција.Во тој пероид лицето е носител на ХИВ, може да го пренесува на други без да е свесен за тоа, а единствен начин да дознае е ХИВ тест. СИДА е крајниот стадиум на ХИВ инфекција и се карактеризира со низа болести (состојби): " Долготрајно покачена температура,губење на тежина, јак умор " Долготрајни проливи ( цревни инфекции ) " Постојано зголемени жлезди на телото " Инфекции на бели дробови, мозок, кожа, кандида во органите за варење и гениталии, херпес и сл. " Тумори поврзани со ХИВ инфекција Како се открива? Единствен начин да се дознае ХИВ статусот е со ХИВ тест-посебен тест на крвта кој открива атитела т.е реакција на организмот ако е вирусот присутен. Треба да се направи по 3 месеци од ризичното однесување и да се повтори по 6 месеци Лекување " Не постојат лекови кои Ќе го униШтат вирусот, само го успоруваат неговото делување " Се лекуваат пропратните инфекции и нарушувања " Целта на третманот е Што е можно подолго да се одржува лицето во добра состојба и да има квалитетен живот " И покрај настојувањата на современата медицина, се уште краен исход од ХИВ инфекција е смрт. ЗаШтита " Кондом при секој секс.однос " Секс со познат партнер, не често менување на партнерите " Користење игли и шприцеви за една употреба " Стерилни инструменти при секоја интервенција ВАГИНИТИС Воспаление на вагината кое не спаѓа во групата ППИ, но е непријатна состојба за жената. Како настанува? " Може да е предизвикано од паразити,бактерии или габички кои растат во вагината и предизвикуваат дразби. " Исто може да настане како реакција на некои сапуни, хемикалии, средства за интимна хигиена и сл. Симптоми " Необичен исцедок од вагина со специфичен,непријатен мирис " Чешање или болка во вагина или надвор од неа " болка при секс.однос или при мокрење Лекување " Со вагиналети или орални таблети " Не треба да се лекува партнерот " За да се намали ризикот треба да се носи облека од природни материјали,да се носат тесни панталони, туѓи алишта и туѓ прибор за хигиена ЗАТОА: Ако планираш да започнеш сексуален живот или веќе си сексуално активен: " Информирај се " Запознај го сопственото тело и желби " Запознај го партнерот " Донеси САМ одлука дали да имаш секс и дали со тој партнер " СЕКОГАШ користи кондом " Научи правилно да користиш кондом " Одржувај редовно хигиена на телото " Редовно посетувај гениколог ( барем еднаш годишно ) А ако одговориш ДА на едно од следниве прашања: 1. Си имал ли секс без кондом ( или тој пукнал )? 2. Си имал ли повеќе сексуални партнери? 3. Често менуваш секс.партнери? 4. Си употребил ли веќе користена опрема за спремање и вбризгување дрога? 5. Си бил ли во контакт со туѓи секрети (крв, сперма, вагинален секрет)? СОВЕТ: Оди на лекар и провери евентуална ППИ !!! dosta e za denes ............ |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХПВ вирус современа закана
Повеќе од половина од жените меѓу триесеттата и педесеттата година се заразени од ХПВ вирусот за кој се претпоставува дека е главниот причинител за ракот на грлото на матката. Иако наодот од брис може да открие предканцерогени промени на матката, не може да покаже дали сте заразени со ХПВ (хуман папилом вирус). Меѓутоа истражувањата покажуваат дека 95 отсто од жените кои боледуваат од рак на грлото на матката се заразени со овој вирус. Кој е причинителот? Постојат повеќе од 80 различни ХП вируси иако се смета дека само некои од нив предизвикуваат рак. Кај лошите тумори отпрвин се открива човечкиот папилом вирус 16. Како доаѓа до зараза? ХПВ се пренесува со полов контакт, но некои истражувања покажуваат дека може да се пренесе и од мајка на дете. Повеќе од половината жени барем еднаш ќе се заразат со овој вирус но кај повеќето нема да дојде до канцерогени промени. Опасноста им се заканува на оние жени кои се заразени со години, но не знаат бидејќи инфекцијата ретко предизвикува било какви симптоми, освен сосема мали,скоро невидливи израстоци. Жените кои по менопаузата се одлучиле за дополнителна хормонска терапија понекогаш стравуваат дека таа ја поттикнала болеста но не постојат научни докази кои би ја поткрепиле оваа теорија. Што да се прави? Значи ли тоа дека сите жени мора да се тестираат на ХПВ, односно да се подложат на папа тест? Тоа секако треба да го направат жените постари од 35 години, со граничен наод на брис. Повеќето жени со ХПВ се заразуваат во младоста, па жените постари од 35, чии тестови се позитивни, веројатно ја имаат инфекцијата веќе неколку години. Затоа кај нив е поголем ризикот да заболат од рак. Важно е да се знае дека предканцерогените промени ќе се развијат само кај мал број жени кои се заразени со ХПВ. Како да се заштитите? Три пати годишно правете брис и престанете со пушење. Побарајте од гинекологот да ви објасни што значат резултатите од контролите. Ако вашите наоди покажуваат умерени или сериозни промени, мора да направите колпоскопија и да се подложите на терапија. Ако се работи за незначителни промени, брисот треба да се повтори во текот на 6 месеци. Ако крварите меѓу две менструации, по сексуален однос или во менопаузата, веднаш побарајте лекарска помош. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga ce napravat koktel vakcina protiv HPV, Klamidija, gonoreja i sifilis?
So decenii se educira narodot niz kampanji ama nikako da se istrebat bolestive... Mozno li e da se napravi vakcina? |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eве и на идивиди има една статија за кламидијата
што може да предизвика доколку не се лекува Кламидијата е една од најчестите полови болести која ги напаѓа сексуално активните мажи и жени и доколку не се лечи доаѓа до компликации со репродуктивните органи, но може да остави и траг на зглобовите и коските. Оваа полова инфекција може да има голема улога во развојот на еден вид артритис, спондилоатропатија (uSpA), според резултатите од најновите студии и истражувања. Новиот облик артритис е еден тип спондилоартропатија, кој има исти симптоми како и останатите видови артритис, како што се болки во грбот и стопалата. Новата студија, која е објавена во магазинот „Arthritis and Rheumatism“, истражувала дали има поврзаност помеѓу кламидијата и артритисот. Научниците од универзитетот Soith Florida ги споредиле примероците од крв на 26 пациенти кои имале хроничен артритис и кламидија и дошле до резултати кои откриваат дека сексуално преносливата болест има некоја поврзаност со групата SpA, група на болести кои имаат облици на артритис. Според податоците со кламидија се заразени 20-25 проценти од сексуалните активни лица до 24 години, а најризична група се оние до19 години. Кламидијата е предизвикана од бактеријата Chlamydia Trachomatis и најчесто ги напаѓа помладите сексуално активни луѓе. |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па да не се изгребал некако,нокт нешто
сепак нека се провери Изменето од Biba_G - 22.Мај.2009 во 21:21 |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
sweet angel
Сениор Регистриран: 30.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fala na sovetot, ke odi na urolog sekako.
Изменето од Biba_G - 22.Мај.2009 во 21:21 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одма нека си оди на Уролог,да не му се случат триста заебанции. Изменето од Biba_G - 22.Мај.2009 во 21:20 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
sweet angel
Сениор Регистриран: 30.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so partnerot imavme pogrub seksualen odnos i na glavickata od penisot mu izleze nesto kako plikce, koe ne go boli,ne go cesa,ne go pece, nisto. toa bese pred dve nedeli, ottogas se povlece,stana neprimetno,no sega pak mu se zgolemilo.dali nekoj znae sto e ova? inaku toa se naoga vo neposredna blizina na otvorot. nema i nikakvi drugi simptomi i problemi kako iscedok, bolka itn.dali e mozno da e samo iritacija od grubiot odnos? pozdrav.pisete i fala odnapred
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Калимидиска инфекција
Најраспространета и по човековата плодност најпогубна сексуална пренослива болест е кламидијата која ја предизвикува бактеријата Chlamydia trachomatis. Инфекциите предизвикани од бактеријата Chlamydia trachomatis предизвикуваат се поголемо внимание. Инфекцијата најчесто не предизвикува никакви здравствени тегоби поради кои би се побарала помош од лекар. Тоа е причина често да остане непрепознаена и нелечена. Знаците на инфекцијата не се специфични т.е. само со посебни испитувања може да се разликуваат од инфеција на разни други микроорганизми. Кај машките се појавува црвенило, пецкање и појачан секрет. Кај жените знаците обично се појачан секрет и чувство на иритираност на родницата. Доколку не се лекува кламидијата може да се прошири и на другите делови на гениталиите и да дојде до сериозни последици. Кај жените инфекцијата може да се шири преку материцата до јајцеводите. Често непрепозната и нелечена или недоволно рано лечена инфекција, може да предизвика делимична или потполна непроодност на јајцеводите. Последиците може да бидат вонматерична бременост или неплодност. Можна е и зараза на детето во текот на пораѓајот, кое може кај детето да предизвика запаление на плуќата и очите. Може да доведе до влез на други микроорганизми кои ја зголемуваат опасноста од гнојни запаленија. Кај мажите може да дојде до намалена плодност или неплодност. За да се спречат можните последици, инфекцијата кламидија мора да се лечи и тоа многу важно е да се лечат и мажот и жената. За време на лечењето, па се до целосното излекување кога лабораториските наоди ке се негативни, треба да се придржувате до упатствата за сексуално однесување. Најсигурно е да се воздржувате од сексуални односи во тој период. Паровите кои имаат сексуални односи за време на лечењето мора да користат кондоми. |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Херпес
Херпесот е предизвикан од вирус. Тој живее во нервните завршетоци и еднаш инфицираната личност е инфицирана целиот свој живот. По инфекцијата следува напад, кој е и најболен. Малите плускавци се појавуваат околу усните или гениталиите по два до дваесеттина дена по инфекцијата. Плускавците можат да бидат проследени со силна треска, исип, болка и отечени жлезди. Местата со плускавци треба да се мијат со топла солена вода а болките се ублажуваат со таблети. Симптоми: Исти се и кај жените и кај мажите. Можат да бидат поблаги и посеризони. - чувство на грипозност, отечени лимфни јазли - чешање или пецкање при појава на плускавците - мали, болни плускавци на половите органи, Нив ги снемува дури по десетина дена, но вирусот останува во телото Дијагноза: - Гениталниот херпес обично се забележува откако ќе ``нападне`` Терапија: Не постои вистински начин на лекување со кое од телото би се отстранил херпесот, но болеста може да се контролира, а сексот треба да се избегнува за време на ``разгорувањето`` на херпесот. Ако херпесот не се лекува: - инфекцијата може да се пренесе на партнерот - мајката може да го пренесе на бебето за време на породувањето. |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Najcesto polovite bolesti ne se zabelezuvaat dodeka se vo prviot,pa duri ni vo vtoriot nivni stadium. E, koga ke dojdat do nivniot maximum, koga idnite majki ke se soocat so faktot deka poradi NEkoristenjeto kondomi, pred kojznae kolku vreme zakacile gonorea, sifilis ili hepatitis, poradi sto ostanuvanjeto bremena pretstavuva prasanje na zivot ili smrt, togas e veke docna.
Nema nikakvo drugo zastitno sretstvo od seksualno prenoslivite bolesti osven kondomot. NE postojat piluli za pred seks,posle seks itn itn.................................... |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |