Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2015 во 13:13 |
Ви заѕвонија гости на врата, а немате со што да ги послужите? Не се грижете, додека го варите кафето може да го направите и овој колач. Веројатно толку ќе им се допадне, што ако ви го побараат рецептот, нема да им се верува колку е едноставен. Потребни состојки: - Неколку сладолед сендвичи
- Шлаг
- Чоколаден сируп
Подготовка: Наредете ги сладолед сендвичите во 3 реда, а потоа изматете го шлагот. Покријте ги сладоледите со шлаг и на крај украсете со чоколаден сируп. Исечете неколку парчиња и послужете заедно со кафето. Толку е едноставно! Сега разбирате зошто е паметно секогаш да имате неколку сендвич сладоледи во замрзнувачот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Март.2015 во 20:42 |
ЛЕДЕН БРЕГ - КРЕМАСТ КОЛАЧ СО ПЛАЗМАПотребно ви е: - 300g Плазма
- 400ml млеко
- 300ml слатка павлака
- 1 ванилин шеќер
- 2 пудинзи со вкус на банана
- 4 лажици густин
- 3 жолчки
- 7 лажици шеќер
- 300g маргарин
- 1 банана (да не е презреана)
- Млеко за топење на бисквитите
- Шлаг по желба
Подготовка: Промешајте го млекото со слатката павлака и одвојте 1dl, а останатата течност ставете ја на шпорет и загревајте. Промешајте го ванилиниот шеќер со пудингот и густинот, додадете ги 3-те лесно изматени жолчки и 7-те лажици шеќер. Во тоа додадете ја одвоената мешавина од млеко и павлака (1dl) и мешајте додека не исчезнат сите грутки. Ставете ја мешавината во млекото и варете додека не добиете густ крем. Прекријте го кремот со проѕирна фолија и ставете го да се олади. Кога кремот ќе биде изладен, изматете го маргаринот со бананата и прелијте со неколку капки лимонов сок за да не потемни. Во смесата додавајте го оладениот крем и мешајте со миксер додека не добиете густа смеса. Плазма бисквитите натопете ги во млеко и редете 4×4 бисквити, па крем. Вториот ред треба да биде 3×4, третиот 2×4 а последниот ред 1×4. Помеѓу нив добро измазнете го кремот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Февруари.2015 во 10:53 |
БРЗИ РУМ ШТАНГЛИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕОдвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови. Состојки: - 300g компир
- 300g мелени бисквити
- 200g темно чоколадо
- 140g маргарин
- 200g шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
- 1 лажица масло
Подготовка: 1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум. 2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот. 3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2015 во 09:14 |
Секој кој ќе ја проба ќе ужива во мешавината на бисквити, пудинг и овошје, а оној кој ќе ја подготви ќе изгледа како врвен готвач, а потрошил само 15 минути во кујна. По сè изгледа, вреди да ја направите и споделите уште денес. Потребни состојки: - 1 пакетче бисквити
- 2 пудинзи од ванила
- 1l млеко + 100ml за бисквитите
- 6-8 лажици шеќер
- 1 kg банани
- 1/3 лимон
Подготовка: Сварете ги пудинзите со млекото и 6-8 лажици шеќер. Кога пудингот ќе се свари, оставете го да се излади и да се згусне. Кексите потопувајте ги во млеко за да омекнат и наредете ги на чинија или тава. По првиот слој, прелијте пудинг, па наредете кругови банана. Важно е бананата претходно да ја исечете и круговите да ги потопите во сокот од лимонот. Запазете го редоследот бисквити - пудинг - банани додека не го потрошите материјалот. Завршете со ред бисквити, па по желба декорирајте со шлаг пена и рендано бело чоколадо. Послужете ја тортата студена, со некој вкусен пијалак.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:44 |
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ЛЕШНИЦИ ГОТОВИ ЗА 5 МИНУТИСосотојки: 4 филџани ситно мелен шеќер 1/2 филџан какао во прав 1/4 филџан млеко 1/2 филџан путер 2 лажички екстракт од ванила Грст пржени,исецкани лешници Подготовка: Подгответе сад со димензии 10 х 10 см и подмачкајте го со малку путер или масло и обложете го со хартија за печење. Измешајте ги шеќерот и какаото и смесата ставете ја во сад кој го собира во микробранова. Мешавината полејте ја со млеко, а на крај додадете го путерот на коцки. Ништо не мешајте, ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот не се стопи. Извадете го садот од микробранова, додадете екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најјака брзина додека не добиете кремаста маса. Во смсата се додаваат лешниците и се заедно се меша. Смесата се префрла во претходно подготвениот и подмачкан сад и се остава во замрзнувач околу десетина минути. После тоа, превртете го садот на рамна површина и добиената чоколадна плоча се сече на коцки.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јануари.2015 во 21:03 |
НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ВЕРЗИЈА НА ЧОКОЛАДО ТОБЛЕРОНЕ!
300 грама чоколадо 300 грама лешник 3 јајца 300 грама путер 300 грама бисквити 300 грама шеќер ПОДГОТОВКА: 1. Карамелизирајте 200 грама шеќер. Во карамел измешајте 200 грама препечени лешници. Ставете ја смесата на мрсна чинија па оставете ја да се олади. Останатиот шеќер измиксајте го со јајцата, а путерот разматете го посебно и соединете го со јајцата, потоа додајте растопена чоколада и 100 грама мелени лешници. 2. Иситнетите лешници измешајте ги во смесата, па додајте мелени бисквити. Се` добро промешајте и ставете во троаголен калап.
Изменето од Valerija - 27.Јануари.2015 во 21:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јануари.2015 во 21:01 |
ЧУДО КОЕ НЕ СЕ ПЕЧЕ, А ГОТОВО Е ЗА 20 МИНУТИ!Ако не сте од оние кои со многу ентузијазам и трпение влегуваат во кујна со цел да подготват торта, ова е рецепт за вас. За оваа торта не треба да се плашите дали ќе ви успее, бидејќи не треба да ја печете. СОСТОЈКИ: 1 литар млеко 4 пудинзи од ванила 300 грама шеќер 250 грама путер 200 грама мелени бисквити 200 грама кокос 200 грама мелени ореви шлаг за украс (по желба) ПОДГОТОВКА: Згответе четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер. Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во трет мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни пудингот да биде доволно црврст. Во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, на неа смесата со кокос, а на крај со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Ако не сте премногу нестрпливи, оставете ја тортата во фрижидер неколку минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јануари.2015 во 20:50 |
МИНИ ТОРТА „БОМБА“Состојки: • 1 парче ролат од брусница на „Винчини“ • 100 мл слатка павлака • 4-5 лажици инстант какао (Несквик) • малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини.. (по желба) Подготовка: 1. Ролатот од брусница исечете го на парчиња со дебелина од 7-8 мм. 2. Мини зделата за салата (ние користевме сад со дијамер од 15 см и со длабочина од 8 см) обложете ја со проѕирна растеглива фолија. 3. Целата здела, почнувајќи од дното, обложете ја со парчињата ролат од брусница. 4. Слатката павлака (хоплата) иматете а и додадете неколку лажици несквик. Доколку саката да биде поцрно, додадете какао во прав, ноне заборавајте да додадете и шеќер во прав. 5. Зделата обложена со ролат наполнете ја со изматената слатка павлака и одозгора затворете ја со останатите парчиња ролат. 6. 6.Мини тортата оставете ја да се олади, превртете ја, тргнете ја проѕирна фолија и сервирајте ја. 7. По желба, ставате малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини..
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јануари.2015 во 16:42 |
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕЗа денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу.Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:39 |
ТОРТА СО БИСКВИТИ И НУТЕЛА– 500 гр бисквити – половина литар млеко – 3 кесички шлаг – Нутела – 4 жолчки – 250 гр шеќер во прав – 250 гр путер – 4 лажици брашно – 2 кесички ванила – 100 гр чоколада за готвење – малку млеко за да ги потопите бисквитите Подготовка: Најпрво подгответе го чоколадниот фил. Изматете ги жолчките со две кесички ванила и четири лажици брашно. Во оваа смеса ставете неколку лажици млеко, од половина литар млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, па кога ќе почне да врие ставете ја смесата со жолчките. Варете додека не добиете густ фил, на крајот ставете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. На страна пенесто изматете го путерот со шеќерпт во прав и ставете го во изладениот фил. Изматете го шлагот според упатството. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете ги на еден плех. Одозгора ставете еден слој нутела, па ставете од шлагот, па чоколадниот фил. Повторете ја постапката додека имате од состојките.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јануари.2015 во 15:03 |
Овој рецепт ќе им се најде на сите домаќинки кои немаат баш многу време на располагање, а сакаат да се покажат во добро светло пред гостите. Плус, кога и да ви се пријаде нешто слатко можете за многу кратко време да ја задоволите желбата. Потребни состојки: - 300g мелени бисквити
- 50g мелени ореви
- 2-3 лажици Несквик
- 3 кеси шлаг
- ½ лажичка цимет
- Чоколадо за готвење, по желба
Подготовка:
Мелените ореви и бисквитите измешајте ги со циметот и Несквикот, па потоа соединете ја смесата со 2 кесички изматен шлаг. На крај додајте го растопеното чоколадо за готвење. Смесата ставете ја во шолји, па одозгора премачкајте со преостанатата кесичка шлаг. Прелијте со малку стопено чоколадо и украсете по желба. Доброто кај овој колач е што можете да ги менувате состојките. Важни се само бисквитите и шлагот, додека оревите, Несквикот и циметот може да ги замените со кокос, мелени бадеми, ф’стаци, бело чоколадо, екстракт од ванила...
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јануари.2015 во 15:56 |
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: КОЛУМБО КОЦКИ СО БИСКВИТИ300 гр мелени чоколадни бисквити 250 гр шеќер 3 јајца 125 гр маргарин 100 гр сецкани ореви 100 гр сусам 100 гр чоколадо за готвење 1 лажица рум 1 лажица чоколадо во прав 2 ванили Прелив: 300 гр шеќер во прав 60 мл млеко Неколку капки лимон Подготовка: Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи. Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм. Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот. Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јануари.2015 во 16:09 |
Доколку не сте расположени за готвење за време на празничните денови, но сакате да го изненадите семејството или партнерот со нешто слатко, Милка тортата е одличен избор за вас бидејќи може да ја подготвите само за половина час. Потребни состојки: - 1 литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300 грама млечно Милка чоколадо
- 100 грама бело Милка чоколадо
- 500 мл слатка павлака
- Бисквити
Подготовка:
Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото. Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем. Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем. Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка. Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја. Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јануари.2015 во 11:48 |
Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста. Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки. Состојки: - 4 листа обланди
- 250g путер
- 200g шеќер
- 12 лажици вода
- 250g мелени ореви
- 250g мелени бисквити
- 100g чоколадо за готвење
Подготовка: Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем. Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади. Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат. Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо. Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|