![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9495969798 138> |
Автор | |
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На планина кон некој врв
пешачам сам стап и едно куче имиња им дадов, со себе гранки влечам колиба да правам за себе и на тие имиња што им дадов. Ноќе крај оган кажувам како беше онака како јас гледав, кучето сожаливо ме лизна ми поверува очите наши се споија залајав, се насмеа. Небо ведро со звезди ми намига како ли порано не се сетив да се живее може само ако те снема од очи човечки и пресметки нивни. |
|
![]() |
|
fragola ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Повторно со восхит,
скриена во темнината, ја гледам таа ноќна кралица, да,токму неа,месечината, онаа која не избра за ликови главни на својата сказна и првите редови ги напиша во ноќта тивка и празна. Но не беше таа во рингот што не стави, боксерски ракавици сами си наметнавме, причина за секој удар самите измисливме, а таа се бореше победник да нема, милион почетоци на приказна една, за среќен крај кутрата жедна. И сега кога ја победивме, обидот нејзин за ремек дело конечно го уништивме, знај дека само ние ке жалиме, зашто почеток нов таа некаде пишува, некаде далеку од животи наши, магични моменти прави, каде точка по среќен крај на приказна туѓа ке стави. |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чекориш по трагите
на немирот во тебе, а тој те води некаде далеку од самата себе. Како да си одблесок на копнежлив зрак, како да си чад на пепелот од страст. Никогаш нема да знаеш колку ке ти недостигам ако не заминам од тебе. Затоа не тагувај сега Заминувам за да се вратам... НЕ ЈА НАПИШАВ ЈАС,НО МОЈА Е,МЕНЕ МИ ЈА ПОДАРИЈА |
|
![]() |
|
Requiem ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Lingering in whatever
Се будам во истиот кревет, оној во кој вчера се обидував да се почуствувам дека тонам или телепортирам во мојата Градина на Сурреалноста. Целиот фригиден, ни грам интерес за нештата и новиот ден. Ништо нема за денеска во менито на овој аморефен ум, само поинтензивна индеферентност од кога и да било. Се обидувам да станам од креветот или наречете го Бајконур. Нема доволно сила да ме направи среќен што не се будам во туѓ кревет од гласот на вајана рандом девојка, цитирам "Бебенце, сакаш кафе да ти сварам?" Преку такво ми е од кафиња и бебиња и лигавење, не се фалам само троа се жалам, но осеќам нешто ме држи прикрепен за креветот. Ко гром од ведро небо, ја гледам Мрзата, гола ко од мајка родена во мојот кревет. Прво нешто што помислувам е да ја испцујам. к*рво,кој к*р...ех ја снема за миг, гласно извикав. Скокнав од креветот како да имаше змија под ќебето. Индеферентноста уште ме преовладува. Секое утро иста рутина, во огледалото гледам фаца и таа гледа во мене, со подочњаци како лубеници. Еј па тоа сум јас,помислив и неможев да згрешам.Но ете ти проблем, се гледаме со типот од што се рефлектира во суптилната површима од сребро, пробувам да го прашам кој ќе биде неговиот прогрес за денеска. Ни го сакам, ни го мразам, што би рекле овие енглезиве In Between. Мртва тишина, фригидни погледи разменуваме со Типот, само шуштењето на чешмата на шутракот под мене, му дава мешаница на тоа мртвило. Бришан простор, ништо на повидок, бела ќелија но не за криминалци..... Во интерес на драгоценотот мое и твое време ќе застанам на оваа точка. Сите ситуации, лица и слични творби се случајни или измислени. Н.Д 07.01.2008 Изменето од Requiem - 23.Ноември.2008 во 02:39 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Завеса спуштена
претстава завршена изгасени светла ние заборавени и сами додека надвор вее додека надвор студи нам ни е топло нам ни е добро се дур заборавени сме. Пред нос на сите нам ни е добро и далеку од сите оние кој утре ќе дојдат да не обземат и освојат кои да ги заборавиме да смееме нема и затоа само времиња скришни само ќе крадеме исто како овој што ќе го паметиме до моментот следен некој нареден и премолчан. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Испрекинати и полни
линии минуваат брзо, а ти велам волан ти држи сега, за да молкум копчиња ти откопчам и лице во кошула ти заријам, бесно и брзо и со раце брзоплети најдам она што ми требаше а никако време немаше. Да се одвојам не ми се даваше свирки, клетви и зачудени фаци зад нас имаше, но ти непоколебливо воланот го држеше, браво ! |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Отворено
цело твое битие никаде отпор бар на секунд да сопрам, веќе да се прашувам престанав дали сум или кој сум, претпоставувам, ти знаеш, но како те гледам ни ти. Нешто тивко безволно се слуша нешто да се пазело треба, што ли ти значи кој знае, а и баш ми е гајле. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не ми се мести
со лице така мачко една мила оти да заборавам каде сум лесно знам, не ми се смешкај онака кога мисли видливи се како турнат знак зошто огранучувања нема, не ме пипкај ко случајно како онаму каде да збеснам знам, не ме гледај така како кога сами сме со желба и мисла една, да ме играш немој мачко една мила топче од вуница не сум, па до кога мислиш дека ќе трпам јас ? |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секое делче
од тебе допрено поинаку изгледа во самракот секој светулки играат баш таму и само таму заради зрак светлина од тебе излезена со топлина скокотлива таму завек задржана. Снегот вее не те ни допира ветрот наоколу силно дува само те погалува, а мене кон тебе ме турка зошто чекорот мој за него спор е и прашина дига да завее погледи туѓи и слобода ни даде. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум оној
шта да те заштити може не сум оној од прикаските за кој те венчаа уште мала, уште неука. Колку е лесно колку е мило да веруваш дека ќе ти дојде оној кој никому не дошол јавајќи коњ кој никогаш не постоел. Жал ми е само што добар глумец не сум жал ми е само што сеуште образ имам. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фучи ветер
земја подига во мои раце птицата умира а требаше да пее и не е само тоа, ех да е само тоа, нешто во ред не е одамна ме гризе шуплив ме остави, ме тера да се борам иако изгледи немам. Волкот ржи пак ми е се враќа од беспатие кон никаде што се губи да ме земе и однесе онаму каде се е без траги зад себе. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го чекам душичето мое
да ме сака да ми каже како и вчера како и утре што ќе го сакам. Ко балон се дувам од збор тој еден само па макар и пукнал ако. Да ме гушне да ме цмокне макар ко како снег се растопил ако, макар последно нешто на свет видел очи нејзини, ептен ако. Ај мори кај си досега ? |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Прекрасно ![]() |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9495969798 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |