IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 138>
Автор
Порака Обратен редослед
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:42
Дали денес е тој ден
оној
помрачениот
сонцето го нема
месечината навидум ја има
на апокалиптични сведоци
се подсмевавме
со качулки
и грбави носеви
низ мракот се движат
мумлајќи тивко
дека така ни треба
семето да ни се сотре
не ми се ни моча
а за друго и да не збориме.
Што ли ме тераше
кој ли ѓавол беше тој
што ме тераше
вести да гледам.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 04:39
Лелееее!!!!!!!!!
Итаница,брзаница...
Хаос невиден...
Ти мене,јас тебе.
Брзаме како да сме на рели.
Ти ме прашуваш мене,
јас тебе во исто време.
Јас одговарам на прашање твое.
Ти одговараш на прашање мое.
Ти брзаш,јас останувам...
Недокажана,недоречена...
Ти заминуваш,јас останувам...
Кој ќе разбере?
Вртам разговор низ глава...
Ништо не разбирам,нејасно е
а сепак се разбравме.
Нејасно е а сепак сме среќни.
Колку малку ни трба само.
Трошка вистина...
Трошка љубов...
Трошка среќа...
И мали-големи зборови...
Се е јасно-се е нејасно
Се е како допир преку стакло...
Разговор преку ѕид...
Љубов преку мориња...
А сепак е јасно...Чисто

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 03:45
Каде и да сум,
со кого и да сум,
секогаш сум само твоја.
Ти ја давам крвта своја,
ти ја давам душава моја,
само биди и остани мој.
Те имам,а те немам...
Твојата насмевка само тага дарува.
Тонам во своите сонови,
а за туѓите и не ми е гајле,
никого не сакам во сонов мој,
само тебе те повикувам.
Дури и кога би ги знел
сите сонови мои,
се би било залудно
ако љубовта ја даруваш на друга...
Би умрела за тебе...
Би го зела сиот твој грев на себе,
и би останала само твоја,засекогаш.
Не руши ги мостовите
кои не спојуваат сега.
Расчисти го патот до мене,
дигни ги рампите,
расчисти ги препреките.
Дозволи ми да напијам
од изворот твој.
И кога би знеладека од него отров тече,
пак би дошла до твојот извор
и би пиела од душата твоја.
Попрво би била тажна со тебе,
отколку среќна со некој,
чие срце е многу далеку од моето.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
aphrodite Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aphrodite Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 23:37
А

                                                 Р


               Б       

                                                                О

Т                                                                             
                                                                              К


Оброк?        НЕ
Табор?          НЕ
Оратор?        НЕ
Кораб?          НЕ
Робот?           НЕ
Торба?           Џек Пот baby!
Борба???       X


     Умирачка пред сон, замираме без сон, умираме за сон, сонуваме сон, сонуваме за умирањето. Синоокиот истрпнува прегладнето од својата јунаштина на бесрамни подвизи во пролетната августовска мандарина стилизирана од the diabolic one inside the blue-eyed.
     Го зеде ножот и сакаше, САКАШЕ се пресече на левата и десна рака на местото каде се наоѓаше зглобот, ги пресече вените. Се тресеш од болка никаквецу, а току ја сакаш, САКАШ, во водата дамнешно се изми ракијата на твоето тело зашто ја исцеди доброволно таа материја “сочна” , уживаш да глумиш! Фрли ја во вода, ја фрли и повторно ја сети, за да ја вкусиш. Знаев. Си вкусив, си отшив копче од кошулката, го полив со неа, кошулката не е повеќе она што беше.
/What I can ne'er express, yet can not all conceal./
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 02:00
Додека на сонот
се жалев
дека лага е се
се насмевна милозливо
зрак светлина покажа
на делот од будноста
која следува
не разбрав
насмевка разиграна
на мене израдувана
долго очекувана
под езера близначки
со глава во крило
со поглед кон небо.
Небото отстапи
твојот лик се појави
со поглед мој се суочи
во будниот дел од денот
се насмевнав
сега разбрав.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 00:32
Ноќ.Тивко е.
Само ситните капки дожд
ја реметат тишината.
Паѓаат без престан
а скоро неприметливи се.
Само тивкото тропање
по ламарините ги оддава.
Се лепат врз мене,
како водена прашина.
Не ги чувствувам
кога слетуваат врз мене.
Само нивната влажност
ми кажува дека се тука.
Нека се.Не ми сметаат.
И така нема никој друг.
Нема кој да е тука
да ја развесели душава.
Налепена со тага,сомнежи...
Како јас со водената прашина.
Тивко е.Нoќ е.
А тивко е и во душава.
Ќути секое делче од неа.
Гледам пред себе,
а не гледам.
Слушам наоколу,
ништо не слушам.
Тивко е.Празно е.
Tabula Rasa...


Изменето од butterflyM55 - 02.Февруари.2009 во 00:47
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2009 во 02:46
сепак постои некој чуден глас
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2009 во 02:31
Сон

Во моето детство 3 работи ми беа важни,да го поминам поголемиот дел од денот на улица,да го убедам татко ми да ми купи компјутер,и да го поарчам цело лето на село.
Кога дедо ми и баба ми ќе се кренеа да одат таму,ми се чинеше на крстарење по светот ќе ме носат.
Во текот на летото,целата фамилија со сите гранки од Кичево,Битола и најповеќе Скопје ќе се собереше во огромната куќа,која за мене беше повеќе од палата.Дворот долг над стотина метра беше повеќе и од доволен да ја собере нашата огромна фамилија,која повеќе личеше на племенски сојуз,по големината на бројките.Но нашето племе беше питомо и интересно, секој член имаше свои доблести и карактеристики кои го чинеа она што е, а и му овозможуваа таква функција што секој беше незаменлив.
Чичковците и тетките имаа свои карактери и како такви ми беа интересни.Со секој имав посебен вид на дружба,ако може да се нарече така,времето кое им го крадев за да ја задоволам мојата детска потреба за другар,каков и да е.
Но целта на овај расказ е да ве запознам со еден од нив,Јове.
Мојот чичко Јове пензиониран шофер со две возрасни ќерќи,беше секогаш спремен да ги трпи моите глупости од било каков вид.Триножникот пред куќата направен од неговиот дедо(татко на неговиот татко и мојот дедо)му претставуваше удобна фотелја.Секогаш облечен во бела маица на прерамки со тревка во рацете,опуштен на неговиот триножник,пополека мрмореше одговори за моите блесави прашањ.Ноќните прошетки,моја омилена активност,знаеа да се претворат во вистински хорор,кога со својата тревка,во мртвата темница ќе ме боцнеше по вратот и ќе ме пеплосаше од страв.
Но нашата најголема дружба се одвиваше во трпезаријата,соба каде целото семејство се собираше да јаде.Имаше јадења кои ми се допаѓаат повеќе,а имаше и такви кои и не ги сакав толку.Но кога во лонците на селската печка,се готвеше грав,беше поголем празник од сите родендени и Велигдени.Е во тие денови јас и чичко ми бевме главни поради тоа што бевме први љубители на тој специјалитет.Обично тој јадеше над две пајнци и повеќе,а јас мал и слабодушен и една ми беше доволно,само да вкусам.
Убај беа тие лета,кога бев мал,но беа одамна.На село немав одамна отидено.И куќата ја имав подзабораено,и дворот.Роднините одамна ги немав видено,во Скопје и Кичево одев само за свадби.
Една ноќ сонив сон.Бев насело пак,во трпезаријата.Бевме јас и чичко ми,јадевме грав,не паметам што ми рече,а и сонот не траеше долго.Кога се разбудив,се јавија од Скопје,да ни кажат дека чичко ми умрел.


Изменето од ZoraNaSlobodata - 01.Февруари.2009 во 02:32
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2009 во 10:24
Дали си ти ?
Не си.
Ти кажале.
Дали сум јас ?
Не.
Никој не смее да ми каже.
Бевме илузија
сега сме магија
утре ќе бидеме наука.
Биднавме
на исто место
во исто време
ништо повеќе не е исто
само толку требаше
се знаеше
кога еден за друг дознавме
колку си требавме
еден по друг патевме
кога не се знаевме.


Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 23:01
Originally posted by smizla smizla напиша:

butterflyM55   
ДАЈ МИ ЛИНК ОД ТВОЈОТ БЛОГ
http://butterfly5.blog.com.mkPoveli

Изменето од butterflyM55 - 29.Јануари.2009 во 23:06
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 22:59
Некогаш и некаде
пронајдов крила
не знаев чиви се
не знаев
од што се,
само беа бели
час златни
ги криев
необични беа
долго ги чував
мирисаа како тајна
што ветува.
Ги оставив
со детските сни
понекогаш смешка кратка
сеќавање ретко ми носеше
разминувајќи се со тебе
заради мирисот се завртив
веќе смешно не ми беше
по тебе тргнав
те застанав
со тебе останав.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 13:19
Ден тивок
ден изминат
обврски завршени
сеуште сме во него
како нешто да фали
и подобро се можеше.
Слика наша високо стои
недосегната
а можеше и подобро
ние достојни не сме
ни велат
поверуваме
такви сме
таму некои можат
никој не ги видел
ни ние.
Не лажат ли
да прашаме смееме ?
Имаат ли право ?
Имаат.
Од нас го земаат.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 13:09
butterflyM55   
ДАЈ МИ ЛИНК ОД ТВОЈОТ БЛОГ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 04:01


Не има две,разделени
а сепак толку блиски,
сродни,како близначки.
И двете лудо те сакаат
незнаат за граници.
Едната те оправдува,
те бодри да врвиш напред.
Другата те напаѓа,
го запира чекорот твој.
Едната ме турка напред,
кон твојата прегратка.
А другата..другата не дава.
Ме запира во чекорот лесен.
Се делат,а неможат една без друга.
Се делат,а идвете се твои.
Направи го чекорот прв.
Твојот е цврст,силен.
Ќе не држи заедно.
Па јаас ке те следам.
Оти мојот лесен е,
ќе го дувне ветре,
ќе го разниша,ќе го поколеба.
А ти со својата сила
ќе ме задржиш до себе.
Оти сум немоќна да ги спојам.
Оти сум немоќна да се родам.
Оти сум немоќна да те допрам.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.