IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Спорт и Вера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спорт и Вера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 10:34
Originally posted by spiros spiros напиша:

Aх златник, златник, ... за тебе лапрдање е Светлината БОЖЈА родена од Дева Марија? ...  

Незнам зошто правиш тажни фаци (смајлито), кога велам дека прикаските за твојот бог се невистинити, лажни, измислени, безсмислени ... со еден збор лапрдања!
Дали можеби со тоа
го негирам и се иссмејувам на тоа во што ти веруваш, а со тоа те понижувам или омаловажувам?
Да, точно, во право си. Едната од целите ми беше и тоа. Но, не го направив тоа од некаква злоба, од зла намера*, туку напротив, само сакав да ти воочам на „гредата во твоето око“.
???
Како што тебе не ти е мило (ем драгоголема насмевка) да прочиташ како некој ја дезавуира твојата вера, потребно е да сфатиш, но уште поважно и да прифатиш, постоење на други луѓе кои си веруваат во тоа што тие сакаат и дека на истите тие луѓе (исто како и тебе) нема да им биде пријатно да слушнат или прочитаат овакви зборови:
Originally posted by spiros spiros напиша:

... но за тоа што Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Исуса Христа Го негираш или израмнуваш со лажниот “бог“, проклетиот лажго и најголемиот терориста ... Никогаш!   

ЗАрем овие твои зборови не се лапрдања?
И како сега, после овие твои лапрдања, припадниците од другата „лажна“ религија да ве гледаат како пријатели? Јас како атеист неможам да го поднесам тој начин на општење, тој ваш антагонистички, негаторски став кон нивната религија (а секако ова се, однесува кон сите други религии), а каму ли пак тие, муслиманите или другите верници. Дали не сфаќаш/те дека со овакавата нетолер
антност, непочитување се повеќе придонесувате за создавање нови и нови непријателства?
А што мислите, дека муслиманите (и другите) молчешкум ги прифаќаат овие омаловажувања?
И, ете повторно доаѓаме до тоа што јас постојано го велам дека религиите се причина
(некаде помалку, некаде повеќе), за избивање на сите воени судири во историјата на човештвото.
И btw. што правиме/те во случај кога некој муслиман или друг верник во некои спортови победи некој христијан? Дали некогаш си слушнал дека има и такви случаи? Како е можно тој лажен и проклет бог да го победи твојот семоќен, совршен, а пред се милозлив и човекољубив бог?!

*-верувам дека од стотините дискусии во изминативе неколку години примети каков е мојот однос кон верниците од сите вероисповеди. Никого (мислам) дека не сум го навредил, посебно не намерно.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 23:59




Денес - пред малку - на 25ти мај, со самото започнување на 22рата недела на годината Господова 2013, Бајерн го освои покалот на шампионслиг!

Додека огнот - како некогаш на денот на младоста - го “осветлуваше“ ноќното небо, еден коментатор на германската национална телевизија го праша Арјен Робен, кој во 88 мин. го даде одлучувачкиот гол, дали Бог се реваншираше за неговиот промашен пенал во минатогодишното финале (пишував погоре).   

Честитки на Бајернци, но и на Борусијци, кои играа одсре, а со голот на Илкај Гиндоган (во германија роден турчин кој што игра и за германска национална екипа) не успеаја да победат.




На сликата подолу е бајернецот Алаба, кога благодари и не се страми да ја исповедува Милоста БОЖЈА (Исус), како најголемата негова сила.









Изменето од spiros - 26.Мај.2013 во 00:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 12:55




Ах златник, златник, ... за тебе лапрдање е Светлината БОЖЈА родена од Дева Марија?   
Е поради ова роде, Совршениот БОГ - кој највредното одсебе на голготскиот крст за спасение на сите го даде, но на тоа спасение никого не присилува - неверните мајтапџии (нивните соумници и следбеници), за нивните умови неприметно, ќе ги препушти во рацете на кураишката лага и покасно во нивната шарија!


п.с. За критиката кон мене, прифаќам дека се’уште не сум Го достигнал Совршенството, дека Тоа (можеби) уште многу ќе треба да “работи“ на мене и дури како потврда на тоа спремен сум рака да ти дадам, но за тоа што Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Исуса Христа Го негираш или израмнуваш со лажниот “бог“, проклетиот лажго и најголемиот терориста ... Никогаш!





Лондон - само три дена пред вечерашново шампионслиг финале во Wembley ...




   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 09:11
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Златник, испразни ја бе бате главата, бидејќи уште појќе ќе ти се заврти а Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ (Отецот и Мајката на Животот) Кој е над се’, не ќе можеш да Го сфатиш со неа, туку единствено со Духот *Светол во секое детско верно срце, преку *Светата Милост (Мудрост) Негова чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - Која била и е секогаш пред нас сите, на Која (одкако ќе се разбудиме и ќе увидиме дека) се’ (вон и во нас) укажувало, укажува, ... упатувало и упатува! ...


Еден господ ќе знае што сакаш да ми кажеш со овој пост!голема насмевка
Неможам да проценам која е смислата, целината на реченицата??? Кого треба да го сфатам ако ја испразнам главава? Духот, светлиот бог, детското срце на мудроста олицетворено преку Христос, во лицето на премудриот отец бог, не лицето на бог олицетворено во Христос (така требаше, нели?), единствена светлина, отец и мајка ...

Добро, од сите овие лапрдања единствено што го разбрав е дека треба да ја испразнам главава ... ама незнам зошто, кога таа и сега е празна?глупчо

Но, ако ова погоре не го разбрав, тогаш ова што следи многу добро го разбирам:
Originally posted by spiros spiros напиша:

...п.с. Совршениот БОГ и Отец во Христа и тоа како се разликува од “богот“ на кураишките мухамеданци, кој - како никој друг - ги мрази и им љубомори на чедата БОЖЈИ, но духовно слепиот свет се’уште не е во состојба да го увиди тоа!

Незнам зошто пропагирате дека вашата религија е религија на мир, љубов, толеранција, меѓусебно разбирање и почитување ... кога во реалноста сте сосема спротивното.
За каква љубов и почитување ми зборуваш во горенаведениот цитат?
Зарем за тебе се духовно слепи сите кои не веруваат во твојот бог? Како би ти било јас да ти речам дека си ти духовно ограничен штом сеуште веруваш во тие приказни за богови? Толкаво понижување од страна на еден верник кон друг, толкаво непочитување на друга религија! Ова е уште една потврда за тоа што стално го велам, дека сепак, атеистите имаат многу, многу поголемо почитување кон сите луѓе од рази религии, отколку верниците, бидејќи овие немаат ама баш никакво почитување. Гледаат само да се уништат едни со други.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 01:29


Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:


Zoshto sportistite gledaat nagore збунетост




Сакаат да ти кажат дека Тајната БОЖЈА (Која е и во ними) е многу поголема од ними, многу поголема од целото Небо, од безкрајниот универзум, ... а уште колку пак многу поголема од кина, русија, индија, арабија, мека, ... целата планета земја, ... од Јерихо па до Хималаја!


ХалелуЈАХ!!!    





Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Не се сеќавам дали некогаш сум те прашал нешто, а ти да си дал експлицитен одговор. Се некако вртиш околу-наоколу, се со некои цитати од библијата кои некогаш немаат врска со поставеното прашање, се некако ...
Ај, нема врска! Тераме натаму.намигнување
Еве и сега. Наместо на моето прашање по кој критериум/и бог одлучува еден верник да даде гол и да победи, ти се обидуваш да наметнеш нов момент со тоа што ја насочуваш
дискусијата на друга насока - горделивоста и понизноста пред бог. Тоа е
сосема друга работа. Дај прво одговори го она примарното, како е дојдено
до тоа едниот верник да победи а другиот да изгуби? А и двајцата фудбалери, кои се од спротивставени екипи, веруваат во истиот бог, и двајцата со поглед го бараат горе на небото (небаре тој е таму, а не насекаде околу нас, како што во последно време се шири оваа идеја), и двајцата се крстат по три пати и двајцата на почетокот на натпреварот ја допираат земјата и двајцата кажуваат молитва, и двајцата ...
Е, тек после ќе може да дискутираме за тоа дали победникот треба да ја споделува заслугата, славата јавно (за сите да видат) и да му заблагодарува на бог за постигнатиот успех.

Но, нешто друго ми падна во очи ... :
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Само неколку секунди после тоа, Didier Drogba прави фаул врз францускиот мухамеданец[/COLOR"> Рибери[/COLOR">, но и тоа ништо не им користеше, бидејќи Arjen Robben од пенал неможе да го совлада Петар Чех![/COLOR">   ...[/QUOTE>
... за кое зборував во мојот претходен пост, а тоа е ривалството меѓу боговите.
Во дадениов пример испаѓа дека богот на христијаните е посилен од оној на мухамеданците, а?

И повторно одбегнување директен одговор на мое прашање:
[QUOTE=Zlatnik]  ... Но, зошто бог ми дозволи мене јас да победам во телеграфија* кога ниту му се молам, ниту верувам во него, а не му дозволи на колегата кој пред натпреварот се прекрсти (и тоа дури три пати)? ...

Твојот одговор го сфаќам како алузија на она што претходно го спомнав. Сакаш да ја истакнеш (критикуваш!?) мојата горделивост што кажувам (се фалам) дека сум победил (без притоа да ја споделам славата со бог! голема насмевканамигнување)! Впрочем, што би добил јас од тоа мое фалење, кога и така-и така никој не ме познава!? Каква би била користа од тоа?! Нема врска. Оваа моја победа ја наведов само како споредбен пример, каде еден атеист победил ...задоволство

И на крајот на краиштата, зошто луѓето да не бидат горди на своите постигнувања? Независно дали се работи за спортисти, музичари, ликовни уметници, научници или дури и телеграфистинамигнување ... Секој од нив вложил сопствен труд, губел време во тренинзи, вежбање, за разлика од другите кои за тоа време си се забавувале, трошел сретства, често пати се соочуваат и со здравствени проблеми и да не редам понатаму. Дали бог ќе им помогнел да постигнат одреден успех ако тие не вложиле во себе?


Р.Ѕ. Од ова дискусија ми се наметна една помисла за тема за научен труд со работен наслов: „Влијанието на верата и начинот на изразување на верските чувства врз крајниот исход на спортските натпревари! голема насмевка
Не, не сериозен сум!намигнување






Златник, испразни ја бе бате главата, бидејќи уште појќе ќе ти се заврти а Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ (Отецот и Мајката на Животот) Кој е над се’, не ќе можеш да Го сфатиш со неа, туку единствено со Духот *Светол во секое детско верно срце, преку *Светата Милост (Мудрост) Негова чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - Која била и е секогаш пред нас сите, на Која (одкако ќе се разбудиме и ќе увидиме дека) се’ (вон и во нас) укажувало, укажува, ... упатувало и упатува!



Лека ноќ!    



п.с. Совршениот БОГ и Отец во Христа и тоа како се разликува од “богот“ на кураишките мухамеданци, кој - како никој друг - ги мрази и им љубомори на чедата БОЖЈИ,
но духовно слепиот свет се’уште не е во состојба да го увиди тоа!






Изменето од spiros - 25.Мај.2013 во 01:41
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 10:22
Не се сеќавам дали некогаш сум те прашал нешто, а ти да си дал експлицитен одговор. Се некако вртиш околу-наоколу, се со некои цитати од библијата кои некогаш немаат врска со поставеното прашање, се некако ...
Ај, нема врска! Тераме натаму.намигнување
Еве и сега. Наместо на моето прашање по кој критериум/и бог одлучува еден верник да даде гол и да победи, ти се обидуваш да наметнеш нов момент со тоа што ја насочуваш дискусијата на друга насока - горделивоста и понизноста пред бог. Тоа е сосема друга работа. Дај прво одговори го она примарното, како е дојдено до тоа едниот верник да победи а другиот да изгуби? А и двајцата фудбалери, кои се од спротивставени екипи, веруваат во истиот бог, и двајцата со поглед го бараат горе на небото (небаре тој е таму, а не насекаде околу нас, како што во последно време се шири оваа идеја), и двајцата се крстат по три пати и двајцата на почетокот на натпреварот ја допираат земјата и двајцата кажуваат молитва, и двајцата ...
Е, тек после ќе може да дискутираме за тоа дали победникот треба да ја споделува заслугата, славата јавно (за сите да видат) и да му заблагодарува на бог за постигнатиот успех.

Но, нешто друго ми падна во очи ... :
Originally posted by spiros spiros напиша:

... Само неколку секунди после тоа, Didier Drogba прави фаул врз францускиот мухамеданец Рибери, но и тоа ништо не им користеше, бидејќи Arjen Robben од пенал неможе да го совлада Петар Чех!   ...

... за кое зборував во мојот претходен пост, а тоа е ривалството меѓу боговите.
Во дадениов пример испаѓа дека богот на христијаните е посилен од оној на мухамеданците, а?

И повторно одбегнување директен одговор на мое прашање:
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

  ... Но, зошто бог ми дозволи мене јас да победам во телеграфија* кога ниту му се молам, ниту верувам во него, а не му дозволи на колегата кој пред натпреварот се прекрсти (и тоа дури три пати)? ...

Твојот одговор го сфаќам како алузија на она што претходно го спомнав. Сакаш да ја истакнеш (критикуваш!?) мојата горделивост што кажувам (се фалам) дека сум победил (без притоа да ја споделам славата со бог! голема насмевканамигнување)! Впрочем, што би добил јас од тоа мое фалење, кога и така-и така никој не ме познава!? Каква би била користа од тоа?! Нема врска. Оваа моја победа ја наведов само како споредбен пример, каде еден атеист победил ...задоволство

И на крајот на краиштата, зошто луѓето да не бидат горди на своите постигнувања? Независно дали се работи за спортисти, музичари, ликовни уметници, научници или дури и телеграфистинамигнување ... Секој од нив вложил сопствен труд, губел време во тренинзи, вежбање, за разлика од другите кои за тоа време си се забавувале, трошел сретства, често пати се соочуваат и со здравствени проблеми и да не редам понатаму. Дали бог ќе им помогнел да постигнат одреден успех ако тие не вложиле во себе?


Р.Ѕ. Од ова дискусија ми се наметна една помисла за тема за научен труд со работен наслов: „Влијанието на верата и начинот на изразување на верските чувства врз крајниот исход на спортските натпревари! голема насмевка
Не, не сериозен сум!намигнување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 00:22
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:



А зошто да ги исклучуваме и крвавите спортови? Иако се крвави, сепак и тие се спортови!



Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!   

Ев. Мaтеј 5:5    



Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Туку ај, да не ги земаме за пример тие. Еве да го земеме фудбалот за пример.
Колку пати сме гледале како при излегување на терен некои фудбалери го насочуваат погледот кон небото, се прекрстуваат и ја допираат тревата (теренот) со рака! Демек го замолуваат бог да им помогне да победат.
Е арно ама, овој ритуал го прават фудбалери и од другата екипа.
И?
Како бог (по кој критериум) се одлучува да му ги „услиша“ молитвите на едниот верник, а да ги отфрли молитвите на другиот? Дали неубаво ја изговорил молитвата?
Ова беше ако играчите веруваат во ист бог.

Во друг случај, кога играат играчи од различни вероисповеди, кој бог победува?
Дали тоа значи дека едниот бог е посилен од другиот?
Ова беше за изборот на бог помеѓу двајца верници од различни религии.




Се сеќаваш ли како беше лани, во финалната фаза на “шампионслиг“?

Скоро сите го фаворизираа Реал Мадрид, кој според квалитетот (и цената) на играчите, но и според формата, навистина беше фаворит. Но, ако се сеќаваш, со голот на Bastian Schweinsteiger Бајерн Минхен во среде Мадрид го победи полуфиналниот натпревар против самоуверените фаворити.

Во финалето пак Бајерн Минхен беше во секој поглед фаворит, а финалето против Челси се играше дури на сопствениот (Минхенски) стадион, кога стана тоа што стана.

Абсолутно понадмоќниот Бајерн во 83 мин. појде во водство, а стрелецот (Thomas Müller) без да Благодари на БОГА се радуваше на голот, слично на неговиот колега Bastian Schweinsteiger, кој удирајќисе во сопствените гради, во полза за Бајерн го реши погореспоменатото полуфинале.

Тогаш, само 5 мин. подоцна Didier Drogba (кликни тука) изедначи, а славата ја даде (пред се’) на Милоста БОЖЈА!

Само неколку секунди после тоа, Didier Drogba прави фаул врз францускиот мухамеданец Рибери, но и тоа ништо не им користеше, бидејќи Arjen Robben од пенал неможе да го совлада Петар Чех!   

После нерешено во продолжетоците, требаше да се шутираат пенали, кои исто така беа до последно нерешени.

Последните шутираат: на германската страна Bastian Schweinsteiger, јунакот од полуфиналната утакмица против Реал, кој се удираше во сопствените гради, а на страната на Челси Didier Drogba, кој секогаш кога дава гол најнапред Ја восфалува Милоста БОЖЈА чиста!

Што мислиш, кој победи в среде Минхен?   



"Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава Милост!"
Јаков 4:6




Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Но, зошто бог ми дозволи мене јас да победам во телеграфија* кога ниту му се молам, ниту верувам во него, а не му дозволи на колегата кој пред натпреварот се прекрсти (и тоа дури три пати)?


*- иако телеграфијата не е спорт, сепак, бидејќи има натпреварувачки карактер т.е. се работи за „одмерување на силите“, може да се земе како спортска дисциплина!




О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога!
Колку се неиспитани Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!
Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник?
Или, кој однапред Му дал нешто, та и Он да му возврати?
Зашто, се’ е од Него, преку Него и за Него.
Нему слава во вечни векови.
Амин!

Римја. 11:33
   



п.с. Што мислиш кој ќе победи ова финале, што се игра оваа сабота?    Бајерн Минхен - кој по трет пат по ред е во финале - овојпат игра против јасно послабиот германски клуб Борусија Дортмунд, чиј 20 годишен но сепак најдобар играч е со сума од 50тина милиони (рекордна за германски фудбалер) веќе купен од Бајерн, но истовремено така тешко е повреден што не ќе може во финалето да игра против својот иден (богат) работодавач.    




Изменето од spiros - 24.Мај.2013 во 00:44
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 00:13
Zoshto sportistite gledaat nagore збунетост

Изменето од viktorija123 - 24.Мај.2013 во 00:15
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 20:11



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Што има спортот со "восфалување" на Бога ???

Тоа има само со личниот однос на спортистите меѓу кои се и оние "крвожедните". А тоа важи за сите спортисти и воини на сите времиња и од сите вери.




Восфалувањето на БОЖЈОТО Име, градењето на Царството БОЖЈЕ и вршењето на Волјата БОЖЈА е нешто многу свето во верата Христова!
(Види ги првите три елементи вo Господовата молитва: “Оче наш“!)   

За крвожедните неможам да кажам дека Го познаваат Името, Царството и Волјата БОЖЈА!



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А како знаеш ти ??? Поточно кажано, сега уште еднаш покажуваш дека не ги знеш работите за кои постојано пишуваш, туку само си ги оправдуваш своите лични сакања за нештата во кои си решил да си верyваш.

Ако си ја читал Библијата тогаш ќе ќе знаеш барем едно место каде што апостолите ги извлекуваат ножевите и се тепаат.



Џабе е гнозата, џабе читањето, џабе трчањето, ... без Милоста БОЖЈА и Светиот Дух БОЖЈИ !

Без Него дури и лично од Мудроста БОЖЈА (Христос) избраните Апостоли, не беа во состојба правилно да Ја сфатат Совршената Вистина, а уште помалку да Ја следат, да ја практицираат и да И’ бидат потполно верни, затоа така и се однесуваа како што се однесуваа, се’ додека Го добија Најголемиот Дар!

После тоа, никој повеќе не се фати за нож (меч), нити го проневери Господа Исуса!
    



Сфаќаш ли сега зошто Апостолското сведоштво ни укажува на фактот дека Милоста БОЖЈА е безкрајно повеќе од нашето знаење (гноза) и умеење (дела) и зошто чедата БОЖЈИ (во спортот, како и секаде во животот) најнапред Му даваат Слава на БОГА!?      













Изменето од spiros - 23.Мај.2013 во 20:20
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 14:17
Originally posted by spiros spiros напиша:





Толку има добри спортски примери ... незнам зошто ти толку се фаќаш баш за крвавите?    


Originally posted by spiros spiros напиша:


Јас знам дека спортот (освен крвожедните вештини) е една прекрасна метода со која се празни агресија и останата негативна енергија, и дека многу чеда БОЖЈИ тоа прекрасно го прават и притоа БОГА Го восфалуваат.


Што има спортот со "восфалување" на Бога ???

Тоа има само со личниот однос на спортистите меѓу кои се и оние "крвожедните". А тоа важи за сите спортисти и воини на сите времиња и од сите вери.


Originally posted by spiros spiros напиша:


п.с. Мислам дека би требал да знаеш дека ниеден од вистинските Христови Апостоли - за кои што прекрасно сведочи Светото Писмо - не се тепал, а уште помалку утепувал!

А како знаеш ти ??? Поточно кажано, сега уште еднаш покажуваш дека не ги знеш работите за кои постојано пишуваш, туку само си ги оправдуваш своите лични сакања за нештата во кои си решил да си верyваш.

Ако си ја читал Библијата тогаш ќе ќе знаеш барем едно место каде што  апостолите ги извлекуваат ножевите и се тепаат.








Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 07:00
Originally posted by spiros spiros напиша:

Толку има добри спортски примери ... незнам зошто ти толку се фаќаш баш за крвавите?   ...

А зошто да ги исклучуваме и крвавите спортови? Иако се крвави, сепак и тие се спортови!
Туку ај, да не ги земаме за пример тие. Еве да го земеме фудбалот за пример.
Колку пати сме гледале како при излегување на терен некои фудбалери го насочуваат погледот кон небото, се прекрстуваат и ја допираат тревата (теренот) со рака! Демек го замолуваат бог да им помогне да победат.
Е арно ама, овој ритуал го прават фудбалери и од другата екипа.
И?
Како бог (по кој критериум) се одлучува да му ги „услиша“ молитвите на едниот верник, а да ги отфрли молитвите на другиот? Дали неубаво ја изговорил молитвата?
Ова беше ако играчите веруваат во ист бог.

Во друг случај, кога играат играчи од различни вероисповеди, кој бог победува?
Дали тоа значи дека едниот бог е посилен од другиот?
Ова беше за изборот на бог помеѓу двајца верници од различни религии.

Но, зошто бог ми дозволи мене јас да победам во телеграфија* кога ниту му се молам, ниту верувам во него, а не му дозволи на колегата кој пред натпреварот се прекрсти (и тоа дури три пати)?


*- иако телеграфијата не е спорт, сепак, бидејќи има натпреварувачки карактер т.е. се работи за „одмерување на силите“, може да се земе како спортска дисциплина!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 00:52




Толку има добри спортски примери ... незнам зошто ти толку се фаќаш баш за крвавите?   


Јас знам дека спортот (освен крвожедните вештини) е една прекрасна метода со која се празни агресија и останата негативна енергија, и дека многу чеда БОЖЈИ тоа прекрасно го прават и притоа БОГА Го восфалуваат.

ХалелуЈАХ !!!


                           

п.с. Мислам дека би требал да знаеш дека ниеден од вистинските Христови Апостоли - за кои што прекрасно сведочи Светото Писмо - не се тепал, а уште помалку утепувал!

Секој кој што денес Ги следи стапките Христови и Апостолски, исто така не се тепа, нити утепува, туку во Дух Светол Го Слави Името БОЖЈО !     




Изменето од spiros - 22.Мај.2013 во 00:53
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 23:19
Кај мене популарно е спортското тепање наречено ММА (mixed martial arts) на кое половината учесници се крстат и го имаат истетовирано името или ликот на Исус, а некои и стихови од Светото Писмо ... и им ги кршат носевите и ребрата.

Тие и пред и после тепањето му даваат слава на Совршениот Бог во Христа Господа!

Халелуја! Халелуја! Халелуја! 










Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2013 во 19:14




Одкако трипати со три прсти се прекрсти - денес на западен Духовден - Верољуб Салатиќ го прими пехарот на швајцарскиот фудбалски куп.

Победоносниот гол го даде Милан Вилотиќ, кому есента 2010 год. му беше дијагностициран зол тумор на грбот. Со Божја помош и стручна операција, денес Вилотиќ е (освен мал хендикеп на едната рака) потполно здрав.

Слава БОГУ!   


п.с. Минатогодишниот победник на “шампионслиг“, челси, 12 дена ќе има 2 пахара во своите раце, одкако минатата среда со голот на Ивановиќ - кој што беше буквално во последната минута од надпреварот - го освои пехарот на “еуролиг“.

Првиот гол за челси го постигна шпанскиот интернационалец: Торез!



   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.