|
Во Центар |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Мај.2019 во 23:36 |
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едно тврдо интервју со генерал Ангелов ! |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Антибугаризам... што збориш бе ти Емиле... Ефтов, му се допаѓа на некој или не, ја турка емисијата на Алсат... малку се губи сакајќи да истурка тези кои не баш дека држат вода... малку сака да протурка некоја своја политичка агенда... малку е навивачи настроен... ама... па има навивачки настроени и од другата страна... Јанко на пример... како и да е и двајцата си имаат своја публика... и со години си ги туркаат емисиите... што би рекол Бурекот.... на кој му се гледа, нека гледа... на кој не му се гледа, нека сврти друг канал, со сила никој никого не тера... А ти Емил, викаш антибугаризам, а... јако е ова, знаеш дека... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Случајно видов дека емисијата на овој човек веќе оди по Алсат
Ако му е .Нека го гледат Албанците таму ако воопшто го гледа веќе некој . Така му се пада на него и на Јанко Бурекот . Си ги полнеа емисиите со антибугаризам и беа на врвот на бранот .Сега нека тонат .
|
|
Novak Nastich
Сениор Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НА ВАСКО ЕФТОВ НА МАЈКА МУ ВО ЦЕНТАР
Васко Ефтов во една од неговите епизоди од неговиот „аналитички„ магазин „Во центар„ реши да се пресмета со шундот на малите екрани, според него отелотворен во концептот на реалните шоуа. Иронијата е што доколку тој вистински сакаше да се пресмета со шундот, првата работа што ќе требаше да ја направи е да се самоукине. Нема дилема дека емисиите на Васко Ефтов веќе одамна го надминаа во неквалитет и нивото на Јанко Бурекот и Томиќ. Кај Јанко Бурекот барем се јавуваат вистински гледачи и имаме некаков непосреден искрен приказ на реалноста, какви и да се рамките во кои Јанко се обидува да ја турне дебатата. Томиќ е исто така искрен, прост и еднодимензионален до немајкаде. Но во емисијата на Васко Ефтов се се сведува на лага, хипокризија, манипулација со факти, манипулација со говорници, манипулација со прашања, манипулација со кадри, манипулација со „експерти„, дури и манипулација со музичето што оди во позадина. Во оној момент кога одговорот на прашањето нема да му оди во прилог на тезата, Васко најгрубо го прекинува соговорникот, и му поставува ново прашање, кое всушност не е прашање туку негова констатација, зачинета со навреда. За тоа време, во зависност од интелигенцијата на соговорникот, тој е или под а) збунет, па се нафаќа да одговори на новото „прашање„ се додека по пар секунди не биде прекинат од уште едно ново „прашање„ на неуморниот Васко, или б) исплашен, па несвесно ја потврдува тенденциозната теза на водителот, или в) доволно изнервиран за да почне да се расправа за стилот на Васко, наместо за темата, по што Васко сече, и кажува како гостинот не бил кооперативен. Системот на Васко е толку добро изработен, што функционира како алгоритам. Со Божидар Димитров муабетот одеше по терк: а-а-а-а-а-а-а-в-в-В, а со Вики, Кики, татко и, Тамара и А.Белов според шемата а-б-а-б-а-б-а-б. Иако има многу што да се каже за новинарскиот дилетантизам и човечката мизерност на Васко Ефтов преку милион поединечни примери од емисијата за реалните шоуа, нема едноставно простор за сето тоа педантно да се наброи. Наместо тоа, ќе дадам еден генерален осврт зошто воопшто реалните шоуа се така успешен медиумски продукт и зошто размислувањата а-ла Васко Ефтов се најголем генератор и гарантор на нивниот успех. За успехот на реалните шоуа одговорни се двете основни сили на пазарот – понуда и побарувачка. Значи потребно е да се одговори на две клучни прашања: што добиваат од реалните шоуа продуцентите, а што добиваат конзументите? Прашањето „Што добиваат од тоа учесниците?„ значи е сосема ентостепено, иако Васко Ефтов со неговото морализаторско крештење сака да не убеди дека токму тоа е најбитното прашање во приказната. Не е лесно да се погоди дека продуцентите добиваат гледаност, а како резултат на таа гледаност добиваат спонзори кои се подготвени добро да платат за маркетиншки простор. Тоа е единствениот мотив зад понудата на сите до едно реални шоуа, вклучувајќи го и „Моментот на Вистината„, и „Боки 13„ и „Кој сака да биде милионер„, но и единствениот мотив зад сите до една програми кои се прикажуваат на комерцијалните телевизии (тоа би биле сите телевизии, освен МТВ), значи вклучувајќи ги „Опстанок„, „А1 вести„, „Лост„ и Квискотека„ на БТР. Вие можете да бидете против комерцијалниот карактер на сиот тој медиумски бизнис, но во тој случај, морате да бидете против во принцип. Значи, во однос на овој комерцијален аспект, морате да бидете еднакво против комерцијализмот на „Лост„, како и против комерцијализмот на „Големиот Брат„. Што пак значи дека врв на хипокризијата е кога Васко Ефтов, како учесник во целата таа медиумска купопродаја, проповеда како сето тоа било само за да се заработи пара и ги прашува дотичните колку пари барале за да се појават таму. Зошто никој од приглупите „реалити„ ликови не го праша Васко Ефтов колку пари тој добива за да може да изиграва жустар „новинар„. Второто и најважно прашање е што добиваат гледачите од едно реално шоу од типот на Биг Брадер (и воедно од емисија како таа на Васко). Одговорот и не е така различен во двата случаја. Не станува збор ниту за забава (затоа што нема ништо забавно), ниту за опуштање (затоа што во тој случај би изгасиле телевизор), ниту за секс (затоа што тогаш би гледале добро порно), туку за „морално скандализирање„. Затоа шоуто е толку „поинтересно„ колку повеќе наводни „скандали„ се случуваат. Преку скандалот кој сега благодарение на новите медиуми се претвора во јавен спектакл, малограѓанинот се става во позиција да биде морално ужаснат и во позиција да биде морален егзекутор, „правдољубив„ судија на постапките на другите и нивните морални престапи. На граѓанинот, кој никогаш во својот живот не уживал позиција на реална моќ сега му се дава позиција на илузорна моќ, преку која тој одлучува за судбината и вредноста на другите, му се дава на располагање моралната гилотина. Се она што не се поклопува во калапот на малограѓанскиот морал, заслужува осуда, заслужува етикета, заслужува да се спали на јавниот столб на срамот, да се поткастри на моралната гилотина, во името на здравата иднина на нашите деца. Како инаку да се објасни парадоксот што 90% од јавноста се ужаснува од содржината на овие емисии, а 90% и понатаму ги гледа. Не, драги мои, воопшто не сака јавноста да згаснат овие шоуа. Напротив, ним им требаат реалити шоуа како на рибата што и треба вода, ним им требаат жртвени јариња со кои и тие ќе можат еднаш во својот живот да се почуствуваат како егзекутори, наместо секогаш жртви на општествената машинерија која меле. Длабинското, суштинското прашање е против кого всушност е насочена таа крволочна жед за егзекуција? Зошто воопшто моралната шиканажа на некоја си таму шуша Вики што не ја ни познавам би ме правела да се чувствувам подобро? Причината е поради тоа што јас во шоуто ниту гледам некаква Вики, или некаков Карло, или Александар Белов, туку гледам една проекција на себе си, една неостварена можност за себе на која никогаш не сум и дал шанса поради страв од неуспех или осуда од околината („што ќе кажат комшиите„, што би рекол Васко). За да воопшто покажам каков-било интерес за некоја личност, односно се поистоветам со неа, апсолутен предуслов е во таа личност да гледам или нешто што сакам да станам, или нешто што веќе делумно сум, ама не сакам да бидам, т.е. токму тоа – неостварена можност на моето јас. За да воопшто се скандализирам од нешто значи, клучно е во тоа нешто да се препознаам самиот себе, како отфрлена и осудена можност на моето јас. Моралната егзекуција на Вики поради нејзиното „распуштено однесување„ мене ќе ми ја донесе моралната сатисфакција дека сум направил правилен избор кога сум ја отфрлил можноста за тоа нереализирано супер-је*ачко јас, во полза на актуелното јас, кое има толку мизерен скесуален живот, што сосема разбирливо е што верува дека сексот е продукт на „ниската страст„ и нешто „срамно„ и во никој случај не е за на телевизија. Моаралната егзекуција на Вики е всушност повторена и потврдена егзекуција на моето супер-је*ачко јас. Само за да се осигураме дека е апсолутно мртво, бидејќи у задње време покажува знаци на живот. Поради тоа морализирањата на Васко Ефтов против „Големиот брат„ се во суштина истите тие морализирања кои го оддржуваат „Големиот Брат„ во живот сиво ова време. Тој всушност и самиот го покажа тоа со неговата детална информираност за се што се случувало во куќата: „Уште пред да се спанџа Вики со Карло, Васко го проценил дека е неинтелигентен.„ Истите тие малограѓански морализирања за мене го претворија „Големиот Брат„ од едно големо тривијално не-шоу во симбол за борбата на индивидуалната моралност против тиранијата на медиокритетот и медицинските теории од 19 век кои и понатаму како тумор хипостазираат помеѓу македонските доктори и психијатри (кои на Вики и дијагностицираа „егзибиционизам„ како „аберација на сексуалниот нагон„). Истата малограѓанштина и забудалена психијатрија го претвори Боки Тринаеска од една неинвентивна, арогантна третокласна дрег квинсица, која не би обезбедила настап ниту во шкљ класа геј клуб во Рио де Жанеиро, во храбар и бескомпромисен борец-херој за сексуална различност. Кичот никогаш не се состои во конкретна песна, изведувач или емсија, туку во контекстот кој им овозможува да опстојат како такви. Толку имам да ви кажам. И отповеќе е дури. Што би рекол Васко Ефтов, наместо во вакви круцијални мигови за државата, младите да се занимаваат со проблемот на името, ние сме се свртеле кон реалните шоуа. Младина без морални вредности, тоа ти се вика! |
|
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истото се случи и на канал5,ако се сеќавате....измислени технички пречки и неможност за емитување!
