Испечати | Затвори го прозорот

Инфекција на уринарни патишта

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14567
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 20:56
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Инфекција на уринарни патишта
Постирано од: sweet angel
Наслов: Инфекција на уринарни патишта
Датум на внесување: 16.Јули.2008 во 15:16
за година дена три пати имам проблеми со ешерихија коли,која ми прави инфекција на мочниот канал.секој пат ја лечам со разни антибиотици и улвин чај,чај од брусница,чај од магдонос и успешно се лечи за 10-20 дена.проблемот е во тоа што повторно ја закачувам.и не знам како да го спречам тоа.мислев дека ја закачувам и вагинално и во мочниот канал при сексуален однос(од самата себе,и покрај трудот за најдобра можна хигиена-подложна сум на бактеријата), но вчера прочитав дека ешерихија покрај тоа што живее во дебелото црево живеела и во вагината.тоа дека е нормална микрофлора во дебелото црево ми е јасно, но во вагината? се зачудив на тоа .знае ли некој дали е ова точно?ако е така тогаш значи дека инфекција од оваа бактерија може да се добие само доколку таа дојде до мочниот канал?имал ли некој вакво искуство?доколку некој знае нешто за ова  ве молам нека ми пише.и ако знае како да го спречам повторувањето на инфекцијата.навистина ми прави проблеми.симптоми се-печење при мокрење,често мокрење,чувство за мокрење и покрај тоа што реално не ми се мокри,парталчиња од бело прање низ урината,тежок мирис на урината.дознав дека со пиење на капсули од брусница и витамин ц,може да се спречи појавување на оваа бактерија, бидејќи таа не сака кисело.исто така дека може да се спречи да се закачи при односи  на следниов начин-пред односите да мокрите,да се напиете чаша вода,и веднаш по односите повторно да измокрите,за да ја исфрлите од мочниот канал доколку таа навлезе во него.се надевам дека некој ќе ми каже плус некоја информација за ова.поздрав.и се надевам дека сето ова што го напишав ќе му помогне и на некој од вас.поздрав



Коментари:
Постирано од: nena34
Датум на внесување: 16.Јули.2008 во 15:47
Imunobor uro - epten se dobri od uskustvo , gi ima vo Zegin i se na prirodna baza , rakovodi se spored upatstvoto .Mozes da gi zmas i vo kombinacija so bilo kakov lek sto ke ti go prepisat , na prirodna baza se , veke kazav .Imunobor uro

-------------
Bidi izvor sto pretekuva a ne bunar so zastoena voda,davaj i primaj ljubov bez granici


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 16.Јули.2008 во 19:01
Fala mnogu na odgovorot.Ako moze da mi kazes samo dali ima opredeleno vreme na upotreba za da se stekne imunitetot ili potrebno e postojano da se pijat?I kolku cinat otprilika?Fala uste ednas


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 20:30
Друг пат наместо чај од брусница (кој има само 20% брусница во него) земи брусница во таблето ид Свансон или пак суви брусници. Ги има во продавниците за здрава храна. Ова не е стриктно за Ешерихија коли туку за било каков проблем со уринарните патишта.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 22:03
jas veke mesec i polovina pijam kapsuli od brusnica i super mi e.fala bogu.no sepak fala za odgovorot blueprayerсреќа


Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 22:25
Originally posted by sweet angel sweet angel напиша:

за година дена три пати имам проблеми со ешерихија коли,која ми прави инфекција на мочниот канал.секој пат ја лечам со разни антибиотици и улвин чај,чај од брусница,чај од магдонос и успешно се лечи за 10-20 дена.проблемот е во тоа што повторно ја закачувам.и не знам како да го спречам тоа.мислев дека ја закачувам и вагинално и во мочниот канал при сексуален однос(од самата себе,и покрај трудот за најдобра можна хигиена-подложна сум на бактеријата), но вчера прочитав дека ешерихија покрај тоа што живее во дебелото црево живеела и во вагината.тоа дека е нормална микрофлора во дебелото црево ми е јасно, но во вагината? се зачудив на тоа .знае ли некој дали е ова точно?ако е така тогаш значи дека инфекција од оваа бактерија може да се добие само доколку таа дојде до мочниот канал?имал ли некој вакво искуство?доколку некој знае нешто за ова  ве молам нека ми пише.и ако знае како да го спречам повторувањето на инфекцијата.навистина ми прави проблеми.симптоми се-печење при мокрење,често мокрење,чувство за мокрење и покрај тоа што реално не ми се мокри,парталчиња од бело прање низ урината,тежок мирис на урината.дознав дека со пиење на капсули од брусница и витамин ц,може да се спречи појавување на оваа бактерија, бидејќи таа не сака кисело.исто така дека може да се спречи да се закачи при односи  на следниов начин-пред односите да мокрите,да се напиете чаша вода,и веднаш по односите повторно да измокрите,за да ја исфрлите од мочниот канал доколку таа навлезе во него.се надевам дека некој ќе ми каже плус некоја информација за ова.поздрав.и се надевам дека сето ова што го напишав ќе му помогне и на некој од вас.поздрав


edna odpricnite moze da e ako imas prekumeren seks pri sto se traumatizira samiot kanal, sto e preduslov za infekcija, a vo vaginat zivee vo tolku niski incidentalni koloicini sto e mozna infekjcija bez nekavi preduslovi. MOzno e da imas namalen t.n lokalen imunitet - zatoa zemi vitamini, koristi kondomi, i samo po edna -dve partii ne poveke

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 13:06
pa toa go pomisliv i jas,deka e od premnogu seks.zatoa sto obicno koga imavme pocesto seks so partnerot togas imav takvi problemi.sega si pazime,fala na sovetotголемо%20гушкање


Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 14:31
da ima bolest sto se vika ,,honney moon cystitis,, - ti teknuva neli -

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone


Постирано од: Idealno_Losha
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 15:04
Zemi caj Tahebo vo vitali ja go ima efikasen e pa probaj

-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 17:46
Primotren koj se dava po shema uspehno ja lekuva ovaa bakterija za 20 dena vo kombinacija so visoki dozi na vitamin C (najmalku 1 gram dnevno) i specijalna meshavina na nekolku vidovi na chaevi specijalno nameneta za ovaa bakterija koja se prodava vo bilna apteka.


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 04.Март.2009 во 21:55
Може и чај од оригано........

-------------
МИР со сите


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Март.2009 во 14:27
Лоша работа е Циститисот, еднаш закачена Еширихија Коли може многу лесно да се намножи повторно и активира при пад на имунитетот.
Јас не би додала ништо повеќе отколку другите членови но само еден мал совет кој верувам дека девојката со проблем го знае веќе како и останатите; по голема нужда хигиенското чистење на анусот и опкружувањето треба да се врши од напред према назад (популарно бришење задник со тоалетна хартија) значи никако да се брише од анусот према вагината зашто многу лесно се пренесува бактеријата и др. работа; ако веќе си имала незаштитени односи со дечкото голема е веројатноста дека си му ја пренела бактеријата и постојано си ја пренесувате во круг, дури и џабе е кондом ако тој веќе ја има.
Кај мажите малку поинаку се манифестира и може и да не забележува особено ако е заразен пократок период.
Нека направи и дечкото урино-култура и доколку и тој ја има еширихијата треба да се лечи и да имате исклучиво заштитени односи за време на терапијата и строга хигиена на рацете исто така зашто многу лесно се пренесува.
И за Цистит се знае да се избегнуваат настинки, синтетички гаќи, танги, влошки кои ја задржуваат влагата на површината подолг период зашто се идеални услови за намножување на бактеријата која во број над дозволеното може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Обавезна консултација со лекар(се подразбира), да не се земаат лекарства на своја рака и стандардно многу течности како увин чај и многу е добар сок од боровинки, оние црвените Cranberry Juice за да се мокри почесто и исфрла бактеријата преку мокрачата.
Доколку се придржуваш до терапијата и останатите корисни совети од доктор и луѓе со слични искуства би требало да се излечи циститот и доколку се повтори да не биде толку често.
Со среќа, знам како е

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 18.Март.2009 во 20:11
Zapoznaena sum so seto toa, no sepak fala za sovetite. Jas eve posle dolgi 8 meseci pak ja zakaciv eserihija, ja izleciv za 10 dena so antibiotici i tableti Nocist, na baza na brusnica i uvin caj, mesavina nekoja, dobri tableti. Maka mi e sto i pokraj seto vnimanie sto go posvetuvam pak se povtoruva bakterijata. moram nekako imunitetot vo toj predel da go zasilam. Mi preporacaa kapsuli od brusnica i vitamin c, kombinirani. I za imunoboru uro se mislam. a mi rekoa i za aloe vera gel za pienje, bil mnogu dobar za imunitet, no i mnogu skap,od 1000 do 2000 denari 1 litar. I trael 1 mesec. Ako mu pomagaat informaciive na nekoj milo mi e. a isto taka i ako moze nekoj da mi pomogne za sto da se odlucam od ovie tri raboti ke mi bide mnogu milo:)Pozdrav do site


Постирано од: picky
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 00:55
Aloe vera gelot mozebi e skap, ama e mnogu efikasen, brat mi imase nekoi infekcii za 1 mesec mu se sredi se so aloe vera...samo sto e mnogu gaden za pienje...плазење%20злонамерно
големо%20гушкање


-------------
No expectations, no disappointments!


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 19:07
Bidejki imav policisticni jajnici 3 meseci zemav kontraceptivni apcinja i togas imav odnosi so deckoto bez kondom i se bese vo red.Koga prestanav da gi pijam apcinjata prvpat posle 3 meseci imav odnosi so kondom i naredniot den mi se pojavija simptomi na eserihija, i napraviv urinokultura koja pokaza nejzino prisustvo vo urinata. Ja iscistiv i ottogas nekolku pati imam odnosi bez kondom i se e vo red. Pretpostavuvam deka ne gi podnesuvam sostojkite so koi se premackuva kondomot bidejki nekogas se slucuva da cuvstvuvam gorenje vo vaginalniot kanal pri odnos so kondom. Go pisav ova zasto mozebi ke mu pomogne na nekoj drug so vakov problem. Pozdrav:)
p.s. Dali nekoj znae nekoj intimen gel za tusiranje ili nekoja zamena so koja bi mozela da odrzuvam higiena a da ne mi preci na intimnite delovi, bidejki jas imam koristeno gelovi so ph 4.5 no sepak mi precat, me iritiraat i cuvstvuvam pecenje posle nivna upotreba.Ke mi znaci mnogu ako nekoj mi pise nesto za ovaсреќа


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 02.Април.2009 во 00:08

Најдобро е да не се употребува никакво средство за интимните делови.......Само чај од камилица.....или евентуално растворена една лажица сода бикарбона во еден литар вода.......

....мене вака ми рече гинекологот.....

-------------
МИР со сите


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 14:47
da toa moze isto i 1lazica jabolkov ocet vo pola litro mlaka voda i da se pravat promivki


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 00:50
Амаааааааан од оваа Ешерихија.......има ли спас?????? Ни антибиотици ни ништо не помага....се враќа пак и пак....

-------------
МИР со сите


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:02
Жена и ешерихија секогаш некако одат рака под рака, мал пад на имунитет или чисто онака-ете ти циститис. Уретрата кај жената е долга само 2-3 см и тоа е најголемиот проблем (освен се разбира ако не постојат анатомски аномалии но тоа е ретко и се открива и решава уште во млада возраст); чаре е само антибиотик исклучиво по антибиограм, а покрај тоа редовно земање брусница, како плод, или концентрирана во таблети (NOCIST на италијанската фирма ЕSI се некако најконцентрирани а најдостапни), Увин чај, магдонос...болен



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 09.Јуни.2009 во 00:09
А се лечи ли тоа чудо трајно?????

-------------
МИР со сите


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 09.Јуни.2009 во 18:03
Се лечи...па пак доаѓа...па пак се лечи....па пак фаќа ама сега некој друг подвид ешерихија-ги има многу....па пак се лечи....па пак по некое време ќе му текне....и така освен ако некој нема супер отпорен имунолошки систем и друга слаба точка на организмот.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 13.Јуни.2009 во 22:52
da nocist se dobri, gi probav i jas. patem, zdravo marija magdalena:)odamna ne sum sednala na forumov. jas sega koristam imunobor uro. 30 kapsuli se vo pakuvanje, i se 520 denari. skapicko e,ama efikasno. mozebi vredi da gi probate. pokraj brusnica sodrzat i uste edna sostojka koja go zgolemuva imunitetot, ne samo na urinarnite patista tuku i vaginalniot imunitet. super se. se pijat prviot mesec po 3 dnevno, a posle uste dva meseci po edna dnevno. gi ima vo zegin, a pocnuvaat i vo drugite apteki da gi nabavuvaat. inaku jas od poslednoto pisuvanje ne sum zakacila eserihija povtorno, se nadevam taka i ke ostane. sega ne gi pijam redovno, samo ponekogas, ednas nedelno da receme ke zemam edna,dve. Porano obavezno zemav pred i po odnosi ama sega pocnav da zaboravam da zemam, no sepak ok sum,nisto ne mi e. Se uste mislam deka bese od kondomite, od sredstvoto so koe se premackuvaat. zasto ottogas ne koristime kondomi so deckoto i se e super. Moze ponekogas da se pojavi malo pecenje pri mokrenje, ama vo sporedba so porano sega e sovrseno. pocnav i povtorno da si koristam gelovi za tusiranje, ne intimni tuku obicni i ne mi preci. ne znam, mozebi na nekoj od vas poradi istata pricina mu se pojavuva. znaci, apcinjava za 3 meseci vi go vrakaat imunitetot. super se. se nadevam deka vi pomognav barem malku.pozdrav do site


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 13.Јуни.2009 во 22:56
beta glukan e drugata sostojka koja go zgolemuva imunitetot


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 21:14
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Амаааааааан од оваа Ешерихија.......има ли спас?????? Ни антибиотици ни ништо не помага....се враќа пак и пак....


Mnogu uporna patogena bakterija,teshko se iskorenuva,na nefroligija preporachuvaat nekoja shema so Primotren tableti koi se zemaat kontinuirano 21 den.Naporedno so Primotrenot se preporachuva mix chaj od bilna apteka,specijalno podgotven za ovaa namena i zadolzitelno vit C 1 gr dnevno,zatoa shto ovaa bakterija ne podnesuva kisela sredina.Ovaa terapija e primeneta na moj roditel i za 21 den beshe reshen problemot.Probaj i ti,pozdrav!


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 01:55
Благодарам....фала Му на Бога, сега се е во ред....но ако се повтори ќе имам во предвид....

-------------
МИР со сите


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 04.Февруари.2010 во 16:47


-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: -Goldi
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 18:55
БОЛЕСТИ НА МОЧНИТЕ ПТИШТА И МОЧНИОТ МЕУР(БЕШИКАТА) најчесто се бактериолошки воспалителни болести ка
ко последица на бубрежни или други заболувања,со силни болки во крстот-половините,печење И лутење при
мокрењето,крв во мокрачата,зачестени мокрења,лажни нагони за мокрење,температуре,треска,грозница И
слично.ВОСПАЛЕНА,ПРОШИРЕНА(ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА) е заболување од воспалителен или бактериолошки вид,како после
дица на други заболувања или како посебно заболување,обично е старачка И машка болест.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 13:25
Витаминот Ц ги спречува уринарните инфекции

Инфекциите на уринарниот систем се безопасни, но можат да бидат упорен проблем од кој најмногу страдаат жените, додека кај мажите по вакво заболување страдаат од зголемена простата и имаат проблеми со мокрењето.

Кај жените превенцијата е побитна од лечењето, додека кај мажите прво треба да се излечи опасноста, а потоа да се решаваат последиците.

- Потребно е внесување на што повеќе течности богати со витамин Ц. Исхраната богата со билни влакна се препорачува на жените кои боледуваат од опстипација, изјавија од британскиот истражувачки тим.

Во зима се препорачува затоплување, додека жените се советуваат да избегнуваат носење на кратки фустани за време на ладните денови, како и задолжително носење на хулахопки.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: devica28
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:03
Moze li nekoj da mi kaze,so pravenje na urinokultura,osven eserihia ,koi uste bakterii najcesto moze da se najdat...i dali so istite caevi i antibiotici se lekuvaat ostanatite bakterii,i dali i kandida bi mozela isto da bide otkriena so urinokultura


Постирано од: butterflyM55
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:05
Kandida se otkriva so ginekolo[ki pregled....so bris...i se lekuva so kanesten vaginaleti i krem za nadvotesna upotreba...no ne bi bilo loso da konsultiras ginekolog...posigurno e i moze da se raboti za druga bakterija ili infekcija....i trihormoni moze da zadava problemi a zenite ja imaat i taa cesto

-------------
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:09
Обично, освен ешерихија која има повеќе подвидови односно специи, уринарната инфекција може да е предизвикана и од Ентерококус (стептококус фекалис), потоа Протеус мирабилис...
Со чај верувај, што и да ветува чајот, бактерија не можеш да излечиш, но секако пиењето чај за овие работи ќе помогне при “плакнење“ на меурот.

Единствено научно потврдено средство а не е антибиотик е МанозаД, вид полисахарид кој буквално ја откачува бактеријата од ѕидот на бешиката. Кошта ѓаол ипол, го нема кај нас (не ни чуле кутриве кај нас за тоа), па јас го набавив од Сплит (нема нус ефекти, безбеден и за бебиња).

Кандида со уринокултура-што знам, таа се гледа и ан микроскопски размаз на урина, спорите и се како топчиња. Ни таа со чај не се лечи-кој ќе ти каже ќе те излаже, само со Канестен маст/вагиналети...

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: devica28
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:25
Blagodaram....malku sum vo panika...dadov urina za urinokultura i dobiv rezultat vo koj pisuvase ..urina kontaminirana .poveke od tri vida bakterii..ve molime povtorno da napravite urinokultura i da se pridrzuvate kon praviloto za zemanje urina ..i sega se zbuniv,ova so poveke od tri vida me isplasi,pa treba da ja povtoram urinokulturata...mozete li da mi kazete nesto okulu ova....dali nenormalno da se imapoveke vidovi bakterii


Постирано од: butterflyM55
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:28
Не е ненормално на денешно време и не се плаши направи ја повторно уринокултурата но направи си и гинеколошки преглед чисто да си тргнеш мисли од глава немора да значи дека е нешто опасно...

-------------
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.


Постирано од: devica28
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:36
Pravam redovni pap-testovi ,dosega ne sum imala nikakvi problemi ..pred dva meseci na naodot imav zaokruzeno kokoidni bakterii,znaci ova sepak e povrzano..toa se tie bakterii..tuka e i eserihija i stafilokoka i dr...a inaku nemam nikakov simptom sto ukazuva za urinarna infekcija...nemam peckanje nitu bolno mokrenje...tuku onaka samoinicijativno ja pravam urinokulturata..ke se obidam da gi najdam i jas tie Menozad od Hrvatska,dokolku ima potreba ...mnogu blagodaram za sovetite
p.s do koj stepen moze da e opasno prisustvoto na tie razni bakterii vo urina? pozdrav


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 14:36
Да да, не е ненормално, не се плаши.
Една можност е садот да бил контаминиран, а друга-да се размножиле повеќе од една бактерија.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: devica28
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 12:14
Marija Magdalena ..,ve molam da mi ja kazete cenata za Menozad ....


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 15:38
Маноза-Д, кошта 35 евра или 256 куни.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 16:29
Go postaviv prasanjevo vo temata infekcii, no ne dobiv odgovor se uste, pa ajde i tuka ke si prasam...patem, zdravo maria magdalena :)

Znaci, jas i deckoto imame seksualni odnosi bez prezervativ, bidejki prezervativite mi go iritiraa vaginalniot kanal i mnogu cesto dobivav eserihia...

na papa testot mi najdoa lesna infekcija so kandida, bidejki vizuelno nisto nema, a od simptomite samo nekogas znaese da me zapece dole pri mokrenje...

deckoto mi e obrezan od zdravstveni pricini, koja e sansata da sum mu ja prenela kandidata, bidejki znam deka se naseluva pod kozickata na glavickata...a toj nema kozicka, i me interesira koja e sansata?

kako i da e jas koristam kanesten vaginaletki, a na nego ke mu kupam kanesten krema so koja ke se macka barem edna nedela, taka mi rece ginekologot...

pozdrav


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 03.Јули.2010 во 12:07
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Обично, освен ешерихија која има повеќе подвидови односно специи, уринарната инфекција може да е предизвикана и од Ентерококус (стептококус фекалис), потоа Протеус мирабилис...
Со чај верувај, што и да ветува чајот, бактерија не можеш да излечиш, но секако пиењето чај за овие работи ќе помогне при “плакнење“ на меурот.

Единствено научно потврдено средство а не е антибиотик е МанозаД, вид полисахарид кој буквално ја откачува бактеријата од ѕидот на бешиката. Кошта ѓаол ипол, го нема кај нас (не ни чуле кутриве кај нас за тоа), па јас го набавив од Сплит (нема нус ефекти, безбеден и за бебиња).

Кандида со уринокултура-што знам, таа се гледа и ан микроскопски размаз на урина, спорите и се како топчиња. Ни таа со чај не се лечи-кој ќе ти каже ќе те излаже, само со Канестен маст/вагиналети...


Марија,секоја чест за податокот за Д-Манозата,оваа информација може да помогне на многумина за да се решат од Ешерихија.
Со долготрајна употреба на антибиотици се намалува имунолошкиот систем кај пациентите,а за жал бактеријата станува резистентна на нив.
Како начин на лекување без антибиотик би ја предложила специјалната мешавина на тревки од Матија Пауновски,подготвена на начин како што е наведен на упатството,потоа Е-капките кои можат да се набават  и кај нас преку дистрибутери и секако Д-Манозата.
http://www.d-manoza.com/tretman.html - Еве линк за повеќе информации околу овој магичен полисахарид .


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Mim3
Датум на внесување: 06.Јули.2010 во 12:03
Да ве прашам.Значи редовно ја вршам хигиената, но на пример многу брзо после туширање осекам непријатна миризба на гаките и доколку не користам дневни влошки тогаш би ми биле мокри. Значи немам исцедок туку онака како мокра течкост и не знам што е проблемот,Дали некој знае некои лекови нешто


Постирано од: nn
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 19:14
http://www.amazon.com/Progressive-Labs-U-Tract-D-Mannose-gms/dp/B000VZ1BL6
Na ovaa stana moze da go najdete istiot proizvod Manoza_D za poniska cena ako imate moznosti da naracate online so kartica

Im blagodaram na site za informaciite, mnogu mi pomognaa


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 19:40
Навистина пониска цена од онаа во Хрватска.                                      Пред неколку месеци јас нарачав Д-Маноза за мој родител,после 4 месечна антибиотска терапија стана резистентен на сите антибиотици,па мораше да се премине  на јакнење на имунолошкиот систем и третман со овој полисахарид,но за жал не стигнавме да го употребиме...............
Би го замолила членот погоре да ни каже дали после користење на Д-Манозата успеа да се ослободи од досадната Ешерихија Коли???


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 21:58
Уринирни инфекции
http://businesshouse.com.mk/doctorsproducts/index2.php?option=com_content&do_pdf=1&id=36">PDF http://businesshouse.com.mk/doctorsproducts/index2.php?option=com_content&task=view&id=36&pop=1&page=0&Itemid=49">Испечати http://businesshouse.com.mk/doctorsproducts/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=36&itemid=49">Е-пошта

Уринарните инфекции се најчесто бактериски инфекции на бубрезите, мочните канали и мочниот меур. Тие предизвикуваат често и болно мокрење, пецкање при мокрење, често се проследени со ноќно мокрење, како и болки во карлицата и грбот. Урината може да биде заматена или со траги од крв. Жените почесто заболуваат од воспаление на мочниот меур поради пократката уринарна цевка и по сексуални односи. Користењето на спермициди, интимни парфеми и пени за капење можат да ја повторат инфекцијата. Во време на инфекција треба да се внимава на исхраната, да не се користи шеќер и рафинирани јаглени хидрати, затоа што бактериите со нив се хранат, и да се пијат многу билни чаеви. Најдобро средство за подобрување на имунитетот против уринарните инфекции, на билна основа, се Doctor's Urosept таблетите.

Уросепт таблети
ImageЕфикасна и комплетна природна комбинација од билни екстракти кои делуваат како уринарен антисептик со јако антибактериско дејство. Препаратот штити од воспаление на уринарните канали, ја зголемува диурезата и киселоста на урината  Употреба: при првите симптоми 4 х 1 таблета дневно со многу течност. Превентивно 2 таблети на ден со или по оброкот.

 

 

 

ImageБрусница (Vaccinium Vitis Idaea) - Содржината на фенолни гликозиди арбутин и метиларбутин (кои со хидролиза преминуваат во хидрохинон и метилхидрохинон), потоа кон ден зирани тамини 2-5 %, флавоноиди, органски киселини го овозможуваат ефикасното урантисептичко, диуретичко и адстрингентно дејство. Брусницата се применува кај сите воспалителни процеси на мочните патишта и цистит, нефрит, пиелоцистит како и при камења во бубрезите и мочниот меур. Антибиотското дејство на брусницата е докажано со спречување на инфекции на урогениталниот тракт особено ја отстранува бактеријата Ецхерицхиа Цоли.

Мечкино грозје (Uva - Ursi) - Лековитите својства на мечкиното грозје потекнуваат пред се од фенолните гликозиди арбутин и метил-арбутин кои во базна средина се распаѓаат во хидрохинон со јако антибактериско дејство. Содржината до 34% на елаготанин, флавонски гликозиди (мирцитрин, алантоин) витамин С и др. го овозможува одличното диуретичко и секако уроантисептично дејство и смирување на воспалената слузокожа. Се применува кај инфекција на мочен меур, камен во бубрези и задршка на течности во организмот (отоци).

Equisetum Arvense - Коњски опаш или раставич е многу богат со силикатни материи (повеќе од 10%) особено СиО2 (силициум диоксид), витамин С, флавонски гликозиди (изокверцетин, галутеолин, еквизитин), сапонини, алкалоиди, танини, разни минерали особено К, Си. Коњскиот опаш е уринарен антисептик, епителизант, диуретик, профилактик, антихеморагик. Делува на диуреза на вода (исфрлање вишок од организмот). Примена: инфекција на мочен меур, камен во бубрези, камен во жол чка, отоци. Врши реминерализација на коскениот систем и косата Затоа успешно се дава кај остеоартритис и алопеција. Присуството на калиумоиви соли е особено благопријатно за бубрезите, олеснува болки, хронични тегоби, помага во елиминирање на песок и талог од бубрезите.

Магдонос (Petroseliuum Sativum) - По брусницата најпрепорачано средство против инфекција во мочниот меур (цистис) и камен во жолчка и бубрези е секако магдоносот како добар диуретик, антимикроб, спазмолитик. Неговото етерично масло е богато со апиол, витамин С, до 12% каротин и др.

Бреза (Betula Alba) - Позната е по своето лековито дејство на бубрежни болести, како воспаление на бубрези (ренит и нефрит), воспаление на уретер (уретрит), воспаление на мочниот меур (цистит). За ова дејство заслужни се присутните алкалоиди (хиперозид, кверцитрин, мирцетин и др.), етерично масло, сапонини, танини, витамин С и др. Поради тоа брезовиот лист е потполно природен и благ елиминатор на течности и ја доведува до рамнотежа и правилна распределба целокупната тежина на организмот. Покрај диурезата, брезата успешно елиминира поситни форми на камења и песок од уринарниот тракт а кај постоење на поголеми камења и тогаш ги ублажува болките и антибиотски делува на инфекцијата. Подобрува размена на материи, елиминација на токсини, бактерии и штетни метаболни продукти.

Зајачев трн (Onouis Spinosa) е неопходен диуретик и антисептик при сите бубрежни заболувања во кои е отежнато излачувањето на урината. Активните супстанции на зајачевиот трн се флавоноидите, изофлавоноиди, сапонони, етерско масло, танини, смоли, тритерпенски сапонозиди, природни шеќери.

Босилек (Ocimum Basilicum) е одличен антисептик, антифламатор, диуретик. Неговото етерично масло е богато и до 1,5% со линалол, естрагол, оцименом и цинеол како главни лековити компоненти, но содржи и флавоноиди (кверцетин и кемпферол), танини, сапонини и др. Ја смирува иритираната слузокожа и е добар епителизант на постоечните оштетувања (рани).

Смрека (Juniperus Communis) - Плодот на смреката содр жи до 2,5% етерично масло богато со монотерпени (А и В, камфен, сабинен, мирцен и др.), флавоноиди, танини, леукоантицијани, до 33% инвертен шеќер, восок, смоли и др. Овие активни супстанци овоз можуваат смреката да е одличен уроантисептик, диу ретик, дијафоретик. Најдобри резултати покажува во лечење на хронични и рецидивирачни воспаленија на мочните патишта. Смреката овозможува одлична детокси кација на организмот преку потење и со зголемена елиминација преку урината и во комбинација со присутното антивирусно соединение (дезоксиподофилотоксин) има силно инхибирачко дејство на голем број различни вируси.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Leonarda_013
Датум на внесување: 20.Јули.2013 во 12:36
Здраво дечки! Имам интересен проблем... Долго време "наводно" боледував од хроничен цистит, си пиев лекарства и увин чај. Пред некој ден направив анализа на мокрача и тестот се покажа негативен во секој поглед. Ни крварење, ни менување боја, ни миризба... немаше никаква бактерија во неа! Ме интересира на што се должи моето пецкање и мокрење?!? ...
Сигурно и некој друг имал вакво искуство, би сакала да ми каже нешто околу тоа!
Фала другари


Постирано од: Aureus
Датум на внесување: 20.Јули.2013 во 14:05
Веројатно уште се залекува процесот, дај му време.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 13:47

http://falanga.com.au/infekcii-na-urinarniot-trakt" rel="nofollow -

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање.

Инфекциите на уринарниот тракт се на второ место по зачестеност, веднаш по инфекциите на респираторниот систем. Од нив, најчесто се појавува воспаление на мочното бабуле- циститис, од кој заболуваат околу 2% од помладата популација и над 33% од повозрасните. Најзагрозена група се сексуално активните жени, на возраст од 20 до 50 години.
Жените се поподложени на развој на инфекцијата,10 пати повеќе од мажите, а причина за ова се анатомските предиспозиции. Жените имаат покуси мочни канали и помало растојание од мочниот отвор до анусот.

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање, проследено со пецкање. Анализата на урината може да покаже покачени леукоцити и присуство на еритроцити. Се прави уринокултура за да се одреди најефикасна антибиотска терапија.
Во повеќе од 90% од случаите на циститис , причинител е бактеријата ешерихија коли ,која природно живее во цревата и е дел од нормалната цревна флора. Поради близината на мочниот отвор и дебелото црево, оваа бактерија лесно стигнува до бабулето. Одредени фактори можат да придонесат за појава на воспалението, на пример, синтетичката долна облека, тесните панталони, долгите бањања во када, како и неправилното бришање при одење во тоалет (од анусот кон вагината). Ризикот од воспаление го зголемува и стресот, болестите што го ослабнуваат имунитетот и недостигот на естроген кај жените во менопауза. Причина за инфекција може да биде и половиот однос. Се препорачува веднаш по односот празнење на мочното бабуле.
Кај циститисот може да дојде до појава на крв при крајот на уринирањето. Покачена температура , болки во грбот или во слабината може да укажуваат на проширување на инафекцијата и на бубрезите.

СИМПТОМИ

-зачестено уринирање

-пецкање и болка

-промена на бојата на урината

-повремена појава на крв во урината

-непријатен мирис на урината

-чуство на притисок во карлицата

-болка во долниот дел на грбот

-умор и температура

-треска



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: annaja
Датум на внесување: 31.Август.2014 во 12:08
Еве еден ефикасен. а природен лек за бактерија во бешика (ешерија или како се вика)
10 чешниња лук ситно се сецкаат и се додаваат на 1 л. бело вино.Тоа треба да проврие,па да се олади и да престои 24 часа во фрижидер.Се зима по едно чашче од ракија секое сабајле на гладно срце.
Тие што го употребувале,викаат дека бактерија успешно се губи за месец денасреќа



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk