IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Инфекција на уринарни патишта
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Инфекција на уринарни патишта

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Инфекција на уринарни патишта
    Испратена: 31.Август.2014 во 12:08
Еве еден ефикасен. а природен лек за бактерија во бешика (ешерија или како се вика)
10 чешниња лук ситно се сецкаат и се додаваат на 1 л. бело вино.Тоа треба да проврие,па да се олади и да престои 24 часа во фрижидер.Се зима по едно чашче од ракија секое сабајле на гладно срце.
Тие што го употребувале,викаат дека бактерија успешно се губи за месец денасреќа
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:47

Инфекции на уринарниот тракт


Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање.

Инфекциите на уринарниот тракт се на второ место по зачестеност, веднаш по инфекциите на респираторниот систем. Од нив, најчесто се појавува воспаление на мочното бабуле- циститис, од кој заболуваат околу 2% од помладата популација и над 33% од повозрасните. Најзагрозена група се сексуално активните жени, на возраст од 20 до 50 години.
Жените се поподложени на развој на инфекцијата,10 пати повеќе од мажите, а причина за ова се анатомските предиспозиции. Жените имаат покуси мочни канали и помало растојание од мочниот отвор до анусот.

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање, проследено со пецкање. Анализата на урината може да покаже покачени леукоцити и присуство на еритроцити. Се прави уринокултура за да се одреди најефикасна антибиотска терапија.
Во повеќе од 90% од случаите на циститис , причинител е бактеријата ешерихија коли ,која природно живее во цревата и е дел од нормалната цревна флора. Поради близината на мочниот отвор и дебелото црево, оваа бактерија лесно стигнува до бабулето. Одредени фактори можат да придонесат за појава на воспалението, на пример, синтетичката долна облека, тесните панталони, долгите бањања во када, како и неправилното бришање при одење во тоалет (од анусот кон вагината). Ризикот од воспаление го зголемува и стресот, болестите што го ослабнуваат имунитетот и недостигот на естроген кај жените во менопауза. Причина за инфекција може да биде и половиот однос. Се препорачува веднаш по односот празнење на мочното бабуле.
Кај циститисот може да дојде до појава на крв при крајот на уринирањето. Покачена температура , болки во грбот или во слабината може да укажуваат на проширување на инафекцијата и на бубрезите.

СИМПТОМИ

-зачестено уринирање

-пецкање и болка

-промена на бојата на урината

-повремена појава на крв во урината

-непријатен мирис на урината

-чуство на притисок во карлицата

-болка во долниот дел на грбот

-умор и температура

-треска



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Aureus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Статус: Офлајн
Поени: 108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aureus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2013 во 14:05
Веројатно уште се залекува процесот, дај му време.
Кон врв
Leonarda_013 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Leonarda_013 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2013 во 12:36
Здраво дечки! Имам интересен проблем... Долго време "наводно" боледував од хроничен цистит, си пиев лекарства и увин чај. Пред некој ден направив анализа на мокрача и тестот се покажа негативен во секој поглед. Ни крварење, ни менување боја, ни миризба... немаше никаква бактерија во неа! Ме интересира на што се должи моето пецкање и мокрење?!? ...
Сигурно и некој друг имал вакво искуство, би сакала да ми каже нешто околу тоа!
Фала другари
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 21:58
Уринирни инфекции
PDF Испечати Е-пошта

Уринарните инфекции се најчесто бактериски инфекции на бубрезите, мочните канали и мочниот меур. Тие предизвикуваат често и болно мокрење, пецкање при мокрење, често се проследени со ноќно мокрење, како и болки во карлицата и грбот. Урината може да биде заматена или со траги од крв. Жените почесто заболуваат од воспаление на мочниот меур поради пократката уринарна цевка и по сексуални односи. Користењето на спермициди, интимни парфеми и пени за капење можат да ја повторат инфекцијата. Во време на инфекција треба да се внимава на исхраната, да не се користи шеќер и рафинирани јаглени хидрати, затоа што бактериите со нив се хранат, и да се пијат многу билни чаеви. Најдобро средство за подобрување на имунитетот против уринарните инфекции, на билна основа, се Doctor's Urosept таблетите.

Уросепт таблети
ImageЕфикасна и комплетна природна комбинација од билни екстракти кои делуваат како уринарен антисептик со јако антибактериско дејство. Препаратот штити од воспаление на уринарните канали, ја зголемува диурезата и киселоста на урината  Употреба: при првите симптоми 4 х 1 таблета дневно со многу течност. Превентивно 2 таблети на ден со или по оброкот.

 

 

 

ImageБрусница (Vaccinium Vitis Idaea) - Содржината на фенолни гликозиди арбутин и метиларбутин (кои со хидролиза преминуваат во хидрохинон и метилхидрохинон), потоа кон ден зирани тамини 2-5 %, флавоноиди, органски киселини го овозможуваат ефикасното урантисептичко, диуретичко и адстрингентно дејство. Брусницата се применува кај сите воспалителни процеси на мочните патишта и цистит, нефрит, пиелоцистит како и при камења во бубрезите и мочниот меур. Антибиотското дејство на брусницата е докажано со спречување на инфекции на урогениталниот тракт особено ја отстранува бактеријата Ецхерицхиа Цоли.

Мечкино грозје (Uva - Ursi) - Лековитите својства на мечкиното грозје потекнуваат пред се од фенолните гликозиди арбутин и метил-арбутин кои во базна средина се распаѓаат во хидрохинон со јако антибактериско дејство. Содржината до 34% на елаготанин, флавонски гликозиди (мирцитрин, алантоин) витамин С и др. го овозможува одличното диуретичко и секако уроантисептично дејство и смирување на воспалената слузокожа. Се применува кај инфекција на мочен меур, камен во бубрези и задршка на течности во организмот (отоци).

Equisetum Arvense - Коњски опаш или раставич е многу богат со силикатни материи (повеќе од 10%) особено СиО2 (силициум диоксид), витамин С, флавонски гликозиди (изокверцетин, галутеолин, еквизитин), сапонини, алкалоиди, танини, разни минерали особено К, Си. Коњскиот опаш е уринарен антисептик, епителизант, диуретик, профилактик, антихеморагик. Делува на диуреза на вода (исфрлање вишок од организмот). Примена: инфекција на мочен меур, камен во бубрези, камен во жол чка, отоци. Врши реминерализација на коскениот систем и косата Затоа успешно се дава кај остеоартритис и алопеција. Присуството на калиумоиви соли е особено благопријатно за бубрезите, олеснува болки, хронични тегоби, помага во елиминирање на песок и талог од бубрезите.

Магдонос (Petroseliuum Sativum) - По брусницата најпрепорачано средство против инфекција во мочниот меур (цистис) и камен во жолчка и бубрези е секако магдоносот како добар диуретик, антимикроб, спазмолитик. Неговото етерично масло е богато со апиол, витамин С, до 12% каротин и др.

Бреза (Betula Alba) - Позната е по своето лековито дејство на бубрежни болести, како воспаление на бубрези (ренит и нефрит), воспаление на уретер (уретрит), воспаление на мочниот меур (цистит). За ова дејство заслужни се присутните алкалоиди (хиперозид, кверцитрин, мирцетин и др.), етерично масло, сапонини, танини, витамин С и др. Поради тоа брезовиот лист е потполно природен и благ елиминатор на течности и ја доведува до рамнотежа и правилна распределба целокупната тежина на организмот. Покрај диурезата, брезата успешно елиминира поситни форми на камења и песок од уринарниот тракт а кај постоење на поголеми камења и тогаш ги ублажува болките и антибиотски делува на инфекцијата. Подобрува размена на материи, елиминација на токсини, бактерии и штетни метаболни продукти.

Зајачев трн (Onouis Spinosa) е неопходен диуретик и антисептик при сите бубрежни заболувања во кои е отежнато излачувањето на урината. Активните супстанции на зајачевиот трн се флавоноидите, изофлавоноиди, сапонони, етерско масло, танини, смоли, тритерпенски сапонозиди, природни шеќери.

Босилек (Ocimum Basilicum) е одличен антисептик, антифламатор, диуретик. Неговото етерично масло е богато и до 1,5% со линалол, естрагол, оцименом и цинеол како главни лековити компоненти, но содржи и флавоноиди (кверцетин и кемпферол), танини, сапонини и др. Ја смирува иритираната слузокожа и е добар епителизант на постоечните оштетувања (рани).

Смрека (Juniperus Communis) - Плодот на смреката содр жи до 2,5% етерично масло богато со монотерпени (А и В, камфен, сабинен, мирцен и др.), флавоноиди, танини, леукоантицијани, до 33% инвертен шеќер, восок, смоли и др. Овие активни супстанци овоз можуваат смреката да е одличен уроантисептик, диу ретик, дијафоретик. Најдобри резултати покажува во лечење на хронични и рецидивирачни воспаленија на мочните патишта. Смреката овозможува одлична детокси кација на организмот преку потење и со зголемена елиминација преку урината и во комбинација со присутното антивирусно соединение (дезоксиподофилотоксин) има силно инхибирачко дејство на голем број различни вируси.



Изменето од Valerija - 25.Октомври.2010 во 21:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 19:40
Навистина пониска цена од онаа во Хрватска.                                      Пред неколку месеци јас нарачав Д-Маноза за мој родител,после 4 месечна антибиотска терапија стана резистентен на сите антибиотици,па мораше да се премине  на јакнење на имунолошкиот систем и третман со овој полисахарид,но за жал не стигнавме да го употребиме...............
Би го замолила членот погоре да ни каже дали после користење на Д-Манозата успеа да се ослободи од досадната Ешерихија Коли???
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
nn Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 19:14
http://www.amazon.com/Progressive-Labs-U-Tract-D-Mannose-gms/dp/B000VZ1BL6
Na ovaa stana moze da go najdete istiot proizvod Manoza_D za poniska cena ako imate moznosti da naracate online so kartica

Im blagodaram na site za informaciite, mnogu mi pomognaa
Кон врв
Mim3 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mim3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 12:03
Да ве прашам.Значи редовно ја вршам хигиената, но на пример многу брзо после туширање осекам непријатна миризба на гаките и доколку не користам дневни влошки тогаш би ми биле мокри. Значи немам исцедок туку онака како мокра течкост и не знам што е проблемот,Дали некој знае некои лекови нешто
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 12:07
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Обично, освен ешерихија која има повеќе подвидови односно специи, уринарната инфекција може да е предизвикана и од Ентерококус (стептококус фекалис), потоа Протеус мирабилис...
Со чај верувај, што и да ветува чајот, бактерија не можеш да излечиш, но секако пиењето чај за овие работи ќе помогне при “плакнење“ на меурот.

Единствено научно потврдено средство а не е антибиотик е МанозаД, вид полисахарид кој буквално ја откачува бактеријата од ѕидот на бешиката. Кошта ѓаол ипол, го нема кај нас (не ни чуле кутриве кај нас за тоа), па јас го набавив од Сплит (нема нус ефекти, безбеден и за бебиња).

Кандида со уринокултура-што знам, таа се гледа и ан микроскопски размаз на урина, спорите и се како топчиња. Ни таа со чај не се лечи-кој ќе ти каже ќе те излаже, само со Канестен маст/вагиналети...


Марија,секоја чест за податокот за Д-Манозата,оваа информација може да помогне на многумина за да се решат од Ешерихија.
Со долготрајна употреба на антибиотици се намалува имунолошкиот систем кај пациентите,а за жал бактеријата станува резистентна на нив.
Како начин на лекување без антибиотик би ја предложила специјалната мешавина на тревки од Матија Пауновски,подготвена на начин како што е наведен на упатството,потоа Е-капките кои можат да се набават  и кај нас преку дистрибутери и секако Д-Манозата.
Еве линк за повеќе информации околу овој магичен полисахарид.


Изменето од renatax - 03.Јули.2010 во 12:09
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
sweet angel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sweet angel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 16:29
Go postaviv prasanjevo vo temata infekcii, no ne dobiv odgovor se uste, pa ajde i tuka ke si prasam...patem, zdravo maria magdalena :)

Znaci, jas i deckoto imame seksualni odnosi bez prezervativ, bidejki prezervativite mi go iritiraa vaginalniot kanal i mnogu cesto dobivav eserihia...

na papa testot mi najdoa lesna infekcija so kandida, bidejki vizuelno nisto nema, a od simptomite samo nekogas znaese da me zapece dole pri mokrenje...

deckoto mi e obrezan od zdravstveni pricini, koja e sansata da sum mu ja prenela kandidata, bidejki znam deka se naseluva pod kozickata na glavickata...a toj nema kozicka, i me interesira koja e sansata?

kako i da e jas koristam kanesten vaginaletki, a na nego ke mu kupam kanesten krema so koja ke se macka barem edna nedela, taka mi rece ginekologot...

pozdrav

Изменето од sweet angel - 03.Мај.2010 во 16:30
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 15:38
Маноза-Д, кошта 35 евра или 256 куни.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
devica28 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај devica28 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 12:14
Marija Magdalena ..,ve molam da mi ja kazete cenata za Menozad ....
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 14:36
Да да, не е ненормално, не се плаши.
Една можност е садот да бил контаминиран, а друга-да се размножиле повеќе од една бактерија.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
devica28 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај devica28 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2010 во 14:36
Pravam redovni pap-testovi ,dosega ne sum imala nikakvi problemi ..pred dva meseci na naodot imav zaokruzeno kokoidni bakterii,znaci ova sepak e povrzano..toa se tie bakterii..tuka e i eserihija i stafilokoka i dr...a inaku nemam nikakov simptom sto ukazuva za urinarna infekcija...nemam peckanje nitu bolno mokrenje...tuku onaka samoinicijativno ja pravam urinokulturata..ke se obidam da gi najdam i jas tie Menozad od Hrvatska,dokolku ima potreba ...mnogu blagodaram za sovetite
p.s do koj stepen moze da e opasno prisustvoto na tie razni bakterii vo urina? pozdrav
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.