|
Опаѓање на коса |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
sashozs
Нов член Регистриран: 15.Јуни.2016 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Јуни.2016 во 23:23 |
Проверено ефикасен лек за косопаст (косопасец, косопад) од видот Alopecia Areata (косата опаѓа во кругови на едно или повеќе места)
https://www.facebook.com/rap1dshop/posts/257749517946992 или https://kosopasec.wordpress.com/ |
|
Aleksandar844
Нов член Регистриран: 25.Август.2015 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од каде го купи ласерскиот чешел и која цена е?
За миноксидилот знам дека е неверојатен за раст на коса и нема толку страшни несакани ефекти, а за финастерид знам дека е поопасен, а и кај нас го има само како апчиња и тоа од 5 милиграма, но не сум слушнал за рогаинот...Што е всушност тоа? |
|
imeto
Нов член Регистриран: 24.Април.2014 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И мене многу ми е косата изретчена, мислам дека многу ми има паднато која е причината не знам но ме фаќа страв понекогаш кога ќе мислам на тоа...
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И друго, мислам малку и самите претеруваме со шампони, регенератори, маски, ампули, спрејови, фарби... се за појака и поиздржлива коса и на крај РЕДОВНО ја пегламе и фенираме, ставаме гелови и пени... нели е премногу за една коса???
Затоа нашите баби имаа густи коси до половината- а користеа само сапун домашен „самварен“ а ја миеја косата еднаш неделно |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опаѓање на косата подолго од 6 недели нема врска со есента
За нормално опаѓање на косата се смета губење од 30 до 80 влакна на ден Доколку ви паѓа косата подолго време, најчеста причина за тоа е недостаток на цинк или нерамнотежа на хормони. Причина за губење на коса во есен е реакција на засилено изложување на сончева светлина во текот на летото, поради што и хормонот за растење коса засилено излачува. Така косата побргу расте за време на летото, а подоцна засилено опаѓа, додека циклусот на хормонската рамнотежа не стигне до крајот. Затоа во септември и октомври се формираат нови фоликули на местата каде што влакната паднале, а многу бргу од нив почнува да расте млада коса. Оваа фаза на засилено опаѓање на косата трае околу четири до шест недели, а ако продолжи опаѓањето, тоа е знак дека треба да побарате помош од стручно лице. Доколку сакате да проверите колку ви опаѓа косата, направете тест. Косата не треба да е миена три дена. Ставете ја дланката со раширени прсти директно на темето. Цврсто затворете ги прстите и потоа пуштете ги да се лизгаат од коренот на влакното се до самите врвови. Влакната што паднале, ставете ги на хартија. Ако на хартијата има помалку од 10 влакна, тогаш вашата коса не опаѓа засилено и немате причина за грижа. Доколку на хартијата се најдат од 10 до 15 влакна, веројатно станува збор за сезонски процес на губење коса. Ве советуваме веднаш да започнете со употреба на витамини и минерали кои ќе го намалат проблемот. Ако на хартијата има повеќе од 15 влакна, тогаш дефинитивно станува збор за засилено опаѓање на косата и веднаш треба да започнете со локални третмани и да проверите дали опаѓањето е предизвикано од некаков здравствен проблем. Во просек, и мажите и жените губат околу 30 до 80 влакна на ден, и се што е над оваа бројка се смета за претерано губење. Косата може да опаѓа како нус појава на лекови, поради промена на хормонска рамнотежа, механички оштетувања или недостаток на цинк. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАСЛЕДНО ГУБЕЊЕ НА КОСА КАЈ ЖЕНИ
Иако се смета дека опаѓањето на косата е претежен проблем кај мажите, се покажа дека тој податок не е точен и на големо разочарување веќе и кај жените опаѓањето на косата е зачестено. 40% од жените имаат видливо проретчување на косата до 40-тата година, според Американската Академија за Дерматологија. Губењето на косата кај жените е вознемирувачко и деструктивно за емоционалното здравје и за самодовербата. За жал, општеството ги принуди жените да страдаат во тишина! Генерално е прифатено дека мажите поминуваат низ тој процес на ќелавење. За уште поголемо жалење е што и медицинската заедница обрнува малку внимание на проблемот со губење на косата кај жени. Поради тоа што губењето на косата не е состојба загрозувачка по живот, докторите често ги занемаруваат поплаките на жените за интензивно опаѓањето на косата и во основа им објаснуваат дека * не е страшен проблем* или дека * ќе треба да се навикнат да живеат со тоа*. Секако овие доктори не земаат во предвид дека психолошката штета предизвикана од губењето на косата и чувството на изгубена привлечност е деструктивно и фрустрирачко како и било која сериозна болест, и дека всушност може да биде емоционална основа која директно може да го афектира физичкото здравје. Американската Асоцијација за проблеми со губење на коса ( American Hair Loss Association) препознава дека опаѓањето на косата кај жени е сериозна состојба која им го менува животот на жените и не смее да се игнорира повеќе. Андрогената алопеција, нарекувана машка или женска наследна ќелавост до последните неколку декади беше само делумно проучена и разбрана. Многу долго научниците веруваа дека причината за опаѓањето на косата е предоминацијата на машкиот полов хормон, тестостерон, кој и жените нормално го имаат во минимални количини. Но, додека трстостеронот е јадрото на процесот на ќелавење, дихидротестостеронот сега се смета за главниот виновник. ДХТ (дихидротестостернонот) се создава од тестостеронот со помош на ензимот 5-алфа редуктаза. Научниците сметаат дека нивото на ДХТ кој се врзува на рецепторите на фоликулите на влакното на скалпот е пресудно за опаѓање на косата. ДХТ ги минијатуризира фоликулите на влакното и оневозможува формирање на здраво и квалитетно влакно. Косата ослабнува и со текот на времето трајно се губи. Овој хормонален процес на конверзија на тестостеронот во ДХТ, кој ги оштетува фоликулите на влакното, се случува и кај мажите и кај жените. Во нормална состојба, жените имаат само мал фргамент од нивото на тестостерон кој го имаат мажите. Но и ниски нивоа на ДХТ може да го предизвика опаѓањето на косата кај жени. Тука во игра влегува генетската предизпозиција која се манифестира преку осетливоста на фоликулите на валкнтото на ДХТ поточно на бројот на рецептори за ДХТ. Гените се пресудни во најголем број случаи за појава на ќелавење кај жени. Исто така нормални нивоа на ДХТ можат да предизвикаат опаѓање и кога имате тип на хемија на телото која е преосетлива и на нормални нивоа на супстанци, вклучително и хормони. Секако кога нивоата на тестостерон ќе се покачат ДХТ се покачува и е уште поголем проблем. ДХТ нивоата можат да бидат покачени но да бидат и во рамките на она што докторите го сметаа за нормални гранци на тестовите, но и тие нивоа можат да бидат доволно високи за да предизвикаат проблем со опаѓање на косата кај жени. Многу битно е да се нагласи дека хормоните функционираат најдобро кога се во деликатен баланс, па машките хормони и не мора да бидат покачени за да предизвикаат проблем кај жените. Нивните спротивни хормони, женските хормони, може да бидат снижени и тогаш доминантно дејство имаат машките хормони меѓу кои и ДХТ. Таков дисбаланс исто така предизвикува проблеми а еден од нив и губење на косата. Полицистични јајници, одредени контрацептиви, бременост и менопауза може да бидат причина да почне проблемот со косата. Опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од дисбаланс на тироидни хормони, бременост, заболувања, одредени лекарства кои може да влијаат на фазите на раст и опаѓање на влакното. Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе. Хормоните се циклични. Нивоата на женските хормони се намалуваат како што се ближи менопаузата и после неа. Цикличната природа на нашата коса и хормоните е една од причините поради која опаѓањето на косата може да се зголеми за кратко време дури и кога имате долгорочно намалување на губењето на косата ( и долгорочно зголемување на растот на косата) додека сте на третман кој го контролира опаѓањето на косата. Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе. Разбирањето на причините кои доведуваат до опаѓање на косата кај жени е предуслов за успешно планирање на третамнот и ефикасно постигнување на резултати. Третамните за стопирање на губењето на косата во центарот за проблеми и нега на коса 101 ХЕАР КЕАР се насочени кон блокада на дејството на *виновникот* за опаѓањето, ДХТ. Производи со хербални екстракти кои имаат регулаторно дејство на ДХТ се неопходни. Понекогаш се потребни фитоестрогени кои ќе ја помогнат активноста на женските хормони кои се природна заштита на косата. На тој начин суптилно се помага во нормализирање на деликатните нивоа на хормони на ниво на скалпот, без никакви системски нус појави. Топичен третман, само на кожата на главата е секогаш подобар и посигурен избор кај жени. Правилниот избор на производи е основа за да се продолжи со планирање на биостимулацијата за повторен раст на косата. Колку порано се почнува со третман толку се подобри резултатите. Долгогодишното траење на проблемот со косата доведува до трајно уништување на корените и неможност за повторен раст на косата. Навремено почнување со биостимулативни третмани овозможува оптимален раст и максимални ефекти за згуснување на косата. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Мартин-29
Нов член Регистриран: 05.Септември.2012 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Бидејки сум прв пат на овој форум, а веке долго време го проучувам проблемот со опаѓање на костаа, би саал да дадам неколку битни информации кои сметам дека ке ви користат на сите. Кај нас мажите, овој проблем е и те како присутен, читајки и анализирајки по форумите и достапните податоци по нет сватив дека секое второ машко има проблем со опаѓање на косата, и целата таа ситуација ако имаш среќа и не ти паѓа косата тогаш сигурно имаш проблем со седа коса. Значи, природата некако не ни е баш од рака)))) Поентата на проблемот со опаѓање на коса кај мажите пред се е резултат на тој нашиот тестостерон. Всушност тестостеронот под дејство на ензим познат како 5-алфа редуктаза, го менува тестостеронот во нашиот организам и го претвора во ДиХидроТестостерон (ДХТ). Е овој е тој лош тестостерон кој директно се лепи за корените на нашитле влана и полека но сигурно го блокира дотокот на крв, а со самото тоа и на кислород, и сите потребни хранливи состојки со што самото влакно полека, преминува од фазата на раст позната како (анагена фаза) во фаза на опаѓање позната како (телогена фаза). Ова е случај кај 99% од машката популација која има проблеми со опаѓањето на косата. Денес можете на пазарот секодјневно да сетнете илајдници ЌлековиЌ препарати, апчинја, и што уште не... Проблемот е што ретко кој од нив дејствува... Можни решенија.. Постојат две опции (кога зборувам за можни решенија мислам само на препарати кои се клинички докажани и тоа од страна на референтни лица или институции).. првото можно решение е секако синтетиката, хемикалиите спакувани у она што се вика Миноскиидил, Финастерид и Рогаин...(лично никогаш не би користел вакви препарати, прво затоа што сум човек кој и опонира на хемиските и токсични препарати а второ затоа што откако прочитав какви се споредни ефекти може да имаат овие препарати на официјалната њеб стана на ФДА (американсата агенција за лекови и храна ) косата ми се крена!!))) Втората опција е природните препарати..е јас се одлучив за нив, веке 2 година си нарачувам вакви производи во комбинација со ласерски чешел кој е клинички докажан дека дејствува, и супер ми е, косата не ми паѓа.. многу е грдо чуството кога ке ти паѓа косата и кога ке знаеш дека ако не го запреш тоа еден ден повеќе ке немаш коса..тоА ЧУСТВО убива.. сега за сега е доволно.. на оваа тема можеме да дискутираме и тоа на долго..толку години го истражував ова.. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
опаѓање на коса...би рекла широк поим ...за да се дојде до причината ...треба добар опис на влакното , начинот на одржување , начинот на опаѓање , како и податоци околу годините , зрелоста , наследството...итн
има природно опаѓање ... ете проблеми околу хормонскиот дисбаланс дава ,,округло ,, опаѓање на глава се согледува кругови на ќелавост од опадната коса во таа регија... никој не го спомнува чистиот ВИТ Е кој и те како го средува тоа... |
|
Strong_girl
Нов член Регистриран: 06.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам која е другата причина што влијае на опаѓањето на косата кај мене. Можно е да се женските хормони. Уште нив не ги имам проверено. Крвната слика ми е во ред, тироидната жлезда, работата на срцето, забите..., се' е ок. Планирам наскоро да ги испитам и хормоните, па ќе видам дали е до нив.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мора да постои нешто што се одразува на косата,квалитетно влакно кажува колку е добро здравјето.
кај мене е генетски,а другата причина веројано се крајниците бидејќи се друго е ок само со нив имам проблем. Само не ми е погодно време сега да ги вадам ќе почекам малку |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Strong_girl
Нов член Регистриран: 06.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај мене проблемот е и на генетска основа и од стрес. Имам голем, сериозен проблем и многу сум загрижена. Мене минатата есен драстично ми се намали волуменот на косата, многу ми се изретчи. Се плашам да се погледнам во огледало Преокупирана сум со тоа, не можам да се опуштам, да мислам на убави работи, не ми се излегува како порано... Многу е скапо, но ќе се потрудам да најдам начин да си ги дозволам третманите, зашто во спротивно ќе останам без коса
Кај тебе од која причина е опаѓањето на косата? |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Виталиа ли е чајов....ке бидам Шабан Шаулиќ во главава
Опасно ми опаѓа |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не си го дозволив..можеби кај тебе се рабори за нешто друго Требаше три месеци да примам терапија која чинеше околу 600-700евра и ако сакав на две недели ласерски третмани тие беа околу 20евра од третман. На контрола после терапија,ако има потреба се продолжува. Преглед беше 1800ден,има ли измени во цената сега |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Strong_girl
Нов член Регистриран: 06.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пиеше чај од ѓумбир или...? Какви масажи правеше? Ти се реши проблемот со тоа што престана да ти паѓа косата или имаше и подобрување-растење на нова коса, нови влакна? |
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |