|
Само за грешници! Новиот Почеток |
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koja e taa "правилна вера во Исус" ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А постои ли нешто такво како праведен грешник т.е. праведен човек кој што се уште греши? |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:32 |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господине, за болестите и војните и сличните работи кои ги набројувате за ваквите е напишано во книгата на откровенија дека мора да бидат. А што се однесува за оној кој е праведен но сепак е болен или слично ќе ве замолам да ја прочитате книгата Јов.
Што се однесува до словото Божја тоа е духовна книга а не телесна и нема ништо заеничко со телото, моралот или пак етиката. Ваквите се човечки измислици. Човекот како слабо суштество не може да се држи за Божјиот Закон ниту пак може него да го чува целосно. А оној кој живее според законот Божји а направил еден престап е виновен за сите престапи иако мисли дека не ги направил и ќе биде казнет со казните опишани во Законот. А вие штом мислите дека сте грешник иако верувате во Исус тогаш вашата вера не е правилна. Како може да постои „ спасен грешник“. Или е спасен од сите гревови и е праведен. Или не е воопштво спасен и има потреба од Спасител. |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Верата е прв чекор во духовниот живот, но светиот Дух може да се прими само ако во голема мера се спореведе во дело Христовото учење. Верата сама по себе е мртва, без дела во склад со божјите закони кои Исус ни ги објави нема спасение.
Да беше така едноставно дека верата е најважна, тоа би значело дека голем дел од светот е веќе спасен бидејќи многумина веруваат и го слават Исус. Тогаш низ светот би немало болести и војни, судбински удари и елементарни катастрофи - барем не кај оние кои се држат до тоа дека верата е доволна. Светот меѓутоа попрво изгледа како да виси над бездна тресејќи се во треска отколку како да е спасен.
Иако цврсто верувам и го признавам Исус Христос како единствен спасител, бидејќи сеуште не сум успеал во сите аспекти да ги оставрам високите етички и морални вредности изнесени во Беседа на Гората се сметам себе си дека сум во грешната категорија. до модераторот: имавме слична ваква тема, можеби треба да се спојат. Изменето од Majkl - 07.Август.2011 во 21:37 |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Без вера не можиш да ги извршуваш делата Божји.
Јас сум праведна. Почетокот на верскиот живот е правилна вера во Исус. Откако човекот правилно ќе поверува во Исус, тој/таа го прима Светиот Дух и под раководство на Светито Дух тој/таа може да ги извршува делата Божји. А вие во која категорија сте? |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Редно е ти прв/прва да се изјасниш во која група се вбројуваш...
Инаку според Христос во проповедта на Гората(содржана во Евангелието според Матеј) верувањето во Исус не е најважниот момент за спасението, туку практицирање на Неговото учење и заповеди. Изменето од Majkl - 07.Август.2011 во 20:42 |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Messenger: temata "Праведен или грешник?" , vo koja originalno e objaven komentarot koj sleduva e spoena so temata "Само за грешници! Новиот Почеток". Во евангелието според Лука во глава 18 стих 8 вели: „ Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?” Чудно е нели? Па е! Кога ќе погледнете на светот и слушнете дека милиони луѓе велат дека се Христијани, ќе се запрашате и ќе си речите зошто пак Синот Човечки да не најдел вистинска вера кога ќе се вратит? Но запрашајте се прво зошто е поставено ова прашање! Темата е Праведен или грешник? Оваа тема е намерно избрана зошто најповеќето од вас се сметаат да се Христијани. Сега моето прашање до Христијаните е дали сте праведен или сте грешник штом верувате во Исус. Не заборавајте дека одговорот на ова прашање е едноставен. Еден одговор е вака: Грешник сум иако верувам во Исус. А другио одговор е: Праведен сум затоа што верувам во Исус. Не знаете ли дека нема средина измеѓу праведен и грешен. Пред Бога оние кои се без грев се праведни а оние кои имаат грев се грешници. Кои од овие два вида на луѓе сте вие. Поставете си го прашањето за вас себе си. Откако ќе си дадете одговор, кажете си и зошто сте грешник или зошто сте праведен. Можеме овде на форумов да ги исдискутираме сите одговори. Поздрав до сите вас и се надевам да сте праведни. Изменето од Messenger - 08.Август.2011 во 05:57 |
||
Reformator
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Време е за промени! Како да се промениш?
Лудост е да се очекуваат различни резултати со повторување на едно исто однесување. Сите ние посакуваме да јадеме исто како и досега, а да бидеме послаби. Сите би се согласиле дека би сакале да изгледаме подобро, а притоа воопшто да не мора да се мачиме во теретана туку како и досега удобно да си дремеме пред телевизор и да минуваме саати на фејсбук. Ако сакаме да постигнуваме различни резултати мораме да живееме и да работиме на различен начин од оној досегашниот. Не можеме да правиме се’ по старо а да чекаме да се случи некакво чудо и да се сменат работите одеднаш. Зар не се умори од начинот на кој живееш? Зар не ти се доволни проблемите кои ги имаш? Зар не ти е преку глава од повторувањето на истите грешки секојдневно? Ако сакаш промени- на вистинското место си. Ќе се обидам денеска да ви презентирам Библиски метод на промена. Ништо на Земјата не е совршено. Ниту комјутерите, ниту автомобилите, ниту финансиските системи, ниту интернетот, ниту храната, ниту законите... ниту луѓето. Ни јас, ни ти не сме совршени. И не е ни возможно да бидеш совршен додека си на овој свет. Сепак, повеќе од сигурно е дека можеме да грешиме помалку и да бидеме подобри. Господ јасно кажува дека од нас бара промени. Апостол Павле вака им пишува на раните Христијани во градот Ефес ,,Но вие што сте запознаени со учењето на Христoс, не сте учени така да живеете. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.’’(Послание до Ефешаните 4:29-24). Мора да напоменам дека нашето спасение е преку Божјата милост, не преку нашите заслуги. Ние не можеме да сториме било што како би ја заработиле Божјата прошка и оваа нова шанса која ни се подарува. Бесплатно ни е дадена прошката затоа што нашиот Небесен Татко не’ сака нас- Неговите чеда. Но, токму поради тоа што Господ не’ сака, Тој сака ние да живееме на поинаков начин од оној кој го живее мнозинството, на поинаков и далеку повозвишен начин од оној на кој ние досега сме живееле. Зошто? За наше добро! Господ не’ сака толку многу што ветил дека ќе работи во нас на неколку начини да не’ поправи, да не’ доведе на правиот пат, да направи од нас Негови послушни чеда кои ќе бидат според Неговиот Лик. Нашиот грев не Го повредува Господ, туку Го ожалостува. Сите наши гревови нема да Го повредат Него, туку нас. Ако го прекршиме законот за гравитација и решиме наместо по скали да се симнеме долу ,,преку прозор’’- кој ќе биде повредениот? Авторот на учебникот по физика? Не, туку ние кои не сме биле послушни ќе настрадаме. Така е и со повредата на Божјите закони објавени во Библијата. Воопшто нема да Го повредиме Господа доколку погрешно постапуваме. Ќе се повредиме ние самите а Тој, како и секој добар родител, ќе биде ожалостен поради нашата повреда. За наше добро треба да се промениме. Зошто е толку тешко да се промениме? Најпрвин, нашите грешни навики се НАВИКИ- значи не се од вчера туку ние сме се навикнале така да постапуваме. Тоа е научен начин на однесување кој сме го стекнувале со години, можеби и со децении. Некои работи отсекогаш сме ги правеле на одреден начин и сега ни е тешко да помислиме дека ќе треба да живееме без нив. Толку долго сме живееле со тие навики што тие дури станале дел од нас. Да, ние веќе сме почнале да се идентификуваме самите себеси со тие навики, со тие однесувања и избори кои ги правиме толку долго време. Имам слушнато дека најтешко за еден алкохоличар е да не се напие во друштво во кое од него се очекува да пие. И нормално е, околината се навикнала на неговите лоши навики и нивната прва асоцијација кога ќе им текне на ликот на тој човек е со чашка во рака, а и обратно- кога ќе им текне на терминот ,,алкохоличар’’ низ глава им минува истата таа слика- како нивниот пријател им наздравува со чашка алкохол. Интересот е третата причина. Имаме интерес да си ги зачуваме старите навики. Полесно ни е со леснотија да ги задоволиме нашите потреби на погрешен начин отколку да се мачиме правилно да постапиме и на здрав и морален начин да ги исполниме барањата. Згора на тоа, тешко е да се откажеш од стара навика и да попримиш нова. Сите знаеме дека цигарите се штетни по здравјето, а тоа го знаат и го чувствуваат најдобро страствените пушачи. Но, зошто еден пушач да се труди да живее здрав живот? Цигарите му плаќаат камата за неговата верност кон нив, му даваат инстант задоволување на неговите потреби. И добро му е така, не сака човекот да се измачува со откажување од неговото слатко задоволство и да учи нови навики. Четвртата причина се лагите на Сатаната. Лукавиот постојано не’ мами дека не можеме да бидеме подобри од ова коешто сме. Ни вели дека сосема е во ред она кое го правиме, дека е добро па дури и пожелно за нас да продолжиме со старите навики, не’ лаже дека имаме доволно време да се откажеме и дека ќе се изнајде начин како нашите грешки да бидат поправени. Сепак, не треба да заборавиме дека Исус го нарече Сатаната ,,Татко на лагата’’(Евангелие по Јован 8:44). Сите овие сугестии се лаги, зашто од Сатаната потекнуваат. Ерес е да мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова што сега си. Ако мислиш дека не може подобро тоа значи дека или имаш превисоко мислење за себе или прениско мислење за Бога. Или подобро кажано- и двете. Ем имаш превисоко мислење за себе ем имаш прениско мислење за Бог. Еве зошто: Ако мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова кое сега си, една од можностите е да мислиш така затоа што си убеден дека си совршен па нема шанси да се подобриш затоа што нели ти си најдобар што може да се биде. Втората варијанта е да мислиш дека си толку лош што дури ни Се’моќниот Бог, Творецот на Универзумот, Давателот на Животот, не може да те промени. А тоа значи дека ем имаш преголемо мислење за себе (како најголемиот грешник на светот толку голем што Бог не може да го промени) ем имаш мислење за Бог со кое ја минимизираш Неговата сила. Ти можеш да бидеш подобар и Бог го сака токму тоа за тебе. И ако ти барем малку го посакуваш тоа, знај дека твојот Создател бесконечно многу повеќе го посакува тоа. Всушност, токму Тој те создаде тебе и во тебе ја создаде таа желба за промена. Најверојатно си свесен дека промените не се лесна работа. Да ги заборавиш старите навики и да попримиш нови значи да се промениш себеси. А тоа може да биде болно, да одзема многу време и енергија. Старите навики и стариот Непријател честопати ќе бидат тука и ќе ти се нудат како твоја најголема потреба и уживање, а Лукавиот ќе ти биде најголем сојузник во нивното исполнување. Понекогаш ќе доаѓа до падови, откажувања, понекогаш процесот на твојата трансформација ќе изгледа безнадежно. Можеби некогаш веќе си стигнал до одреден степен но повторно си се откажал. Ако ти е ова првпат да се позанимаваш со твоите лоши навики тогаш знај дека не е чудно доколку сосема отпаднеш од патот на твоето заздравување и дури го заборавиш овој текст и оваа желба која е сега во тебе може да се случи сосема да избледнее. Тоа може лесно да се случи. Мораш строго да се придржуваш до правилата кои ќе ти бидат дадени, зашто тие се содржани во Библијата- Божјата Света Книга. Значи не се човечка измислица, не се човечки рецепт за твоите проблеми туку се од Бога дадени и заповедани. Најпрвин, треба да се соочиш со Вистината. Можеби овој е најболниот момент. Треба сега да признаеш дека имаш проблем. Доста се лажеше самиот себеси и оние околу тебе. Јасно признај си ја твојата слабост, исповедај го твојот грев. Каде? Пред кого? Во твојата тајна соба, зад затворена врата, наведни ја твојата глава и исповедај ги твоите гревови пред Бога. Знај дека те слуша и дека сочувстува со тебе. Немој да криеш ништо од Него, Тој и онака знае се’ пред ти и да помислиш да Му кажеш нешто. Ова е првиот чекор без кој не може да одиш понатаму. Библијата јасно кажува дека оној кој ги исповеда гревовите свои наоѓа милост во Божјите очи. Потоа треба да побараш милост од Бога, преку жртвата на Исус Христос на Голготскиот крст. На тој крст ти беше тебе покажано колку многу те сака твојот Небесен Татко. Затоа, без страв поитај во раширените прегратки на Таткото, признај Му ги твоите гревови и побарај од Него да се смилува врз тебе и да ти прости. Додека не го сториш ова немој да читаш понатаму. Соочувањето со Вистината има и втор степен. Првиот беше да ја признаеш вистината, вториот степен е да ја научиш вистината. Што значи тоа сега? Божјиот Збор е Вистина- вели Исус. И преку вистината можеш да станеш свет. (Да Го цитирам Исус: ,,Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината.’’ Евангелие по Јован 17:17). Библијата ти стои на располагање, таа е Божјиот канал преку кој тече Неговата трансформирачка сила. Што побрзо почни да ја проучуваш и да се придржуваш до напишаното таму и ќе видиш како ќе почнат да се случуваат чуда во тебе и околу тебе. Твојата промена мора да се заснова на твој личен избор. Не може некој друг да одлучи наместо тебе, не може некој друг да ги поднесува тешкотиите наместо тебе. Мораш ти самиот да решиш да се откажеш од твоите лоши навики и да започнеш да се менуваш на подобро. Треба да Го молиш Бог Светиот Дух да дејствува силно во тебе и да предизвикува големи промени. Да ја отфрлиш од тебе онаа докрај расипана, грешна, злобна природа која кон грев те води, треба комплетно да ги раскинеш сите врски со Стариот-Ти и да молиш од Бога трансформација на твоето битие. Без таквата цврста решителност не можеш да се надеваш дека ќе успееш да напреднеш. Треба да се чуваш далеку од сето она кое е Сатанско и погрешно и блиску до Бога. Проучувај го редовно Божјото Слово, моли се често. Молитвата треба да биде еден отворен разговор помеѓу тебе и Бог во кој ти слободно ќе Му ги кажеш Нему сите твои грижи, тешкотии, сите стапици кои стојат на твојот пат и од кои се плашиш. Така ќе се исполнуваш со Светиот Дух, ќе бидеш поблизок со Господ и постепено ќе се подобруваш. Оваа решителност за која погоре пишував треба да биде во еден одлучувачки момент од твојот живот, но тој момент треба секојдневно повеќе пати да се манифестира преку твоите одлуки. Многу искушенија ќе имаш на твојот пат. Многу пати Сатаната ќе се обидува да си поигрува со тебе и да те враќа назад во неговото царство на темнината. За негова среќа, а твоја жал, честопати ќе му успева да те порази. Но, не смееш да се откажуваш. Во наредна прилика ќе објавам нешто повеќе околу тоа како можеш со помош на Божјиот Збор да ги победуваш искушенијата. Сепак, дури и со тие методи сепак ќе паѓаш. Но, мораш да стануваш иако си паднал и пак уште еднаш одново да тргнеш по патот кој Бог го поставил пред тебе. Губењето на една битка не значи комплетно губење на војната. А Оној Кој те избрал Тој нема да те остави, нема да дозволи да бидеш грабнат и украден од Неговата Татковска рака. Иако многу битки ќе загубиш, сепак војната си ја добил. Треба време, треба посветеност, промените си бараат жртви. Но, наградата која ја дава Бог е вечна. Кога е најтешко сети се дека секогаш на крајот на тунелот има светлина. Гледај во таа светлина, сети се на Божјите ветувања кои ќе ги најдеш во Божјото Слово и цврсто држи се до нив. Не заборавај дека и кога е најтешко ти не си сам. Твојот Татко Кој е Се’присутен и Се’моќен никогаш нема да те напушти(Послание до Евреите 13:5), Твојот Бог Кој ја започна оваа добра работа во тебе и ќе ја доврши истата(Послание до Филипјаните 1:6). |
||
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Poznato mi e toa.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Reformator
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И пред Павле и после Павле учењето е од Христа. Ние христијаните веруваме дека целото Слово е од Бога дадено. |
||
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
|
||
Reformator
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мајкл, му верувам и на Исус и на Павле. Во нивните зборови воопшто нема контрадикција. Нема тука избор или-или. Верувам во Бога, верувам во Библијата и не гледам дисхармонија во Божјото Слово. |
||
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
|
||
Reformator
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грешник, пријателе... И тоа голем грешник. Не сум она што сакам да бидам, но фала Му на Бога за тоа што не сум она што бев |
||
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ochebijnoto, barem za mene, e shto do Pavle uchenjeto e od Hrista, a so Pavle i onie posle nego uchenjeto e za Hrista.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |