Програма за фин. поддршка на земјоделство
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17316
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 20:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Програма за фин. поддршка на земјоделство
Постирано од: mileg
Наслов: Програма за фин. поддршка на земјоделство
Датум на внесување: 04.Јануари.2009 во 17:18
Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2009 година, а Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството ќе треба да спроведе промотивна акција за да ги информира земјоделците и до најодалечените места за можностите за подобрување на своето производство, што им се даваат со оваа програма.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски на вчерашната владина седница информира дека во 2008 година за земјодлеците се исплатени предвидените 45 милиони евра, а во наредната нивниот износ ќе изнесува 70 милиони.
За површини под пченка се предвидени субвенции од 6.000 денари по хектар и дополнителни 1.200 денари за примена на сертифициран семенски материјал, за фуражни култури тие изнесуваат до 4.000 денари, предвидена е финансиска поддршка за оранжериско производство од 80.000 денари по хектар, за раноградинарските култури по 9.000 денари за хектар и допонителни 3.000 ако производите ги предадат во преработувачките капацитети.
Кај лозарството финансиката поддршка за нови насади е 140.000 денари по хектар или за 30 отсто повеќе од лани, за постојните насади е 7.500 денари и уште 2,5 денари по килограм за грозје продадено на наши винарски капацитети. За подигнување нови овошни насади финансиската поддршка е 90.000 денари по хектар, а кај оние кои лани подигнале вакви насади по 10.000 денари. Заради правилно користење на вештачките ѓубрива, до 50 отсто ќе се субвенционираат анализите што земјоделецот индивидулано ќе ги напарви во лабораторија.
Во сточарството покрај субвенционирањето прв пат на нерасни говеда од 1.500, односно 2.500 денари за расните грла говеда, предвидена е и финансиска поддршка од 2,5 денари за производено и предадено кравјо млеко, а дополнителни 1.500 денари за предадено теле во месната индустрија.
Зголемување на субвенциите и на финансиската поддршка се предвидени и во овчарството и тоа со субвенционирање на сите грла овци, почнувајќи од стада од најмалку 30 овци, за одгледувачите на кози, во свињарството, во живинарството.
Дополнителна финасиска поддршка ќе се дава и за стимулирање на развојот на органското производство.
За рибниот фонд во Охридското езеро предвидено е зголемување на средствата од над 40 отсто и годинава изнесува 10 милиони денари.
Меѓу новините што се нудат е и субвенционирање од 60 отсто од висината на осигурувањето на своите посеви, што ќе го платат земјоделците, а ќе се оди и на поттикнување на интересот на осигурителните компании поинтензивно да соработуваат со земјоделските производители.
Од 70 милиони евра, 12 милони евра ќе бидат наменети за тутунот, а тутунарите заедно со сточарите први ќе ги добијат субвенциите и финансиската поддршка.
Според вицепремиерот Боцевски, ова е прва Програма за финансиска поддршка на земјоделството, лозароовоштарството и сточарството изработена согласно ЕУ стандардите, за што Македонија ќе добие дополнителни 80 милиони евра во наредните три години.
Усвоена беше и Програмата за семе и семенски материјал за 2009 година, изготвена од надлежната Управа, а најавено е и засилување на надзорот заради заштита на квалитетот на семенскиот материјал што се набавува.
На седницата помина и Предлог програмата за проширена репродукција на шумите во 2009 година. Во месец март ќе се одржи акција за пошумување за што се издвоени 90 милиони денари за набавка на 10 милиони нови садници од „Македонски шуми“. Во вториот дел од акцијата која треба да се спроведе во ноември исто така ќе бидат обезбедени и насадени 10.000 нови садници.
Составен дел од Програмата за земјоделството е и Програмата за поддршка на руралниот развој, што ќе ја спроведува Агенцијата за финансиска поддршка, а треба да ја помогне за модернизацијата на македонското земјоделството преку субвенционирање до 50 отсто од страна на Владата на посериозни инвестиции, што е усогласено и со Програмата на ЕК од 80 милиони евра.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Коментари:
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 04.Јануари.2009 во 18:03
BRAVO !!!
SEPAK OVAA VLADA MISLI ZA NARODOT ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 04.Јануари.2009 во 18:08
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 06.Јануари.2009 во 20:07
Сакам да кажам дека оваа фин подршка е најмногу за земјоделциите а потоа за сите други.Така ветуваше премиерот и така излезе.
------------- 2244435863_d877ea2c34[1
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 15:48
miroslav_g8 напиша:
prosto patat od nesonica od sto mislat na narodot |
Леле, не си свесен колку си во право!
|
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 15:52
mileg напиша:
Сакам да кажам дека оваа фин подршка е најмногу за земјоделциите а потоа за сите други.Така ветуваше премиерот и така излезе. | Каде излегла фин подршка? Нели треба во Р. Македонија да остане? На мој роднина му дадоа па го натераа да врати 2/3 од неа оти немал книшка! Стварно на човекот му излезе фин подршка од владата.
|
|