Симптоматично!
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ефтов пак го банираа...
овој пат Алфа телевизија... нормално на Youtube веднаш Васко ја постави емисијата... хм... и мене некако така... таака некако... некакоо... ми изгледа дека не и беше погодено времето... ама секако оние што зборуваа во емисијата... го мислат тоа што го кажаа... и има нешто вистина во кажаното... амаа... таака некаакоо... не ми е баш... |
|
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu retko mi zadrzuva vnimanie imenuvaniot..i sekako od istata pricina koja ja spomnale mnogumina od vas...mi deluva kako uchenik koj ja nauchil na pamet lekcijata.... i ako go prekinesh....ke se zbuni i mora da pochne od pochetok.... |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно не Затоа и се најгледани емисии (од оние кои сакаат такви емисии) Во центарот и Код бидејки имаат храброст да се нафатат со проблематика за која треба бајаги храброст, но и некое новинарско име-“канали“ за да се влезе во одаите да се добие одговор од соговорниците. Реално и во центарот и код работат на “жешки костени“ кои не губат од актуелност под забот на времето. |
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради постојаното упаѓање во збор на Ефтов имам гледано само 2-3 емисии со него. Човекот повеќе води монолог отколку дијалог.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но досега не видов ниту еден негов соговорник кој успеа на мира да ја искаже мислата. Воопшто не ме изненади кога Божидар Димитров го избрка од канцеларија, нон стоп му упаѓаше во збор. Ефтов вели немало згодни и незгодни прашања, но заборава дека на секое прашање фер е да му се дозволи на соговорникот да даде одговор а не постојано да му се упаѓа во збор. Ајде нека е и така, но тогаш зошто го стори истото со босанскиот соговорник во емисијата за Тајниот подземен Титов град. Човекот имаше толку многу интересни информации да каже за подземната населба, ама Васко нон-стоп го прекинуваше бла бла бла бла, како да тој подобро знае од самиот соговорник и на крај скоро ништо не слушнавме. Во емисиите од типот на „„Во Центар„ новинарот мора да го надмине комплексот на „Јас знам наставничке, јас! Јас!!! Не е Васко Ефтов единствен таков пример, со таа разлика што останатите немаат ни пола толку интересни теми и емисии како „Во Центар„. Изменето од Majkl - 14.Декември.2011 во 16:39 |
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
the king
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 03.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 458 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
месенџер, имам само едно прашање за тебе, ама да ми одговориш искрено, дали оваа твоја антипатија кон емисијата и новинарот се должи на неговото настојување и во голема успех, да ги открива балканските тајни, настојувања, интриги и вистини кои ги прави и се труди да ги прави балканската масонерија?? Со почит! Иначе ја гледам емисијата, не затоа што е јак новинарот, ниту поради некоја друга причина, едноставно поради енигматичноста и интригантноста на многу специфичните теми на кои се разговара во емисијата. Изменето од the king - 09.Декември.2011 во 10:34 |
|
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дури сега го загледав ова .. Последната емисија
Последната емисија од минатата сезона на Канал 5, мистериозно не се емитуваше, наводно поради технички проблеми со електричната енергија. Тоа предизвика многубројни реакции па граѓаните наголемо коментираа дека баш поради содржината на емисијата, таа не беше емитувана на само неколку часови до изборите на петти јуни. Сепак, на социјалната мрежа Јутјуб подоцна осамна емисијата па граѓаните можеа да ја погледнат.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |