|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Автор | ||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Под мразот на Антарктикот откриени живи суштества
Да се пронајде живот на такво место е како да се пронајде специфична капка вода во морето.
|
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ноќта на Јуриј - Drum `n` Bass in Space
На 12-ти
април луѓето од целиот свет се здружуваат за заедно да го прослават
првиот човечки лет во Вселената. Ноќта на Јуриј e светска иницијатива
за прослава на 12.04.1961, полетувањето на Јуриј Гагарин во Вселената.
На тој ден пред 49 години станавме раса која успеа да ја напушти
матичната планета. Неговиот вселенски брод, Восток 1, остана во орбита
108 минути. На истиот
ден, 20 години подоцна, полета првиот вселенски шатл, Колумбија.
Неговиот екипаж два дена остана во орбита околу Земјата. По тој
повод, на 7 континенти, во
периодот од 09 до 12 април, ќе се
одржат над 140 вселенски забави. Скопско астрономско друштво се
приклучува кој глобалната забава со својата:
Drum `n` Bass in Space Оваа година
темата на забавата е “Drum `n` bass in space”.
Музика
проследена со фотографии и анимации со убавините на Вселената видени од
Вселенскиот телескоп Хабл. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриени најпримитивните супермасивни црни дупки
досега познати
Астрономите дојдоа до нешто што се чини дека се две од најраните и
најпримитивните супермасивни црни дупки досега познати. Откритието,
базирано главно на набљудувања преку вселенскиот телескоп на НАСА –
Спицер, ќе овозможи подобро разбирање на корените на нашиот Универзум и
како се создале првите црни дупки, ѕвезди и галаксии. “Најдовме она што
би го нарекле прва генерација квазари, создадени во простор каде што
нема прав и во најраните фази на еволуцијата”, изјави Линуа Џијанг,
научен соработник во опсерваторијата Стујард на Универзитетот во
Аризона.
Да разјасниме: вселенска прав (или прашина) е тип на прав чија големина се движи од неколку молекули (нано- и микрометри) до 0,1мм. Црните дупки се “ѕверски” нарушувања на времето и просторот во кои се наоѓаат. Најмасивните и најактивните можат да се најдат во јадрата на галаксии и обично се опкружени со структури од прав и гас кои ги опкружуваат, “хранат и одржуваат во живот“ растечките црни дупки. Научниите веруваат во фактот дека раниот универзум немал прав, што им кажува дека и најпримитивните квазари исто така не би требало да содржат прав. Но никој не видел такви примитивни квазари – сè до сега. Спицер има идентификувано два такви чисти квазри – најмалите досега забележани квазари – на околу 13 милијарди светлински години оддалечени од Земјата. Двата квазари, Ј0005-0006 и Ј0303-0019, за прв пат беа објавени од Ксијауи Фан, професор по астрономија и коавтор на трудот. “Како што опкружувачкиот гас е проголтуван од супермасивната црна дупка, емитува огромни количини на светлина, со што ги прави овие квазари видливи на и на крајот од видливата Вселена”, рече Фан. Кога Џијанг и неговите колеги се посветија на набљудување на квазарите Ј0005-0006 и Ј0303-0019 со Спицер во периодот од 2006 до 2009 година, нивните цели не се издвојуваа скоро по ништо од вообичаената група квазари. Спицер измери инфрацрвена светлина од објектите заедно со 18 други кои припаѓаат на класата најдалечни квазари. Секој квазар е супермасивна црна дупка која тежи повеќе од 100 милиони сончеви маси. Собраните податоци од Спицер покажуваат дека од 20 испитани квазари, само Ј0005-0006 и Ј0303-0019 имаат недостиг од жешка прав. Инфрацрвениот вид на Спицер го прави идеален за детектирање на сјајот на топлиот прав, загреан од црните дупки.
Ова е прв проект за набљудување кој ги комбинира податоците од сите три инструменти на Спицер, вклучувајќи го и Повеќепојасниот фотометар за фотографирање (Multiband Imaging Photometer - MIPS), високочуствителна инфрацрвена камера вградена во телескопот која му дава можност да забележува и многу ладни облаци од прав. “Најинтересното откритие за нас не е тоа што можеме да го видиме туку тоа што не можеме да го видиме. Правта која обично ги опкружува квазарите, овде ја нема. Сметаме дека овие црни дупки се формирале отприлика во времето кога правта за прв пат се формирала во Универзумот, помалку од една милијарда години по Големиот Прасок. Првобитниот Универзум не содржел молекули кои можеле да коагулираат и да формираат прав. Елементите потребни за овој процес биле подоцна создадени од ѕвездите и расфрлени во Универзумот”, рече Фан. Астрономите, исто така, забележаа дека количината на топла прав во квазарот се зголемува пропорционално со масата на црната дупка. Како црната дупка расте, правта има повеќе време да се материјализира околу неа. Црните дупки во јадрата на Ј0005-0006 и Ј0303-0019 ги имаат најмалите измерени маси досега познати во раниот Универзум, со што се посочува дека тие се особено млади и во фаза кога правта сѐ уште се нема оформено околу нив. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пронајдена уште една лоза на прачовек
Научниците се на пат да докажат дека во светот постои уште еден вид на до сега непознат прачовек, па така денешниот човек потекнува од уште еден предок. Кога руски научници во летото 2008 година во една изолирана пештера во Сибир нашле коски на човечки прст, се сметало дека се работи за фосилен фрагмент на неандерталец, познат предок на денешниот човек. Фосилниот остаток бил наречен „Денисова“ според пештерата во која бил пронајден. Остатоци од неандерталски човек се најдени и во Франција, Шпанија, на Балканот, Блискиот исток, во северна Африка. Интересни се черепите од подрачјата на Узбекистан, Палестина, Ирак, Кина, Танзанија. Научниците во 2003 година во Индонезија, на островот Флорес, нашле исто така остатоци од прачовек наречен „Homo floresiensis“, или „хобит“, но за сега нема докази дека таа лоза се проширила некаде на друго место во светот. Се смета дека тие се стари околу 17.000 до 12.000 години. Научниците објавија дека геномот мтДНК на неандерталецот и хомосапиенсот се разликуваат во 202 нуклеотидни позиции, додека кај „Жената X“ биле откриени 385 такви позиции. |
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што се случува на апсолутна нула?
26.03.2010 Физичките и хемиските интеракции што се случуваат на екстремно ниски температури постојано ни приредуваат изненадувања. Пред неколку недели научниците открија дека молекулите на ултра ладен гас хемиски реагираат на растојанија и до 100 пати поголеми отколку при нормална (собна) температура.
Во експрименти на собна температура, хемиските реакции имаат тенденција да успоруваат со зголемување на температурата. Меѓутоа научниците открија дека молекулите на температури само неколку сто-милионити делови од степен над апсолутната нула (-273,15 °C или 0 Келвини) сѐ уште можат да разменуваат атоми, формирајќи нови хемиски врски при тој процес, благодарејќи на чудниот квантен ефект кој го зголемува нивниот дофат на ниски температури. „Совршено разумно е да очекуваме дека кога одиме кон ултра ладен режим нема да има хемиски реакции за кои ќе зборуваме“, вели Дебора Џин (Deborah Jin) од Универзитетот во Колорадо (University of Colorado), „меѓутоа не е така, ова откритие ни покажува дека доаѓа до создавање на многу нови хемиски врски.“ Иако изгледа логично следен чекор да биде испитување на процеси кои се одвиваат на 0 Келвини, сепак таа темепература е невозможна цел. Причина за ова е дека работата потребна за отстранување на топлината од набљудуваниот систем се зголемува со намалување на температурата, па потребно е бесконечно многу работа за да се излади нешто до апсолутна нула. Кажано со темини од квантната физика, за ова може да се обвини Хајзенберговиот принцип на несигурност, кој вели дека колку попрецизно ја знаеме брзината на честичката, толку помалку знаеме за нејзината позиција и обратно. Ако знаеме дека атомите се дел од експриментот, мора да има некоја непостојаност во нивното забрзување кое ги одржува над апсолутната нула - освен ако експеримент е со големина на целата Вселена.
Кое е најладното место во Сончевиот систем? Најниската температура досега измерена во Сончевиот систем е на нашиот природен сателит. Минатата година, LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter) измери температури ниски и до -240 °C на место во постојано засенетите кратери близу до Месечевиот јужен пол. Тоа е околу 10 степени поладно од досега измерените температури на Плутон. Кој е најладниот природен објект во Вселената? Најладното познато место во вселената е маглината Бумеранг, која е оддалечена 5000 светлински години во насока насоѕвездието Кентаур (Centaurus). Научниците во 1997 година открија дека гасовите исфрлени од централната ѕвезда која умира се шират и брзо се ладат до температура од еден Келвин, само еден степен над апсолутната нула. Вообичаено, облаците од гас во Вселената се потопли од 2.7 Келвини благодатение на космичкото позадинско зрачење, кое е остаток од Големиот прскот. Меѓутоа ширењето на маглината Бумеранг создава еден вид на космички ладилник, кој им дозволува на гасовите да ја одржат невообичаено ладната температура.
Која е најниската температура некогаш постигната во лабараторија? Во септември 2003 година, научниците во Инстутутот за технологија во Масачусец (Massachusetts Institute of Technology) објавија дека успеале да изладат облак од содиумови атоми на рекордни 0.45 нанокелвини (10-9 Келвини). Четири години претходно, научниците во Хелсиншкиот институт за технологија (Helsinki University of Technology) во Финска достигнаа температура од 0.1 нанокелвин во парче од металот Родиум. Сепак, тоа температура беше само за одреден вид на движење - квантна карактеристика наречена нуклеарен спин - а не севкупната температура за сите можни движења. Какво чудно однесување манифестираат гасовите при температури блиски до апсолутна нула? Кај макрскопските (секојдневни) објекти и материјали, топлинската енергија произлегува од движењето на атомите и молекулите, односно од нивното движење и меѓусебно одбивање. Меѓутоа на многу ниски температури вaжат правилата на микроскопскиот свет, односно квантната механика. Молекулите не се судираат во конвенционална смисла; наместо тоа, нивните квантно-механички бранови се растегнуваат и преклопуваат. Поради начинот на кој се преклопуваат, понекогаш формираат таканаречен Бозе- Анјштајнов кондензат, во кој сите атоми се однесуваат идентично како еден „супер-атом“. Првиот чист Бозе-Ајнштајнов кондензат е создаден во Колорадо во 1995 година, со употреба на облак од атоми на рубидиум оладен на помалку од 170 нанокелвини. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
najnova vest od ruska medicina
izmislija apce ako go izedes ne moras da jades cela godina nedostatok e deka apceto tezi 1 ton |
||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Русија се подготвува да го сруши астероидот Апофис?
Иако звучи како сценарио за сај-фај филм со Брус Вилис, Русија навистина ја разгледува можноста за праќање на вселенски брод кон астероидот Апофис со цел да му ја промени траекторијата за да се спречи можен удар со Земјата, изјави челникот на руската вселенска агенција. Анатолиј Перминов изјави дека вселенската агенција наскоро ќе одржи состанок за проценување на потребата од мисија на Апофис. За радиото Гласот на Русија додаде дека ќе ја повика и НАСА и Европската вселенска агенција, Кинеската вселенска агенција и другите да се приклучат на проектот. Кога во 2004. е откриен 270-метарскиот астероид, астрономите изгледите дека ќе удри во Земјата во првото разминување со неа во 2029. ги проценија како 1:37, но оттогаш процентите се „ублажени“. Подоцнежните студии ја исклучија можноста на судир во 20209. бидејќи тогаш астероидот нема да дојде на помалку од 29.450 километри оддалеченост од Земјата, но објавено е дека постои мала можност Апофис да се лупне во нас во наредните проаѓања. Перминов не ги спомна математиките на НАСА, туку само изјави дека слушнал од еден научник дека Апофис се приближува и дека е можно да удри во Земјата. „Не се сеќавам добро, но ми се чини дека би можел да уди во земјата во 2032“, изјави тој, завршувајќи со тврдењето дека мисијата не би подразбирала употреба на нуклеарна експлозија. п.с. Еве и сајтче,
кое иако е на шпански, ќе ви заврши работа и ќе ви ги заштеди ѕидовите
ако на нив со шкртки ги броите деновите до „апокалипсата“ :) |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Живот на Месечината!Но, не на онаа која ние “земјаните“ ја гледаме, туку на Сатурновата. Една од 18-те месечини на Сатурн со име Енкелад има поволни услови за развој на живот, покажаа податоците собрани од роботскиот вселенски брод Cassini. На овој, со ледена кора обвиен, Сатурнов месец би можеле да се одржат некои облици на живот пренесени од Земјата, заклучи тимот на астробиолози и астрономи од истражувачкиот институт Southwestern во Боулдер, Колорадо. Овој заклучок го донесоа преку истражување на информациите собрани од вселенскиот брод Cassini, кој е опремен со чувствителни лабараториски инструменти и кој околу Сатурн кружи од јули, 2004. година. Особено значајни била анализите на собраните примероци и измерените температури за време на летовите на Cassini низ млазовите ледени кристали на Енклад кои се случиле на 2. и 21. ноември минатата година. Тие покажале дека освен вода, односно лед во гасовите кои ги оформуват Сатурновите прстени има и сложени органски соединенија. „Тоа што Екланд (одалечен од Сонцето 10 астрономски единици) е свет богат со вода е неверојатно. Неговите внатрешни процеси пак, го вбројуваат меѓу најперспективните средини за живот кои ги познаваме. Некои океански облици на живот кои живеат на големи длабочини, а се хранат единствено со геотермална енергија, на Екланд би можеле успешно да се одржат“, објаснува Џон Спенсер, член на истражувачкиот тим. Тој нагласува и дека во базените помеѓу ледената кора и врелото јадро би можел да се случи и спонтан развој на живот. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сепак остануваме на ЗемјатаЛоша вест за сите ентузијасти кои се
надеваа дека наместо Земјани ќе станат
Марсовци. Новата научна студија покажа дека услови за населување на
Црвената планета нема. Двојните соларни ветрови се редок феномен кој настанува кога Сонцето шири ветрови со различна брзина. Ако побрзиот ветар се најде зад поспориот, тој се збива во него, па двата бранови се “вртат“ заедно во еден цврсто збиен соларен ветер. Научниците успеаа да ги поврзат податоците за губењето на атмосферата на Марс со двојните бранови на радијација забележани во 2007. и 2008. година кои ги регистрираше Advanced Composition Explorer. Според тоа откритие, Марс губи една третина од својата атмосфера при влијанието на таквите соларни ветрови, пишува Discovery News. Причината поради која таквите ветрови не влијаат на Земјата е фактот дека на Марс нема магнетно поле кое би ја одбило соларната радијација, па ветровите едноставно ја “оддувуваат“ атмосферата. Сепак, на своите полови Марс има остаток од атмосфера која ги штити неговите ледени карпи. Атмосферата на Марс ја создаваат единствено ударите на комети и повременото топење на мраз. За да би можел Марс да се насели потребен е исклучително голем подземен генератор на воздух, а тоа е технологија која човекот се'уште ја нема реалзиирано. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Big Bang репризаСреда, 24.03.2010
Од CERN вчера го објавија датумот на кој во Големиот хадронски судирач ќе се обидат да ги судрат честичките со најголема енергија досега, и со тоа да ги рекреираат условите во кои се случил Big Bang-от пред 13.7 милијарди години. Големиот хадронски судирач моментално работи на 3,5 тера волти (TeV), што е најголемата енергија досега постигната во судирач на честици. Во идните неколку дена се планира таа енергија да се забрза. „Првиот обид за судир на 7 TeV е планиран за 30. март“, пишува во соопштението на CERN. „Можеби ќе требаат часови или дури денови за да дојде до судар“, вели главниот директор на CERN, Ралф Хојер. Повеќекратните судари на енергија од 7 тера волти ќе создадат мини Bing Bang, обезбедувајќи важни податоци кои илјадници научници со години потоа ќе ги анализираат. Откако ќе се предизвикаат тие судари, во план е LHC да работи без престан 18 до 24 месеци, со кратка пауза при крајот на годината. Научниците сметаат дека би можеле да ја откријат темната материја која, како што се претпоставува, сочинува 25 проценти од вселената, но нејзиното постоење никогаш не е докажано. „Ако ја откриеме и сфатиме темната материја, ќе имаме сознание за 30 проценти од вселената, што е голем чекор напред“, вели Хојер. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Снежно слетување за Сојуз ТМА-16
22.03.2010
Командантот Џеф Вилијамс (Jeff Williams) и инжињерот Максим Сураев
(Maxim Suraev) од Експедиција 22, во четвртокот го слетаа вселенското
летало Сојуз ТМА-16 на степата во Казахстан, со што заврши нивниот
пет-месечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутите
слетаа на 18 март во 7:24 часот, северноисточно од градот Аркалик во
Казахстан.
Вилијамс и Сураев полетаа со Сојуз ТМА-16 вселенското летало од космодромот Бајконур на 30 септември 2009 година. Како членови на екипажот на Експедиција 21 и 22, тие поминаа 167 дена на вселенската станица. За тоа време до Станицата пристигнаа две шатл мисии, при што Џеф и Максим помогнаа во инсталација на модулот Tranquility, куполата за гледање и вториот руски модул за прикотвување. Научните истражувања на станицата се подобрија со зголемување на бројот на екипажот и лабораториските капацитети.
Вилијамс досега има поминато вкупно 362 денови во вселена. Со тоа тој го зазема четвртото место на листата од вселенски патници со најдолг времеснки период поминат во Вселената. Пеги Витсон, со 377-дневен престој во Вселената, е прва на таа листа. На вселенската станица сега престојува Експедиција 23, која се содржи од командантот Олег Котов и инжинерите Соичи Ногучи и Ти-Џеј Кремер. Ново трио од инжинери на летот – Александар Сквотсов, Трејси Калдвел Дисон и Михаил Корниенко – ќе полетаат од Бајконур на 2 Април, а на Станицата ќе пристигнат 2 дена подоцна.
|
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали ѕвездата-вампир крие одговори на некои од
нашите прашања за темната енергија?
Многу големиот телескоп (Very Large Telescope) на Европската
организација за астрономски истражувања на јужната хемисфера (ЕЅО) за
прв пат произведе снимка во time-lapse техниката на една многу ретка
обвивка од материја исфрлена од ѕвезда-вампир. Ѕвездата-вампир е дел од
двојниот ѕвезден систем познат под ознаката V445 (кој се наоѓа во
соѕвездието Крма (Puppis) на јужното небо) и таа, во моментот на
набљудување, растргнува дел од својата ѕвезда придружничка вшмукувајќи
гас.
Голема е веројатноста овој двоен ѕвезден систем да е долго-бараниот претходник на експлодирачките ѕвезди познати како супернови од типот Ia, кои се, пак, клучни при проучувањето на темната енергија. Во ноември 2009 научниците можеа да ја набљудуваат експлозијата на нова која се случи во внатрешноста на овој ѕвезден систем која предизвика исфрлање на огромни количини материја од него во вселената и која го направи 250 пати посветол од порано. Еден од проблемите во современата астрофизика е фактот што научниците сѐ уште не знаат кој вид на ѕвездени системи експлодираат во супернова од типот Ia, што е прилично голем хендикеп со оглед на тоа што знаеме дека овие супернови играат клучна улога во поддршка на теоријата за моменталното забрзано ширење на Вселената кое е потпомогнато од темната енергија. Објектот V445 во соѕвездието Крма е првата и за сега единствената нова која е забележана досега кај која немаме најдено докази дека во нејзиниот состав се наоѓа водород. Кај овој објект ги имаме првите докази за површинска експлозија кај бело џуџе во кое доминира хелиумот. А со оглед на претходните претпоставки, односно сознанија дека суперновите од типот Ia немаат водород во својот состав, ова откритие е од огромно значење. И ѕвездата придружничка во овој систем убаво се вклопува во целата оваа теорија со тоа што и кај неа не е нејдено присуство на водородот, а она кое таа го исфрла кон белото џуџе е главно хелиумски гас. Самата обвивка на објектот, за разлика од оние на досега-набљудуваните нови, се движи со брзина од околу 24 милиони километри на час, а дебелиот диск од прав, кој најверојатно бил формиран за време на последниот излив на материја, ги подзакриваа двете централни ѕвезди. Длабочината со која можеме да ги набљудуваме тие детаљи е неверојатна и изнесува околу сто милиарксекунди, што може да се спореди набљудување на паричка од едно евро од далечина од 40 километри. Сето тоа е возможно благодарение на адаптибилната оптичка технологија која е достапна кај големите земјени телескопи, како што е Многу големиот телескоп на ЕЅО. Инаку, фазата супернова е еден од можните крајни стадиуми на животот на една ѕвезда, при што таа умира во грандиозна експлозија. Фамилијата супернови од типот Ia се од особен интерест во космологијата зашто тие служат како мерка за далечините во Вселената, а тоа може да ни користи за калибрирање на нејзиното забрзано ширење кое, пак, е водено од темната енергија. Една од карактеристикита на суперновите од типот Ia е недостатокот на траги на водород во нивниот спектар, и покрај факто што тој е најзастапениот хемиски елемент во Вселената. Таквите супернови најверојатно се јавуваат во системи составени од две ѕвезди од кои едната се наоѓа во крајната фаза од својот живот, позната како бело џуџе. Кога масата на таквите бели џуџиња, кои се однесуваат како ѕвезди-вампири и кои што ја цицаат материјата од своите придружници, премине одредна граница, тие постануваат нестабилни и експлодираат. Со комбинирање на сликите од NACO (NAOS/CONICA Science Verification Programs) и податоците добиени од неколку други телескопи, астрономите ги утврдија оддалеченоста на системот, која изнесува околу 25 000 светлосни години од сонцето, и неговата апсолуна магнитуда, која е над 10 000 пати поголема од онаа на сонцето. Тоа укажува на фактот дека белото џуџе-вамир во системот има висока маса која е блиску до фаталната граница, а дополнително на тоа, продолжува да голта материја од својот придружник со огромна брзина. Дали V445 од соѕвездието Крма ќе експлодира како супернова или пак моменталниот излив на нова го блокира тој развој на настани со исфрлувањето на преголемо количество материја во вселената, сѐ уште не е јасно. Меѓутоа она што научниците претпоставуваат дека моментално го гледаат во овој систем е идна супернова експлозија од типот Ia. Izvor: http://www.astronomija.com.mk Изменето од Sunny - 21.Март.2010 во 12:35 |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриени отисоци на стапала од диносаурус од 20 метри и 10 тони
Капачите кои во летниот период ги посетуваат плажите крај Пула најверојатно не знаат дека се сончаат на карпи кои се стари стотици милиони години. Многу од тие плажи во древното минато биле калливо крајбрежје на плиткото тропско море, по кое чекореле диносауруси од сите видови и големини. По игра на природата, некои од овие траги во калта успеале да се скаменат и да се зачуваат под дебелите карпести слоеви, се додека дејството на морето и другите природни сили повторно не ги открија. За пронаоѓање на траги од диносауруси на Златните карпи крај Пула потребна е поголема „индијанска“ вештина за читање на траги, отколку кај подобро зачуваните отисоци на тие животни на блискиот остров Бриони. Имено, тука се изложени на отворено море, кое немилосрдно прави ерозија, ги оштетува трагите и ги прави непрепознатливи.
Да се заштити наоѓалиштето
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриена нова планета слична на Земјата
Планетата CoRoT-9b која беше откриена од страна на мисија предводена од француската вселенска агенција, Centre National d'Études Spatiales може да биде првата планета колонизирана од страна луѓето. Научниците открија дека на планетата која 1.500 светлосни години е оддалечена од Земјата владее умерена клима, со површинска температура од 20 и 160 степени Целзиусови. - Оваа е првата планета каде што има смисла да се примени моделот кој што го применуваме за планетите во нашиот Сончев систем, вели др. Диг, кој работи во Instituto de Astrofisica de Canarias на Канарските Острови. CoRoT-9b e екстра соларна планета која се наоѓа во орбитата како ѕвезда. Таа беше изучувана со користење на методот транзит, кој вклучува проучување на планетата со поминување покрај неа. Светлината од ѕвездата го прави методот возможен, а научниците ја проучуваат планетата во длабочина. Др. Диг изјави дека CoRoT-9b има сличности со Јупитер и Мерк*р. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |