IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:54

Камиказе

Камиказе (Kamikaze) е популарен коктел, чие име има јапонско потекло. Така е именуван поради неговото разорно дејство. Еднакви количини на водка, ликер од портокал и сок од зелен лимон, можат да се служат како коктел во чаша за мартини или во мала чаша за текила како шот.

Состојки

30ml водка
30ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
30ml сок од зелен лимон
мраз

Подготовка

Камиказе се служи во мала чаша, како за текила

  1. Наполнете ја чашата со мраз и оставете ја да се лади додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер со мраз ставете ги водката, ликерот од портокал и сокот од зелен лимон. Можете да употребувате и сок од жолт лимон, но што и да го изберете најдобро е да користите пресно исцеден сок.
  3. Растресете го шејкерот. Доволно е тоа да го правите 20 секунди.
  4. Отстранете го мразот од чашата, прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
  5. Украсете со парче лимон.

За да постигнете посилен визуален ефект можете да користите Blue Curacao (син ликер од портокал), кој ќе му даде сино-зелена боја на коктелот.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:53

Мохито

Мохито

Историја на коктелот Мохито

Коктелот Мохито потекнува од Куба, но има различни приказни за тоа како е создаден. Според една приказна коктелот Мохито е создаден во 16 век од пиратот сер Френсис Дрејк, кој го подготвувал со примитивна верзија на рум, шеќер, зелен лимон и нане. Коктелот направен од тие состојки се нарекувал „El draque“ или „Змејот“.

Според друга верзија, Мохито е создаден во 19 век од робовите кои што работеле на полињата со шеќерна трска.

Многумина сметаат дека вистинскиот дом на овој коктел е ресторанот „La Bodeguita del Medio“ во Хавана, каде што Ернест Хемингвеј бил лојален гостин.

Состојки

50ml бел рум (Havana Club, Bacardi)
2 ч.л. шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња од нане
мраз
газирана вода

Подготовка

Мохито се служи во висока чаша без рачка.

  1. Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
  2. Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
  3. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.

    Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.

  4. Украсете со парче зелен лимон.

Варијации

Постојат различни верзии на овој коктел. Оригиналното Бакарди Мохито се прави со: 12 ливчиња нане, ½ зелен лимон, 45ml Бакарди бел рум, 2 супени лажици шеќерен сируп и малку газирана вода.

Експериментирајте и обидете се да создадете ваша верзија на освежителниот коктел Мохито.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:52

Даикири

Даикири (Daiquiri) е едноставен коктел со незаборавлив вкус. Ако румот е вашиот омилен пијалок нема како, а да не ви се допадне овој коктел.

Состојки

60ml бел рум
30ml сок од зелен лимон
2 ч.л. шеќер (или 20ml шеќерен сируп)
мраз

Подготовка

Даикири се служи во чаша за мартини.

  1. Ставете неколку коцки мраз во чашата и оставете ги додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер со мраз ставете ги румот, шеќерот (шеќерниот сируп) и исцедете 30ml сок од зелен лимон.
  3. Растресете го шејкерот за околу 20 секунди.
  4. Отстранете го мразот од чашата во која ќе го служите коктелот.
  5. Исцедете ја течноста и украсете со тенко исечено кругче зелен лимон.

Варијации

Ви предлагаме да пробате и неколку популарни варијации на коктелот Даикири:

  • Papa Doble – употребeте двојно повеќе рум од оригиналната рецепта. Хемингвеј обожавал да пие силно Даикири, па од таму доаѓа оваа варијација на коктелот.
  • Hemingway Special – шеќерот заменете го со еднакви количини сок од грејпфрут и ликер мараскино.
  • Јагодово Даикири – заедно со другите состојки во шејкерот додајте 5 јагодки.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:51

Sex on the beach

Sex on the beach (Секс на плажа) е еден од најпопуларните коктели. Освежителен е и вкусен. Едноставно вреди да се проба.

Состојки

50ml водка
25ml ликер од праска
60ml сок од портокал
60ml сок од боровинки
мраз
Секс%20на%20плажа

Подготовка

Коктелот се служи во висока чаша без рачки.

  1. Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од праска и на крајот сокот од портокал и боровинки. Најдобро е да користите пресно исцеден сок од портокал. Наместо сокот од боровинки можете да користите гренадин.
  2. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
  3. Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
  4. Украсете со парче портокал исечен како полумесечина или цреша.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:48

Космополитен

Космополитен (Cosmopolitan) е софистициран коктел базиран на водка и зачинет со аромата на портокал и брусница. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а станува популарен во 80-тите и 90-тите години. Накратко се нарекува Космо.

Состојки

30ml водка
15ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
15ml сок од брусница
½ зелен лимон
мраз

Подготовка

Космополитен се служи во чаша за мартини.

Космополитен

1.Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот.

2.Во шејкер ставете ги сокот од брусница, ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз.

3.Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди.

4.Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно.

5.Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата.

6.Украсете со кора од портокал или лимон.

Уживајте!



Изменето од Valerija - 02.Ноември.2011 во 12:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:46

Сангрија

Правите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава.

Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.

Традиционална сангрија

Сангрија

Состојки

1 шише црвено вино (1 литар)
½ чаша бренди
½ чаша свежо цеден сок од портокал
¼ чаша шеќер
1 портокал, исечен на тенки кругови
1 лимон, исечен на тенки кругови
1 зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови
1 јаболко, исечено на тенки полумесечинки
1 чаша газирана вода
мраз

Подготовка

Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.

Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.

Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.

Сангрија бланка (бела сангрија)

Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино.

Сангрија

Состојки

1 шише суво бело вино (750ml)
½ чаша свежо исцеден сок од портокал
½ чаша свежо исцеден сок од лимон
¼ чаша ликер од портокал (Triple sec)
½ чаша шеќер
1 лимон, исечен на тенки кругови
1 портокал, исечен на тенки кругови
250ml газирана вода
мраз

Подготовка

Во голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот.

Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа.

Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз.

Совети

  • Сангријата секогаш се служи ладна.
  • Од овошје можете да користите портокали, лимони, лимета, јаболка, праски, јагоди, боровинки, ананас, манго, грозје, диња и сл.
  • Наместо шеќер можете да ставите мед.

Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:44

Пина Колада

Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови.

Потекло

Се смета дека Пина Коладата потекнува уште од 20 век, кога во Куба бил создаден пијалок кој се нарекувал piña fria (студен ананас). Се правел од дробен ананас, шеќер и мраз.

Модерниот коктел Пина Колада се верува дека е создаден во бар во Сан Хуан, Порторико, во 1950г. Поради тоа, во 1978г. овој коктел е прогласен за официјален коктел на Порторико.

Состојки

30ml бел рум
30ml кокосов крем (или кокосово млеко)
30ml сок од ананас
мраз
Коктел%20Пина%20Колада

Подготовка

  1. Чашата во која ќе го служите коктелот наполнете ја со мраз и оставете ја настрана.
  2. Ставете ги во блендер румот, кокосовиот крем, сокот од ананас и 8 коцки мраз. Потоа пуштете го блендерот да меша додека мразот целосно не се издроби. Треба да добиете скоро хомогена смеса.
  3. Испразнете ја чашата којашто претходно ја ставивте да се лади, а потоа налејте ја во неа смесата од блендерот.
  4. Украсете со парче ананас, мараскино цреша, две сламки и коктел чадорче.

Можете да употребите различни количини на дадените состојки. Пример: ако сакате посилен коктел, употребете двојно количество на рум (60ml). Некои сметаат дека оригиналниот рецепт препорачува 45ml бел рум, 90ml кокосов крем и 180 ml сок од ананас.

Ако сокот од ананас е блуткав или киселкав, додајте во коктелот шеќер во прав.

Варијации

  • King Henry – на коктелот Пина Колада додајте му вотка.
  • Piñita Colada (девствена Пина Колада) – без рум.
  • Chi Chi – вотка наместо рум.
  • Amaretto Colada – амарето наместо рум.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:43

Куба Либре

Cuba Libre (во превод „Слободна Куба“) е освежителен коктел кој сигурно ќе ве измами да го пробате во текот на топлите пролетни и летни денови. Одличен е ако сакате да ги изненадите своите пријатели, затоа што повеќето луѓе го сакаат, а се приготвува многу лесно.

Легенди за потеклото

Куба%20Либре

Двете најпознати марки на рум, Havana Club и Bacardi, имаат своја верзија за тоа како и кога настанал коктелот.

Според Havana Club, коктелот Куба Либре за прв пат бил послужен во Куба во 1900г. Се смета дека во таа година колата за прв пат била пренесена во Куба од американските војници.

Според Bacardi, коктелот Куба Либре бил создаден за време на Шпанско-американската војна. Еден ден, група американски војници се собрале во кубански бар. Некој од нив порачал златно Bacardi со кола, коцки мраз и малку зелен лимон. Пијалокот предизвикал љубопитност кај останатите војници кои исто така го порачале. Еден војник решил дека треба да наздрават со зборовите „Por Cuba Libre“ (за слободна Куба) во чест на ослободувањето на островот, па така коктелот го добил и своето име. Но, оваа приказна има еден мал пропуст. Шпанско-американската војна и ослободувањето на Куба се случиле во 1898г., додека Кока-колата за прв пат во Куба се појавила во 1900г.

Иако точната приказна за настанувањето на коктелот Куба Либре е непозната и сложена, добро се знае рецептот за неговото приготвување, кое е многу лесно и едноставно.

Состојки

50ml бел рум
100ml Кока-кола
½ зелен лимон
мраз

Подготовка

Cuba Libre се служи во висока чаша без рачка.

  1. Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте ја Кока-колата.
  2. Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:42

Tequila Sunrise

Tequila Sunrise (текила санрајз) е коктел кој освен што изгледа убаво има и неверојатен вкус. Коктелот го носи тоа име, затоа што неговите состојки ги пресоздаваат боите на изгрејсонцето.

Состојки

60ml текила
120ml сок од портокал
25ml гренадин
мраз
Текила%20Санрајз

Подготовка

  1. Во обична висока чаша со мраз налејте ја текилата, па потоа сокот од портокал.
  2. Промешајте.
  3. Многу внимателно налејте гренадин по рабовите на чашата. Тој ќе потоне и природно ќе се слее со останатите состојки.
  4. Украсете ја чашата со парче портокал исечено во форма на полумесечина и цреша.

Варијации

Ако имате авантуристички дух и сакате да пробате нови работи, ви предлагаме неколку варијации:

Tequila Sunset – заменете го гренадинот со бренди од капинки.
Caribbean Sunrise – заменете ја текилата со рум.
Vodka Sunrise – заменете ја текилата со водка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 12:41

White Russian

White Russian (Бел Русин; Бел Руски) е сладок коктел кој секој треба да го знае. Во основата има водка и е со арома на кафе и слатка павлака. Коктелот не е традиционален руски пијалок, но е именуван така поради основната состојка во него – водката.

Состојки

50ml водка
25ml ликер од кафе (Kahlua)
25ml слатка павлака (хопла)
мраз
White%20Russian

Подготовка

Овој коктел се служи во обична ниска чаша.

  1. Ставете неколку коцки мраз во чашата.
  2. Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од кафе и на крајот додајте ја слатката павлака. Наместо павлаката можете да користите и млеко.
  3. Растресете го шејкерот. Потребни се околу 20 секунди.
  4. Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата за коктелот.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2011 во 07:56

BLOODY BRAIN SHOOTERизненадување




Состојки:


- 40 мл вотка (по можност со вкус на јагода)
- малку сок од лимета
- 20 мл ирски крем

Подготовка:

Најнапред изладете ја убаво вотката, за да се добие добра текстура. Потоа, промешајте ја вотката и сокот од лимета во шејкер.

Налејте ја содржината во мали чашки за алкохол.
Со помош на сламка додадете ирски крем во пијалакот. Тоа ќе го направите така што ќе ја ставите сламката во ирскиот крем, ќе повлечете од кремот и со прстот ќе го затворите горниот дел од сламката.

Потоа, сламката ставете ја во пијалакот, тргнете го прстот од неа и ирскиот крем ќе падне во пијалакот, при што ќе имитира изглед на мозок. За потполн впечаток, можете да додадете неколку капки црвен сируп кој ќе создаде илузија на крв.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2011 во 07:56
FAIR SEX







Состојки:

- 30 мл Џин

- Сируп од шеќер

- 15 мл Бренди од вишна

- 30 мл Grenadine



Состојки:


Комбинирајте џин, BOLS Maraschino, BOLS Бренди од вишна, џус од лимон и сируп од шеќер по ваш вкус во шејкер половина полн со мраз исцедете во изладена коктел чаша.

Гарнирајте со вишна!

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2011 во 07:55
BLUEBERRY CHI CHI








Состојки:


- 1 oz. Водка

- 1/2 Џус од портокал

- 1/2 Pina Colada Mix

- 1 oz. Ликер од малина

- 1 oz. Џус од вишна

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки со мраз и процедете во чаша со мраз.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 11:16
Коктели кои ги "палат" женитехи,%20хи...

Познат бармен издал книга со рецепти за коктели кои имаат посебно секси делување на понежниот пол. Нема пијалак кој е поеротичен од коктелите кои...


...се привлечни и по вкус и по изглед.

Шарените бои и ефектните декорации особено им се атрактивни на жените, а умерената количина алкохол може и најсрамежливите девојки да ги поттикне на флерт.

Главниот бармен на берлинскиот хотел Савој, Имкер Озкилич, долги години работел како бармен и точно знаел како делуваат коктелите на понежниот пол.

Во книгата „33 Коктели“ ги напишал рецептите за коктелите кои најмногу ги „палат“ жените:

kokteli-koi-gi-palat-zenite-1

Ladykiller

  • 30 ml џин
  • 10 ml бренди од марели
  • 10 ml Cointreau (ликер од портокал)
  • 60 ml сок од ананас
  • 60 ml сок од маракуја

Се сервира во висока чаша (за долги пијалаци), работ на чашата се натопува со портокал и се обложува со шеќер.Се додаваат парче портокал и цреша за декорација.

kokteli-koi-gi-palat-zenite-2

Sex on the Beach

  • 40 ml вотка
  • 20 ml ликер од праска
  • 70 ml сок од ананас
  • 70 ml сок од брусница
Се сервира со мраз во долга чаша за пијалак, а за декорација се додава пороткал.
kokteli-koi-gi-palat-zenite-3

One Night Stand

  • 30 ml Drambuie (ликер од виски, мед и билки)
  • 20 ml сок од портокал
  • 10 ml сок од лимон
  • Шампањ

Во чаша се ставаат измешаните сокови и ликерот. На крајот одозгора се става шампањот.

kokteli-koi-gi-palat-zenite-4

Pretty Woman

  • 20 ml ликер од праска
  • 10 ml блага павлака
  • 20 ml сок од шипки
  • 10 ml ликер од кокос
  • 100 ml сок од ананас
Се меша со мраз и се сервира во долга чаша за пијалак.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.