IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 14:52
 
ФИФА листа - Македонија „скокна“ пет места.......
 
 ФИФА денес ја објави најновата ранг листа, на неа фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок за пет места и се наоѓа на 60. позиција.

Најдобар ранкинг од нашите противници во следниот квалификациски циклус има Русија, која се наоѓа на единаесеттото место.

Зад Русија е Словачка на 38. место, Ирска е на на 43. позиција, Ерменија е на 99. место, додека Андора е 201. светска репрезентација.

На новата ФИФА листа, има промени на врвот, на првото место сега е Бразил, кој ја смени Шпанија, на третата позиција се искачи Португалија пред Холандија.

Следното рангирање ФИФА ќе го објави на 26. мај. .....

Кон врв
stigmata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 183
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigmata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 20:04
vardar e eden
nikada nije bilo kao sto je bilo
Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 17:41
најслаба лига у светов имаме
барем една година да имаме некој клуб у UEFA CUP или Лига на шампиони ама слабо
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 17:59
Одиграно првото пролетно коло во Првата фудбалска лига

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни три натпревари во првото коло по зимската пауза.

Пелистер со пресврт победа од 2:1 против Тетекс во Тетово стигна до трите бода. На гостински терен се радуваа и фудбалерите на Металург кои во Прилеп ја победија Победа со 1:0. Силекс во Кратово го победи Хоризонт Турново со 3:0.

Вчера во Скопје, Вардар – Милано 2:0.

Слободни во ова коло беа Ренова и Работнички.

Табела: Ренова 42 бода, Работнички 37, Металург 31, Пелистер 26, Силекс 26, Хоризонт Турново 24, Победа 19, Тетекс 17, Вардар 16 и Милано 3.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 10:59
Велија и Благоја со уцени до Хаџи-Ристески!

Бурен период следните два месеци го очекува македонскиот фудбал непосредно пред Изборното собрание на ФФМ ако се суди според стартот на кампањата во "битката" за нов претседател на финансиски најмоќната домашна спортска организација.

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, вчера на средбата со медиумите како "уцени и злоупотреба на медиумски простор за лични цели" ги оцени нападите, актуелни деновиве, од страна на медиумските куќи "А1" и "Време", кои се во сопственост на домашниот бизнисмен Велија Рамковски, а како дел од кампањата на новиот претседателски кандидат Благоја Николовски.

"Секако дека ги очекував нападите затоа што ми беа најавени преку срамен ултиматум од страна на Велија Рамковски", вели Хаџи-Ристески, веднаш дополнувајќи:

"Пред десет дена добив 'понуда' во рок од седум дена да поднесам оставка на функцијата претседател на ФФМ која, замислете, треба да ја депонирам до никој друг туку до Велија Рамковски и притоа во оставката да стои повлекување поради здравствени причини. Потоа, уште позанимливо, се бара понатаму да го поддржам и промовирам во јавноста неговиот кандидат за нов претседател на ФФМ, Благоја Николовски. Ако не се согласам на тоа, ќе следеле континуирани напади на телевизијата А1".

Како што е познато, Николовски само пред нешто помалку од два месеци поднесе оставка од претседателската функција во актуелниот шампион, Македонија ЃП, притоа обезбедувајќи накратко потоа поддршка од ОФС Скопје како кандидат за нов претседател на ФФМ.

"Се разбира, откако не го прифатив ултиматумот, веднаш од понеделникот следеа неаргументираните напади на А1. Можам да кажам дека таквите уцени единствено се злоупотреба на медиум за лични цели, или просто кажано - рекет. Поради тоа ќе ангажирам адвокат кој преку судски тужби ќе ги решава нападите", истакнува Хаџи-Ристески, според кого тоа се стари работи кои неаргументирано повторно се вадат на површина.

"Можам апсолутно да ви потврдам дека во моментов државните органи воопшто не контролираат никаква активност во ФФМ, ниту, пак, има какви било инспекции. Сите истакнати сега случаи се застарени работи на кои државни инспекции работеа осум месеци во 2007 година, меѓутоа потоа немаше никакво обвинение. Ако добро ја слушнете и изјавата на портпаролот на МВР, Иван Котевски, јасно истакнува дека испитувањата од МВР до Обвинителството се предадени, меѓутоа потоа обвинение никогаш не беше подигнато затоа што немаше основа за тоа, што значи случаите се завршени".

Не е апсолутно никаква тајна дека македонскиот фудбал, согласно сите свои параметри, е далеку од квалитетно живеење, далеку под просечноста оптоварен веќе подолг период со серија скандали. Но изборната трка следниот период ветува и тоа како нови занимливи денови, можеби како никогаш претходно во "борбата" за претседателската функција. Покрај Хаџи-Ристески и Николовски, кои се предложени од пооделни општински сојузи, во трката за нов претседател засега кандидиран е и Васко Кантарџиски.

 
Што мајка бара сега пак Велија Рамковски во ФФМ?-Абе луди се луѓево бре,се тумба заминале цццццццццццццизненадувањеизненадувањеизненадување
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 20:37
Shkup Bivsha Slloga

Eks Sljog

Abe me iznasmeavte...

Изменето од Neptun74 - 20.Август.2009 во 20:38
DeepBlue
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 14:11
Македонија ЃП против Вардар денес на А1 од 16:00 часот

Фудбалските прволигаши денеска ќе ги одиграат натпреварите од 3. коло, а лидерот на табелата Ренова гостува во Скопје кај екипата на Работнички.

Првакот Македонија ЃП по двете гостувања во Тетово првпат во новото првенство ќе биде домаќин и тоа на тимот на Вардар.Натпреварот ќе може да го проследите на А1 телевизија со почеток во 16 часот.

Во Кратово се очекува интересна битка на Силкес и на Слога Југомагнат, две екипи кои имаат освоено вкупно шест титули.

Дуел на големите ривали од минатото ќе има во Тетово, помеѓу Тетекс и Победа.

Во другите натпревари Хоризонт Турново е домаќин на Металург, а Пелистер на Милано.

На чело на табелата е Ренова со шест бодови, пред Вардар, Хоризонт Турново, Работнички и Пелистер кои имаат по четири.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 23:23
Dada garant ke vlezat vo liga na shampioni.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 11:00
Ќе биде ич да немаш гајле.
Ако не во овај век во другиот сигурно.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 10:51
"Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион "

Gjorce ima uste eden shampion...
Sega na red e titula u Liga na Shampioni...
DeepBlue
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 17:24
Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион

Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија. Се исполнија очекувањата дека дербито на „Градски“ од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак.

Триумфот од 1:0 на ѓорчепетровци им дозволи на три кола до крајот да ја почнат прославата.

Мирко Ивановски и ја донесе титулата на Македонија, во Куманово Глигоровски беше подобар голгетер од Ступиќ. Капитенот на Милано постигна хет трик Ступиќ два гола за Силекс.

Пелистер го совлада Напредок со 3:1 со головите на Главевски, на Јандриќ и на Димитровски иако кичевци поведоа преку Левков. Немаше победник на средбата Хоризонт Турново - Металург 1:1, Стефановиќ за гостите, Георгиев стрелец за домаќините.


Македонија ЃП заслужено го понесе пехарот

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 21:01
Милано вторпат сезонава го совлада Вардар

Комплетното 29-то коло од Првата македонска фудбалска лига им припадна на домаќините. Победија во сите натпревари вклучувајќи ги дерби дуелите во Куманово, во Тетово и во Прилеп.

Единствената промена на табелата ја направи Силекс во бегство од опасната зона. Милано вторпат сезонава го совлада Вардар, овојпат дома со 1:0.

Ренова за одржување на втората позиција со 1:0 со голот на Ибраими беше подобра од Работнички кој очигледно се фокусираше на завршницата на купот.

Во мечот со најмногу голови Силекс го победи Напредок. За домаќините погодија Марковски, Темелков, Андонов и Ѓорѓевиќ, за гостите стрелци беа Степановски и Џангаровски со автогол.

Во пелагониското дерби, Крстев и Ацевски направија пресврт за триумф на Победа од 2:1 против Пелистер кој залудно поведе со голот на Димитровски.

Слободен беше металург.

Македонија стигна до 56 бода, но остана на плус 8 пред Ренова. Победа на следните два натпревара ќе ја промовираат во нов шампион.

Милано одржа приклучок со 46 бода, Вардар остана на 39 на 4-то место, Работнички петти со 38.

Силекс и Хоризонт Турново си ги сменија местата благодарение на гол разликата, кратовци речиси сигурно ќе имаат мирно лето.

Металург и Победа следуваат со по 28, Пелистер има 24, Напредок е последен со 21.

Katastrofa!!!

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 18:00
FT     Fk Metalurg Skopje     1 - 0     Napredok
FT     FK Sileks     2 - 3     Pobeda
FT     FK Vardar     2 - 0     Rabotnicki
FT     Makedonija     0 - 0     Pelister
FT     Milano Kumanovo     1 - 2     FK Turnovo


Napred Vardar!!! Konecno go igraat toa so se ocekuva...a od leto ke bide uste podobro.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 09:59
"Местењето е велепредавство"

По соопштението од страна на ФК Победа во кое како главни "виновници"-информатори за казните добиени од УЕФА поради сопствените криминални дејанија ги посочија Миленко Неделковски, Никола Илиевски - Џиџи, Драган Христовски и Мијалче Дургутов, вчера до нашата редакција со соопштение се огласи и Миленко Неделковски поради како што вели "изнесените лаги, измислици и навреди на негова сметка" од страна на ФК Победа од Прилеп.

"Македонската јавност, не само фудбалска, заслужува да ја знае вистината во врска со настаните во Нион каде за ФК Победа и нејзините луѓе беа изречени драконски казни заради местење натпревар. Ќе презентирам само факти. Оние факти кои се во обвинението и пресудата. Значи, не субјективни плачења, кодошења, етикетирања и закани. Само факти. Така што секој слободоумен и некорумпиран човек ќе може да си донесе свој заклучок:

- Обвинението е покренато врз основа на пријава од водечките европски обложувалници. Така стои во обвинението, така стои и во пресудата. Иницијатива и зла намера од кој било човек од Македонија не постои.

- Цврстиот доказ го презентираше експертот од Белгија, господинот Дот, кој приложи документи и анализа според која на таков натпревар, од тој ранг на екипи, во тој квалификациски циклус, обртот на обложувалниците низ светот би требало да биде околу 100.000 евра. За жал по Победа, бројките говорат дека само зијанот низ европските обложувалници бил меѓу 4 и 5 милиони евра. Тогаш е запалено црвеното светло во УЕФА. Значи, не по пријава на Македонци.

- Обвинителот во случајот на доживотно суспендираниот германски судија Хојцер беше еден од четворицата судии на рочиштето против Победа. Така што суспендирањата во Италија (Јувентус), разоткривањето на аферата Хојцер, апсењето на судиите во Полска само кажуваат дека УЕФА не удира само по 'некои таму мали клупчиња'. Напротив, дава јасна порака дека ќе се бори против ова зло на современиот фудбал насекаде низ светот.

- Моето присуство во Нион беше во улога на 'витнес оф д витнес' и на 'обџектив витнес', две правни форми за кои адвокатот на Победа немаше поим дека постојат. Тоа го пишува и во обвинението и во пресудата. Значи, никако не сум главниот сведок.

- На судењето, македонскиот фудбал максимално беше заштитен од самите судии кои не дозволија да се води расправа или кавга за работи во врска со ФФМ, фудбалот кај нас, и слично.

- Четворицата судии пресудата ја донесоа едногласно со 4:0.

Да заклучам. Не постои таква сила, уште помалку таков новинар, најмалку, пак, од Македонија што може да ја изманипулира УЕФА за да казни некој клуб со таква драконска казна.

Местењето на натпревари на штета на сопствениот тим и сопствената репрезентација е чин на велепредавство. Чин на поганење на својот народ и вера. Оние што им прогледуваат на местењата низ прсти се соочесници во велепредавството.

Македонија безмалку 25 века е делена територијално, по етничка, верска, а во најново време и по партиска основа. Чинам дека дојде времето на уште една поделба меѓу нас!? На оние што местат натпревари, и оние што се против тоа. Јас сум во овие вториве", се вели во соопштението од страна на Миленко Неделковски.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.