|
Скулптури |
Внеси реплика | страница <1 7891011 50> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скулптура на ангел
Изменето од емил - 13.Април.2012 во 03:52 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Александар го освои плоштадот
На кого му се заканува големиот воин? Или пак можеби само воинот флертува со двете „Шмизли“? Кој и да е одговорот, едно е сосема сигурно. Грандиозната скулптура на Александар Македонски само што беше поставена на градскиот плоштад пред многубројните граѓани кои се собраа во живо да ја задоволат својата љубопитност. Скулптурата висока речиси 13 метри, е изработена од бронза. Поставена е на бетонски постамент висок 10 метри. Техничките процедури и активности околу поставувањето ги изврши стручен и професионален тим од „Фрединандо Маринели“ каде е изработена скулптурата. Изменето од емил - 21.Јуни.2011 во 16:32 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Женско тело од 800 метри
"Нортамберландија", дизајнирана од американскиот пејзажен архитект Чарлс Џенкс, ќе биде долга речиси 800 метри, а се ваја од земјата ископана како отпад од рудникот за јаглен во Нортамберланд на крајниот североисток на Англија Најголемата скулптура на човечко тело се ваја од природните материјали на британскиот пејзаж, при што ќе бидат употребени над милион тони камења и земја кои остануваат како отпадок при копањето јаглен. "Нортамберландија", дизајнирана од американскиот пејзажен архитект Чарлс Џенкс, ќе биде долга речиси 800 метри кога ќе биде готова во 2013 година. Скулптурата на женско тело веќе го доби епитетот "Божица на Северот" од локалните жители на Нортамберланд на крајниот североисток на Англија, каде и порано се изведени грандиозни проекти направени од човечка рака. Ѕидот на Хадријан што го изградиле Римјаните, масивни замоци, рудници на јаглен, бродоградилишта и огромната скулптура "Ангел на Северот" на Антони Гормли, се направени од природните материјали на овие краишта. "Нортамберландија" најубаво ќе може да се види од птичја перспектива, но посетителите ќе можат да ја видат одблиску додека одат по патеките долги 6,4 километри кои се извиваат долж нејзините облини. За правењето на скулптурата, која работниците ја изведуваат веќе една година, употребени се еден и пол милиони тони земја и глина ископани од блискиот отворен рудник Шотон. Архитектот Џенкс (71), кој студирал на Хардвард, а родум е од Фајф, Шкотска, изјави: "Ова многу личи на алхемија: од јагленот правиме топлина, а од природата-уметност. Имаме можност да направиме уметничко дело од постапката на вадењето јаглен, што е една од потребите на човековото живеење". "Нортамберландија" чини околу 3 милиони долари, а нејзината изградба ја финансираат "Бенкс груп", британска компанија која управува со рудникот и "Благдон естејт", сопственик на земјиштето. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бронзена скулптура на пегаз
Изменето од емил - 29.Април.2012 во 01:54 |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скулптури низ светот |
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скулптури низ светот |
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скулптура на Андре Хејз во Амстердам
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пегаз
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jaнe Сандански .Копие на скулптурата од проектот ''Скопје 2014''.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од емил - 15.Март.2011 во 23:39 |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Antonio Canova Cupid & Psyhe(Love and Soul) Antonio Canova The Three Graces (Trite Gracii) Antonio Canova Venere Italica(Italic Venus) |
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eve nesto pomoderno |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите скулптури во светотЛиста на топ 10 најубави скулптури низ светот: . Бронзениот Давид (Bronze David)Оваа
скулптура е направена околу 40-те години од 15 век од страна на
Донатело (1386-1466) и е една од најпознатите скулптури денес. Таа е
позната по тоа што е првиот проект во бронзена форма за време на
ренесансата. Исто така, претставува првата гола машка скулптура
направена после античкиот период. На неа е отсликан младиот Давид со
енигматска насмевка, кој ја гази отсечената глава на големиот џин
Голијат. Тој е целосно гол, освен капата и чизмите кои се направени од
ловоров лист и во својата рака го држи мечот на Голијат. Девојката со птиците (Savannah Bird Girl Statue)Ова
е дело создадено во 1936 година од скулпторката Силвија Шо Џудсон. Оваа
скулптура се наоѓа во Лејк Форест, Илиноис и ја достигнала својата
популарност кога била објавена на насловната страница на новелата „Ноќ
во градината на доброто и злото“. Направена е во местото Радагл, каде
што се наоѓа куќата на нејзиното семејство. Девојката со птиците е
изработена во бронза и ја отсликува младата девојка која е облечена во
едноставно фустанче, со тажен израз на лицето и главата навалена во
лево. Таа стои исправено и во своите раце држи два сада кои се сметаат
дека се наменети за хранење птици. Фрлачот на диск (The Discus Thrower)За
жал, ова е изгубена грчка бронзена скулптура направена во периодот
450-460 п.н.е. Познати се голем број римски копии кои првично биле
најдени како изработки од мермер. Пример за таква скулптура е Palombara Discopolus. Како и секогаш во грчката атлетика, фрлачот на диск е гол. Бакнежот (The Kiss)Бакнежот
е мермерна структура направена во 1889 година од францускиот скулптор
Огист Роден. Оваа скулптура има доста интересна приказна. Се работи за
италијанската аристократка од 13-от век, Франческа, опеана во „Пеколот“
на Данте. Таа се заљубува во Паоло, помладиот брат на нејзиниот маж
Џовани Маластета. Но, како што се вели: секоја голема љубов е трагична,
па и нивната приказна не е исклучок. Така заљубени и читајќи ја
легендата за Ланцелот, биле пронајдени од мажот на Франческа и убиени.
Во скулптурата, дури може да се види книгата во раката на Паоло.
Впрочем, на самата скулптура се гледа дека при бакнежот нивните усни не
се допираат што иницира на тоа дека биле прекинати. Хермес и малиот Дионис (Hermes and The Infant Dionysus)Оваа
скулптура е позната уште како Хермес од Праксителес или Хермес од
Олимпија, а била откриена во рушевините на храмот на Хера. Денес се
наоѓа во олимпискиот археолошки музеј. Скулптурата традиционално му се
припишува на Праксителес и датира од 4 век п.н.е, врз основа на
забелешките на грчкиот патник Павзаниј, кој направил голем придонес за
дефинирање на праксителеанскиот стил. Сепак, неговите прибелешки се тема
на жестоки контроверзии меѓу историчарите на уметноста. Правда (Lady Justice)Дамата-правда
е една од најпознатите светски скулптури. Кој е причинител за нејзиното
настанување, сè уште не се знае, меѓутоа се претпоставува дека таа
потекнува од времето на Грците и римјаните кои ја сметале за божица на
правдата и законот. Факт е дека оваа скулптура ги краси сите судници во
светот и затоа е толку популарна. За неа се познати и други имиња како
Скала на правда и Слепа правда. Оплакување (La Pieta)Креирана
од Микеланџело, оплакувањето ја отсликува Богородица како го држи
својот син Исус во прегратка. Пред оваа скулптура, Микеланџело не бил
многу познат скулптор. Тој имал само околу 20 години кога во 1498 година
му било кажано да направи скулптура на Богородица како го оплакува
својот син, во вистинска големина. За две години и тоа од само една
плоча мермер, тој ја создаде оваа скулптура која кога ја гледате ви
навираат солзи во очите. Мислителот (The Thinker)Мислителот
е исто така дело на Огист Роден. Првичното име на оваа скулптура била
„Поетот“ и била наменета да стои пред влезот на музејот на уметности во
Париз. Роден го засновал своето дело врз Божествената комедија на Данте и
сите статуи претставуваат лик од оваа епска поема. Мислителот, бил
првично наменет, да го отслика Данте пред портите на пеколот како
размислува за својата поема (финалната скулптура е всушност минијатурна
статуа која седи на врвот од портите и размислува за оние кои се под
него). Скулптурата е гола, како би се продолжила традицијата на
Микеланџело каде што Роден преку неговото херојско дело сакал да отслика
и поезија и интелект. Венера де Мило (Venus de Milo)Оваа
скулптура е создадена некаде меѓу 100-130 година п.н.е. и се верува
дека е направена да се отслика убавината на Афродита, грчката божица на
љубовта и убавината. Таа е мермерна структура, голема 203 см. Нејзините
раце и оригиналното цокле се изгубени, меѓутоа на натписот од остатоците
од цоклето се смета дека е дело на Александрос од Антиохија, кое
претходно погрешно се мислеше дека е дело на Праксителес. Денес Венера
де Мило се наоѓа во музејот во Лувр, Париз и интересно за неа е што била
случајно пронајдена на полето на еден фармер. Давид (David)Давид е ремек-дело на ренесансната скулптура, креирано меѓу 1501-1504 година од италијанскиот уметник Микеланџело. Таа е 5,17 метри висока мермерна структура од гол маж. Статуата го претставува библискиот херој Давид, кој е омилена тема во уметноста на Фиренца. Првично била наменета да ја краси катедралата на Фиренца, но потоа била преместена на јавниот плоштад надвор од Palazzo Della Signoria (средиштето на граѓанската влада во Фиренца), каде била пронајдена на 8 септември 1504 година. Поради природата на овој херој, наскоро скулптурата станала симбол за одбрана на граѓанските слободи во Фиренца, која тоа време била град-држава. Во 1873 година, статуата била преместена во академската галерија во Фиренца, а на местото на нејзиното пронаоѓање изработиле иста скулптура на Давид (реплика). Предупредувачиот отсјај во неговиот поглед е свртен накај Рим. Изменето од Анастеа - 22.Февруари.2011 во 11:42 |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 50> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |