IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Како се добива ХИВ-СИДА?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се добива ХИВ-СИДА?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како се добива ХИВ-СИДА?!
    Испратена: 24.Мај.2014 во 17:56

За само 5 месеци нови 17 заразени со ХИВ/СИДА во Македонија – сите се мажи


Oд почетокот на годинава досега вирусот ХИВ е потврден кај нови 17 лица, а сите се мажи. Повеќето од новоинфицираните го добиле вирусот преку секс со мажи, а помал е бројот на лица што се заразиле преку хетеросексуален пат, потврдува Националниот координатор за борба со ХИВ/сида, д-р Ѕвонко Миленковиќ, пишува Дневник.

hiv sidaРечиси сите лица што се носители на ХИВ, а ги има 83, меѓу кои се и новите случаи, примаат антиретровирусна терапија на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Меѓу нив е и едногодишно дете, на кое вирусот му го пренела неговата мајка во бременоста, а претходно во семејството не ни знаеле дека таа е носител на опасниот вирус.

На прашањето колку смртоносниот вирус може да се држи под контрола со примање АРВ терапија и со тоа да се одложи појавата на болеста, д-р Миленковиќ, кој е и директор на Kлиниката, тврди:

- Ако навреме се препознае инфекцијата и ако навреме се почне со ефикасни лекови и лицето оди на редовни контроли, смртноста кај овие лица е сведена речиси на нула и должината на животот може да се изедначи со таа кај лицата што немаат ХИВ/сида.

Освен во центрите и Институтот за јавно здравје, и во Kлиниката се врши тестирање на ХИВ/сида со три вида тестови.

- Тестирањето за ХИВ/сида е бесплатно, доброволно и доверливо и се препорачува задолжително да се проверат сите што имале ризично однесување. ХИВ-статусот е многу битен за што порано да се почне со неопходната терапија. Kај нас работи и советувалиштето каде што цел тим лекари се грижат за тоа како да му биде соопштен позитивниот ХИВ-статус на лицето што се тестирало – додава д-р Миленковиќ.

До април годинава ХИВ беше откриен кај 11 лица. Сите се мажи, а осуммина го добиле вирусот преку секс со мажи.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:16
Дали е ова лекот? Уште двајца мажи излечени од ХИВ

Докторите со резерва зборуваат за потполното лечење на двајцата мажи, но две години по трансплантацијата на коскена срж, во нивното тело нема никакви знаци на ХИВ.

"Сите знаат за берлинскиот пациент. Сакавме да видиме дали може поедноставното лечење да ги има истите резултати", рекол Даниел К*ритзкес.

Пациентите заболени од AIDS подложени се на болести од рак, па престануваат да ги земаат лековите за ХИВ пред да почнат со лечењето на ракот.

"Тоа му помага на вирусот да се врати во нивното тело и да ги нападне донаторските клетки", додава Даниел. 

Околу 34 милиони луѓе се заразени со ХИВ вирусот кој предизвикува AIDS. А, oд AIDS до сега починале 25 милиони лица. Не постои вакцина против овој вирус, но коктел лекот наречен антиретровирална терапија може до некаде да го контролира вирусот и да го одржува здравјето на пациентот. 

Но, без разлика колку долго и да ја користат терапијата, пациентите не се излечени. Научниците се обидуваат да го откријат начинот како трајно да го отстранат вирусот од телото. Овие тројца мажи ни даваат надеж дека би можел да биде пронајден лекот против ХИВ.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2013 во 23:02
Originally posted by Antiqua Antiqua напиша:

ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.

Што бидна со човеков, како да го загледав деновиве збунетост
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 17:02
Што да кажам за сидата?
Ауу па да... ја уништи голема%20насмевка Африка... и така...
Американците и Русите си ја префрлуваат одговорноста... а усвари заедно соработувале...
и то.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Avatar23 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 36
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Avatar23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 10:15
МОНОГАМИЈА. Секогаш е ИН.
Кон врв
IggyK Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IggyK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 18:27
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Можеш да се заразиш со ХИВ и преку орален секс.


Да, има можност човек да се зарази со ХИВ и преку орален секс, но шансите за тоа се многу мали.
За да се посомневаме за евентуално заразување со ХИВ преку орален секс треба да ги имаме на ум ризичните фактори: афта во устата, непце кое крвави.
За да се случи заразувањето треба ХИВ+ секрет како крв, спермата, вагиналните течности, предсемената течност да попаднат на раскрвавени места во устата на ХИВ- партнер. Мал е процентот за можноста да се случи, но сепак постои ризик.
Строго препорачливо е при наод на афта (раничка) во устата, крававење на непцата или некој друг извор на крвен секрет од усната шуплина да не се прави орален секс на партнерот/партнерката бидејќи тоа значајно го зголемува ризикот за инфицирање со ХИБ.
Во случај да се сомневаме во нешто. Еден брз ХИВ тест ќе не направи поспокојни.
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 17:01
емил си знае tiggy не е до толку
LD Pistolero a.k.a Demolero
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 21:58
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Кој незнае како се добива сида? збунетост
 
 
Милиони луѓе знаат како се добива СИДА и важно е дека знаат како да се чуват.
 
