|
Веронауката падна на Уставен Суд |
Внеси реплика | страница <1 7891011 19> |
Автор | ||||||||||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Сигурно другите, си седат од страна и си гледаат сеир ...!!! Овие пет
се осетија прозвани да дадат свој допринос, за одлуката......за веронауката ....!!!
|
||||||||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Остро и на прва и колку да не ми е симпатичен морам да му признам дека секогаш мава со отровни стрели право во центарот. Нема влакна на јазикот и жалосно е што не одбрал права страна па да беше во позиција место во опозиција. Додуша многу ме интересира дали вака ќе зборуваше ако беше во позиција ама нема да знаеме
Манасиевски би донирал за верски училишта
Наместо да се занимаваат со религијата, нашите владици повеќе од 40 години се залагаат за зголемување на личните имоти. Оваа критика до МПЦ стигна денеска од ЛДП, иницијаторите за укинување на веронауката. Манасиевски и на Владата и порача да не се обидува повторно да го воведе овој предмет во училиштата, кој според него им го перел мозокот на децата. За да се одвои вероучението од државните училишта, претседателот на ЛДП се понуди да биде првиот донатор на средства за отворање на верски училишта во религиозните објекти. „Нашите владици повеќе од 40 години ниту еден чекор не направија во таа насока. Нивниот интерес е кој владика ќе купи поголем џип, кој владика ќе изгради поголема резиденција и ќе ја опаша со поголеми ѕидови“, рече Јован Манасиевски, ЛДП. „Нивните интереси се махинации со хотелски комплекси, а никаков напор да се искористи таа можност што црквата ја има да основа веронаука“, додаде Манасиевски.
Во одбрана на одлуката на Уставниот суд вчера се огласи и Хелсиншкиот комитет. За нив е спорно што Министерството за образовани и Владата ја воведоа веронауката на мала врата. Правните застапници на Хелсиншки велат дека веронауката стана предмет во училиштата без никакви анализи, без да се увиди дали има потреба од нејзиното изучување и тоа експресно, за време на летниот распуст. Веронауката, според Хелсиншкиот комитет, во сегашниот случај може да биде само причина повеќе за зголемување на верската нетолеранција. „Имаме раздвојување на самите ученици уште на 10-годишна возраст, согласно нивната вера, значи определбата којашто ја направиле нивните родители, бидејќи сигурно нема случај, да речеме, дете од муслиманска вероисповед да се определи да изучува предмет за православната вера. Таков случај немаме“, вели Селма Бегова, правен застапник на Хелсиншки комитет. Во одбрана на веронауката излегоа МПЦ и ИВЗ, вероучителите, но и неколку невладини организации, таксисти, превозници. ---------------------------------------------------------------------------------------- |
||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Во Уставот на РМ се регистрирани 23 верски заедници. Од каде ги ископа ти овие 5?
|
||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Сето дигање прашина и пумпање на проблемот за веронауката, мислам дека не е ништо друго, само одличен потег на Маестро Груевски, за да се отргне вниманието на јавноста од економските проблеми, отпуштањето работници, лошата финансиска политика и на се друго што се случува во моментов што се должи на аљкавоста на него самиот и на тие околу него. Всушност незнам дали грешам, ама откако почнаа галамењата на верниците (активистите), млекарите, кризата и се останато, отиде во втор план
|
||||||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||||||||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката и Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската заедница - во текот на идната недела ќе одржат состанок на Меѓуетничкиот совет, на кој се очекува да ја разрешат дилемата дали ќе побараат уставни измени по укинувањето на веронауката. Во наредниве денови ќе се знае дали ќе има уставни измени околу ова прашање. Во Уставот стои дека измени на највисокиот законодавен акт може да поднесат претседателот на државава, владата, најмалку 30 пратеници или 150 илјади граѓани...!!!
ХК ... се јави ...колку да каже нешто ... !!!
Во одбрана на веронауката , застана Светскиот македонски конгрес, кој го повика Уставниот суд да ја преиспита одлуката за укинување на веронауката. И тие ја охрабруваат Владата повторно да го воведе алтернативното изучување на историјата на религиите и на веронауката во воспитно-образовните установи...!!!
Треба да се заштити правото на слободен избор и тоа да не биде загрозено од која било власт, без разлика дали е законодавна или извршна... !!!
|
||||||||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Значи сега од страна на „верниците“ треба да се очекува атак и врз ХК? |
||||||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||||||||
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ubavo kazal goran, kako i sekogas!
|
||||||||||||||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Зошто не биеја камбаните и не пееја оџите кога во име на Бога беа тепани луѓе на плоштадот со клетви: "Марш, некрстени низаедни, пизда ли ви материна". Или, кога вероучителите од обете вери протестираа пред Уставниот суд колнејќи: "Уаа судии, црна земја да ве изеде".
До сега никој не спореше барем за квалитетот на вероучителите. Ама кога ги слушнав како колнат се прашав на каква вера ги учеле децата со клетви. Се виде дека не е прашањето ни за вера, ни за веронаука. Туку станува збор за лицемери кои ја киднапирале религијата за да можат зад неа да ја скријат својата нетолеранција, ксенофобија, хомофобија, расизам... Тие со крстот на чело ќе пцујат, ќе колнат и ќе викаат: "Шиптари, педери, наркоманчиња, блудници...". Па после атеистите им биле антихристи и им го одзеле Бога на децата. Горан Михајловски Вест.....Сакам да кажам
|
||||||||||||||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
||||||||||||||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Интервју со Проф. Цуцуловски |
||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Презадоволен Јас веќе ја прославив оваа одлука на УС со моите пријатели
|
||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ustavniot sud donese ispravna odluka vo pogresno vreme po osnov POGRESEN I NEUSTAVEN ZAKON ( ne vikam , ne mi fakjaj mnogu kusuri )
Изменето од miroslav_g8 - 24.Април.2009 во 19:13 |
||||||||||||||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
jas pre bi rekla ispravna odluka vo pogresno vreme!
|
||||||||||||||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
||||||||||||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Вие по Ваше...јас по Мое...
Уставниот Суд, донесе погрешна одлука, во погрешно време ...!!!
|
||||||||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |