IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 41>
Автор
Порака Обратен редослед
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:27
Zidarski,зошто ми го избриша постот? Тоа беше само нормална реакција на ЕвАнгелос за неговото непотребно инволвирање на муслиманите во темава. Барам да се едитира и неговиот пост.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:24
Со реформите на Лутер, Цвингли и Калвин, доаѓа до отфрлање од страна на протестантите дека лебот и виното навистина се претвараат во Тело и Крв Христова, туку дека тоа е само симболично. Сепак, Лутер останал најблиску до вистината. Тој верувал во консупстанција – соединување на супстанциите – дека нема вистинско пресуштествување (претварање на лебот и виното во Тело и Крв) туку само дека Христос во, со и под лебот и виното е реално телесно присутен.

Според Цвингли нема ниту консупстанцијација, туку евхаристијата е само знак на сеќавање на телото и крвта Христова. Лебот и виното се само симболи на телото и крвта Христова, а целиот обред е само спомен на последната Христова вечера. Лутер и Цвингли на ова прашање сосема се разидоа, иако есента 1529 год. имаа заеднички состанок во Марбург за да ги обединат реформаторските сили против римокатолиците.

Калвин пак, завзел среден став. Од една страна не се сложувал со Лутер дека Христос е навистина присутен во, со и под лебот, затоа што Христовото човечко тело е на небото со Отецот. Но од друга страна го оспорувал и учењето на Цвингли сметајќи дека сепак во тој леб и вино се наоѓа Христос, но не реално, како што учел Лутер, туку виртуелно – од телото на Христа од небото се влева некоја сила во душата на верникот кога ја прима евхаристијата.

Протестантските секти усвојуваат една од овие три реформаторски теории, а најчесто тоа е Цвинглиевата, како што се гледаа и од коментарите на форумов.

Сепак, кој има приговор во однос на Православната Причест, нека го упати кон Христос, затоа што Тој Самиот ни рекол дека ако не го јадеме Телото Негово и не ја пиеме Крвта Негова, нема да имаме живот вечен.


Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2008 во 03:46
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:14
Не ја вртам дискусијата - одговорив симболички на прашањето.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:12

zidarski, не бегај од прашањето. Нема да ти дозволам како муслиманите да ја вртиш дискусијата кон Тројството.

Вие велите дека виното е буквално Христовата крв (со еритроцитите, леукоцитите, тромбоцитите на Христос) затоа што Христос рекол: "Ова е мојата крв".
Моето прашање е сосема во таа насока, дали Христос е буквална растителна Лоза и дали сме ние буквални растителни лозинки само затоа што Христос рекол: "Јас Сум Лозата, а вие сте лозинките"?
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:03
А дали е симболично син Божји или е буквално?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:59
Сакате да кажете дека Светото Писмо не е доволно за објавување на вистината па сега ни требаат и неговите "толкувачи"?
 
zidarski, дали Христос е буквална Лоза?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:55
А зошто мислиш дека се побива со таа изјава?
Токму тоа е упатство, клуч кон разбирањето на Светото Писмо, како што е всушност целото Свето Предание... те упатува да го истражуваш Светото Писмо за да го разбереш подобро. Ако не успееш - можеш да прочиташ што рекле останатите Свети Отци, за да разбереш подобро (не секој може да разбере се без проблем, секој со своите разбирања и идеи). Ниедно од тие писанија не е во спротивност, ниту пак надвор од Светото Писмо. Затоа - сосема е логична изјавата - Светото Писмо се толкува самото себе.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:51
Мараната, Јован Златоуст не бил православен христијанин. Тој живеел вo крајот на 4век, далеку пред појавата на православието.
Второ, мене Јован Златоуст не ми е авторитет, ама тебе ти е, и затоа јас ја користам неговата изјава (СВЕТОТО ПИСМО СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ) за да ја замолкнам твојата уста која вели спротивно на твојот авторитет, имено дека е неопходно некакво си "свето предание" за толкување на Светото Писмо. намигнување 
Најинтересно ми е кога со помош на православните авторитети ги побивам православните догми голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:40
Епа брат, научи се прво да пишуваш, не е хомајлија (амајлија или не знам што сакаш да напишеш) туку е ОМИЛИЈА.
Второ, избери си, или го прифаќаш ПРЕДАНИЕТО, кое го посочуваш во зборовите на св.Јован Златоуст, или не го прифаќаш и нема што да ми го цитираш.
И трето, не заборавај дека СВ.ЈОВАН ЗЛАТОУСТ Е ОНОЈ КОЈ ЈАСНО КАЖУВА ДЕКА ВИНОТО И ЛЕБОТ НАВИСТИНА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО ТЕЛО И КРВ ХРИСТОСВА И ДЕКА ПРАВОСЛАВНИТЕ СЛУЖААТ ЗЛАТОУСТОВА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУГИЈА.

И за крај, не ти е ли јасно дека св.Јован Златоуст е православен светител и тоа што го зборува го зборува за православните - само на нас може да ни се толкува како што треба поради присуството на Единиот Свет Дух.
Светиот Дух преку св.Јован Златоуст ни го толкувал канонот, затоа и ова му е ОМИЛИЈА на Битие, каде ни толкува. А кој ви толкува вам?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:37


18 Зашто, не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува.


Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:36
Евангелос - патот е буквално пат. Само што очигледно не го разбираш терминот и го поистоветуваш со тоа што за тебе претставува пат. Ако ти не разбираш нешто, не значи дека тоа не е така.
Општувањето - значи соединување... како што впрочем значи коинонија. И токму затоа е буквално крвта Христова, како што е лебот тело Христово...
Пак - ти решаваш дека е тоа симболика. Никаде не е ниту спомнато, ниту има оддалеку намек дека станува збор за симбол во конкретниов случај. А ниту има причина да веруваме дека е симболично, а не буквално.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:22
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Нема Св.Предание – нема толкување!
 
ога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:21
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Христос на едно место вели "Јас сум патот", на друго место вели "Јас Сум вратата" итн. Каде е тука симболиката?
Дали тоа значи дека секој ден кога газиме по пат ние Го газиме Христос? изненадување
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

 
По кој пат? По патот за Мариово? Каде е тоа така кажано? Тој не вели: Јас сум секој пат, туку вели Јас сум Патот, Вистината и Животот и продолжува никој не доаѓа до Отецот освен преку Мене. Значи на тој Пат се мисли, а не на било кој пат. Дали МЕНЕ мојот “буквализам“ ме доведе до, како што велиш ти ’безумие’ ?
 
Па каде јас погоре реков "пат" или "секој пат"? Зошто лажно ме клеветиш? Јас реков точно така како што пишува во Библијата "Јас Сум Патот".
Да твојот буквализам те доведе до безумие затоа што ти си тој кој сака да не убеди дека Христос, бидејќи вели "Јас Сум Патот", Тој е буквален пат како тој за Мариово.
Се читаш ли  што пишуваш? Ние христијаните сме тие што велат дека тука Христос зборува во парабола, а вие православните сте тие што не убедувате дека таму Христос зборува буквално, дека виното е буквално Христовата крв, дека Христос е буквално пат, врата, лоза итн.
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Ако си Ја “треснал“ или си ја “фарбал“ Вратата преку Која секој кој ќе влезе ќе се спаси, и ќе влезе и ќе излезе и Пасиште ќе најде, тогаш ДА Ти си Го, како што ти велиш “треснал и офарбал Христа“. Дали МЕНЕ мојот “буквализам“ ме доведе до, како што велиш ти ’безумие’ ?
 
Да, твојот буквализам тврди дека Христос е буквална врата преку која поминуваат буквални овци, а тоа да, реков и пак ќе повторам дека е безумие!
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

 
1 Кор 10
Чашата на Благословот која ја благословуваме не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме не е ли општување со Телото Христово? Бидејќи Лебот е само еден, едно тело сме ние многуте зашто сите се причестуваме од еден леб.
 
Прво, воопшто не се плашете да го корегирате катастрофалниот превод на нашата Библијата. Верувајте, Бог нема да ве казни ако го корегирате и онака нелектурираниот превод на Светото Писмо. Смешно е да се напише "општување", подобро би било "општење". Сепак во оригиналниот коине грчки таму стои: "коинониа" што всушност значи "заедништво" или "учество (во некоја заедница)".
 
Второ, доколку виното било буквално крвта Христова, тогаш апостолот ќе рекол: "Чашата на Благословот која ја благословуваме не е ли крвта Христова.." намигнување, но тој како што гледаш не вели така, туку вели: "не е ли општење со крвта Христова".
Ете видиш, со свој камен по своја глава си удри. Сам си даваш аргументи против канибализмот во православието намигнување
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

 
И дали поради недостојно пристапување на симболиката може да ни се случи болест или смрт?!
 
Таа "симболика" т.е. тој мемориален оброк е аманетот кој Христос ни го остави нам за да на тој начин ние си спомнуваме за Неговата застапничка смрт. И секако дека секој што зема недостојно (на зафрканција, без да го знае значењето на симболите, со потсмевање, без почит кон Христовата жртва итн) секако дека Христос нема да остане рамнодушен на тоа.
Христос нема да остане ни рамнодушен на расфрлањето на Неговите симболи како што тоа се прави на пример за велигден пред православните храмови, каде што дури и пијани луѓе земаат од симболите, каде што деца кои воопшто не го знаат значењето на симболите земаат причест.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 01:05
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Светото Писмо ни говори дека таквите ученици попрво Го напуштале Христа наместо да ја прифатат Неговата наука (види Јн. 6,60-66). Они, всушност, биле првите протестанти!

 

Не, туку тоа биле всушност првите "православни" затоа што со цел памет помислиле дека таму Христос зборува за буквално јадење на Неговото тело и пиење на Неговата крв (канибализам!) и затоа го напуштиле, затоа што не сфатиле дека Христос зборува во парабола, а не буквално.

 

 

 

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Нема Св.Предание – нема толкување!

 


ога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)

 

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Има еден клучен момент тука: 53 А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам:..." Вистина ви кажувам! Не зборува во параболи, како што многу пати го прави, не зборува со симболи, како што многу пати го прави. Вистина ни кажува! И два пати го повторува тоа!

 

Еве ти еден "клучен" момент каде што Исус исто така ДВА ПАТИ повторува дека вистина збори дека тој е вратата на овците...

 

"Тогаш Исус пак им рече: “Вистина, вистина ви кажувам: Јас сум вратата на овците."(Исус во евангелие по Јован 10:7)

 

Според твото "разумско" толкување, следува дека овде Исус не зборува во параболи, ниту во симболи, туку дека Тој е буквална врата на овците голема%20насмевка

А погледни што вели предходниот стих на горенаведениот...

 

"Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа."(Јован 10:6)

 

Значи сепак Исус ја користел фразата "Вистина, вистина ви велам" и кога зборувал во параболи намигнување

 

(фала ти Господе што си го направил совршено Твојот пишан Збор за да може стих со стих да се брани и да не дозволи истиот да биде злоупотребен големо%20гушкање)

 

ggstefan ви постави уште подобар пример...

 

"Јас сум лозата, а вие прачките."(Исус во евангелие по Јован 15:5)

 

Дали според вашата "православна" "логика" од овој стих произлегува дека Исус е буквална лоза? голема%20насмевка Дали верниците се буквални прачки? тајм%20аут













Aman bre Evangelose pa prestani vise da ja tolkuvas Biblijata kako na tebe ti odgvara, pa zarem mislis deka sem tebe nikoj drug ne ja cita biblijata i ne ja razbira..Vadis zborovi i stihovi od biblijata gi stavas nadvor od kontekstot i posle tvrdoglavo tvrdis nesto sto nema vrska so onaa sto e vo biblijata....pa srceto ti e polno so omraza kon pravoslavieto a toa mu dojde deka mrazish hristijani i so toa DIrektno ja prekrsuvas zapovesta _sakaj go blizniot svoj...Od druga strana non stop go spomnuvas Boga bez potreba i ja krsis i taa zapovest, pa oladi be malku, sto si se zapnal ete ti ja biblijata tolkuvaj si ja kako ti sakas vo dijalozite samo so sebe sto si gi imas, ama nemoj bre da napadjas i plukas tuka, pa Pravoslaveto ne ti e krivo za nisto sto ti se slucilo u zivotot ... prestani vece ednas, tvojot egoizam, i samobendisanost se gledaat so kilometri, pleskas vistina velis koja bre vistina ti pleskas, kogo ti razoblicuvas ajde ne zezaj ti se molam.....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.