Ти очигледно незнаеш......тага
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 21:56
Кој незнае како се добива сида? збунетост
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 12:48
Акупунктурата може да пренесе ХИВ и хепатитис Б и Ц?!

Третманот со акупунктура може да пренесе бактериски инфекции, хепатитис Б и Ц, па дури и ХИВ, предупредуваат експертите.

Микробиолозите од Универзитетот од Хонг Конг инсистираат на тоа дека употребата на контаминирани игли може да има катастрофални резултати, пишува во China Daily.

- За да се спречат инфекциите кои се пренесуваат со акупунктурата мора да се преземат неколку мерки, како на пример употреба на игли за еднократна употреба, како и да се дезифенкцира кожата, напишаа истражувачите, предводени од Патрик Ху, професор по микробиологија од Универзитетот од Хонг Конг.

Акупунктура е терапија на отстранување на болка и лечење на одредени болести со помош на тенки иглички кои се забодуваат во пациентот во прецизно определени точки. Се развила во Кина. Во кинеската традиционална медицина акупунктурните точки се сместени во должина на линијата(меридијана) по која тече „виталната енергија“. Анатомски или хистолошки докази за постоење на такви линии или точки на човечкото тело нема. Современите акупунктолози ги претставуваат како претпоставки (идеи) кои се корисни во клиничката пракса.

- Иако не постои јасен доказ за врската помеѓу акупунктурата и ХИВ инфекцијата, ние предупредуваме да се внимава со користењето на иглите, изјавија научниците.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 19:58
Бананите штитат од сида?!

Бананите може да се клучот во новиот моќен третман за заштита против вирусот на сидата. Во лабораториските испитувања, научниците открија дека состојката наречена BanLec е влијателен анти-ХИВ лек.

Тие веруваат дека евтините терапии базирани на BanLec имаат потенцијал да спасат милиони животи. Состојката која е од важно значење се вика лектин.

Истражувачите во САД открија дека лектинот кој се наоѓа во бананите може да го блокира ХИВ вирусот да влезе во телото.

- Проблемот кај лековите за ХИВ вирусот е дека тие можат да мутираат и да станат неефикасни. Но лектинот многу потешко може да мутира и поради тоа мислам дека нашата студија е успешна. Тој може да ги врзе шеќерите кои се наоѓаат на различни места од ХИВ вирусот и со тоа го опколува вирусот, изјави главниот автор Михаел Свонсон од Универзитетот во Мичиген.

Истражувањето беше објавено во магазинот Journal of Biological Chemistry.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 18:56
Ревидирано на: 15. Март 2010 - Објавено на 15:09 GMT
 
 
Ново оружје против вирусот ХИВ?
 
Реклама%20против%20СИДА
Група научници вели дека една хемикалија која се наоѓа во бананите може да биде моќно оружје во борбата против вирусот ХИВ.

Тие тврдат дека лабораториските тестови покажале оти природниот растителен протеин има јачина колку два од сегашните анти-ХИВ лекови.

Податоците се објавени во списание за био-хемија.

Научниците признаваат дека во борбата против вирусот ХИВ се потребни нови средства.

Има двојно повеќе заразени лица од оние што добиваат третман со спасувачките анти-ретровирални лекови.

Едни од најветувачките состојки, според научниците се лектините, хемикалии кои се наоѓаат во растенијата а ефикасно ги запираат инфекциите со вирусот ХИВ со тоа што го попречуваат да се интегрира во клетките кои ќе ги нападне.

Тимот научници од универзитетот Мичиген откри и дека лектинот извлечен од бананите е еднакво моќен колку и два од сегашните лекови кои се во употреба.

Тие веруваат дека лековите за вагинална употреба со микробицидно делување може да биде ефтин и ефикасен третман особено во земјите во развој.

Една од најголемите придобивки за употребата на лектините е тоа што тие многу му отежнуваат на ХИВ вирусот да мутира и да стане отпорен на третмани.

И покрај тоа што ќе бидат потребни неколку години за да се користи на пациенти, научниците веруваат дека дури и делумно успешни микробициди може да спасат многу животи.

Нивните оценки уште додаваат дека само 20% покриеност со микробицид кој има само 6% ефикасност против ХИВ - може да спаси од зараза до два и пол милиони луѓе во период од три години.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 00:13
газење%20од%20смеење

taka stalno .......se pie za nastinka .......se kupuva shampon za voshki .......плазење

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 23:40
a,zoshto? ...da ne saka nekoj da ...dobie?
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.