|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница 123 146> |
Автор | ||
damemk1
Нов член Регистриран: 01.Октомври.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Октомври.2012 во 09:31 |
|
здраво пред се,ова ми е прв пат да прашам тука,се надевам ке добијам помош
ми треба есеј по македонски на тема Развој на Македонскиот јазик од 16 до 20 век.. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Охрид, 16 август, 1995 година
Колега Иван Доровски, еве нé пак во Охрид и на овој семинар водиме бескрајни разговори, иако којзнае по кој пат се среќаваме. А Вие доаѓате секогаш со нови изненадувања. Секогаш сте актуелен, меѓу сите нас, меѓу семинаристите. Овој е нашиот 28 семинар. Како се чувствувате Вие на овие среќавања? - Секој престој ми е важен овде кај Вас, а особено и овој. Иако многу години се занимавам со македонистиката, како составен дел од мојата професионална ориентација, би сакал да подвлечам една работа. Овие во Охрид, во еден убав амбиент, во еден круг од колеги, пријатели, познати, од луѓе со исти или слични мислења за литературата, културата, политиката и други прашања, тоа е еден ценет момент, или еден временски период, што ми помага да го усовршам македонскиот јазик, бидејќи живеам надвор од македонската средина. Овде добивам нови импулси, во разговорите со своите колеги, со своите пријатели. Доаѓам на семинарот со сознанието дека и јас како славист, балканолог, сакам да придонесам за неговиот развиток, да партиципирам во неговата содржина, во програмската содржина. Учествувам честопати во научните дискусии со свои реферати и усни искажувања. Преку нив македонските учесници можат да се запознаат и со моите погледи, со моите мислења, бидејќи моите студии се пишувани на чешки или на некои други странски јазици. Некои од нив се преведувани и на македонски јазик.
Утре, на 10 август, во рамките на семинарот, ќе бидат промовирани неколку Ваши книги. Би сакале нешто лично да ни кажете за новите изданија? - Минатата година дојдов на семинарот и донесов неколку примероци од Чешко-македонскиот и Македонско-чешкиот речник. И немав намера тука да ги промовирам, но организаторите мислеа дека треба да се изврши тоа, за да и се претстават на македонската јавност. Годинава понесов со мене четири нови книги. Ја донесов Антологијата на современата словенечка поезија, што значи славистичко-балканистичко дело. Втората книга носи наслов „Македонија“. Третата е „Драмската уметност на Јужните Словени“ и опфаќа еден период од 1915-1944 година, значи времето меѓу двете војни. Оваа книга има и втор дел, кој веќе е подготвен и би требало да излезе во наредните години. Четвртата книга е пообемна од другите. Таа е прва антологија на македонската современа поезија на чешки јазик. Јас и дадов наслов „Синото небо над Охрид“, бидејќи тоа е една метафора - штом ќе биде сино и чисто небото над Охрид, ќе биде и над целата Македонија. А знаете дека во Централна Европа, а можеби и на други места, Охрид е Македонија, Македонија е Охрид. Тие се толку тесно поврзани, мислам овие две имиња, така што, ако е чисто и поетско небото над Охрид, ќе биде ведро и чисто и над сета Македонија.
Какви се сегашните Ваши научни преокупации, колега Доровски? - Имам многу планови на научното поле, но дали сите ќе ги реализирам не можам да знам. Пред сé, многу би сакал да го финализирам вториот том од „Драмската уметност на Јужните Словени“, особено нејзината рецепција во чешката и словачката средина. Пишувам еден пообемен труд за т.н. „Балканска и медитеранска меѓулитературна заедница“. Потоа основаме во рамките на Здружението на пријателите на Јужните Словени, во Чешката Република, една едиција од поезија и проза. Досега излегоа книгите за словенечката и за македонската поезија, а во наредните години би требало да излезат и изданијата на современата српска, бугарска, хрватска, црногорска поезија. Исто така, би требало да излезат посебни зборници со прозни текстови, раскази, од сите национални словенски литератури на Балканот. Но тоа зависи од фактот дали ќе најдеме финансиско покритие.
Кога тргнувате за Македонија на што мислите? - Кога тргнувам за Македонија мислам на целата Македонија, на нејзините убавини, особено на средбите со моите, пријатели, колеги, познати од семинарот. Особено мислам, иако е тоа деформација, да соберам нови материјали, нови сознанија за мојата научна и преведувачка дејност.
(продолжува) |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Охрид, 9 август 1999 година
Еден од честите слависти и учесници на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е и професорот Манфред Јенихен, наш драг научник, пред сé пријател. Професор Јенихен, Вие студиравте на Хумболтовиот универзитет во Берлин славистика, романистика, германистика и филозофија, од каде што произлегува и Вашиот широк интерес кон литературите и културите на повеќе народи. Меѓу нив ја запознавате и Македонија, нејзиниот јазик, литература и култура. Вие сте познати и прифатени во нашите научни, но и пошироки кругови. Во случајов сакаме да Ве запознаеме повеќе. Каде сте родени Професоре?
- Роден сум во Саксонија, кај Дрезден, во 1933 година. Таму завршив и гимназија и таму проживеав повеќе години. Започнав да студирам право, но набргу преминав на славистика, романистика и германистика. Се концентрирав на славистика и тогаш се изучуваше српско-хрватскиот јазик. Во 1957 година имав можност да заминам за Југославија, професор ми беше светското име Билфелд, кој ја напиша Старословенската граматика. Со првото доаѓање во Југославија бев воодушевен, го видов Охрид.
Како го доживеавте првпат Охрид? - Тогаш не знаев ништо, ниту да зборувам, ниту разбирав што ми зборуваат. Беше зима, многу студено. Не можев да се вратам во Белград. Тогаш слушнав како се зборува македонскиот јазик. Од Белград добивав литература, бидејќи се занимавав со есеистика, но од Македонија немав добиено ништо.
Со кого дојдовте во контакт при запознавањето со македонистиката? - Мислам дека првпат го сретнав професорот Блаже Конески, кога дојде за предавања во Берлин. Со Конески станавме блиски пријатели. Јас имам и добра кореспонденција со Блаже Конески. Потоа го препеав Конески на германски јазик. На Конески работев 1986-1987 година. Во тоа време кај нас дојде и професор Поленаковиќ и професор Спасов. И така зачестија моите контакти со македонските колеги. При изучувањето на славистиката во почетокот имав повеќе хрватски контакти, потоа словенечки. Мои пријатели станаа Братко Крефт и Патерну. Се спријателив со српските колеги Слободан Марковиќ, Милијан Мујашевиќ, Томислав Пекиќ. Потоа пристигна кај нас и професорот Томе Саздов и започнав добро да ја проучувам и македонистиката.
Колку пати сте биле на нашиот семинар? - Мислам пет пати. Веќе започнав во сите збирки и антологии да ги вметнувам македонските примери. Во современите германски антологии влегуваа Вашите познати писатели. Почнав да пишувам есеи за македонските автори, започнав да учествувам на научни македонистички собири. Вие на отворањето на овој семинар ја споменавте првата научна дискусија на семинарот. Јас учествував во неа. Во моите компаративни студии секогаш го наоѓа своето место македонистиката. Во „Матица српска“ ми излезе посебно издание, компаративно дело, во кое ја има и македонистиката. Таму е Прличев, потоа Конески, кој ми е мене најблизок.
Кои македонски научници Ви станале блиски научно и приватно? - Случајно прв беше професорот Поленаковиќ. Тој ми стана еден вид татко. Потоа го запознав повеќе и поблиску Блаже Конески и мислам дека имавме иста бранова должина. Тоа многу ме зближи кон него. Многу ми помагаше во совладувањето на македонистиката, знаеше добро и германски. Имавме добра кореспонденција. За целата таа дејност, помаган од Конески, реферирав на симпозиумот посветен на Блаже Конески. За мене Конески беше фантастична личност, генијален човек, а толку скромен. Запознав во светот на многу значајни личности, научници, професори, уметници, но никогаш не најдов еден човек кој би бил толку генијален, а толку скромен како Конески. Неговата поезија ги допира егзистенцијалните прашања. Неговата поетика многу ми е блиска и возвишена. И честопати кога сум во криза, јас имам болен син, се допирам до неговата поезија и размислувам кога поетот Конески пее за мигот кога човекот го губи правото да се смее. Или кога ќе се сетам на тоа „Пасјо брдце“?! Кога го правев изборот на неговата поезија на германски јазик, јас уживав во тоа дело. Ја издадовме таа прекрасна поезија и таа проструи меѓу луѓето во Германија. Мислам дека македонската поезија е извонредна не само за Македонија, туку и за Европа. Се плашам и за вашата ситуација. Кон вас има аспирации од сите страни. Вие не сте економски силни, но затоа имате силна култура. Културата Ве држи.
Очевидно е дека ја засакавте македонската литература, што е видливо низ сите наши среќавања и семинари. Што посебно Ве фасцинира од таа целокупност на македонската литература?
- Пред сé поезијата. Ме фасцинира Блаже Конески, кој дава една голема парабола за целата македонска егзистенција и бит. Тој е човек во дилемите не само на нашето време, туку и во дилемите на општата егзистенција. На овој план ме фасцинира и „небидината“ на Ацо Шопов. Тоа е пак голема метафора за егзистенцијата на Македонците. Покрај сите напори државотворноста доцнела, како и кај Словаците, кај Белорусите, итн. Анте Поповски има една визија, како општа синтеза на сите случувања. Го препеав и Мирослав Валек, голем словачки поет. Кај Валек и кај Радован Павловски има автентичен поетски тон. Кај нов метафората достигнува кулминација. Тие на нов начин изразуваат мисла, на пример што е човекот. Ме фасцинираат и вашите млади поети, отец Давид, Зоран Анчевски. Ме фасцинира ироничниот тон на постмодерната ситуација, кои тие ја негуваат. Таква е и Вашата колешка Катица Ќулавкова. Нивните текстови се европски текстови. За жал, Вашиот јазик малку се знае, инаку Вашата поезија би постигнала и пошироки размери.
Каков е Вашиот поглед на Македонија, со Вашите чести контакти со нашата наука и култура? - Мене ми е интересна цела Македонија, на пример, ме воодушевувале вашите сценски изведби, во Скопје, во Охрид, на Охридско лето. Сега имам повеќе можности и редовно ги посетувам вашите концерти и претстави. Мене Блаже Конески ме носеше и во Прилеп, и таму беше се убаво.
Дали имате нешто лично да ни порачате? - Сакам да оставам зад себе една Гетеовска порака: „Да биде човекот чесен и добар секогаш“. Ние оваа година го славиме Гете, 250 години од раѓањето. Тој е голем и сличен како Шекспир. Сé што сме рекле, кај него е веќе кажано. И Блаже Конески го сакаше Гете и се залагаше за неговиот опус и мисла. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грејс Филдер: Во македонскиот јазик интересен ми е перфектот Првпат контактирав со професорите Виктор Фридман и Кристина Крамер на Балканската американска конференција, во 1984 година. Тогаш работев на изучувањето на бугарскиот јазик. Ги слушав излагањата и дискусиите на споменатите професори. Тие ми препорачаа да го научам и македонскиот јазик. И оттогаш навистина се заинтересирав за вашиот јазик, вели во интервјуто Грејс Филдер од универзитетот Аризона, Тусон „СТРАНСКИТЕ СЛАВИСТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ - ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ Охрид, 19.8.1994 година
Ве запознав првпат на Деветтата биенална балканска конференција во Блумингтон и тогаш, во април 1994 година, забележав дека имате солидни познавања за македонскиот јазик. Сега сте учесник на Втората македонско-северноамериканска конференција за славистика во Охрид. Како дојде до првите контакти со македонистиката? - Кога ја завршив својата дисертација во 1983 година, со наслов „Видот на инфинитивот во рускиот јазик“. Првпат контактирав со професорите Виктор Фридман и Кристина Крамер на Балканската американска конференција, во 1984 година. Тогаш работев на изучувањето на бугарскиот јазик. Ги слушав излагањата и дискусиите на споменатите професори. Тие ми препорачаа да го научам и македонскиот јазик. И оттогаш навистина се заинтересирав за вашиот јазик. Како професор го предавав бугарскиот јазик. Кога станав редовен професор во 1989 година се прошири и мојата специјалност и ги проширив своите знаења со македонскиот јазик. Во Блумингтон говорев за „Л“ партиципот во бугарскиот јазик, а на тркалезната маса во Хонолулу имав излагање на „Л“ партиципот во јужнословенските јазици, заедно со професорот Виктор Фридман.
Што посебно Ве привлекува од лингвистиката? - Најинтересни ми се: проблемите на дискурсот, прагматичноста, глаголските времиња и видови. Глаголските системи се толку различни и слични.
Што Ви е карактеристично во македонскиот јазик? - Мошне привлечен ми е перфектот.
Дали имате намера да истражувате врз ова прашање? - Да, и тоа пошироко. Мислам дека во оваа насока македонскиот јазик е клучот за решавањето на проблемот.
Учествувавте на Втората македонско-американска конференција, со какви впечатоци ќе си заминете? - Конференцијата за мене беше корисна и многу интересна. Посебно ме интересираа рефератите на лингвистите. Може кругот на темите да биде и потесен, да се работи и неформално по секции. Мислам дека ваквата работа е попрактична од пленарната и ќе има поголем ефект.
Во Македонија престојувате првпат и на кратко. Дали понесувате некакви впечатоци од нашата земја? - Искрено да ви кажам, кога патував со автобусот од Скопје до Охрид, преку Кичево, се воодушевив. Го гледав срцето на Балканот. Природата ме воодушеви, црквите, џамиите, луѓето крај патиштата, козите... Ја видов вистинската Македонија.
А Охрид? - Слушав дека е рај на земјата, а сега се уверив. Го запомнив охридскиот специјалитет: охридската пастрмка со кромид и пиперки.
Значи ли сето ова дека Македонија ќе Ве види повторно? - Сигурна сум. Би сакала да учествувам на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Македонскиот јазик го совладав пасивно, сега сакам суштински да го научам.
Нашиот Универзитет има соработка со универзитетот Темпи во Аризона. Дали Вие сте родени во Аризона? - Не, родена сум во Калифорнија, во градот Лос Анџелес. Но детството го минав во Сан Франциско. Студирав славистика на Факултетот за словенски јазици во Санта Барбара. Постдипломските студии ги завршив во Лос Анџелес, УКЛА. Потоа работев девет години во Вирџинија. Од 1992 година работам во Аризона. Очигледно се движевте во повеќе американски средини. Кое место Ви е таму најдраго? - Калифорнија, каде што се родив. Го обожавам Сан Франциско. Таму ми се и денес сите роднини и таму сакам да одам најчесто. Таму се наоѓаат највкусните ракчиња. И етничкиот состав во Сан Франциско ме привлекува: Кинези, Филипинци, Италијанци, Шпанци, сé е таму. Сето тоа го сакам силно. Со сите нив се чувствувам како дома, пријатно. Би се нарекле интернационалистка? - Со задоволство. И јас како да сум создадена од сите тие народи што ме опколувале од детството и понатаму. Дури како да правам споредба со кучето „монгрел“. Во гимназијата го научив латинскиот јазик и сакав да бидам класичар. Но кога го научив рускиот јазик ги засакав словенските јазици. Со професорот Хенрик Бирнбаум учев старословенски на постдипломските студии во УКЛА. Уште таму осознав дека современите јазици ми се попривлечни. Слушав еден краток курс за македонски јазик кај професорот Александар Албианич, пред петнаесет години, УКЛА, исто. И сега, по контактите со колегите-балканисти, можам да кажам дека македонскиот јазик ми станува привлечен и интересен, дури повеќе од некои други балкански јазици. Годинава престојуваше како постдипломка на универзитетот Темпи, Македонката Лилјана Митковска. Јас и помагав околу темата, но и таа мене ми помогна за одредени прашања од македонскиот јазик. Помошта очигледно беше заемна.
(продолжува) |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ошлис: Турцизмите му даваат шарм на македонскиот јазик
За разлика од нас Германците, Македонците го чуваат стариот добар обичај да се веселат при средбите со песни. Во Скопје имам пријатели. Тие се среќаваат во домашните градини и пеат. Тоа се добри комуникативни моменти „СТРАНСКИТЕ СЛАВИСТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ - ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ Охрид, 19.8.1994 година Колега Ошлис, кога Ве среќавам, а тоа се случува најчесто во Охрид, јас се орасположувам бидејќи првата мисла што ми надоаѓа тогаш е да запееме некоја вечер убава македонска народна песна. Да појаснам, Вие ги пеете нашите песни не само со љубов туку и со големо познавање. Вие нив поубаво ги интерпретирате од мене и интересно е што ме инспирирате за нивно заедничко исполнување. Кои Ви се најдрагите македонски песни? - Секогаш бев слаб по математика, не можам да ги избројам, но убаво се сеќавам на мојата прва љубов: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, некаде во 1975 година. Бидејќи редовно доаѓам на семинарот, секоја година си избирам по една нова, како на пример: „Земјо македонска“, „Го фатиле клети Турци“, „Не се бели Маре мори, не се црви“. Сега имам еден фаворит: „Елено ќерко, Елено ти една на мајка“. Во Германија имам пријател од Банат, Сепи, музиколог, кој зборува: „Македонија е многу интересна од музиколошки аспект“. И Кочо Рацин кажа дека песните за Македонија се здив за душата. Мене ме привлекуваат и новокомпонираните македонски народни песни. Не помалку ги сакам изворните. За жал, пред неколку години кај вас имаше една пауза, се појави наплив од американски и европски песни и музика. Колега Ошлис, Вие се јавувате често и во нашите информативни гласила? - Да. Имав и сопствена радиоемисија, еднаш неделно, во Охрид. На емисијата „Трета смена“, по полноќ, во придружба со охридската комова, држев говор на тема дали охриѓаните ја загубиле смислата за музика. Потоа се јавуваа многу слушатели и ми честитаа. Не сега, тоа е минато време. Македонците се повторно свртени кон сопствените музички вредности. Сега сте на 28-от меѓународен семинар, 1994 година. Што Ви е најпривлечно? - Повторно сум радосен. Во Македонија има нови фестивали, со нови песни. Во „Палас“ ги слушав песните од „Охридски трубадури“. Се сеќавам, пред петнаесетина години постоеше група со исто име, под раководство на мојот добар пријател Стефан Спростран. Знам дека нивните песни, инструменти, интерпретации, беа многу подобри од новокомпонираните. Тие излегуваа од душата. Некои од нив се звучни сведоштва и студии за Македонија: песната „1762 лети“, песните за Гоце, за Крушевската Република. Меѓу поновите песни се најдоа „Солунските браќа, славјански сонца“ или „Каде сте Македончиња“. Некои од новите се модернизирани, според старите шаблони. Во новите наоѓам и преродба на старите зборови, можеби честопати потценети како турцизми. Како пример да ја истакнам песната „Тој е еден стар мераклија, стар џумбушлија“. Тоа се прекрасни стари народни зборови. За мене сите овие зборови од македонскиот фолклор се интегрален дел од македонскиот јазик. Овие турцизми му даваат шарм на македонскиот јазик. Во другите словенски јазици нема толку голем избор. Мислам дека преку новите песни многу стари зборови се враќаат во јазичното богатство на македонскиот јазик. Тоа е една од предностите и аргументите за новите песни. Колега Ошлис, и со ова интервју гледам дека не направив пропуст, поставувајќи Ви го првото прашање. Од него потече река од Вашите интереси кон македонскиот мелос. Не случајно долги години уживав во Вашите интерпретации на нашето музичко народно творештво. Сепак немав претстава колку суштински сте му пришле. Имате ли избрано една „песна над песните“? - Иако е тешко, но би се определил за песната „Елено ќерко, Елено“. Дали песните Ви помогнаа при совладувањето на македонскиот јазик, кој убаво го говорите? - Сигурно. Тие ми помогнаа во повеќе насоки. Песните се и еден интегрален дел од семинарските вежби. Тие се средство што ги поврзува семинарските вежби. Тие се средство што ги поврзува семинаристите од разни земји. Штом седнат со македонско вино, пеат македонски песни. За разлика од нас Германците, Македонците го чуваат стариот добар обичај да се веселат при средбите со песни. Во Скопје имам пријатели. Тие се среќаваат во домашните градини и пеат. Тие се добри комуникативни моменти. Кога ќе ја запееме „Проклета да е Австралија“, веднаш зборуваме за прекуокеанските Македонци, за македонската печалбарска судбина. Кога ги подготвував моите емисии за Германија, правев интервјуа. Го поставував прашањето: „Дали плачете кога ја слушате песната ‘Каде сте Македончиња?’. Сите одговараа потврдно. Значи, заборави го секој јазик што не е способен за пеење и фали го јазикот толку распеан како македонскиот. Ова важи и обратно: „Ако сакаш да научиш македонски, тогаш запеј“. Колега Ошлис, кога го поставив првото прашање, мислев дека тоа треба да е еден вовед кон другите традиционално поставувани прашања. Меѓутоа согледуваме и двајцата дека тоа е достапно и за еден поголем труд. Вие имате едно комплетно видување за македонскиот јазик, македонскиот фолклор, литература, култура. Вие нé познавате нас, нашата Република Македонија. Како нé восприемате сите нас, Ваши пријатели? - Јас не знам дали имам толку пријатели, но колегите знаат дека јас сум стручњак за Македонија, јас сум љубител на оваа земја. Пред три-четири години нашите луѓе не знаеја многу за Македонија. Тие мислеа дека Македонија е Грција, а Филип, Александар - беа едно бело платно. Меѓутоа, во меѓувреме луѓето во Германија, Европа, знаат дека на едната рака ја имаме лудницата Балкан, а на другата рака - оазата на мирот Македонија. Сите сме заинтересирани да ја откриеме суштината што е Македонија, како успеа да биде ваква каква што е, што можеме да направиме таа и понатаму да остане мирна. Живеам во Келн, со четири големи радио станици, и бидејќи сум новинар професионалец, ме бараат, а и самиот предлагам теми поврзани со Македонија. Оваа 1994 година имам можности секој ден да правам по некоја емисија: попис, односите со Грција, МПЦ, нејзините односи со СПЦ. И не само јас, туку и другите мас-медиуми дејствуваат на свој начин. Имате подолго искуство со нашите семинари? - Прв пат дојдов во 1975 година, потоа во 1978, оттогаш доаѓам редовно. Но има една разлика. Порано бев гостин на Југословенската Република Македонија, а сега сум гостин на суверена држава - Република Македонија. Во март годинава, Вашиот претседател, господинот Киро Глигоров, беше во Бон. Јас му поставив едно прашање: „Господине Глигоров, не мислите ли Вие дека Охридскиот семинар е најдобрата инвестиција што Македонија ја направила?“ Тој ми одговори: „Да, Вие сте нашите амбасадори!“ Тогаш во Бон се насмеавме, но навистина се чувствував како неофицијален амбасадор на Македонија во Германија. И бидејќи „се сум свикнат да работам за фиока“- се трудам да ја проширувам вистината за Македонија. (продолжува) |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Охрид, 25 октомври 2006 година
Вие сте познат славист, со одлично познавање на јужнословенските и други јазици. Последниве години Вие сте наш гостин на семинарот за македонски јазик, литература и култура. Би сакале да дознаеме повеќе за Вас, особено за Вашиот развој во младоста? - Родена сум во малото гратче Љепељ во Белорусија, во семејство на учител, на 30 март 1952 година. Кога имав токму дванаесет години татко ми доби служба во големиот град Полоцк, каде што се преселивме целата фамилија. Овој град има богата и славна историја, тој е културен центар на Стара Белорусија. Прочуен е по просветената дејност на свети Јефросинија Полоцка од 12 век, Франциска Скорина од 15 век, Симеон Полоцки од 17 век. Ова место има голема традиција на словенска култура и не случајно се заинтересира за историјата и современата состојба на словенството. Матурирав во 1969 година и се запишав на катедрата за славистика на Филолошкиот факултет во Ленинград. За основен јазик го одбрав српскиот. Во рамките на меѓународната размена во 1970 година пристигнав во СФР Југославија. Во Белград ги продолжив студиите, на групата - српски јазик и југословенски книжевности. Таму првпат почнав да учам македонски јазик. Овој предмет го слушав кај строгиот но многу добар славист, Воислав Илиќ. Книжевност слушав кај истакнатиот специјалист и истовремено голем човек - професор Слободан Марковиќ. На испитот по македонски јазик ја изрецитирав песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, која ја имав напишано уште во Москва. Професорот Илиќ беше трогнат од моето познавање на песната, како еден студент од Москва ја научил оваа песна, и добив оценка осум. Тој ден оваа оценка беше најголема во групата студенти што го полагаа испитот. По завршените студии во Белград, се вратив во Русија. Во 1975 година запишав постдипломски студии кај истакнатиот славист Николај Кравцов. Посебно се занимавав со руско-југословенските книжевни врски. Како теза ми беше определен насловот „Творештвото на Михаил Шолохов во Југославија“.
Каков е Вашиот денешен статус и биланс? - Денес работам на Филолошкиот факултет во Москва. Од 1994 година ги предавам сите курсеви по македонска литература, од средниот век до денес. Предавам и историја на критиката, како и македонска култура. Порано систематско проучување на македонската литература не постоеше. Јас составив програма на концептуално проучување на македонската литература.
Дали соработувате со други слични институции? - Соработувам со Руската академија на науките. Автор сум на повеќе студии за македонската литература во репрезентативни изданија на Руската академија на науките, како на пример, во „Историја на литературата на Западните и Јужните Словени“ (во три тома), потоа во „Литературата на Источна Европа по Втората световна војна“ (во два тома). До денес објавив над 100 научни труда, меѓу нив две монографии. Ја објавив и книгата „Студии за македонската литература“ издадена во „Дијалог“, во Скопје 2005 година.
Присутни сте на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Какви се Вашите впечатоци? - Јас сум редовен посетител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Благодарение на тој семинар имам можност да го слушам живиот македонски збор, да слушам стручни предавања, да се запознаам со колегите од Македонија, со македонските писатели, со што ја запознавам подобро Вашата литература. Еден од најдобрите впечатоци ми беше посетата на куќата на Лилјана Минова-Ѓуркова во Охрид, куќа што до ден-денес го задржала духот на Григор Прличев. Тогаш почувствував нешто многу карактеристично за Македонците, почит и љубов кон својата историја, желба да се придржуваат кон својата историја, желба да се придржуваат кон родната почва. Од голема полза ми беше контактот со Милан Ѓурчинов, Блаже Ристоски, Гане Тодоровски, Георги Сталев, Томислав Тодоровски, Вера Стојчевска-Антиќ, Веле Смилевски, Ката Ќулавкова. Покрај тоа, на семинарот се запознав со колеги од други земји: Иван Доровски, Влодимјеж Пјанка, Волф Ошлис. Мошне драги се контактите со славистите Максим Каранфиловски, Димитрија Ристески. Навистина нивниот број е голем, не можам да ги спомнам сите, но имав многу драгоцени контакти со мнозина од нив. Исполнета сум со нив и професионално, но и приватно. Ме импресионира и човечката страна. Стекнав добри колеги пријатели, Роза Тасевска, Емилија Црвенковска, Толе Белчев, Весна Мојсова. Ги има уште многу, добри по душа и широки со срце. Македонците се природно добри, отворени, интелигенти, народ што си ја сака својата земја. Ова убедливо го демонстрира и македонската литература.
