![]() |
|
Италија ... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 13> |
Автор | |
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка
1. АтраниЛоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. 2. КастелсардоЛоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море. 3. ВогоњаСо население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година. 4. АлберобелоПознат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите. 5. НеивеГратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето. 6. Монте ИзолаСо површина од само 13 квадратни километри, Монте Изола е назначен за најголемиот езерски остров во Италија. 7. Колета ди КастелбјанкоОва античко село е целосно изградено од камен и се верува дека било основано за одбрана од Сарацените во XIII век. Некои од куќите имаат црвени или сини врати, кои го прават овој град уште пошармантен. 8. ВернацаВернаца е еден од градовите кои влегуваат во состав на Чинкве Тере. Во него живеат околу 1.200 жители и е познат како едно од најверодостојните рибарски села на италијанската ривиера. Исто така, нуди „убиствено“ добра глетка. 9. ОтрантоГрадот кој некогаш бил познат по одгледувањето коњи, денес има околу 6.000 жители и нуди прекрасен поглед кон кристално бистрите води. Значајна глетка за ова место е Кастело Арагонезе, замок кој е изграден во 1485 година. 10. ГлоренцаГлоренца или некаде познат и под името Глурнс е гратче лоцирано во северниот дел на Италија и во него живеат помалку од 1.000 жители. Интересен е фактот дека повеќето од неговите жители зборуваат германски јазик. 11. ДоцаДоца е позната по нејзиниот фестивал за насликани ѕидови, кој се одржува на секои две години. Артисти од целиот свет патуваат до овој град, за да го остават својот белег на зградите. 12. Полињано-а-МареОваа општина во јужна Италија е лоцирана на Јадранското Море и има популарна плажа. Тука исто така има и хотел кој се вика „Grotta Palazzese“, кој има ресторан во пештера, и кој сите коишто го посетиле, го препорачуваат како атракција која вреди да се види. 13. МалчезинеМалчезине се наоѓа на источното крајбрежје од езерото Гарда и на околу 120 км од Венеција. Живописната глетка и погледот кон езерото го прават овој град вреден за посета. 14. КориналдоКориналдо е препознатлив по неговите добро сочувани ѕидови од XIV век, како родно место на светицата Марија Горети од римокатоличката црква и по популарниот фестивал за Ноќта на вештерките, кој се одржува секој октомври. 15. БозаОвој грандиозен мал град е нареден со згради обоени во свежи бои и палми, а во него живеат околу 8.000 жители. Поголемиот дел од економијата на ова гратче, е обезбедена од агрикултура и риболов. Изменето од evangeline - 11.Декември.2013 во 23:28 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
8 градови во Италија кои мора да ги посетите
Ах, таа Италија! Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а луѓето се совршено елегантни. Постојат многу интересни италијански градови, но погледнете кои се оние осум, кои едноставно мора да се посетат. 1. МиланоВо Милано, модата, уметноста и дизајнот се начин на живеење. Тука се бутиците на Гучи, Прада, Версаче, Армани, Долче и Габана, кои несомнено го прават Милано еден од најдобрите градови за шопинг во цела Европа. Покрај модата, Милано е исто така познат и по оперската куќа, Ла Скала, а и како дом на едно од најпознатите уметнички дела – Последната вечера на Да Винчи. Кога ќе се изморите од шопингот, одморете се во околните кафетерии и ресторани во делот Навиља, познат по богатиот дневен и ноќен живот. 2. НеаполНеапол е еден од најголемите италијански градови и се смета за најважен во јужниот дел на Италија. Градот е сместен под вулканот Везув. Во средниот век бил град-држава, а сега е најмногу познат по производството на пица и развојот на архитектурата. Тој е прекрасна мешавина од симпатични споредни патчиња, масивни зданија, мали пицерии и фини ресторани. Сообраќајот во Неапол, повеќе наликува на град во Југоисточна Азија, но и тоа е дел од неговиот шарм. Иако нема плажа, возењето по брегот Амалфи, особено ноќе, е една од најубавите глетки во светот. 3. БолоњаБолоња е еден од необичните, средновековни италијански градови и дом на најстариот универзитет во светот. Овде ќе најдете високи кули, импозантни зданија и отворени плоштади. Поради големиот број студенти, во Болоња владее вистински младешки дух. Ова е култен град, кога станува збор за храната. Добро познатиот Болоњезе сос е неизбежен дел од сите ресторани и таверни. 4. ЏеноваЏенова веројатно е најпотценет италијански град од страна на туристите. Се наоѓа во Северна Италија и воедно е главен град на регионот Лигурија. Џенова изобилува со високи згради во впечатливи бои, стрмни патишта и шармантни споредни улички, кои повикуваат да бидат истражени. Секако, тука е и познатото крајбрежје, каде застануваат луксузни бродови, модерни јахти и чамци и каде се ужива во вкусен сладолед или лимончело. 5. ФиренцаФиренца е светскиот центар на ренесансата. Моќната династија Медичи, поставила одлични стандарди и принципи, според кои подоцна, уметниците и архитектите успешно се воделе. Богатата уметност и архитектура се главното обележје на овој град. Тука спаѓаат Дуомо, галеријата Уфици, камбанаријата Џото и плоштадите. Прошетајте низ елегантните улици, влезете во некој традиционален ресторан и воодушевувајте ѝ се на Фиренца со чаша Кјанти вино. 6. ВеронаВерона е уште позната како „Рим во мало“. Градот има богато античко наследство, кое датира од 13-от и 14-от век. Верона е четвртиот најпосетуван град во Италија. Најпривлечни за туристите се Римската арена, каде можат да гледаат опера на отворено, куќата на Јулија и величествените цркви. 7. ТориноТорино има прекрасна локација на ридовите на Алпите и одлични музеи, шопинг центри и места за јадење. Ве обзема уметничко чувство додека чекорите среде античките згради, барокната архитектура и пешачките патеки. Доколку сакате да го почувствувате италијанскиот амбиент, без многу врева, тогаш ова е вистинското место за вас. Торино е истовремено романтичен и современ, модерен и традиционален. 8. РимКога станува збор за Италија, Рим не може да се изостави. Град со огромна историја и богато античко наследство. Римскиот Колосеум сѐ уште се смета за една од најневеројатните згради во светот. Историски зданија, аристократски дух, модни бутици и ноќни клубови. Со еден збор, Рим е вистински жив музеј, чии експонати се улиците, зградите, античкото наследство и секако, луѓето. Град кој треба да се посети. |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Como..Italy posle vakva ubavina koga ke dojde nekoj talijanec ovde kaj nas...i da trubi deka uziva vo ubavinite na nasata zemja...treba eden kUtek da mu se mavne ...da ne ne dupat u zdrav mozok. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Средновековниот италијански град Спело
Сместен во Умбрија, во централниот дел на Италија, Спело е најшармантниот град во овој регион. Неговата локација ќе ви понуди преубави глетки исполнети со лозја и маслинови дрва. Неговите средновековни ѕидови кријат голем број на цркви од истиот период, ресторани и кафулиња кои нудат вкусна локална храна, вински барови и бутици. Што го прави овој италијански град толку шармантен? Можеби се неговоте кривулести улички поплочени со камен, кои водат до порти зад кои се крие богата историја. Можеби е пладневната мистериозната тишина откако жителите ќе се повлечат во своите домови. Можеби е моментот во кој можете лесно да се замислите себе си како чекорите по истите овие улици пред стотици години. Што и да е „тоа“, повеќе се забележува во Спело, отколку на било кое друго место. И ако сето ова не ви е доволно, Спело е познат по L'infiorata или Фестивал на цвеќето, кој се одржува секоја година. Листови од цвеќиња буквално го прекриваат целиот град. Љубовта кон цвеќињата продолжува во текот на целата година, каде што жителите на овој град ги редат улиците, нивните скалила и тераси со цвеќиња. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова се најромантичните градови во Италија
Во некои делови од Европа постои изрека дека посетата на Италија може да ја спаси дури и најголемата криза во врската на еден пар. Сите оние кои ја посетиле Италија ќе ви кажат дека во некои градови навистина може да се одмрзнат и најладните срца. Романтичната Венеција, топлината на Рим се некои од причините што оваа земја е во обликот на љубовта. Ова е листата на најромантични градови во Италија: Фиренца – ден или ноќ во о вој град постојано има неверојатна атмосфера. Венеција – градот на водатата, мостовите, карневалот и најважно љубовта. Лече – тесните улици, барокната архитектура и многуте цркви е она што го прави овој град посебен. Милано – катедралата во Милано е без соменвање, една од нјубавите цркви кои некогаш биле изградени и совршено го претставува духот на градот. Рим – Џузепе Гарибалди знаел од многу одмана: „Рим е градот за кој вреди да се умре“. Истото ова може да се примени и за љубовта, љубов за која вреди да се умре. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Манарола – Чинкве Тере
Манарола е второ најмало село од петте села кои го сочинуваат Чинкве Тере. Неговите куќи во уникатни бои се наоѓаат на ивица на карпа над Лигурското море. Малото пристаниште на Манарола има рампа за бродови, разнобојни куќи, како и место за пливање. Иако тука нема да најдете вистински плажи, ќе најдете совршени места во околината за да уживате во длабоката вода. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..еее де,Комо де.... |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Милано... Duomo катедрала !
![]() ![]() катедралата може да се фотографира само од напред ,,чиста,, , страничните делови се со огромни рекламни паноа што ја угрдува фасадата на катедралата и ја видоизменува од историски споменик , во рекламно место... Милано , катедралата Duomo , жалосно за секој турист кој наместо готскиот стил на катедралата ќе гледа патики и други комерцијални работи...жалосно ! ![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 27.Септември.2012 во 22:13 |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми прави мерак и Сирмионе
![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еееее Комо ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Комо - едно од најубавите и најшарматни езера Посетете го градот Комо, кој е стар повеќе од 400 години и кој нуди преубави цркви и историски споменици. Селото Белаџо сместено на јужниот брег на езерото, претставува познато прибежиште за богатите од овој дел на Италија. Тремецо и Чернобио се дом на на некои од најелегантните вили, како што е Вила Карлота, позната по својата ботаничка градина.Езерото Комо е место кое нуди мир, одлична кујна, планини со снег и богата култура. Лоцирано во сенка на Алпите и на само еден час оддалеченост од Милано, лесно може да се види зошто езерото Комо е популарно место за посетителите повеќе од 100 години. На брегот на езерото се наоѓаат мали села со преубави вили. Со неговата драматична околина и убава клима, езерото претставува идеално место за патувања со брод и лежерни прошетки. Без оглед дали сакате добра храна, пешачење во природа, шопинг или историски знаменитости, езерото Комо ќе ве воодушеви во секој поглед. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шармантниот италијански град Соренто
Сместен на тераса која гледа на преубавото крајбрежје на Амалфи, Соренто е шармантен стар град на југот на Италија. Неговата локација е одлична, изграден на природни тераси и ридови нуди неверојатен поглед на Неаполскиот залив. Погледот од терасата каде што е сместен градскиот парк, Белведере, нуди преубав поглед на Везув и островот Капри и е одлично место за одмор и релаксација. Парковите, вилите, дрвјата со лимони, портокали и маслинки, живописните тесни улички, одличната клима, привлекуваат голем број на туристи во текот на целата година. Шармот на Соренто е во неговата рустична едноставност. Интересни занаетчиски работилници распоредени низ средновековните улички и мешавината од локални жители и туристи во центарот му даваат посебен шарм на градот. Шетајќи низ тесните улички ќе забележите долги сенки распослани по нерамната калдрма од надвиснатите балкони и тераси кои речиси ќе ви ја допрат главата. Низ уличките ќе видите распослани алишта кои се сушат на попладневното сонце. Карпите покрај крабрежјето на Соренто и луксузните хотели привлекуваат голем број на познати личности. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Искја - шармантниот италијански остров
Искја е најголем остров во Неаполскиот залив и многумина сметаат дека е поубав и од Капри. Искја е вулкански остров кој е долг 10, а широк 7 километри. Планината Монте Епомео го дели островот на два дела. Јужниот и западниот дел се карактеризира со топли и суви ветрови од Африка и кактуси. На северниот дел ќе најдете типични медитерански дрва како бадеми, маслинови дрвја и винови лозја. Мирисот на лимон се чувствува низ целиот остров, додека цвеќињата и бујната вегетација се издигаат на вулканското земјиште. Иако Искја е прилично населен остров каде што доаѓаат милиони посетители, островот сеуште има напуштени плажи и заливи, а неговата внатрешност претставува празна пасторска идила. Посетителите најчесто доаѓаат поради термалните извори и вулканските третмани со кал. Островат е исто така богат со историја поради многубројните инвазии во минатото. Мирните прошетки во природа, убавите плажи и медитеранската храна го прават овој остров вистински рај. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |