|
ВМРО - соэдавање и дело |
Внеси реплика | страница 123 55> |
Автор | |
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Март.2011 во 12:35 |
Дел од емисиjата "Во центар" на Васко Ефтов од 11.03.2011: Поново за првото име на Организациjата Изменето од lav4eto - 14.Март.2011 во 12:45 |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Писмо на ЦК на ВМОРО од маj 1906
До Господа Бугарските Трговски Агенти во Македонија и Одринско Многоуважаеми Господине Агенте,
Задачата на Бугарските Трговски Агенти во Македонија и Одринско е да поврзуваат робскиот бугарски народ во Турција со оној во слободното бугарско Кнежество и да опишуваат најдобро релjефно тешките страдања на првиот под неподносливиот турски режим, како истакнуваат систематски и детално сите убиства, грабежи и злоупотреблениjа, што стануваат по сите филијали на турската беззаконна и безсовесна управа. За жал, сепак, некои од Господа трговските агенти како излегуваат од така строго утврдените им рамки застануваат на области, каде не можат да дојдат лесно до вистината, и без оглед на околностите и на времето, презимаат непроучени факти и ги соопштуваат брзо на Владата, како прават криви и тенденциозни заклучоци. Познато ни е од позитивен извор дека се донесуваат во Бугарија факти низ активностите на Револуционерната Македонско - Одринска Организација со цел да се загрози таа и да се всее апатија и недоверба кон неа меѓу бугарското општество во Кнежеството. Нема да ги негираме фактите дека одделни членови на Организацијата направија грешки и злоупотреби, сепак значи ли тоа дека таа е гнила во основите и дека таа е зло за нашата земја? Може ли да се негира дека во повеќето слободни земји се наоѓаат луѓе кои злоупотребуваат со власта, која им се дава, и експлоатираат дури и со идеали народни? Ова гледаме често и во Бугарското Кнежество, но никој не дојде до немилиот заклучок дека во Бугарија нема закон, дека управата и е расипана, дека таа е зло во меѓународен однос, како што се зборува и пишува за нашата владетелка Турција! Никој не доаѓа на ум овој апсурд, бидејќи гледаме дека судските власти секогаш стојат внимателни и веднаш влечат под одговорност злоупотребителот со дадената му власт и експлоататорите со народните идеали. Дозволете, Господине агент, да ви тврдиме дека истото се прави и во управувањето со Организацијата. Злоупотребителите, експлоататори, прекршителите на правилата и воопшто сите кои се провинуваат во ослободителното дело, се влечат на суд и се казнуваат според можноста, времето и околностите. Некои казни се гледаат тешки за луѓе, што стојат надвор и судат за работите, како се суди во една слободна земја, каде што владите дејствуваат директно и отворено, и каде што имаат сите средства да ги казнат еден криминалец според кривичното дело, или да ги направи нештетни еден опасен човек за редот и мирот во државата. Може ли Организацијата да постапува така, кога е вметната во исклучителни услови и надвор од законите, бидејќи е револуционерна? Се разбира дека не. Затоа нема ли да биде природно многу нејзини дела да се гледаат монструозни на луѓе што не познаваат условите во кои дејствува, и работите што прави? Кој се жали најмногу од Организацијата? Шарлатани што не сакаат да им помогнат со ништо на ослободителното дело, и дел од свештенството, кое, водено од крајна амбиција, сака да се меша во секоја од револуционерните работи, но не сака да има одговорност за последиците. Заслужуваат ли тогаш вера доносите и информациите на тие ваков вид патриоти? А тие се токму, што ви носат во заблуда, и Вие, без да проверите околностите и мотивите што создаваат фактите, брзате да ги пријавите на владата, а правите посебни коментари или воопшто ништо не правите, за да биде спектакуларно доставувањето. Да се разбереме уште на следното животно прашање. Донесено е до информација на Бугарската Влада, што Организацијата прогонуваа божем систематски Бугарската Егзархиjа, претставниците од Бугарските Трговски Агентства и доживува воопшто недоверба и омраза кон се бугарско. Изјавуваме Ви дека сето тоа е низка клевета, која ни огорчува од дното на душата. Да гo гониш еден калугер, иако облечен во владишко расо, за неговите диви и необуздани произволности, значи ли дека гониш Егзархијата? Да изкажеш недоверба на службеник во агенцијата, значи ли дека не верваш во Бугарија? Да откажеш една помош, затоа што ти се дава со задни намери, значи ли дека не прифатиш ништо што доаѓа од надвор? Кој можеше да измисли тие смешни и низки клевети? Освен непријател на ослободителното дело, или крајно амбициозен службеник, или човек од таборот на Генерал Цончев-никој друг! Зашто фактите зборуваат сосема спротивното и демантираат сами фрлените на адресата на Организацијата клевети и доноси. Господинe Aгентe,
Селата, оставени без чети се чувствуваат како сиротни и овдовели, бидејќи само четата може да ги чува од инвазија на грчки, турски и српски банди. Градовите се чувствуваат исто така подобро кога има Организација и кога таа има вооружена сила. Признаваме, сепак, не се оди идеално, како се сака на сите не, но за тоа не треба да се обвинува Организацијата, а самите неповолни и крајно непријатни услови. Можеби ќе Ви загрижат грешките што стануваат на патот на нејзиното работење - тие се својствени на секој човек. Дали Вие како дипломат никогаш не сте jа направиле грешка во дипломатската ви активност? Земете во предвид уште кризата што претрпе Организацијата по востанието од 1903 - тресење и до темел, жртвите што даде во интелигентни и други работници, ќе дознаете причините за некои недогледувања и грешки во работата. Но по вкупниот конгрес на крајот на 1905 година, се даде нов поттик на ослободителното дело, стави се тоа на нови и стабилни основи кои даваат гаранција дека по недолго време - како се нареди таа, Организацијата, секаде според новите правила, ќе минимизираат грешките и злоупотребите. Потребно е сепак со заеднички сили да се сее свест, сознание и образование кај сите за тешките задачи што треба да ги одлучи таа, и за големата цел, што гони да ги спроведе. Заблудите но и неверните гласини што ви донесуваат свесно или несвесно некои злосторници, ќе се сметаат дека се прават со намерата за да се прави пакост на ослободителното дело. Таквите злосторници ќе се извршуваат во согласност со регулативите и постановлениjата на Организацијата. Прифатете потврда во одличната ни кон Вас почитување. Централен Комитет на Внатрешната Македонско - Одринска Револуционерна Организација Мај, 1906 Изменето од lav4eto - 25.Февруари.2011 во 08:50 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради тоа што претходно двапати си опоменат, а ова ќе биде трета опомена, поради навреда, овојпат кон бугарскиот народ, суспендиран си три дена. Изменето од Македон - 10.Февруари.2011 во 00:06 |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може, не викам не.
И убава историja, одамна jа знам, даже и во варианта каj министерот на просветата. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сепак мислам дека Сарафов токму така кажал. Тоа не објавиле така во 24 Часа, ама 168 Часа- 168 часа. Кој ти ги дава
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не бре, не се прави дека не разбираш. Сарафов бил софиска бохема (после комитскиот му период), шета низ цела Европа, комуницира со дипломати , министри, царот. Во таа смисла не можеш да го споредиш со Танас, коj е селjaк НЕ поради jазикот. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хаха, епа ете и на отмениот Сарафов му се испуштило „Ке го игра ли Крсте наш царот“
Тоа „селското“ во Македонците си го имало отсекогаш, ама сепак сме ви ја воделе државата |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е Дилбер Танас е прост селjак, како ке го споредуваш со офицерот Сарафов?
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И сите војводи, не само тој.
Изменето од DragancoLeskoec - 08.Февруари.2011 во 17:29 |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е како зборува таму Дилбер Танас (актерот се потрудил, ама сепак му се препознава мекиот источен акцент, води сметка и за тоа).
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам како зборувале, нема како ова да се докаже.
Во општеството и кога флиртувал со дамите едва ли говорел на диалектот од Либjахово. За "Мера според мера" да ме прашаш дали сум го гледал е направо навреда. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А како мислиш дека зборувале Сарафов или на пример Љапчев по дома? Писмата и ден денес вообичаено се пишуваат литературно, а пак во тоа време особено сериозно им приоѓале на тие нешта, со доза на свеченост. Спомените не се пишувани од самите дејци. Меѓутоа има едни други спомени, пишувани од еден комита своерачно, колку што разбрав. Си го гледал ли „Мера според мера“?
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е документ ова, нема сведок како е говорил Сарафов.
Писмата и спомените се на литературен бугарски. |
|
Внеси реплика | страница 123 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |