IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 61>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 07:14
Бускетс ќе игра во финалето од Лигата на Шампионите

Првотимецот на Барселона, Серхио Бускетс ќе може да настапи во финалето од Лигата на Шампионите, бидејќи Дисциплинската комисија при УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид поради неговото наводно расистичко однесување. Реал во УЕФА поднесе тужба против Бускетс, тврдејќи дека играчот на Барселона го нарекол Марсело "мајмун", што се гледа и на видео снимката, па останува нејасно зошто УЕФА ја отфрлила жалбата, со тврдење дека не постојат доволно докази за суспензија.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:24

Хрватите плаќаат 2 милиони евра за натпревар со Барселона


Актуелниот шпански првак Барселона ќе гостува во Сплит за пријателскиот натпревар со локалниот клуб Хајдук, објавуваат хрватските медиуми.


По неколкучасовните преговори околу гигантскиот настан за хрватската фудбалска јавност, раководствата на двата клуба ги договориле сите детали околу одржувањето на дуелот со кој ќе биде означен вековниот јубилеј на Хајдук.

Засега се знае дека мечот ќе се одржи во текот на летото, но не се конкретизира точниот датум на случувањето.

На големо разочарување за хрватите, Барселона во Сплит ќе пристигне без Лионел Меси и Дани Алвес, но на Пољуд би требало да излезат сите други ѕвезди на каталонците.

За задоволството да игра против најдобриот тим во светот, хрватскиот клуб ќе мора да плати 2 милиони евра.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:06
Бекам неповреден во сообраќајка


Англискиот фудбалер Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин доживеаја сообраќајна несреќа, но минаа само со полесни повреди, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Поранешниот капитен на "Гордиот Албион", возејќи го својот голем "ес-ју-ви" автомобил од марката "Кадилак ескалејд" удри со задниот дел на златниот "Мицубиши" на автопатот 405 во Калифорнија.
Од силината на ударот, 40-годишниот возач на "Мицибушито" задобил повреда на вратот, па е превезен во болница, но таму не е констатиран потежок степен на повреда, туку само истегнување.

Против славниот фудбалер не е покрената постапка поради судирот, ниту е приведен во полициска станица.

Бекам, кој играше за Манчестер Јунајтед и Реал (М), пред да потпише за ЛА Галакси, беше капитен на Англија од 2000 до 2006 г.
Пред десетина дена тој со сопругата Викторија беа гости на кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 13:41

Солунски Ираклис сака да игра во македонската лига

Околу 10.000 бесни навивачи на Ираклис, со македонско знаме на чело, протестираа низ улиците на Солун како одговор на одлуката на Грчката фудбалска федерација да не му даде лиценца на клубот за настап во Суперлигата следната сезона. Таквата одлука значи преселба во понизок ранг, поради што навивачите побараа солунскиот клуб да аплицира кај Фудбалската федерација на Македонија за настап во нашето првенство.
- Бараме управата да го пресели клубот кај северниот сосед. Барем таму ќе не почитуваат - скандираа навивачите низ улиците на Солун.
Претседателот на клубот и финансискиот директор се обидоа да ја смират ситуацијата, но беа нападнати од навивачите и едвај се спасија. Десетилјадната поворка се упати кон градското собрание на Солун, но полицијата спречи поголем инцидент. Во Атина, навивачи на Ираклис безуспешно се обидуваа да влезат во просториите на Грчката фудбалска федерација. Епилогот на двата протести се 11-мина уапсени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:02
Раниери го одбил Спартак

Донеодамнешниот тренер на Рома, Клаудио Раниери, го одбил повикот од Москва да го превземе тимот на Спартак кој неодамна остана без тренер бидејќи Валериј Карпин поднесе оставка.

Искусниот италијански стратег изјавил дека во овој момент го интересираат исклучиво понуди од Англија и дека нема намера да работи во некоја друга земја.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 17:02
Фифа ја суспендираше БиХ

Светската фудбалска асоцијација - ФИФА денеска ја суспендира Босна и Херцеговина од сите меѓународни натпреварувања се додека траат недоразбирањата околу Статутот на Фудбалскиот сојуз на БиХ.

Имено, ФИФА упати барање до ФС на БиХ да си избере еден претседател на сојузот како што е пракса и во другите национални федерации, а не како што е во моментов во куќата на фудбалот во Сараево. Таму место претседател со сојузот раководи тричлено претседателство составено од по еден претставник од конститутивните народи на државата.

Според ФИФА одлуката за суспензија била неопходна поради тоа што на 29 март Собранието на ФС БиХ не ги прифатило забелешките од Светската фудбалска асоцијација.

Преку својот официјален сајт ФИФА изрази жалење за ваквата одлука, но и надеж дека работите брзо ќе се решат и БиХ повторно ќе биде вратена на светската фудбалска карта.

Освен репрезентацијата и сите клубови кои доаѓаат од оваа држава нема да можат да играат официјални меѓународни натпревари организирани од ФИФА и УЕФА.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 05:43

Македонија вреди 34.700.000 евра

Македонската фудбалска репрезентација во моментов се наоќа на 33. место на најскапи национални тимови во Европа. Вкупно, "црвено-жолтите" се проценети на 34.700.000 евра, од кои најголем дел отпаѓаат на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев (13.500.000). Следуваат Горан Попов, кој вреди два и пол милиони евра и Николче Новески со 250.000 евра помалку.
Зад на листата, составена од интернет-сајтот "Трансфермаркт", меѓу другите, се Бугарија, Финска, Албанија, Грузија и Кипар.
Очекувано, убедливо на врвот е актуелниот европски и светски првак Шпанија со 606 милиони евра, пред Англија (424), Франција (382), Германија (360) и Португалија (332). Од регионот, највисоко котира Србија, која е осма (202), а блиску е 11-топласираната Хрватска (155).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:28

Тасевски даде гол со стомак

Левски оствари многу тешка победа од 1:0 против Черноморец во 18. коло на бугарскиот фудбалски шампионат, благодарение на голот со стомак на македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски во 72. минута. По корнерот на Јовов и ударот со глава на Димов, топката дојде до Тасевски, кој беше на метар од гол-линијата и со стомакот ја турна во мрежата.Ова беше трет гол за Македонецот во неговиот 12. меч сезонава.
- Тешко беше. Пропуштивме многу шанси уште во првото полувреме. Најважни се трите бода, кои успеавме да ги освоиме. Знаевме дека ќе играат затворено, но се појави нервоза кај нас, бидејќи бевме свесни дека мораме по секоја цена да победиме. Сега сме поспокојни - изјави Тасевски за бугарските медиуми.
Со овие три бода, Левски остана на втората позиција на табелата со 38 бода, осум помалку од лидерот Литекс.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:28

Димитровски најдобар спортист во Млада Болеслав

Македонскиот фудбалски интернационалец во Чешка, Владимир Димитровски, по само една година помината во дресот на Млада Болеслав, веќе се здоби со првото признание. Во изборот, кој го направиле читателите на најтиражниот локален весник, популарниот Дади добил најмногу гласови во категоријата најдобар спортист во Млада Болеслав за 2010 година.
- Да бидам искрен, навистина ме изненади изборот на читателите од Млада Болеслав. Не очекував дека сум толку популарен во овој чешки град, кој брои близу 60.000 жители. Признанието добива на тежина затоа што е остварено во конк*ренција на уште неколку популарни хокеари и кошаркари. Сега кога знам дека публиката високо ме цени и почитува, тоа ми е дополнителна инспирација да пружам уште поквалитетни игри - ни рече Димитровски.
Дади беше стандарден во тимот на Млада Болеслав во првите две пролетни кола. Во последното коло ги вкрсти копјата со Владица Брдаровски од Брно, а денес требаше да настапи против Бањик на Глигор Глигоров, но поради ситна повреда не отпатува во Острава.

Кон врв
K1nm23 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај K1nm23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 02:50
и сега на Мурињо што му е?
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 02:38

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ПО ВРАЌАЊЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА РЕАЛ МАДРИД ОД ЛА КОРУЊА?

Мурињо нападнат или телохранителот сам се изгребал

Враќањето на фудбалерите на Реал Мадрид од Ла Коруња последниве денови ги полни страниците на светскиот печат поради наводниот напад врз нивниот тренер Жозе Мурињо на тамошниот аеродром. Според пишувањето на Б-Би-Си, бил повреден еден од телохранителите на Мурињо, кој се здобил со убодна рана длабока четири сантиметри. Телохранителот, именуван само како Едуардо, почувствувал дека е повреден откако се качил со Португалецот во автобусот. Според оваа англиска ТВ-станица, нејасно е дали Мурињо воопшто знаел што точно се случило бидејќи шпанските медиуми известуваат дека челниците на Реал дури вчера му ги кажале деталите за инцидентот. Целата случка била снимена од сигурносните камери на аеродромот, а напаѓачот, опишан само како висок човек, веќе бил уапсен.
Од Реал Мадрид вчера ги отфрлија медиумските шпекулации дека тренерот Жозе Мурињо бил нападнат со нож.
- Баш ништо не се случи - тврди портпаролот на Реал и додава:
- Атмосферата во Ла Коруња беше многу опуштена, Мурињо им пријде на навивачите за да им подели автограми, а потоа се врати во автобусот. Во хотелската соба еден од обезбедувачите забележа дека има гребаница на грбот. Истата можел да си ја направи чешајќи се со нокот или, пак, кога се потпирал на оградата. Да се случеше нешто сериозно, веднаш ќе се обратевме во полиција. Не може да се случи некој да се обиде да го нападне нашиот тренер, а ние ништо да не сториме.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:58

Тодоровски потпиша за Полонија

Денсиот бек на Рад и македонската репрезентација Александар Тодоровски потпиша тригодишен договор со Полонија Варшава, но таму ќе се пресели на 1 јули, кога ќе му истече договорот со српскиот прволигаш. Претходно, тој и бил понуден на Полонија за 400 илјади евра за да премине уште во зимскиот преоден рок, но полскиот клуб решил да почека и да го ангажира како слободен играч. Тодоровски неодамна беше во преговори за трансфер во Црвена Звезда, но неговиот трансфер во поранешниот европски првак пропадна на последниот ден од преодниот рок.
Дваесет и седумгодишниот дефанзивец има двојно државјанство, македонско и српско, а минатата година дебитираше за нашата селекција и стигна до бројката од шест настапи. Во Рад дојде во 2008 година од кипарскиот прволигаш АЕЛ, а има играно за Дигенис, АПОЕЛ и Раднички.
Претходно, дресот на Полонија го носеа неговите колеги од националниот тим, Филип Ивановски и Владе Лазаревски. Прволигашот од Варшава се наоѓа на 9. место на табелата со 20 бода од 15 натпревари.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:36

НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛЕР НЕ Е ПОВЕЌЕ ЕРГЕН

Роналдо ја запросил манекенката Ирина

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и официјално ја побарал раката на својата девојка, рускиот модел Ирина Шајк, пренесоа таблоидите во Шпанија. Веднаш после мечот со Еспањол, португалскиот фудбалер одлетал во САД и успеал да и предложи брак на Ирина на романтична вечера. Тој сакал да се ожени со убавицата точно на Денот на вљубените на 14 февруари.
Двојката е заедно речиси една година, а се запознаа за време на снимањето на реклама за долна облека. Двајцата брзо се вљубија независно од фактот што Кристијано Роналдо има дете од анонимна жена. Според гласините, синот на Роналдо бил роден од мајка-сурогат.
Атрактивната Русинка и Роналдо се уште немаат одредено датум за свадба, но најверојатно ќе се одржи на лето по завршувањето на фудбалската сезона.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 16:40
 

Се поверојатно е дека Давид Трезеге во летниот преоден рок ќе го напушти Херкулес и Примера по само една година мината таму. Она што се уште е непознато е каде ветеранот ќе ја продолжи кариерата, а како опција веќе некое време се спомнува неговото враќање во татковината.

Сепак, покрај неколку француски клубови, за 33-годишниот Трезеге интерес има и од Фенербахче, кој е во потрага по докажан голгетер. Французинот оваа сезона за Херкулес веќе има има постигнато десет погодоци во 20 настапи.

Во моментов Фенербахче се наоѓа на втората позиција во турското првенство со 48 освоени бодови, само два помалку од лидерот Трабзонспор

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.