|
Програма за фин. поддршка на земјоделство |
Внеси реплика |
Автор | |
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Јануари.2009 во 15:52 |
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле, не си свесен колку си во право! |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам да кажам дека оваа фин подршка е најмногу за земјоделциите а потоа за сите други.Така ветуваше премиерот и така излезе.
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
prosto patat od nesonica od sto mislat na narodot |
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BRAVO !!! SEPAK OVAA VLADA MISLI ZA NARODOT ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2009 година, а Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството ќе треба да спроведе промотивна акција за да ги информира земјоделците и до најодалечените места за можностите за подобрување на своето производство, што им се даваат со оваа програма.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски на вчерашната владина седница информира дека во 2008 година за земјодлеците се исплатени предвидените 45 милиони евра, а во наредната нивниот износ ќе изнесува 70 милиони. За површини под пченка се предвидени субвенции од 6.000 денари по хектар и дополнителни 1.200 денари за примена на сертифициран семенски материјал, за фуражни култури тие изнесуваат до 4.000 денари, предвидена е финансиска поддршка за оранжериско производство од 80.000 денари по хектар, за раноградинарските култури по 9.000 денари за хектар и допонителни 3.000 ако производите ги предадат во преработувачките капацитети. Кај лозарството финансиката поддршка за нови насади е 140.000 денари по хектар или за 30 отсто повеќе од лани, за постојните насади е 7.500 денари и уште 2,5 денари по килограм за грозје продадено на наши винарски капацитети. За подигнување нови овошни насади финансиската поддршка е 90.000 денари по хектар, а кај оние кои лани подигнале вакви насади по 10.000 денари. Заради правилно користење на вештачките ѓубрива, до 50 отсто ќе се субвенционираат анализите што земјоделецот индивидулано ќе ги напарви во лабораторија. Во сточарството покрај субвенционирањето прв пат на нерасни говеда од 1.500, односно 2.500 денари за расните грла говеда, предвидена е и финансиска поддршка од 2,5 денари за производено и предадено кравјо млеко, а дополнителни 1.500 денари за предадено теле во месната индустрија. Зголемување на субвенциите и на финансиската поддршка се предвидени и во овчарството и тоа со субвенционирање на сите грла овци, почнувајќи од стада од најмалку 30 овци, за одгледувачите на кози, во свињарството, во живинарството. Дополнителна финасиска поддршка ќе се дава и за стимулирање на развојот на органското производство. За рибниот фонд во Охридското езеро предвидено е зголемување на средствата од над 40 отсто и годинава изнесува 10 милиони денари. Меѓу новините што се нудат е и субвенционирање од 60 отсто од висината на осигурувањето на своите посеви, што ќе го платат земјоделците, а ќе се оди и на поттикнување на интересот на осигурителните компании поинтензивно да соработуваат со земјоделските производители. Од 70 милиони евра, 12 милони евра ќе бидат наменети за тутунот, а тутунарите заедно со сточарите први ќе ги добијат субвенциите и финансиската поддршка. Според вицепремиерот Боцевски, ова е прва Програма за финансиска поддршка на земјоделството, лозароовоштарството и сточарството изработена согласно ЕУ стандардите, за што Македонија ќе добие дополнителни 80 милиони евра во наредните три години. Усвоена беше и Програмата за семе и семенски материјал за 2009 година, изготвена од надлежната Управа, а најавено е и засилување на надзорот заради заштита на квалитетот на семенскиот материјал што се набавува. На седницата помина и Предлог програмата за проширена репродукција на шумите во 2009 година. Во месец март ќе се одржи акција за пошумување за што се издвоени 90 милиони денари за набавка на 10 милиони нови садници од „Македонски шуми“. Во вториот дел од акцијата која треба да се спроведе во ноември исто така ќе бидат обезбедени и насадени 10.000 нови садници. Составен дел од Програмата за земјоделството е и Програмата за поддршка на руралниот развој, што ќе ја спроведува Агенцијата за финансиска поддршка, а треба да ја помогне за модернизацијата на македонското земјоделството преку субвенционирање до 50 отсто од страна на Владата на посериозни инвестиции, што е усогласено и со Програмата на ЕК од 80 милиони евра. Изменето од mileg - 05.Јануари.2009 во 11:36 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |