![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8687888990 138> |
Автор | |
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
*** Dali pamtis ..... edna prolet..... edna klupa.... eden baknez... Mene mi ostana samo edna zima .... iverica od klupa.... i samivceto so koe go izbrisav baknezot!!! ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 11.Јануари.2009 во 18:23 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Bravo mladoj mome ![]() Vecer odma druga da naprais, nema da te cekame po cel mesec da ne udostois ![]() |
|
![]() |
|
fragola ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Убави мисли крила добиле,
сега не напуштиле, сега,кога потребни ни се како вода и воздух, кога времето трча далеку од нас, идеа сјајна треба за зборови прави, заглавени во времето еден крај друг да не остави. Невидливи сили не влечат на страни различни, ги чувствуваш ли и ти, канџите на гордоста и гневот? Не растргнуваат, да заминеме велат, не предупредуваат, да го оставиме мигот во молк, пред зборови да створат кои нас не повредуваат. А гледаш ли сеуште, волшебна светлина околу појави наши? Насмевка неповикана на лица се исцртува и ѕвезда по некоја останала во очи да трепери на нас да не потсетува. Важно ли е навистина, каде бевме вчера, кому прегратки подарувавме, времето каде го минувавме? Ништо важно не е, кога во тоа време сонот беше мој, токму мигот овој, кога пред мене пак ке биде ликот твој. |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум тој
а би сакал да бидам како и што мислев дека ќе бидам во моите детски сни кога го спасував светот исполнет од задача каде на крајот принцеза ме чека. Само принцеза стекнав нудејќи кралство измислено за таа подзамижана како херој да ме гледа затоа што сака како таков да ме види, откривајќи ми страна од мене за која знам дека ја нема. Тоа е игра понекогаш што боли изградена на замислени нешта да можам се убедам дека ја заслужувам заради битки кои никогаш и не беа. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....И ненадејно се разбуди. Ги отвори очите и веднаш си помисли: Ах, што убав сон... Зошто баш токму кога е најинтересно сонот прекинува? Сонот и се допадна толку многу што ги затвори очите и проба пак да заспие, се сети веднаш на сонот, на крајот, и сакаше да може сонот да се врати и да продолжи. Но тоа не се случи. Дури потоа се смееше самата на себе што беше така наивна... Не можеше повеќе да спие, забележа слаба светлина во нејзината соба. Значи толку! Спиењето заврши! Ги протре очите и се сврте уште неколку пати во креветот, де на десно де на лево, па потоа почна да гледа со нејзините светло кафени очи во таванот од собата. Се загледа горе, се замисли...Гледаше само во една точка и не трепнуваше. Којзнае кај и беше паметот сега ( како и секогаш ). Почувствува студ, но овој студ беше поголем од оној вчера па го зеде мекото ќебе и се покри до главата. Си седеше така не повеќе од една минута и реши да стане, и така веќе не може да спие. Кога стана од креветот погледна кон прозорецот , ``да го поздрави Сонцето``. Но Сонце немаше. А и ретко го имаше во студените Јануарски денови. Студеното време и сивото небо не дозволуваа ниту еден зсончев зрак да продре низ прозорецот. Наместо Сонце таа виде нешто што многу повеќе го сакаше: СНЕГ! Ноќта паднало многу снег па секаде надвор беше бело а и уште снегот паѓаше, многу бавно. Таа само се насмевна и почнаа да и се навраќаат спомени од пред неколку години, кога имаше околу 10 години па на снегот му се радуваше како што се радува секое 10 годишно дете. Се сеќаваше дека кога беше мала штом ќе паднеше снегот веднаш дотрчуваше кај сестра и да и каже дека паднало снег и ја молеше да излезат надвор и да прават снешко во дворот. Па веднаш почнуваше да го бара капчето, шалчето и ракавиците. Се облекуваше за час и ја чекаше сестрата во дворот. Почнуваше сама да ја прави првата, најголема топка снег за снешкото од радост....Една топка, па уште една и на крај уште една за главата и телото на снешкото беше готово. Е сега требаше уште да му се стави на снешкото шапка, очи, нос, уста и метла. За очите и за устата веднаш наоѓаа неколку поголеми каменчиња под снегот. Другите ги искористуваа како копчиња за снешкото. За носот аф корс – морков а ако немаше морков наоѓаа некое скршено дрвце а во раката му ставаа метла каква што ќе најдеа. И снешкото беше готов. Откако ќе завршеа со снешкото, се фрлаа во снегот на грб и правеа ангелчиња. А кога ке влезеа во домот беа многу мокри и со зацрвенити носиња и образи..... Сето тоа и помина низ нејзината глава за неколку минути и којзнае каде ќе мислеше уште ако не се слушнаа чекори позади вратата и не влезе мајка и во собата. Таа се сврте нагло и ја погледна мајка и. Мајка и ја праша:
- О, па ти си станала веќе. Одамна си станата? - Ма не, сега пред малку. Многу снег паднало ноќва а? - О да, сега се ќе замрзне и ќе се лизга - Е ако де, нека има, баш е пријатно за гледање. И така сега секоја зима се помалку и помалку снег има - Да, да. А ти ќе се симнеш ли доле да појадуваш или уште ќе гледаш низ прозорот? – рече мајка и и се насмева - Еве се симнувам за 5 минути - ОК тогаш, ќе те почекаме И мајка и излезе од собата а таа уште гледаше низ прозорот....Леташе со мислите, назад во времето кое не можеше да го врати.... |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Инаку ме радува фактот дека овдека има прекрасни поети
![]() |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Измамени од Ерос...Се играа две сенки,полниот месец ги осветлуваше нивните голи испотени тела.Со секоја нова капка пот блажена воздишка ,испреплетено со нежен крик,крик од длабочини на љубовен повик.Сочни,слатки сокови,набрекнати изгризани усни од немилосрдни бакнежи кои се топеа од врелина. Предигра...Се играа две сенки,игра на љубовта.Ѕвездите им намигнуваа,трепераа со секој нивен трепер на телото,трепереа како бамбус на благ ветрец,нишајќи се како да сака да го допре другиот бамбус. Магија,волшебство од љубов.Самовили сокриени под расцутениот багрем скришум им пее песна,го играа нивниот танц,попрскуваајќи ги им фрлиа клетва вечно да се љубат од љубов да не к*ртулат. Сега ,проколнети неможат да се разделат,неможат да престанат да се љубат,љубовта е нивното име, врежано е во ѕвездите,во реката која желно ги чека да се измијат од љубовен потт,земјата која тука плодна е. Оваа не секс,оваа е љубов...да сексот ги задоволува физичките тела,потреби... оваа е нешто по возвишено од сексот,без љубовта се е некако празно,алка која недостасува. Токму љубота е тоа што е потребно...со љубов се раѓа нова љубов,семе на љубовта создава нов живот. Љ У Б О В Даница Петровска„08“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Andjelina,
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() Изменето од zbunet - 10.Јануари.2009 во 14:27 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си се сокрил под штитот.
Мислиш нема да те откријам? Мислиш нема да допрам до тој камен од срце? Се лажеш себе и мене. Како знам? Знам.Совршено добро знам. Некоаш и јас бев една bitch Која се криеше под оклопот Да бев,што се ѕвериш? Па тоа беше само маскаНе бев јас. Навидум bitch,а всушност... Обичен мал смртник. Се плашев да живеам, Да си кажам што сакам, Да мислам што сакам, Да сакам што мислам, Да сакам што посакувам... Но веќе не! Пред тебе стојам јас Совршена,прекрасна,нежна... Жена.Жена која сака. Сака да биде сакана. не со збор,не со допир. Со душа мило,со душа. Ја имаш ли ти за мене таа душа? |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лебдам низ просторот сив.
Магла насекаде се раширила. Сивилото плете шал околу мојот врат. Капа за мојата глава. Прекривка за моето тело. Ме стега како обрач. Ме гуши и ме дави. Не дозволувам.НЕ! Не си семоќна ти темнино. Појака сум од тебе. Мислиш дека ти верувам?НЕ! Секое твое попуштање. Секое твое пројавување на зрак. На светлина,знам што е. Пак сакаш да ме залазеш со својата слаткоречивост. Пак сакаш да ме прелазеш. Но не ти успева веке.Знаеш? Си знаеш ти добро. Не допира дио мене веке. Не допира твојата прклета светлина. Те познавам,те научив добро. Секој зрак од твојата светлина. Крваво го платив со темнина. Децении од темнина сива,црна. Сонце носам во себе. Не ми требашсо своите лаги. Светлината си ја носам. Длабоко во себе,скриена. Скриена беше,веке не. Сега ја подарувам секому. Секому кому му треба. Иа ти!Ке згаснеш полека. Те уништувам засекогаш. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ние сме само обични јавачи на бура мило
Се качуваме неспремни за се она сто следува очекуваме дека ке не понесе елан а откриваме дека само страв е во прашање. кој е посилен дусичке моја бурата или ние? Ние сме мило,само обични јавачи јавачи на бура, а сепак сме посилни од неа Ние сме тие кои ја јаваат Ние сме тие кои ја водат во одреден правец во одреден миг. Таа нас не не управува, ние неа ја управуваме, а сепак грешки правиме Не брзај душиќке моја мала не брзај,времето е пред нас а ние по него Ќе го стигнеме еднаш ќе го фатиме цврсто рацете и нема да му дозволиме да ни побегне оти тоа ќе е само наше и ничие. Оти тоа само нам ке ни припадне Кога,тогаш не е важно времето Важни сме ние и љубовта. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мирис на расцветани дрвја
ммммммм...... Среде зима,мирис на пролет ми мириса во мислите сеќавањето на тебе. Паметам дека и ти имаше мирис на рана пролет, јорговани помешани со мирис на тутун,цигари. Тоа си ти...сонот мој ке те одсонувам ли некогаш се прашувам,а и сама си знам го знам одговорот на неизреченото прашање. Никогаш...Засекогаш ке бидеш пролетта во мене. Изменето од butterflyM55 - 09.Јануари.2009 во 22:46 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8687888990 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |