![]() |
|
Новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Автор | |
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Najnovo od Sony Ericsson
Sony Ericsson F305 - гејмерски телефон
Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов entry-level модел на мобилен телефон F305 кој првенствено им е наменет за гејмерите. Телефонот доаѓа со копчиња кои се прилагодени за играње, а во него се вградени и сензори кои се осетливи на движењата за управување со играта. На пример со движење на телефонот ќе може да управувате со топките при куглање. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Робот за осамени мажи
На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи. Фирмата „Сега тојс“ го произведе малиот робот со висина од 38 сантиметри кој работи на батерија и со стискање на копче може да бакнува, а ќе се продава по цена од 175 долари (113 евра). - Таа е прекрасна иако не е човек, но со момчето може да се однесува како права девојка, рече претставник на фирмата „Сега тојс“, кој додаде дека очекуваат првата година да продадат 10.000 роботи. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
prezemeno od idividi vesti
„Космофон“ од денеска и во фиксната телефонија
Скопје, 18 јуни (МИА) - Мобилниот оператор „Космофон“ од денеска го најави стартот на фиксната телефонија „АЛЛО“, со понуда за корисниците и во пост-пејд и во при-пејд. „АЛЛО“ на корисниците им нуди фиксна линија која брзо и лесно ќе ја поврзат во својот дом и притоа ќе зборуваат по најповолни цени, информираат од „Космофон“. Корисниците имаат можност да одберат уред за фиксна линија со кој ќе го поврзат својот постоечки телефон или да одберат целосно решение, односно телефон со вграден уред за фиксна линија. Користењето на уредите во промотивниот период е бесплатно со склучување на договор од 24 месеци. Услугите во фиксната телефонија преку својата ГСМ мрежа ја нуди низ целата земја, која во моментов покрива 99,8 проценти од населението. Во пост-пејд „Космофон“ нуди три тарифни модели - АЛЛО 199 со месечна претплата од 199 денари, АЛЛО 299 со месечна претплата од 299 денари, која вклучува 100 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи и АЛЛО 599 со месечна претплата од 599 денари, која вклучува 600 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи. Сите нови „АЛЛО” корисници во пост-пејд сегментот кои ќе се активираат во промотивниот период до 31 август добиваат и 1000 бесплатни минути за разговор кон сите „АЛЛО” корисници, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација и три месеци без месечна претплата. Во при-пејд сегментот, АЛЛО го нуди тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ кој овозможува фиксна линија без месечна претплата и без договор, како и достапност во период од 12 месеци без дополнување на сметката и 100 денари бесплатни разговори кон сите мрежи при активација на фиксната линија. За сите нови корисници на тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ активирани во промотивниот период до 31 август добиваат дополнителни 1000 бесплатни минути кон сите „АЛЛО“ броеви, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација. По повод влезот на „Космофон“ во фиксната телефонија, главниот извршен директор Петрос Лефковиц изјави дека со воведувањето фиксни телефонски услуги, Космофон уште еднаш го одржува своето ветување кон корисниците за конк*рентна, едноставна и достапна комуникација за сите. - Влезот во фиксната телефонија претставува уште едно значајно достигнување за Космофон, по добивањето на 3Г лиценцата и четирите регионални WiMAX лиценци. Со нивното воведување на услугите кое се планира во блиска иднина, Космофон ја зацврстува својата позиција на компанија која нуди комплетни комуникациски решенија, најквалитетни интегрирани комуникациски услуги и воведува вистинска конк*ренција на телекомуникацискиот пазар, истакнува Лефковиц. Космофон работи на пазарот во Македонија од јуни 2003. Во овие пет години постоење, компанијата изгради широка телекомуникациска мрежа, која во моментов обезбедува 99,8 проценти покриеност на населението, нудејќи широко портфолио на конк*рентни производи и квалитетни услуги, а истовремено создавајќи малопродажна мрежа од 218 продавници и над 5.540 продажни места низ земјата. Корисничката база на Космофон ја надминува бројката од 618.000 корисници. |
|
![]() |
|
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
tuka mozete sekoj vid na novosti okolu tehnika da se stavite i da diskutirate!
Изменето од seka - 19.Јуни.2008 во 17:26 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |