|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни локум колачиња (посно)Состојки 300 гр локум 250 гр шеќер во прав 250 гр мелени бисквити 1-2 лажици вода зелена и црвена прехрамбена боја За бел прелив 100 гр шеќер во прав 3 лажици мед 2 лажици вода или посно млеко во прав 1 лажичка ванила екстракт300 гр локум 250 гр шеќер во прав 250 гр мелени бисквити 1-2 лажици вода зелена и црвена прехрамбена боја За бел прелив 100 гр шеќер во прав 3 лажици мед 2 лажици вода или посно млеко во прав 1 лажичка ванила екстрактВо овој рецепт ќе ви покажам дека и посното може да е декоративно. Идејата произлезе од зададената тема, а јас ја вклучив и зелената боја бидејќи овие две бои се најзастапените за Божиќните празници и се вистински претставници на празничната радост што го обзема светот овие денови. Подготовка 1. Локумот, шеќерот во прав, водата и мелените бисквити ги соединуваме со гмечење и месење. 2. Потоа смесата ја делиме на два дела. Во едниот ставаме зелена боја растворена во неколку капки вода, а во другиот дел црвена. 3. Потоа секоја половина ја делиме на две и ги расукуваме со помош на шеќер во прав и на најлонска фолија. Треба да ни бидат сосема тенки и да се потрудиме да ни бидат со приближна големина. 4. Ги редиме наизменично зелена, црвена, зелена, црвена истенчена смеса. Целата новосоздадена површина ја делиме на две половини и едната ја ставаме врз другата. Нежно поминуваме со оклагијата да се спојат. 5. Целиот колач го ставаме кратко на ладно, па му ги отсекуваме прво краевите кои ќе ни послужат за изработка на украсите врз колачињата т.е за црвените топчиња и ливчињата. На крајот сечеме парчиња по желба. 6. За преливот ги мешаме сите состојки со лажица и од него ги прелеваме колачињата па ги редиме украсите. Забелешка Бисквитите ги мелев во нутрибулет и се направија да не речам како прашина, затоа и толку добро се измеси целата смеса, па не се ни приметува дека има бисквити во неа. Ако имате гел бои не треба да ги мешате со вода. Формата и висината на колачињава си ја изработувате по желба и вкус. Може да ви бидат само со четири реда, може да ги направите и како коцки оставам на вас да си ги правите како сакате или пак на мојот начин ако ви се допаѓа. Ама што се помали тоа подобро, ем повеќе ќе излезат за послужување, ама и дека се благички подобро е да се мали, можеби некој ќе сака да проба и некоја друга врста на колаче. Јас сакав да ми бидат како тортици па затоа ја направив оваа големина. Белиот прелив го ставив во кеса, отворив мало дупче на неа и фино го распоредував врз секое колаче посебно. За украсување на колачите можете да си одвоите и однапред од двете обоени смеси. Од оваа големина на колачиња излегуваат 12 парчиња. И нека не ве одвраќа должинава на пишуванкава за рецептот, јас само сакам детално да објаснувам, а ова е инаку многу едноставен рецепт. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач-куглофСостојки 3 јајца 250 гр. путер 1/2 лажичка сол 30 мл. рум 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка топла вода сок од 1/2 портокал (или сок од 1 лимон) 200 гр. ореви (сечкани) 50 гр. лешници (сечкани) 200 гр. брусница 50 гр. суво грозје 180гр брашно 200гр шеќерПрекрасен колач кој може да се направи пред неколку дена и спремно да чека да ја збогати Божиќната трпеза. 1. Јајцата се делат жолчки од белки. Шеќерот се мати со путерот (стоен на собна температура) додека да се стопи шеќерот, се додаваат жолчките, солта и румот. Се изедначува убаво. 2. Во поголем филџан се меша содата бикарбона и топлата вода, се додава сокот од портокал кој ќе создаде реакција, се меша и се додава во изматените жолчки. 3. Постепено се додава брашното и се мати. 4. Настрана се матат белките до цврст снег и заедно со оревите, лешниците, брусицата и сувото грозје се додаваат во претходната смеса. Се меша со шпатула додека да се изедачат сите состојки. 5. Смесата се истура во намастениот со путер калап за куглоф. 6. Се печи првин 10 минути во загреана рерна на 150 степени, а потоа уште 2 часа на 125 степени. За посигурно се проверува со чепкалка. 7. Испечен колачот се остава 10-тина минути во калапот, а потоа се превртува во чинија, изладен се декорира со сребрени светки или по желба. Во оригиналниот рецепт се става сок од 1 лимон, но бидејќи мене не ми се допаѓа вкусот на лимонот во печени колачи, ставам сок од портокал кој ми е вкусен во се. Суво грозје треба да е 250 грама, но како јас ја обожавам брусницата, ја заменив за 200-те грама суво грозје. За многу години да е најрадосниот празник Божиќ !!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мостачоли - ароматични Божиќни колачиСостојки 400 гр брашно 100 гр нишесте (густин) 150 гр мелени бадеми 120 гр мед 150 гр шеќер 100 мл масло 120 мл сварено, цедено и оладено кафе 30 гр какао 1 ванилен шеќер рендана кора и малку сок од портокал 1 лажиче цимет 1/2 лажиче каранфилче малку рендано морско оревче неколку капки екстракт од рум 1/2 (6 гр) прашак за пециво прстофат сол За глазура 250 гр чоколадо за готвење 3 лажици маслоОвие ароматични колачи покриени со чоколадо и форма на ромб се традиционални Божиќни колачиња карактеристични за градот Наполи. Подготовка на колачите Во сад се ставаат сите состојки и се замесува тесто. Тестото треба да биде средно тврдо, затоа ако е потребно додајте вода за полесно да го измесите. Откако убаво ќе го измесите на набрашнета површина развлечите кора дебела околу 5-8 мм и исечете ја во ромбови. Ромбовите наредете ги во плех на хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени од 10 до 12 минути. Внимавајте на времето несмее да биде подолго бидејќи ќе се пресушат и многу ќе се тврди. Кога се печени оставете ги да оладат и покријте ги со глазура од чоколадо. Чокололадото со маслото стопете го над пареа и секое колаче одозгора покривајте го со чоколада. Оставете ги на хартија за печење да се стегне чоколадата. Чувајте ги затворени во лимена кутија Од оваа смеса направив околу 35 големки колачи. Бројот зависи колку големи ќе се исечат колачите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни кокос колачиСостојки 300гр брашно 200гр маргарин 100гр кокос 1 јајце 1 пециво 1 ванила 100гр чоколада за готвење 50гр кокос или чоко трошкиСе замесува тесто од брашното, маргаринот, 100гр кокос, пецивото, ванилата и јајцето и се остава да одмори во фрижидер 15 минути. Потоа се ваѓаат колачи низ машина за месо или со обични калапчиња за колачи. Се печат многу кратко 8-10 минути и готови се лепат со крем, а потоа се декорираат со чоколада и кокос или чоко трошки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни украсни колачиСостојки 2 чаши брашно 2 лажички прашок за печиво 1/2 лажичка сол 100 гр путер 1 чаша шеќер во прав 1 лажичка ванила екстракт 1 јајце Декорација 2 белки 2 чаши шеќер во прав 1 лажичка сок од цеден лимон 1 лажичка зелена прехранбена боја1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса. 2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко. 3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап. 4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени. 5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица. 6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба. * Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни ароматични колачи-зимстернеСостојки 400 гр мелени бадеми 200 гр шеќер во прав 70 г белки 1 мала лажичка сок од лимон 1 рамна лажичка цимет 1 лажичка ѓумбир 1/2 лажичка каранфилче 1 прстофат сол 1/2 лажичка какао ројал ајсинг глазура 1 белка 150 гр шеќер во прав 3-4 капки лимонов сокОвие Божиќни ароматични колачи- зимстерне, се традиционални колачи за Божиќ во Германија. Многу се вкусни и меки, а и одлично се надополнуваат со шеќерната глазура. 1. Во длабока здела ставете ги сувите состојки - бадемите, зачините и солта. 2. Во друг сад ставете ги белките и матете ги со миксер. Додавајте шеќер во прав пополека и постојано матите. Потоа додадете и сок од лимон. Матете додека смесата не стане густа. 3. Потоа кон белките додадете ги сувите состојки и мешајте со лажица, додека да добиете густо тесто. Ставете го тестото во фрижидер да се олади, околу половина час. 4. Изладеното тесто ставете го на работната маса, каде ќе просеете предходно половина лажичка какао. Кратко размесете го тестото за да добиете мраморен ефект. 5. Расукајте го тестото на работната површина и од него вадете форми по желба. *Зимстерине треба да се во форма на ѕвезди, но јас бидејќи немав таква форма, ги правев како елка, срце, цвет и мече. 6. Наредите ги формите во тава за печење и печете ги на 150 степени околу 10тина мин. Оставете ги да се изладат. 7. Подгответе ја глазурата едноставно со мешање на состојките. Со миксер изматете ја белката и постепено додавајте го шеќерот во прав. Додадете го и сокот од лимон и се убаво измиксајте, за да добиете густа бела смеса. Декорирајте ги по желба. Јас додадов и боја во мала количина од глазурата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Англиски божиќен пудинг (Божиќен календар 25)Состојки 70 гр. темно суво грозје 70 гр. светло суво грозје 30 гр. сушени цреши 30 гр. сушени сливи 30 гр. сушени смокви 30 гр. сушени урми 30 гр. сушени кајсии 30 гр. кандирани цреши 100 мл. бренди 50 гр. ореви Кора на 1 лимон, 1 портокал и 1 мандарина 1 мала лажица цимет 2-3 мелени каранфилчиња Малку рендано мускатно оревче 1/5 мала лажица анасон 55 гр. трошки од бел леб 100 гр. мусковадо шеќер 1 голема лажица меласа (може и мед) 1 голема лажица брашно На врв на мала лажица пециво 1 мало јаболко 1 големо јајце 55 гр. путер 20 гр. путер за премачкување на садот за печење1. Сувото овошје се сечка и се залива со бренди и се остава за 24 часа. 2. На готовото суво овошје му се додаваат ренданото јаболко, кандираните цреши кора од портокал, лимон и мандарина и се промешува. 3. Во садот со овошјето се додаваат и останатите состојки (путерот се ренда). 4. Целата смеса убаво се меша да се соедини. 5. Англичаните имаат специјални садови за подготовка на пудингот, но може да се направи во порцелански сад со високи ѕидови (дозата е за сад што собира 700 мл). Ѕидовите се премачкуваат со путер и во основата му се поставува хартија за печење (мал круг само за основата на садот). 6. Смесата се префрла во садот и се покрива со премачкана со путер хартија за печење. 7. Врз хартијата се става фолија и се заврзува убаво (покажано е во сликите). 8. Во сад на оган се става една чинија со дното нагоре и се додава вода да се загрее. 9. Врз чинијата се става садот со пудингот. 10. Се покрива со капак и се вари на пареа 4-5 часа на средна температура, водата не смее да покрива повеќе од 1/4 од садот во кој што е пудингот. 11. Готовиот пудинг се остава да се олади целосно и се завиткува во фолија и се остава да зрее најмалку 3-4 седмици на ладно, но не во фрижидер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќна торта (Божиќен календар 29)Состојки 100 гр. сушени смокви 100 гр. урми 100 гр. сушени кајсии 100 гр. сушени сливи 100 гр. сушено бело грозје 100 гр. сушено црно грозје 100 гр. сушени цреши 100 гр. сушена црвена боровинка Сок од 1 портокал 150 мл. бренди или темен рум Кандирана кора од 1 портокал, 1/2 лимон и 1 лимета 70-80 гр. кандирани цреши 4-5 смокви од слатко од диви смокви 60-70 гр. лупени бадеми 230-250 гр. брашно 4 јајца 150 гр. темен мусковадо шеќер 200 гр. путер1. Сувото овошје се сечка на ситно, се додава 100 мл. бренди или рум и сокот од портокал и се остава за 24 часа (најмалку 12 часа). Продуктите треба да се на собна температура. 1. Во еден сад се става путерот и шеќерот и се мати да се соедини. 2. На путерот му се додаваат јајцата едно по едно и се мати да се соедини. 