IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 39>
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 19:01
Папата 2007 година ја потврди полноважноста на догмата дека нема спасдение вон римо-католичката црква(а ако нема, бадијала им се верските дијалози), така да за унија не може да стане збор, освен ако православните не се преобратат во римо-католици.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:47
Originally posted by blagoj_s blagoj_s напиша:

Katolickata i Pravoslavnata crkva: Na 14 i 15 noemvri 2007 god. svetskiot pecat objavi mnogu znacajna vest:" Kraj na raskolot megu Katolickata i Pravoslavnata crkva". " Po iljadagodisniot raskol , vo Ravena e dogovoreno obedinuvanje na Katolickata i Pravoslavnata crkva ." " Zacrtan e patot koj, po iljadagodisniot raskol vo 1054 god., bi trebalo da dovede do obedinuvanje na dvete crkvi." "Vatikan go pofali dogovorot sto go postignaa pravoslavnite i katolickite teolozi vo oktomvri 2007g. vo italijanskiot grad Ravena kako prv cekor vo zaceluvanjeto na ranata na iljadogodisniot razdor megu dvete crkvi", itn.


Грешка во информациите. Во Равена не е објавена никаква унија меѓу Римо-католиците и Православните Христијани, туку, како и децении наназад, беше воден разговор за враќање на Римо-католиците во Вистината – Православието. Доколку имаше таква унија, јас денеска без проблем ќе ги посетував римо-католичките храмови, бидејќи, нели, кога се случува нешто толку важно, што го засега и верниот народ кој е дел на една Црква, тогаш и тој би бил известен за тоа.


Originally posted by blagoj_s blagoj_s напиша:

Vo dogovorot e potvrdeno deka papata bil najvisok vo hierarhijata na edinstvenata Crkva pred golemiot raskol vo 1054g. Vo staroto Vizantisko carstvo pravoslavieto ja otfrlilo univerzalnata vlast na rimskiot papa i postepeno se razvivalo vo aftonomni nacionalni crkvi.


Од ова може да се извлече заклучок дека како што во книгата „Времето и знаците“ веза немаат историските податоци, така и тука веза се нема од историјата на Црквата и нејзиното уредување. Црквата никогаш немала врховен самоуправител, како што го имаат римо-католците папата, затоа што глава на Црквата е Христос и нема друга глава освен него. А нели кај нив папата е заменик на Христос (Vicarius Filii Dei). Додека во православната Црква, сите епископи се еднакви меѓу себе и секој си има јурисдикција само над својата епископија, а не и над туѓата.

   

Originally posted by blagoj_s blagoj_s напиша:

Vo 2006g. papata Benedik XVI vo Istambul go poseti vselenskiot patrijarh Vartolomej I , koj e duhovan vodac na site pravoslavni vernici vo svetot, no administrativno upravuva so malecko hristijansko stado vo Turcija.Vo taa prigoda tie si postavija zaednicka cel: ke se borat za obedinuvanje na Katolickata i Pravoslavnata crkva.


Како што кажав погоре, патријархот Вартоломеј не е духовен водач на сите православни верници во светот. Тој си има своја патријаршија во Константинопол и нема право и не може да се меша во туѓите патријаршии и епископии. Во православието постои термин „прв меѓу еднаквите“. Ако во неговата патријаршија се дојдени епископи и патријарси од друга јурисдикција, тогаш тој е прв, бидејќи се наоѓа на негов „терен“, но ако тој појде во туѓа патријаршија, тогаш не е.

Originally posted by blagoj_s blagoj_s напиша:

Na sovetuvanjeto vo Ravena e potpisan dokument i postignat e dogovor koj e golem cekor za idnoto dejstvuvanje. B o toj dogovor se utvrduva deka papata e " prv megu patrijarsite", a Rim e " prvo sediste". Tie dve tocki i go predizvikale raskolot megu katolicite i pravoslavnite vo 1054g. Sega se priznava ulogata na rimskoit biskup kako prv megu prvite, a " prvite mora da priznaat koj e prv megu niv".


Епа така не вели епископ Иларион Алфеев, кој бил дел од Руската делигација во овие преговори:

“Ние немаме богословие за “ап. Петровата служба“ на ниво на Вселенска Црква. Во нашата еклисиологија нема место за таквa идеја. Ете зошто Православната Црква во продолжение на вековите се спротивставувала на идејата за вселенска јурисдикција на било кој епископ, вклучувајќи го тука и Римскиот. Ние признаваме дека постои определен ред, според кој следува да бидат спомнувани претстојателите на помесните Цркви. Во тој ред Римскиот епископ заземал прво место до 1054 година, а после тоа првенството според редоследот во Православната Црква е префрлен на Константинополскиот Патријарх, којшто до схизмата бил втор по ред. Но, ние веруваме дека сите претстојатели на помесните Цркви се еднакви меѓу себе и ниеден од нив нема јурисдикција над некој друг.“

Меѓудругото, најдобро е да не ширите дезинформации како тоа демек навистина се случила таа унија (а не дека стремежот не е упатен кон тоа римо-католиците да се вратат кон нивните корени – православието).

Originally posted by gospel gospel напиша:

ЗАТОА ШТО НЕ ЧИТАТЕ, МИЛО.    


Еве каде јас го прочитав тоа:


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DA0345CE73C6C14B9CE4871530153A61

ова е само еден од многуте медиуми каде што беше објавена оваа вест.

Затоа не „прпај“ и не „скокај“!!!    


А ти, златно, подобро е да почнеш да читаш и православна теологија, за да почнеш да ги сфаќаш бесмисленостите кои се шпекулираат. И еве ти една информација, за да не „прпаш“ и „скокаш“ ниту ти: Да беше папата признат како прв меѓу патријарсите, на Литургиската богослужба ќе мораше ОБАВЕЗНО да се спомнува. А од 2007, кога се вели дека е донесена таа мистериозна одлука, па се’ до сега, јас сум била на стотина Литурги (и во МПЦ и во ГПЦ и во БПЦ и во РПЦ...) и замисли, во ниту една од тие Литругии не се спомнало ниту „п“ од папа.

Поздрав до тебе, братче



Изменето од Maran Ata - 14.Јули.2010 во 15:51
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 14:01


ПАРАБОЛЗ ЗА ПОДГОТОВКА


    Парабола за талантите

Оваа парабола во нашиот јазик внела уште еден нов поим. Денеска изразот “талант“ значи дека имаме некоја посебна способност. Во библиските времиња талантот првобитно значел тежина од околу 34 килограми. Подоцна вредноста на таа тежина се изразувала во злато, сребро или бакар. Во Христово време талантот претставувал голема сума пари, плата на обичен работник за околу петнаесет години работа. Во оваа парабола за подготовка, господарот, “тргнувајќи“ на некое патување, на еден од своите слуги му доверил пет таланти, на друг два и на третиот еден. Потоа заминал. Додека господарот бил далеку, во туѓа земја, слугата со пет таланти се послужил со ова огромно богатство и истото двојно го зголемил. Слугата со два таланти постапил на ист начин. Меѓутоа, слугата со еден талант почнале да го прогонуваат горчливи мисли за неправилност на господарот кој му укажал толку малку доверба, многу помалку отколку на другите. Заклучил дека тој господар, без оглед на големиот труд што ќе го вложи, воопшто не ќе знае да ги цени неговите напори ниту неговиот успех, па при налетот на таквото расположение и самосожалување ископал дупка и го закопал талантот.

“По долго време“, кога господарот се вратил, првите двајца со радост му поднеле извештај и тие биле топло пофалени. Секому од нив господарот му рекол : “Арно сторено, добар и верен слуго! Над малку беше верен, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар“! Меѓутоа, третиот слуга му го вратил својот единствен талант на господарот со многу лошо расположение – и за возврат чул како господарот го опишува како “зол и мрзлив слуга“. Како и неверниот надзорник во првата парабола, и тој бил фрлен на исто место каде што “ќе има лелек и чкртање со заби“ (Матеј 25,14-30). Поуката од оваа споредба е иста како и поуката од првата: додека чекаш Господ да се врати од небото, биди верен на земјата! Не размислувај за кули во воздухот, туку прифати ја работата што ти е при рака! Но, третата парабола има и своја посебна важност.Господарот на секој слуга му доверил некоја одговорност. Овде се наоѓа и едно неизговорено ветување дека секој од нас може двојно да го зголеми првобитното богатство што го добил од Бога. Освен тоа, талантите сами по себе не се толку важни, туку она што го правиме со нив. Верниот поседник на два таланта добил иста награда како и верниот со пет таланти! Божјето царство не ќе биде наполнето со мрзливи незадоволници кои никогаш не вложуваат ниту најмалечок напор повеќе од она за што се платени. Апостол Павле не повикува да работиме: “Не навидум како оние кои само им угодуваат на луѓето, туку со искрено срце, боејќи се од Господа! Што и да правите, правете го од сесрце, како за Господа, а не за луѓе, знаејќи дека од Господа како награда ќе примите наследство, зашто вие му служите на Господа Христа“! (Колошаните 3,22-24). Наша секојдневна работа може да биде правење на автомобили, куќи, книги, или готвење на храна, но начинот на кој се однесуваме спрема работата не обликува самите нас. Зад тулите на добро изградената куќа се гледа карактер! Во квалитетниот, пријатно миризлив леб што сме го испекле за да го унапредиме здравјето на нашето семејство многу повеќе има христијанство отколку брашно! Ако сакаме нашите деца да се приготват за доаѓањето на нашиот Господ, тогаш кај нив треба да развиваме навика да бидат вредни. Сообразно со нивната возраст, треба да ги учиме да ги средуваат своите играчки, да ја наместат својата постела, да помогнат при миењето на садевите, да ја искосат тревата, да ја варосаат куќата. Од почеток тие веројатно ќе бидат бавни и мошне невешти, но мора да научат да работат “од срце, како за Господа“. Додека ќе ги местат креветите секое утро, ќе местат нешто многу поважно од постелата! Кога ќе ги приготвуваат оброците на време, ќе приготват и нешто многу поважно од храната! Ако бројот на талантите немал пресудна важност, тогаш можеме да претпоставиме дека и слугата со еден талант би добил иста награда како и слугите со два и пет таланти кога, како и тие, двојно би го зголемил своето богатство. Нема никакво сомневање дека би било така, а секој од нас има најмалку по еден талант! Човек во инвалидска количка мисли дека оние што можат да одат добиле вреден талант! Оној што не гледа мисли дека луѓето со здрави очи добиле значаен талант! И имаат право. Здравјето, времето, влијанието, способноста за зборување, се се тоа во извесна смисла таланти. Бог сака верно да ги употребиме за него, во служба на ближните. Еднаш читав за еден наполно парализиран христијанин кој утврдил дека молитвата е единствен негов талант. Почнал да се моли за мисионерите кои работат во далечни земји. Кога се прочуло за него, многу пари во негово име заминале во далечните земји за проповедање на евангелието. Што и да имаме, се можеме верно да го употребиме за Христа и за добро на ближните. И додека се служиме со нашите таланти, ние всушност со милоста негова се приготвуваме за неговото доаѓање.

Изделување на овците од јарците

Можеби четвртата Христова парабола за подготовка е најпозната од сите Исусови параболи. Во неа Синот човечки се појавува со сета своја слава, придружен со сите свои ангели. Седејќи на својот престол, Тој ги собира околу себе сите луѓе и ги разделува, на ист начин како селаните на Блискиот Исток што и денес ги разделуваат, овците од јарците. Во параболата овците се одредени да застанат десно, а јарците лево од него. “Тогаш царот ќе им рече на оние од десната страна: Дојдете, благословени од мојот Отец, наследете го царството кое ви е подготвено уште од создавањето на светот! Зашто огладнев и ми дадовте да јадам; ожеднев и ме напоивте; бев туѓинец и ме примивте; бев гол и ме облековте; бев болен и ме посетивте; бев во зандана и дојдовте кај мене“! Праведниците се вчудовидени од неговата пофалба и прашуваат кога ги сториле сите тие, за нив, непознати добри дела. Царот одговара: “Навистина ви велам, кога му направивте така на еден од овие мои најмалечки браќа, мене ми направивте“! И тогаш, како што веќе знаеме, царот се свртува кон “јарците“ и им наредува да си заминат од него, зашто не му помогнале кога го виделе гладен, жеден и во затвор (Матеј 25, 31-46). Поуката на оваа завршна парабола е очигледна – нашето влегување во царството небесно ќе зависи и од тоа какви соседи сме им на оние што живеат околу нас. “Ако некој рече: ’Го љубам Бога’, а го мрази својот брат, лажливец е“ (1 Јованово 4,20). Ние не можеме да покажеме љубов кон Бога доколку не покажеме љубов кон ближните. Дури ни дарот што го ставаме во кошничката во црквата не заминува со некоја ракета до Божјиот престол; туку се троши да ги задоволи потребите на човечките суштества овде на земјава. Ние покажуваме љубов кон Бога постапувајќи чесно, пристојно и љубезно спрема неговите деца, без оглед на нивната национална и расна припадност, на нивната економска положба и на состојбата на нивното здравје, без оглед на тоа дали се добри или лоши. Ако сакаме да се приготвиме за небото, четирите Христови параболи бараат од нас да бидаме верни овде на земјава. Мораме да ги користиме нашите таланти, без оглед дали имаме многу или малку, и да ги вложиме сите наши најдобри сили за добро на ближните. Спрема сите луѓе треба да постапуваме така како да е во прашање Христос. Поединечно треба да одржуваме духовна врска со Бога. Посебен благослов ќе уживаат семејствата кои на ваков начин заедно се приготвуваат.

Изменето од Blagoj_s - 14.Јули.2010 во 14:01
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 15:33
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Со други зборови сакаш да кажеш дека сега знаеш зошто има поговорка дека ѓаволот(клеветникот)е во деталите


НЕ, ЈАС НИШТО НЕ САКАМ ДА КАЖАМ СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, ЕДНОСТАВНО ТИ ГИ СТАВИВ ЛИНКОВИТЕ „ПОД НОС“, ДА СЕ УВЕРИШ ДЕКА ТАМУ КАДЕ ШТО ЧАДИ - ТАМУ И СЕ ЈАДИ.

Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Значи НЕМА НИКАКВА УНИЈА СО никој кој не го држи правоверното исповедање.и сега незнам што има тука да се длаби до бесвест за нешто што не постои ниту се случило(унија,зедничко богослужење и проглас до сите верни дека треба тоа да го направат).


НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА НИКАКВА УНИЈА. ДОДЕКА НЕ ГО ЗЕМИШ ВО РАЦЕ ДОКУМЕНТОТ КОЈ ШТО БЕШЕ ПОТПИШАН ВО РАВЕНА И НЕ ГО ПРОЧИТАШ, НИКОГАШ НЕМОЈ ДА БИДЕШ СИГУРЕН ДЕКА НИШТО ТИ НЕМААТ „ЗГОТВЕНО“ ТВОИТЕ ПОБРАТИМИ „ПРАВОСЛАВЦИ“!!!
КАКО ШТО ПОГОРЕ ТИ НАПИШАВ, ТАМУ КАДЕ ШТО ЧАДИ - ТАМУ И СЕ ЈАДИ.



Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Два пати го читам и препрочитувам тој говорот и ништо не најдов кое укажува на Антихристот и повик да се обединат сите вери и слични глупости.


АБЕ ТИ МОЖИШ УШТЕ СТО ПАТИ ДА ГО ЧИТАШ И ПРЕПРОЧИТУВАШ ГОВОРОТ, НО НЕ ЏАБЕ СЕ ЗАПИШАНИ ЗБОРОВИТЕ ВО ИСАИЈА 6:9 КАДЕ ШТО ВЕЛИ: „Оди и кажи му на тој народ, со ушите ќе чуете и нема да разберите, и со очи ќе гледате и нема да видите.......“

ЗАТОА НЕМОЈ ДА СЕ МАЧИШ ДА ГО ЧИТАШ И ПРЕПРОЧИТУВАШ ГОВОРОТ. ТОГАШ КОГА БОГ ЌЕ ТИ ОТВОРИ, ТОГАШ И ЌЕ ГО РАЗБЕРИШ. ДОТОГАШ, ПОВЕЌЕ ЧИТАЈ ЈА БИБЛИЈАТА, ОТКОЛКУ ГОВОРИТЕ НА МИНИСТЕРКАТА.




Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Додека за концептот на самата конференција и не сум којзнае колку информиран,


Мој совет до тебе: ДОДЕКА НЕ СЕ ИНФОРМИРАШ, НЕМОЈ ДА ПИШУВАШ ЗА НЕШТО, ЗА КОЕ ШТО НЕ СИ ИНФОРМИРАН И ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.





Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

кој нон стоп збори за Антихистот на крај ќе го заборави и самиот Христос.


ВО ТОА САМО НЕМОЈ ДА БИДЕШ СИГУРЕН. ЈАС БИ РЕКОЛ: КОЈ Е БУДЕН, ТОЈ И ЌЕ ГО ВИДИ МЛАДОЖЕНЕЦОТ, А КОЈ СПИЕ (КАКО ТЕБЕ)И СВАДБАТА ОД МЛАДОЖЕНЕЦОТ ЌЕ ЈА ПРОПУШТИ. Се надевам дека знаеш за што ти зборувам, интелигентен дечко си ти.


п.с

Ти поставив неколку прашања во минатиот пост, но гледам правиш маневри, не сакаш или не знаеш да ги одговориш?



Со почит, Госпел.

Изменето од gospel - 06.Јули.2010 во 15:46
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 13:43
Originally posted by gospel gospel напиша:


како прво јас ништо и не напишав тука, едноставно поставив неколку линкови, кои што пренесуваа информации околу наводното обединување на православците со католиците и потпишувањето на Равенскиот документ.
Јас никаде не нагласив дека обедувањето веќе е готово, туку го потврдив со линкови тоа што Благој го тврдеше, дека тој настан во Равена навистина се случил..



Со други зборови сакаш да кажеш дека сега знаеш зошто има поговорка дека ѓаволот(клеветникот)е во деталите

Значи НЕМА НИКАКВА УНИЈА СО никој кој не го држи правоверното исповедање.и сега незнам што има тука да се длаби до бесвест за нешто што не постои ниту се случило(унија,зедничко богослужење и проглас до сите верни дека треба тоа да го направат).



Originally posted by gospel gospel напиша:

А околу последниот линк, Светската меѓу-религиска конференција одржана во Охрид оваа година....ако тоа не означува трасирање на патот на „НАТЕМАГО“ и почеток за обединување на сите религии во една религија наречена ЕКУМЕНА, тогаш објасни ТИ што означува оваа Светска меѓу-религиска конференција?..


Два пати го читам и препрочитувам тој говорот и ништо не најдов кое укажува на Антихристот и повик да се обединат сите вери и слични глупости.
Додека за концептот на самата конференција и не сум којзнае колку информиран, но самата помисла дека министерството за култура на РМ ќе помогне во доаѓањето на антихристот е смешно ако не и трагикомично!! Ја сум чул за Македоноидите но да не забегуваме до толку дека сме центар на светот.

п.с

кој нон стоп збори за Антихистот на крај ќе го заборави и самиот Христос.


Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 22:19
Здраво Ахмар,

како прво јас ништо и не напишав тука, едноставно поставив неколку линкови, кои што пренесуваа информации околу наводното обединување на православците со католиците и потпишувањето на Равенскиот документ.
Јас никаде не нагласив дека обедувањето веќе е готово, туку го потврдив со линкови тоа што Благој го тврдеше, дека тој настан во Равена навистина се случил.

А околу последниот линк, Светската меѓу-религиска конференција одржана во Охрид оваа година....ако тоа не означува трасирање на патот на „НАТЕМАГО“ и почеток за обединување на сите религии во една религија наречена ЕКУМЕНА, тогаш објасни ТИ што означува оваа Светска меѓу-религиска конференција?

И за крај, дали сум сигурен, дали сум ги прочитал линковите кои што ги наведов?
Повеќе од сигурно, бидејќи ако не сум ги прочитал немаше да има потреба да ти ги ставам под нос.

Би те запрашал, дали знаеш која е прва и најстара религија во светот?
Што претставува Вавилонската блудница опишана во 18 глава од Откровението и што претставува и кон кого се однесува повикот на гласот од небото во 4 стих од истата глава: „Излезете од неа, луѓе мои, за да не учествувате во гревовите нејзини и да не се заразите од раните нејзини........“


Со почит, Госпел.

Изменето од gospel - 05.Јули.2010 во 22:24
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 15:29
здраво госпел ми фалеше малку твојот познат стил кон православието.
Али гледам си останал во форма.
сепак се дава малце живост на дискусијата за разлика од некои кои си прават монолози или се повлекуваат на првиот контрa аргумент.

Но да видиме што си пишал тука.

Како прво линкот од вечер ама баш ништо не кажува.
додека вторит наводно страшен линк го кажува ова:

" Ravenski dokument je plod rada jedne rimokatoličko-pravoslavne komisije, a ne vaseljenskog sabora. Ne radi se ni o kakvom tajnom dokumentu, niti uniji, nego o teološkom dokumentu, koga su potpisali punomoćni predstavnici samostalnih crkvi. U pitanju je samo radni dokument koji označava kraj jedne etape i otvara perspektive za još dublji rad. Medjunarodna komisija je samo započela rad, a o nastavku dijaloga će odlučiti sinodi na svojim zasedanjima. Oni će ga proučiti i ponuditi promene, ako smatraju za neophodno. Izmedju ostalog, to je i razlog zašto se u pravoslavnom svetu o ravenskom dokumentu govori malo."

И сега?!!

Додека за тоа третиот линк,т.е обрaќањето на министерката за култура дека била за АНТИХРИСТОТ?!!!

сигурен си дека си ги прочитал линковите кои си ги постирал?

Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 13:28
Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Nema sansi takvo nesto da se slucilo. Toa bi bilo svetska senzacija i site mediumi bi pisuvale za toaизненадување




ЕВЕ ДЕКА ИМА ШАНСИ ТАКВО НЕШТО ДА СЕ СЛУЧИЛО!

http://www.novinar.de/2008/01/09/nema-tajni-oko-ujedinjenja-katolika-i-pravoslavnih.html


http://www.blic.rs/Vesti/Svet/19838/Nacinjen-prvi-korak-ka-ujedinjenju-pravoslavne-i-katolicke-crkve-



И од сега не биди НЕВЕРЕН туку ВЕРЕН!!!





Blagodaram za informacijata да
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 00:55
Навистина тоа е голема работа!!!

Но нај-големата и нај-шокантна работа допрва треба да се случи, кога во ова „ОРО“ ќе влезат и Протестантите, Муслиманите и сите останати религии, на чело со главниот ороводец - Антихристот.
А дека патот на Антихристот веќе почнува да се трасира и тоа кај нас во Македонија, уверете се сами:



http://www.worldconferenceohrid.kultura.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=115:2010-05-12-09-11-24&catid=70:2010-05-12-09-02-28&Itemid=99&lang=mk
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 00:41
Ako seto ova e tochno i se ostvaru kako shto se pishuva, togash toe e GOLEMA rabota!

Svedoci sme na istorijski moment kade shto pravoslavnite kje go priznaat Papata za prv megju patrijarsite, onaka kako shto beshe pred raskolot, a istovremno ova e posledniot Papa koj kje bide onoa shto bea i negovite prethodnici posle raskolot. Od sega kje imame biranje na Papa od katolichkite i pravoslavnite crkvi.

Interesno kje bide da se vidi kako kje reagiraat pravoslavnite vo odnos na katolicite i Papata. Do sega plukaa po nego, a sega natamu? Sekako, kje se bacuvaat i kje tvrdat deka odsekogash bile brakja i se sakale.

Ova e ubava ilustracija za seto onoa shto se sluchuvashe so vekovi vo Hristijanskata crkva, kako so dekreti se reskoluvaa, so dekreti se soedinuvaa, odreduvaa koj e eretik i koj e svetec, so dekreti odreduvaa koe pisanie e Bogougodno i vodeno od Svetiot Duh, a koe e eretichko, gjavolsko i falsificirano i t. n.

Istorijata se rasposteluva pred vas i samo gledajte i upivajte, nedozvoluvajki demagogijata koja naskoro kje ja chitate i slushate od Crkvata da ja zamati bistrinata na onoa shto se odviva pred vash*te ochi.

Taka SEKOGASH se gradela institucijalizirana religija - so dekreti, politiki i interesi !
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 00:23
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Nema sansi takvo nesto da se slucilo. Toa bi bilo svetska senzacija i site mediumi bi pisuvale za toaизненадување




ЕВЕ ДЕКА ИМА ШАНСИ ТАКВО НЕШТО ДА СЕ СЛУЧИЛО!

http://www.novinar.de/2008/01/09/nema-tajni-oko-ujedinjenja-katolika-i-pravoslavnih.html


http://www.blic.rs/Vesti/Svet/19838/Nacinjen-prvi-korak-ka-ujedinjenju-pravoslavne-i-katolicke-crkve-



И од сега не биди НЕВЕРЕН туку ВЕРЕН!!!

Изменето од gospel - 05.Јули.2010 во 00:35
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 00:02
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кај го прочита ова, бре братче?

Како тоа вие, адвентистите, знаете за унијата на Римо-Католиците и Православните, а ние, Православните, немаме поим за нешто такво?




ЗАТОА ШТО НЕ ЧИТАТЕ, МИЛО.


Еве каде јас го прочитав тоа:


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DA0345CE73C6C14B9CE4871530153A61

ова е само еден од многуте медиуми каде што беше објавена оваа вест.

Затоа не „прпај“ и не „скокај“!!!

Изменето од gospel - 05.Јули.2010 во 00:38
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:48
http://www.youtube.com/watch?v=ZC1Z1SrSnwg&feature=PlayList&p=244AE6B62E47B7D9&playnext_from=PL&playnext=1&index=92


mislam deka blagoj misli na ova nesto!
ako obratite paznja na prvite dvajca koi mu odavaaat pocit na papata toa se dvajca pravoslavni oci
nemoj da me svatite pogresno i jas sum pravoslaven no vakvo nesto koga ce vidam me buni????
----------osana--------
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 20:04
Originally posted by sk sk напиша:

Ne be, mu kazal drugar mu od Vatikan. Vatikan i adventistite imaat ist koren, a se razlicni granki od drvoto nareceno perenje na mozok na lugjeto. Shto ke ti e dokaz, dovolen dokaz e deka Blagoj_s go napishal. Ne li primetuvate deka voovpshto ne vleguva vo razmena na mislenja i analiziranje na postovi, zoshto ke bide razdolen za dve sekundi, a sramno e gol covek da odi po ulica. Izvinete na slikovitiov komentar.



   vtora korintjani ; [ 6,3 - 11].
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,750 секунди.