|
Италијанска кујна |
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печени равиолиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Равиоли (на италијански - Ravioli) е традиционален
итлијански специјалитет. Аналогнмо на равиолите во Руската кујна се
подготвуваат Пелмените, но за разлика од нив, равиолите можат да бидат
сервирани и како десерт. ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Во меѓувреме во голема тава за пржење загреваме масло на средна јачина. Ги додаваме кромидот и лукот, зачинуваме малку со сол и бибер и мешаме повремено додека не се омекнат состојките, отприлика 5 минути. Ги додаваме доматите и мајчината душа и чекаме да проврие сето тоа. Кога ќе проврие ја намалуваме јачината на топлината и доматите ги гмечиме или пасираме со помош на лажица и оставаме сосот да се згусне, односно да се готви уште некој 20 минути. Повремено мешаме. Додека тоа се готви ги вариме равиолите во големо тенџере со зовриена вода и малку сол. Вариме се додека равиолите не почнат да пливаат на површината затоа што остатокот од нив ќе се зготват во рерната. Равиолите се цедат и се враќаат во тенџерето. Сосот го ставате во тенџерето со равиоли, промешувате и сето тоа го ставате во соодветна тава за печење и го посипувате со моцарелата и пармезанот. Печете додека сирењата не станат златни или 20 до 25 минути. Изледете ги малку пред да ги сервирате. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпагети со грашокПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Шпагети со грашок ПОДГОТОВКА:
Еден ден порано пропржете го кромидот на 50 грама путер, додадете ги исецканата пршута и грашокот.
Посолете ги, полијте ги со супата во која сте го додале сосот од домати, па варете ги 20 минути. Додадете 50 грама павлаката и продолжете да ги варите уште 5 минути. Сварете ги тестенините, исцедете ги и зачинете ги со подготвениот сос. Додадете им 1 лажица исецкан магдонос, босилок, 80 грама кашкавал и жолчките, изматени со малку сол и црн пипер. На крајот додадете го снегот од белки. Прекријте една тава со масна хартија, па посипете ја со презла. Сипете ги тестенините и посипете ги со останатиот кашкавал. Додадете неколку парчиња путер и печете ги шпагетите 30 минути на 180 степени. Покријте ги со алуминиумска фолија и оставете ги во фрижидер да се оладат. Другиот ден тавата ставете ја 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете ги шпагетите уште 10 минути на 200 степени. Сервирајте ги тестенините топли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Макарони со брокули и тиквичкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Макарони со брокули и тиквички ПОДГОТОВКА:Брокулата измијте ја и исецкајте ја на ситни цветиња. Варете ја во солена вода додека не омекне. За тоа време исецкајте ги тиквичките на ситни парчиња и продинстајте ги во маслиновото масло со исецканиот лук.Оладената и процедена брокула ставете ја во пилешката супа. Додајте сол и бибер. Во Меѓувреме, во солената вода сварете ги макароните што ќе ги прелиете со подготвените тиквички и брокулата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпагети carbonara
.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ова е класичен оброк, секогаш омилен, благодарение на одличната комбинација од сланина, печурки и пармезан. ПОДГОТОВКА:Во поголем сад зовријте посолена вода, па додадете ги шпагетите со малку маслиново масло.Варете ги 8 до 10 минути, повремено мешајки ги со вилушка. Добро исцедете ги, па оставете ги на топло. Сланината исецкајте ја на коцкички. Растопете го путерот во поголема тава за пржење и ставете ја сланината. Пржете околу 5 минути често мешајќи. Во посебен сад помешајте ги изренданиот пармезан, јајцата и исецканите печурки. Зачинете со црн пипер, па оставете настрана. Шпагетите ставете ги во сланината, а потоа внимателно ставете ја смесата од јајца и печурки, па добро промешајте. Потоа тргнете ја тавата од огнот и веднаш послужете повторно попрскано со црн пипер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпагети примавераПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Тиквичките содржат разни нутритиенти, кои го
поттикнуваат здравјето на организмот. Високиот удел на вода, ги прави
тиквичките идеален продукт за диета, а за потполно искористување на
лековитите својства, се препорачува да се консумираат тиквички со кора. ПОДГОТОВКА:Загрејте го маслото и во него пропржете го исецканиуот црн лук.Со повремено мешање додајте ги морковите, тиквичките и пиперката, кои предхофно сте ги исецкале на тенки и кратки стапчиња. Потоа исечете ги шампињоните на коцкички, па и нив додадете ги во предходно споменатиот сад. На крајот додадете го доматот исецкан на коцкички. Сипете малку вода и сето тоа издинстајте го. Кога зеленчукот ќе стане скоро готов, сипете ситно исецкан бел лук, босилек и рузмарин. Шпагетите посебно сварете ги во посолена вода, исцедете ги и додадете им го подготвениот прелив. Промешајте и сервирајте топло. По вкус, можете да додадете и малку кисела павлака. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Макарони со виршлиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Макарони со виршли ПОДГОТОВКА:
Се варат макароните 10 минути.
Се печат виршлите на тост или плотна 5-7 минути (по проценка). Се додава прелив на макароните (кечап или сос од домати). Со рецептот препорачуваме маслинки и млад кромид. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дај линк, може ќе ја закачиме некако
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,receptot posle degustacija,,,,,,, ,,,ej a slikata,,,,se kumurosa pica,ta,,, Изменето од pajser - 19.Септември.2013 во 14:24 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕТНА ЛАЗАЊА СО ЗЕЛЕНЧУК
Потребни намирници: 1 пакет кори за лазања 400 гр микс од зеленчук Кромид, моркови, грашок, тиквички, пченка, пиперка, печурки, компир… 3-4 супени лажици зејтин 500 гр доматен сос 200 гр кашкавал Сол и црн бибер Малку босилек За бешамел сосот: 100 гр путер 1 пакетче крем супа од печурки 600 мл млеко Зеленчукот се обарува во зејтинот и малку вода, се додава сол, бибер и останатите зачини, а на крај се додава сосот од домати – треба да се добие сочна смеса. Се приготвува бешамел сосот –,от се растопува, се додава сувата смеса од крем супата наместо брашно и се разредува со пресно млеко и притоа се меша постојано за да не се направат грутки. Кашкавалот се ренда. Дното на тавата во која ќе се пече лазањата се покрива со сос бешамел. Следи подредување на пластови со кори, врз нив слој од зеленчуковата смеса, повторно кори, бешаме, кашкавал, зеленчук и.т.н. на крај се завршува со доматен сос и повторно бешамел. Над последниот слој се ренда обилно кашкавал. Лазањата се пече на 200 степени околу 30 минути. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро познат рецепт уште одамна. Главните состојки сланина и јајца мора да ги има во секоја верзија, останатото варира од рецепт до рецепт.
Може да се направат и со шпагети, макарони и слично. ТАЛИАТЕЛИ “КАРБОНАРА“ Потребни состојки: 200 мл павлака 2 жолчки Сол Бибер 20 гр листови босилек 4 делчиња од глава лук 2 глави кромид 60 мл масло 1 кутија талиатели 300 гр димена сланина 150 гр пармезан Ги поставуваме талиателите да се варат во соодветен сад така што да бидат покриени со вода. Во водата додаваме една лажичка сол и две лажички масло. Ги сецкаме сланината и кромидот. Ја запржуваме сланината и кромидот во останатото масло, додека сланината не почне да се витка и да станува помалку крцкава, а кромидот да добие златна боја. Ја додаваме павлаката и откако ќе проврие оставаме да крчка на оган додека павлаката не ја смени бојата од бела во жолтеникава. После тоа ги додаваме жолчките. Готвиме уште 2-3 минути за да може жолчката да коагулира. После тоа го додаваме босилекот и бибер по вкус. Сварените талиатели ги мешаме со сосот и ги сервираме врели. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАСТА СО РУКОЛА, СПАНАЌ И ПРШУТА
Потребни состојки: 200 гр паста 1 глава кромид 1 црвена пиперка 250 гр рукола 100 гр спанаќ 100 гр пршута 25 гр босилек Масло за јадење Ја вариме пастата во вода со сол. Ги сецкаме пиперката и кромидот и ги пропржуваме во малку масло. Кога ќе омекнат ги додаваме руколата и спанаќот, ги зачинуваме со сол и бибер и ги поклопуваме 2-3 минути. Ја цедиме пастата и ја додаваме во зеленчукот. Сервираме заедно со малку босилек и пршута. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лазањи со спанаќ и рибаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Нема земја во светот каде што не се прави некој вид
на сирење. Сите видови имаат специфичен вкус и се подготвуваат на
најразлични начини, но заедничко за сите е млекото, кое може да е
кравјо, овчо или козјо. ПОДГОТОВКА:
Измијте го исчистениот спанаќ, потоа исецкајте ги кромидот и лукот, па заедно пропржете на масло.
Додајте го спанаќот и зачинете. Рибата исечете ја на половина и попрскајте со сок од лимон. За бешамел сосот пропржете го брашното на маснотија, прелијте со млеко и додадете ја павлаката, па варете на тивко околу 5 минути, додека не згусне. Не смее да проврие. Додадете сенф. Сирењето исечете го на тенки парчиња. Во плех, наизменично редете тесто, спанаќ, риба и сос. Завршете со тестото и одозгора наредете го сирењето. Ставете ги лазањите да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете околу 40 минути и служете топло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Италијански грисини
Потребно: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лазања ’’Болонезе За бешамелот:
1 литар млеко 100 гр. брашно 100 гр. путер 1 лажица вегета јајце сол и бибер по вкус 200 гр кашкавал За лазањите: ________________________________________________________-
Бешамел Фил: Го пржите месото во маслото и кога ќе омекне го додавате магданосот, ловорот, рузмаринот, доматното пире, вегетата, пола чаша вода и сето тоа го динстате околу 15 до 20 мин. Во ватростална чинија намачкана со масло ставате ред лазањи (пред тоа малку сте ги обариле), ред месо и ред бешамел,и се така додека не ги потрошите состојките. Последниот ред треба да е прелиен со бешамел и на крај ставате пармезан. Лазањите ги печете 30 минути во загреана рерна на 220 степени(Emil) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |