|
Свински грип |
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Автор | |
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА НА ГРИПОТ СЕЕ СТРАВ НИЗ СВЕТОТ
Изумителот на „тамифлу“ си ги полни џеповите Како
што пандемијата на новиот грип шири паника низ целиот свет, а државите
влегуваат во трка по нови лекови и вакцини, еден човек станува се
побогат: 55-годишниот доктор Норберт Бишофбергер, пронаоѓачот на лекот
против грипот - „тамифлу“, единствениот што, засега, може да се најде
на пазарот. Доктор Бишофбергер сега е директор на истражувачката
дејност и потпретседател на компанијата „Гилијад сајансиз“, која
минатата деценија го разви лекот. Тие ја задржаа интелектуалната
сопственост над лекот, но правото на производство и дистрибуција му го
продадоа на швајцарскиот фармацевтски концерн „Рош“. Тој за својата
функција добива плата од 600.000 евра годишно, а бонусите и заработката
од акциите на компанијата му носат дополнителни десетици милиони евра.
Исто така, тој добива добар процент од милионските профити што се
остваруваат од продажбата на „тамифлу“. На 27-годишна возраст,
Бишофбергер, по студиите завршени во Инсбрук, Цирих и на „Харвард“,
заминал за Бостон, САД, со само една илјада швајцарски франци во џебот.
Кон почетокот на 1990 години, тој станува шеф на истражувачкиот тим на
компанијата „Гилијад сајансиз“ и го развива лекот „тамифлу“.
Компанијата, која тогаш имала само две простории и дваесетина
вработени, денес има пазарна вредност од 30 милијарди долари и 1.800
вработени. Време, број 1733, 29.07.2009 |
|
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грипот се шири заради профитот
Моќниците што го создадоа вирусот на новиот грип за да остварат профит, сега подготвуваат вакцина, тврди австриската новинарка, Јане Бургермеистер и се повикува на голем број докази Се подготвува најголемиот грабеж и злосторство на човештвото бидејќи вирусот на новиот грип е искористен како биолошко оружје, а биотероризмот го спроведува група врвни светски банкари кои ги контролираат федералните резерви во САД, СЗО, Обединетите нации и НАТО, обвини австриската новинарка Јане Бургермеистер. Таа веќе покренала тужба против СЗО, ООН, ФБИ и против неколку американски владини и фармацевтски лица, кои, според неа, подготвуваат планирано масовно убиство на голем број луѓе на Земјината топка. Како што пренесоа европските медиуми, новинарката бара од американскиот суд да ја забрани употребата на новата вакцина против свинскиот грип, од која здравствените власти во многу земји побаруваат огромни количини. Вирусот на новиот грип А Х1Н1 масовно се шири во светот - заболуваат и умираат илјадници луѓе, а фармацевтските компании подготвуваат вакцина. Бургермеистер тврди дека токму оние моќници што го создадоа вирусот сега подготвуваат вакцина. Таа до државното обвинителство во Виена доставила тужби и против компаниите „Бакстер“ и „Авир“. Австриската новинарка тврди дека има докази оти претставништвото на фирмата „Бакстер“ во Австрија во минатата зима на 16 лаборатории во четири земји им испратило 72 килограма жив вирус на птичјиот грип кој не бил соодветно осигурен, лабораториите не го чувале добро вирусот и дозволиле тој да се помеша со човечкиот грип. Таа го посочува и скандалозниот случај кога вирулентниот материјал на свински грип наменет за истражување, експлодира во воз полн со патници во Швајцарија. Новинарката вели дека ослободувањето на вирусот и' овозможило на СЗО да има доволно време за да прогласи пандемија на свински грип, а потоа да почне и дистрибуцијата на новата вакцина.Од централата на Светската здравствена организација во Женева не сакаат да ги коментираат обвинувањата на Бургемеистер. И во нашата Комисијата за пандемски грип одбиваат коментар за ваквите тврдења. - Ние само ги спроведуваме препораките на СЗО и ги следиме упатствата за да се ограничи ширењето на вирусот - велат во Комисијата. За разлика од нашите епидемиолози, проф. д-р Иван Бојиќ од Србија, кој е и автор на книгата „Инфективните заболувања во биолошка војна и биотероризам“, за „Политика“ изјави: - Вистина е дека приказната за новиот вирус и прогласувањето пандемија од почетокот беше неубедлива и нелогична. Нас, клиничарите прво не' зачуди брзината на откривањето на деловите на геномот, односно делот на птичјиот, свинскиот и хуманиот вирус. За два-три месеци се' се знаеше и беше објавено во еминенти стручни магазини, што кај многумина лекари предизвика сомнение дека нешто можеби е правено со овој вирус. Ако некој и сакал да извлече материјална корист од прогласувањето на пандемијата, сега тоа е завршена работа. Лекувањето на луѓето е неопходно - вели д-р Бојиќ. И во Македонија се зголемува бројот на заразени од новиот грип, а здравствените власти во петокот обелоденија дека првпат е регистрирано ширење на вирусот на лице што не било во странство. Нов случај на заболен од грип Институтот за јавно здравје потврди присуство на новиот тип вирус А/Х1Н1 кај уште едно лице кое пред неколку дена се вратило од летување во Грција. Лицето е хоспитализирано и се наоѓа во општа добра состојба. - Во Клиниката за инфективни болести во Скопје деновиве се хоспитализирани 11 болни и сите се со добра клиничка слика. Досега таму се лекувани вкупно 52 пациента, од кои кај 14 е потврден вирусот на Х/А1Н1 - соопшти Министерството за здравство. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2AEA85A3232E7E45A70FFD653FF0B1B3 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi deka e taka .... od pricini sto kaj nas nema kriza , sledstveno na toa i nema epidemija na svinski grip
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали свинскиот грип навистина заслужува толкаво внимание какво што му се придава или пак беше своевидна ,,патка’’ со цел да го одвлече вниманието на светската јавност од економската криза?
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епидемиолозите не исклучуваат дека бројот на заразени лица ќе се зголемува во текот на наредните денови и тоа кај оние кои биле во контакт со веќе инфицираните, бидејќи инкубацијата на заразата трае седум дена. Епидемиолозите очекуваат грипот да се шири, особено затоа што во наредниот период во Македонија се очекува доаѓање на голем број иселеници, кои во летните месеци се враќаат во родната земја. Тројца од овие шесте случаи се од Австралија каде што сега почнува зимата, а тоа подразбира дека контактите меѓу луѓето се почести и ризикот за пренесување на вирусот е поголем. Грипот се појавува и кај патниците од другите земји, бидејќи и таму веќе е проширена заразата, а во авионите е голем ризикот за пренесување на вирусот.
Ova zagrizuva... |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро е, бидејќи има лекови..... тоа е најбитното..... може и 50 случаи да има, ако се откриени во рана фаза,..... се ќе биде добро...... мора да бидеме оптимисти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Potvrdena e dijagnozata za site tri slucai.
|
|
kumanovaboy
Сениор Регистриран: 30.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 98 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vistina lie deka bese zarazen so svinski grip ??
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Веке 3 случај на свински грип. 30 тина роднини кои биле во контакт со гостите од Австралија се следат иако засега не покажуваат симптоми на свински грип. Малото детенце заздравува.
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прв случај на новиот грип од типот А е регистриран во Србија. Станува збор за пациент стар 29 години што со грипот се заразил на пат во Аргентина, потврди српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ. И првиот случај на заразен од свински грип од Црна Гора, 19-годишниот студент од Њу Џерси придонесе за паниката - се врати дома преку Белград, каде што престојувал кај роднини и се вдижел на јавни места. Во моментов 14 луѓе во Србија се во карантин под претпоставка дека можеби се заразени од свински грип при контакт со луѓе заразени од вирусот. „Дванаесетмина од нив се под надзор бидејќи биле во директен контакт со заразениот студент“, вели д-р Бранислав Тодоровиќ, епидемиолог. Исто така, и еден брачен пар од Белград е во карантин бидејќи биле на прослава заедно со заразен човек во Словенија, пишуваат српските медиуми. Главно се работи за помлади луѓе ок коишто најголемиот дел живее и работи во Белград. „За сега се дома бидејќи немаат видливи знаци на болеста. На оние што работат тешка физичка работа им советувавме да паузираат некое време. Не се ставени во изолација, туку се само под здравствен надзор“, објасни д-р Тодоровиќ. Тој најави дека нивната состојба ќе се следи наредните седум дена, колку што трае периодот на инкубација. Во меѓувреме, заразениот студент од Црна Гора се опоравува на Клиниката за инфективни болести во Подгорица. ( prevzemeno od A1) |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам многу на одговорите!
Инаку иако не известија нашите медиуми и во соседна Бугарија се појавија болни од вирусот. |
|
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
do 6 godini
najpogodena zosto i se najbrojni neli deca do 6 godini starci nad 65 Изменето од BACHIOS - 24.Јуни.2009 во 00:10 |
|
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам, а зошто на ТВ имаше дека во Мексико на пример, токму онаа популација која треба да не спаѓа во ризичните групи била најпогодена? И може ли да ми дефинираш до која година во медицината луѓето се сметаа за деца? |
|
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se lekuva kako da ne, no mnogu e vazno brza dijagnoza i mnogu e rizicen za stari i deca , no za niv se opasni i drugite virusi. Mnogu lica se zarazeni , nekoi go pominuvaat na noga no nekoi imaat simptomi a kajk neko ce fatalno .
|
|
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |