|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 9091929394 97> |
Автор | ||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Искушенијата се пред се од внатрешна духовна природа, а не од надворешна природа. Ние водиме борба со „поднебесните духови на злобата“ и сопствената падната природа, а тие се присутни секаде каде и да одиме. Нашата борба не е со негативните општествени појави, независно што во нив тие поднебесни духови се изразуваат. Борбата која христијанинот треба да ја води е од духовен карактер, последично може да се одрази на социјално општествен. Независно од социјално општествениот ангажман таквата личност не го подобрува светот. Тоа останува без или со краткотраен ефект. Добрите дела се прават и од суета и уште повеќе го влошуваат карактерот, без да се знае тоа. Само во молитва и со духовна борба вистински се менуваме и тогаш го менуваме светот со своите активности, па дури и со самата своја појава. Сите ние влијаеме силно и со самата своја појава. Грешните влијаат негативно, осветените позитивно. Бидејќи целиот свет е поврзан. Оној кој духовно победува не е битно дали е виден од илјадници или условно кажано од никого. Тоа е сеедно. Дури и христијанинот кој се осветува во некоја пештера влијанието на неговата духовна победа му е исто како да се појавил на ударен термин на CNN. И обратно и оние кои се појавуваат јавно не влијаат посилно од оние кои се осветуваат тајно. Матеј: 6:6 Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он Кој гледа рајно, ќе те награди јавно. Кога јас се борам против некои искушенија, јас размислувам: не треба да размислувам и да се разочарувам од тоа како другите се однесуваат кон одреден проблем. Ако го победам тој проблем и тоа искушение, победило цело Христово православие. Ако паднам сум паднал само јас. Кога некој победил одредено внатрешно искушение, тој во допир со останатите му го пренесува издигнатиот стабилен дух, ако падне исто така влијае негативно на нив. Преносот може да биде со полн или делумен ефект, но тој пренос се случува. Ако ние не размислувавме вака тогаш во што христијанството ќе се разликуваше од останатите светски идеологии. Како што сите светски идеологии се заинтересирани за освојување на физичкиот и општествениот простор, така и христијанството ќе се интересираше за освојување на просторот. Тоа е така бидејќи христијанството се интересира за освојување пред се на срцето, а потоа на умот и преку тоа на општеството. А не обратно. Затоа и срцето е поставено на прво место, а разумот подоцна Матеј: 22:37 А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, 1. со сето свое срце, и 2. со сета своја душа, и 3. со сиот свој разум; Марко: 12:30
Затоа возљуби Го Господа 1. со сето свое срце и 2. со сета своја душа, и 3. со
сиот свој разум, и 4. со сета своја сила!’ Тоа е прба заповед. Ние можеме да влијаеме на некого само ако го освоиме неговото срце, само тоа е трајно, другото е лажно и привремено. А тоа се прави со љубовно освојување преку Христовиот дух во нас, а не со мисловно убедување и освојување со зборовите, кое е само последично на првото и исто така при тоа поважен е преносот на духот вистина на зборовите отколку самата содржина на зборовите. ОВА СЕТО ЗБОРУВА ЗА ДУХОВНИОТ КАРАКТЕР НА ВЕРАТА ВО ЕДИНИОТ БОГ, ВО ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС. ТАКА ШТО МОНАШТВОТО Е НАЈХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ НА НАЈХРИСТИЈАНИТЕ. ОДНОСНО... Матеј 19:21 Исус му кажа: “Ако сакаш да бидеш СОВРШЕН, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!” Некој ќе праша тогаш каква смисла има, кога сите би станале монаси, светот би пропаднал бидјеќи не би имал потомство. Одговорот е: Доколку би се случило тоа (кое е невозможно од познати причини) тогаш ние би се префрлиле во небесниот простор, без сите болки и страдања кои овој свет го очекуваат до крајот. Оние најдобрите кои најмногу од сите го сакаат Бога и ближните, најмногу од сите влегуваат во духовната борба и така го подобруваат овој свет. Тоа влече кон монашки живот. Оној кој ќе влезе во духовната борба тоа го искачува и го одвојува од светските елементи оплеменувајќи го светот онолку колку што ќе го прочисти сопствениот дух. Одвојувањето тогаш се случува природно и тие се повеќе го отфрлаат светското во светот, и светското во светот ги отфрла нив. Сите други добри дела меѓу луѓето се и треба да се последица на духовната напреднатост, во спротивно повеќе штетат отколку што користат. Замонашувањето е таков чин на одвојување од светското и целосно посветување на духовната борба. Јаков 4 4. Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство спрема Бог? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бог. 5. Или, мислите ли дека Писмото напразно вели: "до ревност копнее за духот кој Го всели во нас?"Сите овие стихови како и оние кои Маран Ата ги наброи сето зборува за духовниот карактер на христијанството. Повеќето од останатите неправославни верувања како и светски заразените, не можат да го сфатат монаштвото поради нивната недуховност. Впрочем зборот „духовност“ сите нив ги збунува. Станете православни христијани и ќе ви биде јасно. Монашкиот живот не само што не е без искушенија туку е најтешкиот живот кој го избираат најдобрите меѓу нас. Тие се на фронталната линија на духовната борба. Од таа причина има и кои таа битка не ја добиваат. †Господ со вас Изменето од sard - 15.Септември.2008 во 10:20 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pozdrav Sard , ubavo e sto si pak tuka
|
||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поздрав до учесниците на форумот посебно до оние со кои се знаеме од порано.
Би сакал да додадам некој коментар. Одлични одговори Маран Ата. Точно со библиските текстови ја објасни основата за монаштвото. Немам многу да додадам освен да се придружам кон твоето образложение. Изменето од sard - 15.Септември.2008 во 09:51 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос, не ти држи вода тоа што го зборуваш. Коментари од типот на Павле на пример, тој не се оженил, ама затоа пак тој не се скрил во некоја пештера за да бдее и да си прави муабет со лилјаците и бувовите, туку одел меѓу луѓе не ти се оправдани од причина што секој во нашава земја знае дека монасите не се затворени (поради тоа што нас како на заблудени ни треба светило кое ќе ни го покаже патот) и не си прават муабет со лилјаци, туку мисионерат меѓу народот, не на присилен и нападен начин како што правите вие, отцепените гранчиња, туку доброволно, со љубов, како што тоа го правел апостол Павле – непринудно. Како доказ на мојот коментар ќе приведам дури и имиња на такви личности и настани. На монашењето во Бигорски манастир кое беше сега на 10ти септември, беа присутни околу 2 000 верници (кој сака да прочита и види www.preminportal.com.mk , www.mpc.org.mk дебарско-кичевска епархија). Отец Партениј е постојано присутен околу луѓето поради што е еден од омилените духовници, заедно со неговото свето братство кое постојано блеска со љубов и гостопримство кон секој посетител на манастирот. Погледнете ги посочените веб страници и ќе видите колку распространето е нивното мисионерство и колку верници се доведени на прав пат благодарение на нив. Друга многу позната работа за овој манастир е дека функционира како рехабилитационен центар за зависници од наркотици. Можете ли да си замислите само колку млади деца се излечени и доведени на прав пат како вистински верници во Хрисста нашиот Бог? А што има поголемо од тоа да спасиш еден грешник од погубен пат? Што има поголемо од тоа еден човек кој некогаш бил во мрак од опојните дроги, не знаејќи што навистина е реалност, а што е имагинација, да го доведеш не само до реалноста во светот, туку и до Вистината, Патот и Животот????? Дедо Наум, митрополит Струмички, постојано е присутен на разни активности и секогаш е опкружен со народ. Посетете ги приложените веб страни и читајте – нема потреба да копирам. Па да не ги спомнувам многубројните интервјуа на телевизија, радио, весници, бденијата кои се оддржуваат често во манастирите и на кои има многубројни присутни верни. Монасите воопшто не одат спротивно на Црквата, зашто под Црква се подразбира верниот народ собран околу својот епископ на светата Евхаристија. А бидејќи монасите живеат во братства и сестринства (значи, повеќе монаси во еден манастир), воопшто не се сами и изолирани, туку секојдневно се собрани заедно во храмот Господов на Светата Литургија и на останатите богослужби, а заедно и функционираат на послушанијата кои ги имаат. (да не го споменувам и тоа дека манастирите секогаш се преполни од посетители). А башка тоа, ова повторно ќе го повторам – да не биле монасите кои се трудат во подвигот на добродетелта за да си го очистат срцето од страстите и да стекнат просветлен ум од Бога, кој ќе може да ја созерцува вистината таква каква што е во права смисла, ти денеска не ќе можеше да пишуваш (св. Методиј и Кирил)и да ги заблудуваш луѓето кои го читаат форумов. Друга работа, не знам зошто си упорен и велиш дека нема опишано повлекување во осамеништво, кога во Светото Писмо во Матеј 3:1-7; 13 јасно е кажано дека св. Јован Крстител прво живеел во пустина во подвиг, за кога наполнил 30 год. да почне да му проповеда на народот, и тоа на оној народ кој доброволно пристапувал кон него, а не трчал тој по нив и не ги терал со сила. Матеј 3:1-7; 13 – Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: Покајте се зашто се приближи царството небесно. Зашто ова е, нависстина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: Гласот на оној, што вика во пустината: Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. .... а штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи.... Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. Бог дал право да си избере секој човек што му е по срце – брак или монаштво, и ако избере монаштво има разни форми на подвиг, меѓу кои спаѓаат и киновијата (општожитието) и пустиножителството. Св. Јован бил пустиножител, додека пак апостолите живееле општожително (како што живеат монасите во манстирите низ Македонија). Монаштвото е само продолжување на онаа форма на живот која ја живееле апостолите. Православната вера воопшто не го оспорува фактот дека некои од апостолите биле женети, напротив туку ја потврдува. Но, сите оние кои биле женети, како апостол Петар и Симон Зилот, на чија свадба во Кана Галилејска бил присутен Самиот Господ Исус Христос, потоа го оставаат жените и тргнуваат по Христа, според Неговото кажување во Лука 14:26 Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.. Значи, кога го сретнале Господ, оние кои биле женети, се откажале од својот брачен живот и започнуваат целемудрен монашки живот, а тие кои не биле до тогаш женети, не се ни ожениле отпосле. Монах може да стане и оној кој претходно бил женет и имал деца – целемудрен монах. Такви примери и денес има по манастирите. А монасите кои воопшто никогаш не се женеле, туку се посветиле на Бога, се девственици. Кај вас проблемот е што уште непросветлени во умот сакате да ги толкувате Господовите зборови. Затоа секогаш грешите како што тоа го направи и со толкувањето на овој цитат Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа? (1Кор.9:5). Тука воопшто не се мисли на жена како сопруга, туку на жена како човечко битие од женски пол, пред се, СЕСТРА ВО ХРИСТА, која им помага на апостолите во потребите на благовестието. Апостол Павле сакал да каже дека нема ништо лошо во тоа што апостолите имале жени помошнички, но тој не го користел тоа право само за да не ги соблзани оние на кои им го проповедал благовестието. Kaluđer (grč: kalógeros = kalós: častan + gérōn: starac - "dobri starac") Господ со нас. Простете на должината на одговорот. Се надевам дека многу работи кои не ви беа јасни поради недоволно познавање на православната теологија, сега ви се разјаснети. Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 11:39 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Belichka, E i ke bide!!!
Bas mi e milo nadminat ti e br na dozvoleni licni poraki i ne mozev da ti pisam. pisi za tebe nesto vo lp - e mail ili msn |
||
Shaxito
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 260 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tenx za Vakvive precizni Objasnuvanja.
|
||
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу добра забелешка. Браво evangelec
Ајде да ви раскажам една интересна случка.
Најдобрата другарка на една моја пријателка пред 4 години отиде во манастир. Таа беше таму искушеник 8 месеци и потоа и дојде паметот и се врати дома. Кога пријателкава ја праша што правела таму таа и одговори:
"Се убивав од досада. По цело време плетевме бројаници, читавме молитви, бдеевме, спиевме.. и секој ден се тоа па тоа."
Православните најчесто сакаат да не убедат дека Исус, Јован Крстител и Павле биле монаси. Но, тоа не е точно. Тоа што не се ожениле, тоа воопшто нема врска со монаштовото. Јас знам еден куп христијани (и мажи и жени) што не стапиле во брак за да му служат поефективно на Бог, но тие не се затвориле во некоја планина уџум таму, туку тие се меѓу луѓе секојдневно и најактивни се во црквата. Тие циркулираат меѓу луѓето дури и повеќе од фамилијарните луѓе, затоа што овие имаат повеќе време за да посетуваат други луѓе, да помагаат на други итн бидејќи немаат свои фамилијарни обврски.
Павле на пример, тој не се оженил, ама затоа пак тој не се скрил во некоја пештера за да бдее и да си прави муабет со лилјаците и бувовите, туку одел меѓу луѓе, создавал и утврдувал цркви, бил во Солун, во Атина, во Македонија, во Рим, во Ефес, во Колос, Филипи, Галатија, Коринт, во Ерусалим итн. Тој два пати бил сам, ама не во манастир и по своја желба, туку во затвор и по желба на Римјаните
Павле воопшто немал желба да се трга од луѓето и да живее сам, напротив, тој во секое негово послание нагласува дека копнее да ги види тие и тие, тој и тој, во секое послание нагласува дека е испратен да го проповеда евангелието на неевреите итн.
Христос исто така, се тргал насамо, ама само навечер (кога и бездруго ние одиме да спиеме нели?). Инаку преку ден Исус скоро секогаш бил во придружба со илјадници слушатели. Заради гужвата честопати морал да проповеда и од сплав.
Сега останува уште да го разбиеме митот дека апостолите биле "монаси".
Да видиме што вели Светото Писмо:
"Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа, и Кифа (Петар)?"
(1 Коринтјаните 9:5) Тука апостол Павле јасно кажува дека некои од апостолите биле женети, некои од браќата на Исус, а и посебно го нагласува и Кифа (Петар).
Петар во едно од своите посланија дури и го кажува името на својот син.
"Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко."
(1 Петрово 5:13) Оттука јасно се гледа дека некои од апостолите си биле женети, што автоматски ја разобличува ПРАВОСЛАВНАТА ЛАГА дека тие биле "монаси".
Ви благодарам на вниманието.
Поздрав
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eklisija znaci-zbir sobir ama duhovno opshtenje na crkvite, sosluzuvanje...
|
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
evangelec
Група Регистриран: 19.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
monasite odat kontra na se sto e crkva. bidejki monah (znaci eden) a crkva (eklesia) znaci zbir/sobir.
|
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
E tokmu ova se ispolnilo vo golem del od monashtvoto a i ne samo vo negotuku i vo sveshtenstvoto, kriejki se vo svoite peshteri i odalecuvajki se od slavata, gordosta i bdeejki nad svojata vnatresnost duhovnost, zasvetile kako svetilnici vo pravoslavnata crkva... |
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
so se smees be ti Evangelos izvornoto Hristijasntvo se drzis do izvornoto hristijanstvo? mnogu ubavo napisa Maran Ata Bog Milostiv da te blagoslovi za trudot, tuka nema da te razberat, sto znaat za podvigot monashki... Изменето од belichka - 14.Септември.2008 во 17:59 |
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
e brat, da znaese sto znaci monastvo vo sustina - ke znaese sto zboruvam, i ne ke se smeese. interesen si, koga nemas argumenti, togas se gazis od smeenje mislejki deka ke im gi zamatis ocite na drugite, a potoa vo sleden moment pak da se pojavis so tvoite kvazi-tolkuvanja na evangelieto i da si ja polnis svojata gordost i sueta od komentari od tipot na bravo evangelos, mnogu si nacitan, se znaes za hristijanstvoto... e pusta sueta i gordost... koj ke te leci??? Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2008 во 17:32 |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
p.s2 site monasi koi zaminale od svetot i stanale golemi podviznici stanale sol na svetot i zasvetile kako svetilo na vrv planina - za toa svedoci nivnata popularnost kako duhovnici, a za onie koi veke se upokoeni - svedocat nivnite mirotocivi i cudotvorini mosti (a toa ne moze da se ospori oti do den deneska toa moze da se vidi). za da stanes sol ili svetilo na svetot - treba DA STIGNES DO BESKRAJNOTO SOVRSENSTVO, a dali nekoj od nas na forumov stignal do tamu? ne mislam, zasto da bese taka ke si sedese so Boga na razgovor vo molitva, a ne vo dokazuvanje na svojata gordeliva priroda sprotivna na zapovedta od Boga za smirenieto i gledanjeto na svojata rabota, neprepiranjeto - zasto kako sto veli apostol Pavle - vistinskite hristijani nemaat takov obicaj!
Za toa prostete mi i mene! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Монаштвото нема свои корени во изворното христијанство. Монаштвото нема поткрепа во библиското учење. Не постои ни еден библиски стих кој повикува на монашки живот.
Службата на Христос и апостолите била секогаш меѓу луѓе. Христос ги подучувал учениците да бидат сол и светлина во светот. Во овој контекст Христос рече:
"Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие; ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.”"
(Матеј 5:14-16)
Од овој цитат јасно се гледа дека Исус ги повикува Неговите ученици/следбеници да "светат" пред луѓето, а не да ја сокриваат својата светлина по манастири, планини, пештери и сл.
Пред да се вознесе, последната заповед што Христос им ја даде на учениците беше да проповедаат во Ерусалим, Јудеа, Самарија, а потоа низ целиот свет, да крштеваат и од сите народи да направат Негови ученици. Значи Исус им заповеда т.е. ни заповеда да бидеме меѓу луѓето, а не да се криеме по планини и себично да си ја чуваме верата за нас.
Не зборувам за другите вери, но христијанската вера самата по себе подразбира и условува споделување на истата. Христијаните веруваат дека поседуваат порака - Евангелие - која може да го спаси оној кој ќе поверува во неа, да го ослободи од вината и да му обезбеди и гарантира живот вечен. Зарем не е себично да поседувате таква порака, а да не ја споделите со вашите блиски?
Замислете си дека поседувате рецепт за лек против ракот. Замислете си дека сите ваши блиски и најдраги се болни од рак. Дали вие нема да сакате да им го кажете лекот за ракот на вашите блиски за да оздрават или пак ќе се повлечете на некоја планина и таму, иако здрави, ќе си го кркате себично лекот само за вас?
Ако познавате некој што бил болен од рак и ако имате лек за таа болест, не верувам дека би отишле на планина со тој лек, туку би отишле кај болниот и би му го дале.
Да си жива и здрава, шо убаво ме насмеа, сполај ти
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Внеси реплика | страница <1 9091929394 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |