IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 29>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 21:40
духовниот живот не е плитка вода, туку бескраен океан по кој се плове само со коработ кој се нарекува Црква и секој кој е во Црквата, односно преку смирено послушание на искусен кормилалар (читај,духовен отец) безбедно ке стигне на пристаништето, а тоа е царството небесно коешто Христос Бог ни го дава уште сега и овде

ако е многу за читање, ке го поделиме на по помалку

Изменето од Опитен - 29.Јануари.2009 во 21:47
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 21:36
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Великиот игумен на Синајската обител, и самиот атлета во мистичното искуство на молитвата, надоврзувајќи се на аскетско-исахистичкото предание на Аввите од египетската пустина, најподробно нé упатува во нејзините танји, откривајќи ни дека има три степени на молитва.

На првиот степен одговара усната молитва, својствена за оние што го чистат срцето од страстите и гревовите. На овој степен е потребно откажување од грижата за тленото и отфрлање на трите главни страсти: славољубието, сластољубието и среброљубието. На овој степен умот се поставува во улога на чувар на срцето и ја одбива секоја лоша помисла, собирајќи се скрушено и со плач во значењето на зборовите од молитвата, која треба да е кратка и едноставна, а не многусложена и со премудри зборови, зашто таквата молитва го расејува умот, а пак кратката го собира. Затоа е најпогодна кратката т.н. Исусова молитва: “Господи Исусе Христе, Сине Божији, мопилуј ме грешниот (грешната)” или пократката нејзина верзија: “Господи Исусе Христе, помилуј ме”. А кога умот ќе се расее, треба повторно да се врати назад. И така повторно сé додека заради усрдноста Бог не го утвди (умот), зашто квантитетот го повлекува квалитетот. Исто така, за оние кои сé уште не го очистиле срцето, потребно е на молитвата да ѝ предходат милосрдие, послушание и сите добродетели.

Тогаш Бог ја излева својата благодат и го очистува срцето, во него слегува умот и започнува вториот степен на молитвата, умносрдечната молитва која и во сонот не престанува. Умот бива просветлен и постанува епископ (надзорник) над срцето одбивајќи ја секоја помисла. А на овој степен е пторебен напор и усрдност. Аввите од пустината во таква состојба на чиста непрекината умносрдечна молитва поминувале и по неколку часови. На пример, Авва Арсениј ги подигнал рацете свои кон небото оставајќи го сонцето зад себе а, ја савршувал молитвата кога, тоа ќе го огреало во лице.

И на третиот степен, на непрестајната благодатна умносрдечна молитва, молитвата тече постојано во чистото срце, а умот тежнее кон созрецанија и небесни виденија. И од Бога бива грабнуван вознесен до третото небо каде го гледа оно што око на световен човек не може да го види, го слуша она што уво на световен човек не може да го чуе, и му се открива она што на умот на световниот човек никогаш нема да му е познато, а во неговот срце Светиот Дух бескрајно повикува “Ава, Оче”. Овој степен се нарекува обожување. До тој степен на молитва стигнале и Свети Јован Лествичник, но и многумина од Аввите. Кога Авва Захариј дошол при Авва Силуан го нашол во занес со рацете издигнати кон небото. Во таква положба го нашол и во третиот и шестиот час, а во деветтиот го нашол како тихува па го запрашал: Сто ти е денес, Оче? А тој му одговорил: -Денес сум слаб, дете мое. И заради настојувањето на Авва Захариј му кажал. – Бев вознесен на небото и таму ја видов славата Божја, и таму стоев до пред малку, и сега сум отпуштен 68.   


Некој неупатен во христијанството кога ке го прочита ова напишаното ( и дали ке го дочита) Па кога ке прсне да бега, ниту за молитва ке му текне ниту другпат ке се осуди да прочита некоја религиозна литература.

Многу на опасно висок стил пишувате бе брака, степени, полустепени,умносрдечни, вакви, такви.Страшно ги заплеткувате работите.




Изменето од izvoren - 29.Јануари.2009 во 21:36
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 21:14
Великиот игумен на Синајската обител, и самиот атлета во мистичното искуство на молитвата, надоврзувајќи се на аскетско-исахистичкото предание на Аввите од египетската пустина, најподробно нé упатува во нејзините танји, откривајќи ни дека има три степени на молитва.

На првиот степен одговара усната молитва, својствена за оние што го чистат срцето од страстите и гревовите. На овој степен е потребно откажување од грижата за тленото и отфрлање на трите главни страсти: славољубието, сластољубието и среброљубието. На овој степен умот се поставува во улога на чувар на срцето и ја одбива секоја лоша помисла, собирајќи се скрушено и со плач во значењето на зборовите од молитвата, која треба да е кратка и едноставна, а не многусложена и со премудри зборови, зашто таквата молитва го расејува умот, а пак кратката го собира. Затоа е најпогодна кратката т.н. Исусова молитва: “Господи Исусе Христе, Сине Божији, мопилуј ме грешниот (грешната)” или пократката нејзина верзија: “Господи Исусе Христе, помилуј ме”. А кога умот ќе се расее, треба повторно да се врати назад. И така повторно сé додека заради усрдноста Бог не го утвди (умот), зашто квантитетот го повлекува квалитетот. Исто така, за оние кои сé уште не го очистиле срцето, потребно е на молитвата да ѝ предходат милосрдие, послушание и сите добродетели.

Тогаш Бог ја излева својата благодат и го очистува срцето, во него слегува умот и започнува вториот степен на молитвата, умносрдечната молитва која и во сонот не престанува. Умот бива просветлен и постанува епископ (надзорник) над срцето одбивајќи ја секоја помисла. А на овој степен е пторебен напор и усрдност. Аввите од пустината во таква состојба на чиста непрекината умносрдечна молитва поминувале и по неколку часови. На пример, Авва Арсениј ги подигнал рацете свои кон небото оставајќи го сонцето зад себе а, ја савршувал молитвата кога, тоа ќе го огреало во лице.

И на третиот степен, на непрестајната благодатна умносрдечна молитва, молитвата тече постојано во чистото срце, а умот тежнее кон созрецанија и небесни виденија. И од Бога бива грабнуван вознесен до третото небо каде го гледа оно што око на световен човек не може да го види, го слуша она што уво на световен човек не може да го чуе, и му се открива она што на умот на световниот човек никогаш нема да му е познато, а во неговот срце Светиот Дух бескрајно повикува “Ава, Оче”. Овој степен се нарекува обожување. До тој степен на молитва стигнале и Свети Јован Лествичник, но и многумина од Аввите. Кога Авва Захариј дошол при Авва Силуан го нашол во занес со рацете издигнати кон небото. Во таква положба го нашол и во третиот и шестиот час, а во деветтиот го нашол како тихува па го запрашал: Сто ти е денес, Оче? А тој му одговорил: -Денес сум слаб, дете мое. И заради настојувањето на Авва Захариј му кажал. – Бев вознесен на небото и таму ја видов славата Божја, и таму стоев до пред малку, и сега сум отпуштен 68.   
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 17:16
 
Исусова молитва:
 
Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава, што Ми ја даде, зашто Ме љубеше пред создавањето на светот.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 17:04
Безмолвиникот (молитвеникот)е ангелски образ ослободен од мрзеливост и немарност, а исполнет со ревност, копнеж и љубов. Кoј постојано го бара Бога гледајќи Го секогаш од кај својата десна страна и отворено објавува: “Готово е моето срце Боже (Пс.56,8), “И иако спијам моето среце е будно” (Песна.5,2). Безмолвникот се труди да го држи нерасејан својот ум во срцето”.

Почетокот на безмолвието (молитвеното практикување)се состои во внимавање над срцето и одбивање на сите лоши помосли, како што правел Авва Јован Колов, кога седел во ќелијата и ги набљудувал помислите што му се приближувале и кога (некои од нив) не можел да ги победи, прибегнувал со молитва кон Бога и така се спасувал.
А совршенството е да не се плаши од никакви возмутувања, однесувајќи се незаинтересирано кон нив и кон надворешните појави. Слично на тоа кога Авва Исаак слушнал глас на птицата и го прашал Авва Пимен: “Зар и тука ги има Авво”. А Aвва Пимен му одговорил: “Исаак, зошто ме принудуваш да зборувам, и таквите како тебе ги слушате, меѓутоа тој што бдее (нерасеано се моли) не се грижи за нив”.66

Има различни причини за безмолвие, но главни се две, односно: добри и оправдани и лоши и неоправдани. Во првите спаѓаат: кога се оди заради поднесување на поголеми маки како отплата за своите гревови (ропски), поголема ревност кон подвизите, стекнување на добродетели и дарови (наемнички) и, едноставно, од љубов (синовски). А, пак, неоправдани се: заради лоши телесни навики, особено празнословието, заради гордоста, за да се избегне потчинетоста под Игуменот, и стекнување на човечката слава.
   
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 08:23
makarios - одговарај на коментарите, не се занимавај со лични квалификации на други членови на форумот.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 08:19
За молитвата и блаженото безмолвие, тихување, исихија

Молитвата според својот квалитет е заедница (и учество) на човекот со Бога, а според дејствијата таа е непрестаен пдвиг и помирување со Бога. Преку молитвата срцето се чисти од страстите и гревовите, а со тоа се прекратува и внатрешната борба, а умот се просветлува. Молитвата, на човека му ја открива целата внатрешна сосотојба и степен на духовниот раст.

Исихијата, тихувањенто, или безмолвието е непрестајно служење на Бога со телото и со душата, и трезвено пребивање пред Него. Безмолвието на телото е познание и благоустроение на движењата и чувствата, а безмолвието на душата е контрола на (по)мислите и нерасеаност на мислата, како кај скитскиот презвитер и кога се вратил го прашале браќата: “Во каква сосотојба е градот”, а тој одговорил “Вистина браќа, не видов ниедно друго лице, освен лицето на архиепископот”.
   


Изменето од Опитен - 29.Јануари.2009 во 08:21
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 11:18
Ѕидарски, сепак ќе одговорам, затоа што Асја шири клевети. Каде тоа владиката Наум вели дека достигнал обожение? Зарем он е првиот и единствениот што зборува за умносрдечната молитва?Но, имајќи римокатоличко погледи на верата, зашиени со протестантски нитки, најверојатно е возможно да мислиш дека тој што се занимава со молитвата на срцето е во прелест.Бог да брани!


Изменето од zidarski - 29.Јануари.2009 во 08:22
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 09:26
Макариос - воздржи се од лични коментари!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 08:46
Originally posted by makarios makarios напиша:

Непоравославен, јас ти реков, зошто не прочиташ од претходните страници, и ќе видиш дека многумина Отци кои живееле вистински православен живот зборуваат за степени на молитвата во духовниот развој.Што се однесува до Асја - зидарски, таа само дава „критика на човечки постапки“. Не, никако не осудува личности. А исто така пак ги употребува термините „вие“ и „јас“. Асја миличка, во секоја реченица имаш утка.


Uchenjeto na vladikata Naum, navodno deka nema spasenie bez darot na umnosredechna molitva, kako i negovoto pogreshno - "asketsko - isihihastichko" tolkuvanje na sekoe chetivo od Evangelieto, nama nikakva vrska so duhovniot razvoj za koj govorat Svetite Otci, koi za sebe nikogash ne mislele deka na zemjata dostignale stepen na obozhenie. Naprotiv. Tie stanale svetci, zatoa shto vo tekot na svojot zhivot bile svesni za svojata greshnost i nemokj, zatoa postojano prebivale vo molitva i pokajanie. A obozhenieto nastapuva na onoj svet, i toa ne so chovechka zasluga, tuku po milosta Bozhja.

Изменето од Asya - 28.Јануари.2009 во 08:46
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 11:06
Непоравославен, јас ти реков, зошто не прочиташ од претходните страници, и ќе видиш дека многумина Отци кои живееле вистински православен живот зборуваат за степени на молитвата во духовниот развој.

Што се однесува до Асја - зидарски, таа само дава „критика на човечки постапки“. Не, никако не осудува личности. А исто така пак ги употребува термините „вие“ и „јас“.

Асја миличка, во секоја реченица имаш утка.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 11:03
Originally posted by Asya Asya напиша:

Pa, da se molevte barem polovina od toa kolku shto zboruvate za molitvata i se falite so svojot isihazam, sigurno dosega vo Makedonija kje procvetaa rozi vo Januari!


Хехе, а затоа се чудев пред 3 години, зошто во јануари во Струмица процветаа дрвјата.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 09:54
Originally posted by Asya Asya напиша:

A zarem imaat vreme za bezmolvna molitva pri tolku zborenje "za molitvata"? Vprochem, drvoto se poznava po plodot!


Повторно ќе прашам - од каде знаеш дека не се молат?! Или брзаш да осудиш?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 09:41
Originally posted by Asya Asya напиша:


Vo Evangelieto po Luka (18:35,430), voopshto ne stanuva zbor za stepeni na duhoven razvoj, kako shto samovolno (asketsko - isihastichki) tolkuva vladikata Naum,
 
Фала ти Asya, тоа е одговорот на моето прашање.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.