3. На смесата со путерот се додава брашното и се мати колку да се соедини. 4. Бадемите се потпекуваат малку во рерна. 5. Во смесата се ставаат овошјето и бадемите и се меша со лажица или шпатула да се соедини. 6. Смесата се префрла во модла со високи ѕидови или тенџерче (без пластика по него) со дијаметар 20-22 сантиметри на 2-3 пати, за да може убаво да се распредели. Во садот каде што се печи се става хартија за печење најпрво од страните, а потоа и во центарот (на сликата е покажано). По ѕидовите е убаво хартијата да е 2 слоја затоа што тортата се печи многу долго и може да изгори, исто така хартијата треба да излегува 2-3 сантиметри над работ на садот. 7. Тортата се печи на 140-150 степени најмалку 3 часа, на третиот час се пробува со чепкалка дали е готово, се печи уште колку е потребно, ако е потребно се става хартија за печење и одозгора (ако тортата многу потемнува). 8. Откако е готова тортата се вади од рерна и се остава да се поолади во модлата 20-30 минути, потоа се вади на решетка да се доолади, но се завиткува во најлонче (без да се допира до тортата), при што треба да се направат отвори на најлончето за тортата да може да диши, но не да се исуши. 9. Откако ќе се олади целосно тортата се прават дупчиња и со лажица се залива со останатиот алхохол. 10. Тортата се завиткува убаво во фолија и се остава на ладно, но не во фрижидер, за да не се исуши (треба да се остави да стои 3-4 седмици) затоа сега е идеалниот момент да се направи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gingerbread cookies или зачинети кексиВкусни колачиња кои со интензивниот мирис асоцираат на зима и празници .... Можат да се направат неколку дена порано и стојат долго. Состојки: - 300 гр брашно - 100 гр путер или маргарин - 1/2 кесичка прашок за пециво - 5 лажици шекер - малку сол - ванилин шекер - 20 гр какао - 2 лажици мед - 1 јајце - по 1/2 лажичка мелен ѓумбир, каранфилче, цимет и морско оревче - рендана кора од лимон Како и за претходното тесто за бисквити, и тука е многу важно тестото при месење да не се затопли многу. Прво ги ставаме сувите состојки - брашно, прашок за пециво, какао, шекер, сол и сите зачини. Не се плашите да додадете и повеке зачини, овие колачиња треба силно да мирисаат и вкусот да им биде појак од вообичаените кекси. Потоа се додава путерот кој не треба да биде стопен туку само исечен на тенки листови. Кога путерот убаво ке се измеша со сувите состојки, се добива зрнесто тесто. Можете да го мешате со миксер или со раце. Се додава медот и јајцето и се замесува тесто што нема да биде мазно и компактно, ке изгледа вака. Тестото се витка во фолија и се остава во фрижидер неколку часа. Може да се чува во фрижидер до 5 дена и да се вади количина по потреба, не мора да се искористи одеднаш. Кога ке решите да ги печете колачите, се зема еден дел од тестото и со сукало се шири на околу 3 мм дебелина. Со калупи се вадат форми какви сакате и се ставаат да се печат во плех обложен со хартија за печење. Јас имав специјални модли за правење на новогодишни елки, ама за кекси можете да користите било која форма. Се печат 10-12 мин на 190°C. Кога ке се извадат од рерна, сеуште се меки, кога ке се оладат стануваат тврди и крцкави Кога кексите сосема ке се оладат, по желба се украсуваат со глазура која се прави од една белка измешана со 100 гр шекер во прав и сок од пола лимон. Глазурата се мати со миксер додека не стане густа и сјајна. Се става во кеса за шприц, оваа е само малку исечена на врвот за да може прецизно да се црта со глазурата по колачите. Глазурата се суши 1 час. Со калупчињата за елки и со глазура е направена оваа елка. Ако не сакате глазура, можете додека се печат да ги посипате со малку шекер кој од топлината ке се залепи за кексот, па ке му даде малку "свечен" изглед. Ако се чуваат во метална кутија за кекси, долго време ке бидат тврди и свежи. Изменето од Valerija - 22.Декември.2017 во 22:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни бисквитиНема куќа во која за време на новогодишните и божиќните празници нема барем едно место во дневната соба во кое постојано има нешто слатко на дофат на рака.
За оние кои сакаат слатките задоволства да ги направат сами дома, следат неколку идеи за вкусни бисквити и интересни новогодишни декорации. Бисквитите можете да ги направите според било кој рецепт, но доколку немате ваш испробан рецепт, откако ќе го пробате овој, нема веќе никогаш да посакате да пробате друг (освен можеби нашиот рецепт за gingercookies кој наскоро ќе го споделиме со вас) -500 гр брашно тип 400. Идеално би било да употребите 350 гр брашно и 150 гр скроб (од компири или пченкарен) кој ги чини бисквитите особено меки, но не е задолжително. -120 гр шеќер во прав -16 гр прашок за пециво -250 гр путер -1 јајце -арома на ванила -За бисквити од какао, заменете 50 гр од брашното со 50 гр какао Процедурата за мешање на состојките е идентична како онаа што ја опишавме во рецептот за крцкаво тесто. Путерот кој сте го оставиле половина час на собна температура исечете го на коцки и измешајте го со брашното и прашокот за пециво (и какаото, доколку го користите). Можете да употребите миксер со спирални перки. Треба да добиете мешавина која потсеќа на мокар песок. Потоа додајте го шеќерот и на крај аромата и јајцето. Кога ќе го измешате јајцето ќе имате впечаток дека смесата е премногу сува, но немојте да додавате никаква течност или друго јајце. Едноставно истурете ја смесата на работната површина и почнете да ја собирате со рацете. По кратко време таа ќе стане покомпактна и ќе успеете да ја соберете во топка која ќе ја обвиткате во пластична фолија и ќе ја оставите во фрижидер најмалку еден час (најмногу 4-5 дена). Земете дел од ладната смеса и кратко месете ja со рацете да омекне, да стане лесна за обликување. Но внимавајте да не ја загреете смесата, таа треба да биде ладна. Со сукало извлечете кора дебела околу 4мм. Доколку немате калапчиња со интересни форми, употребете чаша за тркалезни бисквити: новогодишниот дух ќе го додадеме подоцна, со декорациите. Наредете ги така исечените бисквити на хартија за печење и печете ги 10-12 минути на 180 степени. Не чекајте да заруменат, иако се сеуште многу светли, тие ќе бидат добро испечени по 12 минути. Ако ги печете некоја минута повеќе од потребното ќе бидат вкусни но малку потврди. Сега откако знаете како да подготвите тесто за вкусни бисквити, можеме да се посветиме на идеите за декорирање. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни ванилициСостојки 250 гр. маргарин (може и сало) 4 лажици шеќер 1 јајце 1 пециво 100 гр. кокос 1 ванилин шеќер брашно по потреба1. Маргаринот се замесува со 4 лажици шеќер со рака и се додаваат јајцето, пецивото, кокосот, ванилиниот шеќер и се става брашно по потреба постепено, додека да се добие смеса која не лепи. 2. Од топлината на рацете при месењето ќе се добие глатка смеса од која со дебело сукало се развлекува кора дебела 0,5 см, па со калапче се вадат елки. 3. Се печат на 200 степени 15-20 минути. И толку! Ништо комплицирано! Кога ќе изладат се украсуваат со чоколадо, светкав прав (зелен) или каков сакате, украси по желба, или може едноставно да ги избрбелате во шеќер во прав. Кога немам многу време директно од калап за тулумби правам цветови или долги форми. Вака како елки едвај останаа за сликање. Пријатно! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни ѕвездичкиСостојки 300 гр брашно 2 жолчки 240 гр маргарин 100 гр шеќер во прав 100 гр мелени ореви 1 кора од лимон рендана 1 ванила 1 пециво 1 бело чоколадо за готвење по желба/потреба прехрамбени бои и светки Дополнителни фотографи1. Во длабок сад ги замесуваме сите состојки кои ги набројавме почнувајќи од жолчките, маргаринот па брашното....па потоа и останатите...оревите, шеќерот во прав, кората од лимонот, ванилата и пецивото. 2. Убаво месиме се додека тестото не се двои од раката. Да напоменам дека во мојот ми отиде малку повеќе брашно од наведените 300 грама, зашто тестото ми лепеше. 3. Тестото го развлекуваме во кора со дебелина околу 5 мм и со калапчиња во вид на ѕвезда во мојот случај вадиме ѕвездички и ги редиме во намрсен плех. 4. Веднаш печеме во рерна на температура од 170 степени. Печеме околу 10 минути колку да се добие златна боја на колачињата. 5. Ги чекаме да се поизладат и ги преливаме со глазурата. Глазура 1 бело чоколадо за готвење се става во сад на пареа да се растопи потоа со лажиче додаваме на колачето и го размачкуваме по површината. За да бидат во различна боја додаваме прехрамбени бои по желба. Наросуваме светки. Имаме готови ногодишни колачиња кои на дечињата ќе им значат многу на новогодишната трпеза. На здравје. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни свеќичкиСостојки 3 јајца 300 гр шеќер 120 гр маргарин 350 гр мелени бисквити 100 гр потпечен сусам 2 пакетчиња ванилин шеќер 2 раце толчени потпечени кикиритки (несолени) 2 лажици какао (за половината од смесата) За декорација 50 гр бело чоколадо 100-тина половинки од кикиритка1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилите и во нив се додава маргаринот и се убаво се мати за да се соедини 2. Се додаваат бисквитите, сусамот и кикиритките и се се меси со рака 3. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото 4. Се прават конусни формички 5. На секоја свеќичка се става по малку растопено чоколадо и по една половинка од кикиритка (како мало пламенче од огинче) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни елкиСостојки 100 гр бело чоколадо 2-3 лажички масло малку зелена прехрамбена боја 15 гр експандиран интегрален ориз малку арома прав од ѓумбир и портокал по потреба шеќерни ѕвездички или топчиња во боја хатија за печење, ножици и проѕирно лепилоОвие елкички ќе ви ја разубават пред се новогодишната трпеза, но и убаво ќе ве засладат. Откако малку ќе отстојат не можите да престаните да јадите од нив. Најпрво треба да спремите фишеци од хартијата. Од големината на фишеците зависи и големината на елките кои ќе ги добиете. Можи да направите помали или поголеми. Јас исеков одприлика квадрати од 25 см, т.е. од ролната хартија исеков отприлика 25 см должински, па ја преполовив после во должина и ја секов на пола. За поавтентично, можи да исечите кругови кои после ќе ги исечите на половина и од секој ќе завиткате фишек кој одозгора ќе добие рамна површина како конус. Мене краевите кои стрчеа ми се најдоја убаво да ги достегам, и со нив завиткам. Од секој сечен квадрат завиткајте фишек и гледајте да е колку што можи поширок. Крајот залепете го со проѕирно лепило. Стопете го чоколадото со маслото. Јас го топев во микробрановата на 2 пати по 30 секунди. Потоа во него измешајте зелена прехрамбена боја. Убаво е таа да е течна, но ако користите во прав како мене, растворете ја во неколку капки вода и аромата портокал-ѓумбир. Додајте ги оризовите снегулки и убаво и рамномерно измешајте. Можеби има разлика дали ќе се користи течна боја или боја во прав. Кај мене влегоја многу помалку снегулки во грамови од изворниот рецепт, така да можеби и изборот на чоколадо има улога, па доколку сметате дека можи да одат уште снегулки, придодадете. Битното е секоја да ја фати околу со чоколадо. Секој фишек полнете го со помош на мала лажичка и набивајте ја смесата со него за да не остануваат празнини. Последниот дел добро израмнете го, тој ќе е основата на која ќе стојат елкичките. Оставете ги во фрижидер 15на минути убаво да се стегнат, па потоа внимателно извадете ги од фишеците. Украсете ги со перли, топчиња кои ќе изгледаат како лампиони или шеќерни ѕвездички, одозгора наросете шеќер во прав (јас ставив кокос) да изгледа како снег, послужете и уживајте во пофалбите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |