IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Вселена
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вселена

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака Обратен редослед
mark Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2007 во 20:32
ja  mislam deka vselenata zasekogas ke ostane misterija za nezinata evolucija, kako e mozno da ima beskone4en prostor, kako e mozno vselenata da se preraga da eksplodira i sl i site procesi vo nea ke ostanat misterija za covekoviot um, zaso toa e nesto enormno i beskrajno mokno.
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 16:49
ЦРНИ ДУПКИ

 Црната дупка претставува редион во просторот,со многу голема маса концентрирана на релативно мала површина.Објектите кои ќе бидат привлечени од екстремно големата гравитација на црните дупки немаат шанса да избегаат т.е. заробени се засекогаш.

Постојат два начина да се објасни колку се големи црните дупки.Првиот начин е според  концентрирана маса на единица површина,а вториот начин е според површината што ја зазема во просторот.

Не постои ограничување за тоа колку најмалку маса треба да има една црна дупка.Секое количество на маса би можело да стане црна дупка ако тоа количество маса биде подложено на истите условите под кои се формира црната дупка.(голем притисок).

Најголемиот дел од црните дупки во вселената се формираат од експлозија на масивни ѕвезди и се претпоставува дека тие црни дупки имаат маса слична или иста на ѕвездите од кои се формирани.Типичната маса на стеларна црна дупка е 10 пати поголема од онаа на нашето сонце или околу 10^31 килограми(10на 31) т.е.

10.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 килограми.Исто така се претопставува дека има и црни дупки со милион пати повеќе маса од нашето сонце!!!!!!

Колку повеќе маса има црната дупка толку повеќе простор зазема.Ако некоја црна дупка има маса 10 пати поголема од друга црна дупка толку првата црна дупка има поголем радиус од втората(10 пати).типична 10соларна супер дука има радиус од три милиони километри.Тоа можеби изгледа многу но земено со неверојатно големиот универзум тоа е многу мало.

Да претпоставиме дека се наоѓаме во вселенски брод и сме во центарот на нашата галаксија близу до некоја црна дупка.Наеднаш скокнуваме од вселенското летало!!!
како прво ние не би почуствувале никакво дејство на гравитационата сила.Ние слободно паѓаме и се чувствуваме како да сме во безтежинска состојба.како одиме се поблиску до центарот на црната дупка така ние чувствуваме “сластна“ гравитациона сила.Да замислиме дека нашите стапала се поблиску до центарот на црната дука од нашата глава.Гравитацијата е поголема во делот каде што се нашите стапала отколку  кај главата.Како резултат на тоа ние се чувствуваме како растегнати.

Што гледаме додека паѓаме кон центарот на црната дупка?
Всушност не гледаме ништо интересно.Никој кој се наоѓа позади нас не би можел да не види се додека светлината од околните ѕвезди прво не не помине нас.

Ако некој пријател би не набљудувал од страна што би забележал тој?
Тој би ги гледал работите многу различно од нас.Колку повеќе се доближуваме до центарот на црната дупка тој гледа дека ние се движиме се побавно и побавно.Колку и да гледа нашиот пријател тој никогаш нема да види дека ние стигнуваме до центарот на црната дупка.Нашиот пријател во еден момент би не видел како наеднаш застануваме т.е.не одиме повеќе кон центарот.
Зошто така тој ги гледа работите?
Ова всушност претставува оптичка илузија.Не е потрбно бесконечно долго време за да стигнеме до центарот на црната дупка.Колку побргу се движиме кон центарот на црната дупка светлината поминува низ нас се рефлектира и продолжува во просторот.На таа светлина што се рефлектира од нас и е потрбно многу време да стигне до очите на нашиот пријател.Затоа тој не гледа како стоиме во едно место.(всушност ние веќе сме во центарот на црната дупка и за неколу секунди би биле мртви-а тоја не гледа како стоиме!!!!!!!).По многу поминато време ние веќе стануваме невидливи за нашиот пријател(а веќе сме неколу часови мртви).
Поголемиот дел светлина што ќе ја емитираме додека не сме го достигнале центарот на црната дупка би била инфрацрвена.кога ќе го испуштиме последниот фотон од нашето тело(со одбивањето на последниот зрак светлина) ние веќе ќе бидеме во центарот,а до нашиот пријател тој последен фотон би стигнал по неколу часа и тоа би му било последното наше видување.

    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:55

Астероиден појас

Главниот%20астероиден%20појас%20%28претставен%20со%20бела%20боја%29%20помеѓу%20орбитите%20на%20Марс%20и%20Јупитер.
Главниот астероиден појас (претставен со бела боја) помеѓу орбитите на Марс и Јупитер.

Астероидниот појас е прстен широк 100 500 km. составен од каменести вселенски остатоци, кои се наоѓаат меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Астероидите се разликуваат според големината и повеќето од нив имаат неправилен облик. Астероидите кружат окулу Сонцето уште од моментот на создавањето на Сончевиот Систем, но силната гравитација на Јупитер ги оневозможила да се претворат во планета. Ако се случело тоа, големината на планетата би била една триесет и третина од големината на месечината. Некои астероиди скршнуваат од патот на астероидниот појас и се движат преку орбитите на планетите.

    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:53

Сончев систем

Финалната%20дефиниција%20на%20сончевиот%20систем%20го%20отфрла%20Плутон%20како%20планета%20и%20со%20тоа%20содржи%20осум%20планети
Финалната дефиниција на сончевиот систем го отфрла Плутон како планета и со тоа содржи осум планети

Сончев систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8-те планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеоридите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Појасот Купер кој достига до 50 AU и Oблакот Орт составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години).

По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.

Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер).

Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.

Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.

    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:51

Млечен пат

Графички%20приказ%20како%20изгледа%20нашата%20галаксија%20доколку%20се%20набљудува%20одозгора
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора

Млечниот пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако млечниот пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на Соларниот систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во млечниот пат. Галаксијата е најсветла во делот кадешто е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар. Главниот диск на галаксијата е широк помеѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека млечниот пат содржи помеѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.

Старост

Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13.6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат на истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.

Местото на сонцето во Млечниот пат

Сонцето а со тоа и земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7.94±0.42 парсека од галактичкиот центар. Далечината помеѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години. На сонцето му се потребни помеѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.

 Иднината на млечниот пат

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до млечниот пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето сонце и други ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.

    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
Ghost Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Universe is my limit

Регистриран: 30.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 6109
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ghost Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:50
Нашиот сончев систем, нашата галаксија, други галаксии, претпоставки за уништување, опасности од други цивлизации, преживување на човечката раса зависно од пронаоѓање друга слична планета како нашата, општо за вселената може да се коментира тука...

Изменето од Ghost - 26.Јуни.2007 во 16:18
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,312 секунди.