IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8788899091 97>
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 14:56
Originally posted by GospodBog GospodBog напиша:

Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Silata na pravoslavieto e monastvoto!!!


Сакај го својот БЛИЖЕН како самиот себе!


Матеј 22:37
   А Исус му одговори: ,Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ тоа е прва и најголема заповед    
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
GospodBog Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GospodBog Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 12:56
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Silata na pravoslavieto e monastvoto!!!


Сакај го својот БЛИЖЕН како самиот себе!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 12:14
Мараната, читаш ли ти воопшто што ти пишувам? Ако не читаш барем поштеди ме да не губам време објаснувајќи ти. Скоро во секој пост забележувам дека ти воопшто не го ни читаш мојот коментар и си пишуваш нешто сосема трето, надвор од контекст. Јас ти објаснувам како тие што ги нарекуваш "преданија" всушност не биле преданија, туку Божја Заповед, Божји Збор, и сето тоа ти го поткрепувам со библиски цитати, а ти во одговор на тоа ми објаснуваш зошто Павле пишал да му се донесе наметката голема%20насмевка Ма дај ти се молам.
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Господ ги осудил фарисеите затоа што сметале дека поважно е да се држат извесни, дозволени преданија, отколку да се живее според зборот на Господа.

Матеј 23:23 - Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.

Значи, според ова, треба да го следиме Светото Писмо и Божјите заповеди, но да не го оставаме ниту преданието, а пред се, Божјото Предание.
 
Мараната Мараната, упорно сакаш да накалемиш "дозволени преданија" во Светото Писмо среќа
Давањето десеток од нане, копра и кимин итн не било "предание" на евреите, туку БОЖЈА ЗАПОВЕД, Божји ПИШАН И КАНОНИЗИРАН ЗБОР.
Евреите (сите освен Левитите) според Мојсеевиот закон требале да даваат десеток од сите свои добивки за издршка на Левитското свештенство.
 
"И секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припаѓаат на Господа... И секој десеток од воловите, од овците и од се' десето што ќе падне под жезал, треба да Му падне на Господа"
(Левит 27:30,32)
 
"А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од се', што има Израилот"
(Броеви 18:21)
 
Значи двањето десеток не било "предание" на евреите, туку Божја заповед, Божјо пишано и канонизирано слово.
Значи Исус кога рекол...
 
"Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате."
(Матеј 23:23)
 
...не рекол да ги држиме Божјите заповеди и Светото Писмо, но да не го оставаме и преданието, ТУКУ ги укорил фарисеите затоа што се придржувале селективно за Писмото, затоа што еден дел од него го почитувале, а друг дел, најважниот, не го почитувале. Значи и првото и второто биле дел од Законот. Ни првото, ни второто не биле преданија.
 
Зошто не одговориш на овој пост? Зошто ми објаснуваш што се тоа "посланија"? Ти ли мене ќе ми објаснуваш за библиските посланија? среќа
Пред некој ден ти "скромно" ни се пофали дека работиш како преведувач, а не знаеш ни како бил напишан твојот ник во оригиналот "Маран Ата", "Марана Та", "Мараната" или "Мара Ната"?
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Или зарем мислиш дека кога апостол Павле им проповедал до полноќ на учениците во Троада, кажал само 2 збора и потоа молчел??? Можеш ли да си претставиш колку поучни збора можат да се кажат за 1 час, а камоли до полноќ???
 
Да да, во Библијата има само 2 збора за тоа, а вие православните го имате целиот муабет на Павле во MP3 формат голема%20насмевка Сето тоа било снимено на едно CD "Предание" и така пренесувано (копирано, режено) се до 11век кога ќе се појават православните на сцена и ќе почнат да се фалат како тоа ги имаат во архива сите муабети и писма на апостолите.
 
Не е така Мараната. Ти воопшто не си го сфатила процесот и неопходноста од канонизација на Светото Писмо. На раните црковни отци раце им сечеле и глави им летале за да го имаме Светото Писмо во денешна форма. Бог го заштитил Неговиот Збор од "човечките преданија и измислици" токму со процесот на канонизација. Бог благоволил да се затворат кориците на Неговиот Збор после книгата на Откровение, за да не си додаван секој како што ќе му стигне врз Божјиот Збор.
Ако приметиш, историски гледано, еден куп секти се јавувале токму заради додавање или одземање од Божјиот Збор. Тука спаѓаат и православните кои си додаваат некакви си контрадикторни "преданија" врз Божјиот Збор.
 
Не знам зошто имате потреба од човечки зборови над Божјиот Збор. Зарем не е Тој доволен?
 
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16)
 
Доколку Божјиот Збор не беше доволен за нас, тогаш горниот стих ќе велеше: "За да биде Божјиот човек парцијално подготвен за некои добри дела" среќа Но стихот вели: "совршено подготвен" и потоа вели: "за секое добро дело".
Зарем не е ова доволно за да се заклучи дека Божјиот Збор е доволен за нашата вера? Зарем има "посовршено" од "совршено"? Не, зборот "совршен" нема компаративна форма. Нема посовршен и најсовршен. Ако има посовршено нешто од нешто друго, тогаш тоа другото не е совршено. Се надевам ме разбираш што зборувам.
Доколку не ме разбираш, ослободи се од предрасудите и од прангите на православието и ќе ме разбереш.
 
Атанасие Велики тоа го разбрал:
 
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики: Контра Паганите I:3)
Дури и Јован Златоуст сватил дека не е неопходно "светоотечко" толкување на Светото Писмо, туку дека тоа се толкува самото себе:
 
Кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(
Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)
 
Читаш што ти препорачува погоре твојот херој? Да ги затвориш очите за СЕ ДРУГО и ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИШ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО. среќа
 
А види подоле што вели пак Августин:
 
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ (Вселенските и помесните собори!), НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ (пишувањата на свети овој, свети оној), НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА (неверодостојните и контрадикторни житија), бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората = Првите пет книги во Библијата), преку предвидувањата на Пророците(Пророчките книги во Библијата), преку песните на Псалмите (повторно Библијата), преку самите зборови на нашиот Пастир (Евангелијата), преку зборовите на евангелистите (Посланијата од Библијата), ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! = БИБЛИЈАТА"
(Августин: За Единството на Црквата)
 
АМИН!


Изменето од EvAngelos - 18.Септември.2008 во 12:15
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 12:13
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Silata na pravoslavieto e monastvoto!!!
 
Силата на Христијанството е Божјиот Збор!!!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 12:13
Originally posted by majmunce majmunce напиша:

види вака, додека сите луѓе мора да работат што сакаат и што не сакаат за да заработат пари за живот, за да можат да ги школуваат децата, за да можат да купат храна, да платат струја итн, монасите си добиваат се на готово, и цел ден можат да го прават она што нив им се сака и нигде ништо не мора да плаќаат, сите ги честат, сите им оставаат пари итн. какви грижи имаат монасите? никакви. уживанција во франција
 
 
Не збори така. Не им е баш така лесно. Најдобрата другарка на една моја пријателка беше таму 8 месеци и не можеше да издржи и се врати. Велеше дека ќе пукнела од досада. По цел ден плетела бројаници (за бизнисот на МПЦ), бдеела, читала молитвеници... но фала Му на Бог се врати големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 12:09
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

go prasaa avaa agaton: koja dobrodetel od site dobrodeteli bara najveke trud?
toj odgovori: prostete ama mislam deka molitvata bara najveke trud.
 
А кој "авторитет" е тој аваа агатон? голема%20насмевка
Зошто не ни цитираш што рекол Бог, Христос?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 11:58
Silata na pravoslavieto e monastvoto!!!
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 11:57
go prasaa avaa agaton: koja dobrodetel od site dobrodeteli bara najveke trud?
toj odgovori: prostete ama mislam deka molitvata bara najveke trud.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 11:28
Originally posted by GospodBog GospodBog напиша:

Не е добро човекот да биде сам
(Битие 2:18)
 
GospodBog, задоволен сум од твоите коментари т.е. библиски стихови како ги постираш на секоја тема. Навистина знаеш на која тема точно кој стих да го постираш. Само би те замолил доколку знаеш каде се наоѓа тој стих во Библијата да го напишеш и тоа за да знаат луѓето дека тоа е стих од Библијата.
Поздрав брате/сестро големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
GospodBog Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GospodBog Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 09:42
Не е добро човекот да биде сам
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 08:06
Мило мајмунче, ако е така, како што велиш, оти не станеш и ти монах/монахиња? Знаеме дека сите сакаат да имаат што е можно "полесен" живот, епа ајде олесни си го твојот и појди в манастир!

Не е, душичке, така како што мислиш. Монасите се тие кои најмногу работаат. Кога зборуваме нешто, тоа треба да ни биде аргументирано и поткрепено од факти (на што милион пати потенцирав на форумов). Не може само да пишеме дека "монасите немаат никакви грижи и на нив в манастир им е уживанција во Франција". Треба за се да имаме образложение и ако зборуваме, треба да зборуваме за нешто што го знаеме и со кое сме имале непосреден контакт. Јас сум имала, имам и ќе имам непосреден контакт со монашки заедници, браќа и сестри, и затоа од мое лично искуство (затоа што гледам дека не си ми ги читал/а претходните постови) можам да ти го кажам следново

1. Некои од манастирите функционираат како рехабилитациони центри (така да ги наречам) на зависници од наркотични средства и алкохолизам. Таму се имаат излечено еден куп мои познати и сега се богољубиви луѓе кои живеат во реалноста.
Читај на овој линк (во три дела е) и ќе видиш колку многу се жртвува едно цело братство за да ги спаси помрачените од ѓаволот

http://preminportal.com.mk/content/view/1069/54/

2. Монасите се бават и со изработка на темјан

http://preminportal.com.mk/content/view/417/84/

3. Изработуваат и митри (владички капи). Манастирот св. Георгиј Победоносец во Рајчица, Дебарско е единствен манастир на Балканот кој ги изработува.

http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=8FA9E579F76D3F4494817016DC180240

4. Изработуваат мантии и одежди (во Македонија тоа го прават во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка, Скопско)

http://preminportal.com.mk/content/view/13/53/

5. Преведуваат книги и објавуваат списанија

http://www.mpc.org.mk/izdavackadejnost.asp

http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/premin.asp

6. Издаваат цд-ња со Православна византиска црковна музика

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2137&stID=17510
(слика како изгледа цд-то http://www.giftshop.com.mk/images/content_images/cd0155.jpg)

7. Се занимаваат со иконопис и фрекопис

http://preminportal.com.mk/content/view/34/95/

http://www.mpc.org.mk/vGal.asp?kw=Ikoni

http://preminportal.com.mk/content/view/136/83/

8. Ракоделие (крстиња, дрвени лажици, кошници, резбарство...)

http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/24.shtml

http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/28.shtml

http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/30.shtml


9. Производство на мед, земјоделие и одгледување на добиток

http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/14.shtml

http://www.sohowines.hk/images/KormilitsaGold.jpg


10. Го чуваат нашето најголемо културно и верско наследство кое сведочи за вистинитоста на нашата Црква

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=9C1448848DA10C4F8B21288CA52D2105

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=2877

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3113

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3076


11. Го сплотуваат народот во еден дух како повеќе органи на едно Тело – Црквата Христова

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=2932

итн................итн..................итн...........................................................итн..........................

И за крај... Светлина која свети на светот

http://www.mpc.org.mk/vGal.asp?kw=Monasi

Поздрав на сите
и по молитвите на нашите монаси, Господ да не помилува!
Амин!


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 05:39
  1. Марко 7,8 - ...го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи... Размислував нешто... Ти велиш дека не го почитуваш преданието, ама овој цитат покажува нешто друго - или воопшто не миеш дома садови и не чистиш за да не го следиш преданието, или пак, тоа што го проповедаш не е поддржано од твоите дела.... Гледаш до каде те доведе буквалното, толкувањето на своја глава на Светото Писмо!


Многу работи скокаш и пескокнуваш. Акробат си, нема што!!!
Те молам, поштеди ме, ако имаш милост, и не терај ме на сите работи кои ги избегаваш да им правам copy paste повторно.

И пак, по не знам кој пат, те повикувам цитатите на светите отци да ги даваш во целост, а не да ги ваѓаш надвор од контекст. Читај ја книгата од почеток до крај, за да разбереш што сака да каже авторот.

Почни да даваш докази, бе дете, дај некој линк да прочитаме од каде ги вадиш твоите толкувања, или пак ќе почнеш да се жалиш дека монасите не ја проповедаат верата меѓу народот????
Ти дадов доволно линкови на интернет (најголемото поле на кое може да се проповеда верата во денешно време) кои водат до текстови и мисионерска дејност на монаси.
Од една страна велиш дека не постои свето и Божествено Предание кое го толкува Светото Писмо со чист разум, а од друга страна сам си толкуваш и со тоа го потврдуваш преданието... КОНТРАДИКТОРНОСТ!!!
Од друга страна велиш дека преданието го имало пред да се запише Светото Писмо, а откако се запишало - немало потреба од тоа... Пак контрадикторност!! Пак не ти држи вода тоа што го проповедаш!!! А знаеш ли зошто??? Ќе ти посочам само три работи.

Прво, на почеток не било запишано Евангелието, додека пак Посланијата и други поуки биле во пишана форма

2 Тимотеј 4,13 - Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.

(затоа и апостол Павле на нив вели дека своерачно не поздравува - се потпишува на пишаните Посланија).

2 Сол. 3, 17 – Своерачен поздрав од мене, Павла, тоа е белег во секое послание, јас пишувам така.

Колосјаните 4, 18 – Своерачен поздрав од мене, Павле. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Римјаните 16,22 - Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание.

1 Коринтјани 16, 21 - Ве поздравувам јас, Павле, своерачно.


Затоа што со тек на време почнале повеќе луѓе да пишуваат посланија, а во кои од некои постоело опасност да се внесе и некоја ерес, светите отци решиле да ги соберат оние кои се веродостојни и да ги сместат во една целина наречена Свето Писмо. Некои, на кои не можеле да ја потврдат веродостојноста на авторот, не биле канонизирани и вметнати во Светото Писмо, а тоа се апокрифните списи. Посланијата се пишувани во одредено време според потребите на оние кон кои биле наменети. Тие, фактички, претставуваат еден вид писма во кои апостолите и се обраќаат на одредена територијална групација народ која претставува дел од Христовата Црква. Исто кога ти пишуваш писмо и се обраќаш на конкретна личност и ако си ја имаш заборавено наметката, велиш да ти ја донесе – не дека тоа е нешто битно за поука во верата, туку тоа е битно за апостолот во тоа време.

Второ, многу јасно апостолот кажува дека има и усно предание кое треба да се запази, и тоа предание не е, како што мислиш ти, да се држат обичаи или слично, туку е поука во верата и како истата да се запази чиста.

1 Тимотеј 6,20 - ....О, Тимотеје, пази го она што ти е предадено....

Римјаните 1, 11 - Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да станете поцврсти

Филипјани 4, 9 - И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, -и Бог на мирот ќе биде со вас! (забележи – вели чувте)

И трето, зарем мислиш дека само толку коклу што е запишано во Светото Писмо, само толку зборувале и проповедале апостолите?

1 Коринтјани 16, 5 - Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

Дела 20, 7 - И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи словото до полноќ.

Овие цитати, а и многу други, покажуваат дека апостолите проповедале многу повеќе, но сето не е запишано во Библијата. Зарем не знаеш дека некои од нив стигнале до Индија, Западна Европа, Русија (...) да мисионерат, а сепак тоа не е запишано?
Или зарем мислиш дека кога апостол Павле им проповедал до полноќ на учениците во Троада, кажал само 2 збора и потоа молчел??? Можеш ли да си претставиш колку поучни збора можат да се кажат за 1 час, а камоли до полноќ???

Всушност, според тоа што го пишуваш, не мислам дека сфаќаш што значи предание... а не знам ни дали можш да видиш дека со своето тврдење дека нема предание го порекнуваш цело Свето Писмо...(читај го она од св. Игнатиј Брјанчанинов што го пуштив пред некој ден)

П.С. Повторно потенцирам, не ми е намерата да те навредам или оцрнам или осудам, туку да го разјаснам, преку толкувањето на светите отци, она кое, очигледно, на многумина не им е јасно. Инаку, секоја должна почит кон тебе како човечко битие создадено од Бога.


Господ со нас +



Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 08:07
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 00:30
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Господ ги осудил фарисеите затоа што сметале дека поважно е да се држат извесни, дозволени преданија, отколку да се живее според зборот на Господа.

Матеј 23:23 - Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.

Значи, според ова, треба да го следиме Светото Писмо и Божјите заповеди, но да не го оставаме ниту преданието, а пред се, Божјото Предание.
 
Мараната Мараната, упорно сакаш да накалемиш "дозволени преданија" во Светото Писмо среќа
Давањето десеток од нане, копра и кимин итн не било "предание" на евреите, туку БОЖЈА ЗАПОВЕД, Божји ПИШАН И КАНОНИЗИРАН ЗБОР.
Евреите (сите освен Левитите) според Мојсеевиот закон требале да даваат десеток од сите свои добивки за издршка на Левитското свештенство.
 
"И секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припаѓаат на Господа... И секој десеток од воловите, од овците и од се' десето што ќе падне под жезал, треба да Му падне на Господа"
(Левит 27:30,32)
 
"А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од се', што има Израилот"
(Броеви 18:21)
 
Значи двањето десеток не било "предание" на евреите, туку Божја заповед, Божјо пишано и канонизирано слово.
Значи Исус кога рекол...
 
"Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате."
(Матеј 23:23)
 
...не рекол да ги држиме Божјите заповеди и Светото Писмо, но да не го оставаме и преданието, ТУКУ ги укорил фарисеите затоа што се придржувале селективно за Писмото, затоа што еден дел од него го почитувале, а друг дел, најважниот, не го почитувале. Значи и првото и второто биле дел од Законот. Ни првото, ни второто не биле преданија.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
majmunce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2008
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 154
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majmunce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 21:17
види вака, додека сите луѓе мора да работат што сакаат и што не сакаат за да заработат пари за живот, за да можат да ги школуваат децата, за да можат да купат храна, да платат струја итн, монасите си добиваат се на готово, и цел ден можат да го прават она што нив им се сака и нигде ништо не мора да плаќаат, сите ги честат, сите им оставаат пари итн. какви грижи имаат монасите? никакви. уживанција во франција
не се плашам, стори се чучулига
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8788899091 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.