(продолжува) |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме изненади сега! Ако Охрид е аристократски град и во неговите граѓани тече сина крв, зарем е за чудење што се наоѓаат толку многу учени?! Има Охрид многу учени, ама има и многу вулгари!
Л-то не е меко пред секоја самогласка. Обично е меко пред у, пример во Л(ј)уба, л(ј)уге, вел(ј)ам...... Ако ставаш секаде меко л, тоа нема да звучи македонски, туку македонски со албански изговор. Лјопата, лјектира, лјуксуз, лјастовица, .....или по комунистички љопата, љектира, љуксуз, љастовица, љитературно... Прости, требеше да бидам попрецизен. Изменето од Platenik - 18.Декември.2011 во 13:29 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе брат не знаев дека Охридов родил толку учени деца...
од сега ќе употребувам меко Л! за да зборувам литерАтурно |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога ќе се најдеме тета тет, односно лице влице, ќе си зборуваме на стариот, охридски, аристократски јазик.
Вака на официјални места, мислам дека е потребно да комуницираме на литературен (според тебе комунистички) македонски јазик. И да се придржуваш до него, ама без наводници, така треба. Може љ-то да не небиде љ, туку меко л! Нешто повеќе како споени гласови меѓу л и смогласка, отколку како српското л и ј! Во зборот бугарофили, л-то е тврдо, а не меко! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брату со тебе треба да се зборува литерАтурно...
јас со бугарофиљи не се дружам.... јас си го сакам македонскиот литературен (комунистички јазик) и како и до сега та и понатаму ќе се “придржувам“ на неговите литературни форми... го знајш она за Кичево: (мислам на акцентите) го застанвит џандароф и му викат: Дечко дан имаш пИјано? а овај му викат; не бе гИтара има дома... и т.н. ... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прав си, нема што повеќе да правиме муабет.
Кога ќе одам во Скопје, не само кај Ченто, туку ќе се поклонам пред сите споменици кои се таму наредени. Нема да ми претставува некој напор. Не те разбрав за тоа комунистите? Велиш од колено си по таа идеологија? И да е така, ќути. Не е време за експонирање, таа идеологија не е коњуктурна моментално. Искрен да бидам, мене темниот вокал, ама воопшто не ми недостасува. Нетреба да живеам во Скопје за да го учам литературниот македоснки јазик. Тоа важи за секој еден Македонец, безразлика каде се наоѓа треба да го зборува литературниот јазик. А домаму и на улица кој како сакат! Ради твојот коментар дека сум се одродил од Охрид, “дремка не ме фати“, цела вечер. Туку и вака “одроден“ си го сакам Охрид. Шо да прам, си имам ногу убај љуге таму и ко џа роднини. Ама ко ќе ми текнит пак колку зимбили шетет во градон, м’ка ме фашчат. Си вељам, з’ш се љугево такви, з’ш да бидит така?! А ре шо туку клапунисваш, какво Тушемишче, ќе се качам горе Коиснко или Велесто....немат нешчо поубо от то, по кавал ќе свирам, с’нце да зајдвит, ја да умирам. Не ми кажа, дан се дружиш со Љупча Куртеља и со Нанчено? |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
..............
немат шо да прајме појќе муабет... кај Ченто помини... п.с.
Ти фалит Ъ ... ти мојш да кажвиш за “лигавиот метрополски јазик“.... а јас от комунистите сум е хеееее..... от дедо прадедо.... брат ти одроден си от Охрид... џабе си роден тука...
Ти излези на пенџере да го видиш Тушемишче.... ко ќе е убо времено а во метрополата учиго јазикот на иднината, зш ко ќе ојш пар Поградеци... да мојш скопско да си порачаш... п.с. Кај Ченто да се поклониш.... од мене аманет... Изменето од Tetratka - 04.Декември.2011 во 15:29 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тетратка,
Незнам зошто ги вулгаризираш работите и ги сведуваш се на ниво на идеолошка, политчка основа?! За каков србизам зборуваш бе човек? Каде ти виде во моите постови дека сум употребил барем еден србизам или сум ја бранел српската или србокомунистичката политка во Македонија?! Јас и ти суштински се разликуваме по однос Македонија, македонскиот јазик, култура и државност. Да појаснам! Македонија е над се! Ниту една личност, идеја, политичка опција или интересна група несмее да се стави во функција на туѓи интереси и да биде против интересите на македонскиот народ и држава. Постојат некои работи кои едноставно не се за дискутирање, без разлика која политчка алтерантива е на власт. За суштинските прашања потребен е консензус и од донесените решенија нема отстапување. Црвена линија, капиш?! Развојот на Македонија во времето на социјализмот под “елитата“ на СКМ го гледам само како една историска фаза. Приликите налагале Македонија да помине низ таа фаза да извлече најмногу што можела да добие. Се разбира пред се е тоа државноста, па после се што следи од тоа. Образование, институции, академии, медиуми, публикации, стандардизирање на јазикот, власт.... се што му е потребно на еден народ. За да се постигне се погоре споменато македонскиот народ требал да поднесе големи жртви, целосно како народ и како поединци. Жртвите биле огромни и непроценливи. Сите оние кои го положиле животот за Македонија, без разлика на која политичка опција им припаѓале мора да си најдат место во македонската историја и соодветно бидат ликувани. Имајќи наум дека Македонија е над се, тогаш неможам да чувствувам грижа на совест дека Македонија ја има стекнато својата државност во текот на социјализмот, а независноста по неговиот распад. Целта е постигната во името на оние кои, праведно или не, го изгубиле својот живот за Македонија. Кој работи и греши, а грешките ќе ги критикуваме, ама добрите работи ќе ги пофалуваме и врз истите ќе ја градиме иднината на Македонија. Да се плука по Македонија само ради тоа што таа ја стекнала својата целокупна афирмација во еден политчки неподобен систем сметам дека е непотребно. Неможам да сносам ниту морална, ниту кривична одговорност за делата на некои предходни генерации, кои ја постигнале целта. Ниту сум бил роден во тоа време, ниту сум можел да бидам учесник. Како и да е, социјализмот е мртов повеќе од 20 години, (не сум убеден дека нема да воскрсне гледајќи ја голбалнава економска криза, но тоа е друга тема), па сега никој не ни стои (сем истите играчи од 1913 година) на патот да ја градиме иднината на Македонија, а не минатото. Прашуваш за кого биле тие жртви?! За Македонија, за таа една и едниствена татковина која на овај или онај начин им овозможува на Македонците да се Македонци и ништо друго. Ако некому му пречи Македонија таква кава што била, е и ќе биде, тогаш тој треба отоврено да се запраша што е тоа што му пречи и кои се неговите мотиви. Владимир Перев дува и во истата шупелка како и Љупчо Куртелов, Драги Каров, Виктор Канзуров, Младен Србиновски, Миле Неделковски, Владимир Панков(ски), Трендафилови...... Незнам дали по некоја случајност реториката од типот на србокомунситичките банди, УДБА-шите, србизацијата, темните вокали, Мара Бунова.... ме потсетува на твојата. Инаку сум атеист по убедување. Се надевам дека тоа нема да ми го сметаш за зло или ради тоа да ме на правиш помаклу Македонец. Комунистот, фашистот, вмровецот, атистот, верникот неможат да бидат поголеми или помали Македонци. Сите се Македонци, само имаат рзлични сваќања како треба да се гради иднината на Македонија. Реков иднината на Македонија, не Бугарија, не Србија и не Грција! Па ако се пости немора да се јаде бурек со месо и свинска маст, може да се јаде посен бурек со урда. Како и да е свеж бурек кај Јанко. Аре шон кажиш дек си от Охрид? Од кј си, од Варош, Месокастро, Кошишча... или можит от кај присовјанцине или влашка мала. Аку не е тајна, се разбират? Ама ќе да си член на ВМРО-Народна, на Љубчо. Локал патриотизмот е многу погубен концепт. Те остава затворен, зачаурен, самобендисан. Отвори го пенџерчето, да ја проветриш одајата и да го зголемиш видокругот. Метрополата ќе си остане метропола,сакал ти или не! Изменето од Platenik - 04.Декември.2011 во 05:41 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се комунистичко в шахта, писмо, јазик итн ... Ти се гледа акълот и македонштината кога ми величаш вештачки јазик изваен од газ пред 50 години од комунистичка антимакедонска рака и ми омаловажуваш неизвалкан македонски дијалект стар стотици години, засрамота, ако си мислиш дека си некој патриот и чувар на македонштината под тешка илузија си.
Изменето од DragancoLeskoec - 03.Декември.2011 во 21:22 |
||
Внеси реплика | страница 123 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |