|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 7891011 138> |
Автор | |
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непријателе мој,
ти кој ме измачуваш до незамисливост, ти кој си ме оковал во синџири, сурово и безмилосно ме оставаш истоштена небаре сум некаква ќерка на Прометеј, не бираш време и место, ниту начин .....а благодарна треба да ти бидам. Благодарна за твојата лечебна моќ, зашто поголем еликсир од тебе немам, и подобар пријател не можам да најдам. |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот обид за книга ... само неколку реда се
Во него ја видов сликата на мојот живот... какво безредие. Темен свет каде само столбовите од веќе урнатите мостови се издигнуваат како споменици. Ја чувствувам неговата болка, тој е огледало на мојот свет, како две души близначки да се разделени во две различни сиропиталишта напуштени од нивните сопственици... Како две јаднички заборавени од нас кои низ маглата неуморно се борат барем да го чуеме шепотот нивни молитвен во глувата ноќ. Борба, глува борба без крикови. Само телото занемено ја општи нашата болка. Се погледнувам во огледалото пробувајќи да го видам сопствениот израз, а се што видов беше лице потопено во солзи. Со солзите сакав само да ја омекнам сувата распукана кожа на која подоцна ќе може со свежи бои да се наслика една обична искрена насмевка. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
токму така
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
NEKOGAS DA NAPISES PESNA E ISTO TOLKU TESHKO, OD DA NE JA NAPISES
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eeeeee edno vreme baby .... se bese poubavo ...samo nie si ostanavme isti .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kolku bese ubava ovaa tema edno vreme
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАЛИ ДА ГО ОТКОРНАМ Дали да го откорнам последниот цвет на мојата младост за да не може ниеден ветар да го наведне и опојниот мирис исчезне… Дали да го откорнам моето срце и да ти го дадам за да не може никој да ја види душата и невината љубов исчезне… Дали да го откорнам немирното дете во тебе за да не можеш ниеден збор да подариш и слатката насмевка исчезне… Дали да го откорнам денот светол од твоите прегратки за да не може ниедно сонце да те огрее и топлиот зрак исчезне… Дали да го откорнам ?? Изменето од bijonse1 - 28.Јуни.2011 во 21:50 |
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чиста Дана
|
|
EmilijaR
Нов член Регистриран: 28.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пролиф ме фати, ауспухот ме печит
Дрскат ли дрскат, какао течит Стомакот ме кинит, да се празнит сакат Големо страдание и неподнослива мака Рафали пукам, земјата ја тресам Со смрдеата агресивна луѓе бесам Дали да прднам, страф ме фаќат Прдењето за време на пролив ... Скапо се плаќат |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
***
Се свиткувам како ембрион. Се смалувам од ударите. Исчезнувам. Сеедно, и онака никој не ме забележува. Знам како ќе го поминам и овој ден. Мојот живот се повеќе наликува на рутина. Но не, денес е нешто поинаку. Денес сум потажна од било кој ден претходно. Денес ми е тешко да ја ставам и онаа вештачка насмевка. Нека ја, нека виси во плакарот. Нозете од уморот непослушни, веќе не реагираат на моите истоштени наредби. Мислев да прошетам, но на крајот останувам закована на креветот. Како да ја оттргнам од мисливе онаа реченица:
-Некогаш беше малку посреќна. – прашува некој глас од мојата глава.
-А кога било тоа? Искрено не сакам да видам ништо. Сакам да ги затворам очиве пред овој свет и да ги отворам во мојата будност. Сакам друга будност, не оваа патетика од живот во која ме турнаа да се давам.
-Што се случува сега? – повторно од некаде одекна овој просто иритирачки глас.
-Не сакам да знам. Не сакам да знам ништо. Зошто мораш баш сега да ги вадиш сите повраќаници од мене? Зошто не можам да заборавам се и да почнам се од почеток?
-Зошто не можеш да почнеш се од почеток? Што те спречува?
-Сите одвратни луѓе и манипуланти, нивната суровост која ко темен облак ме демнее. Негирам се, простувам и изигравам будала од себе. За сите имам разбирање, но тоа не ми даде дом, семејство, љубов ниту пак топлина. Мразам неизвесности. Мразам удари. Кај се најдов по ѓаволите!!! Кај најде мајка ми да умре кога најмалку требаше? После нејзе буквално потоп. Немам дом, немам љубов, татко ми отиде и тој во неповрат со неговата незрелост, брат ми се докусури со дрогата. Дедо ми едвај чека да си отидам оттука, но кај да одам? Каде? Не сакам повеќе моето срце некому да му служи како тениско топче на терен.
-Ќе издржиш.
-Веројатно. Само за тоа знам.
Изменето од ekszi88 - 01.Јуни.2011 во 11:20 |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |