IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Горан Пандев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Горан Пандев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 22>
Автор
Порака Обратен редослед
bodeti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bodeti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 23:06

Naj iskreno se raduvam za Pandev sega samo da go odbere najdobriot tim i da pocne da ja pisuva i drugata stranica so negovata prekrasna igra.Jas licno sum za Juventus.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 16:43
Денот за СЛОБОДА на Пандев!

По цели 4 месеци чекање и неизвесност дојде денот кога судските органи во Италија треба да ја донесат одлуката по жалбата на Горан Пандев, кој побара раскин на договорот со Лацио поради "терор" и неоправдано бришење на неговото име од првиот тим на римскиот клуб. Погледите на Горан Пандев, неговиот менаџерски тим и адвокатите се насочени кон Милано. Таму минатата недела имаше неуспешно соочување на двете страни кое мина без договор за помирување. Пандев и Лацио ги приложија фактите па така сега на потег е арбитражниот суд. Во целиот овој случај Лацио успешно купуваше време, но не успеа да го довлечка процесот до почетокот на новата 2010 година.

Пандев очекува дека судот ќе ја прифати неговата жалба и дека денеска ќе му биде раскинат договорот со Лацио. Тензиите и теророт на римјаните кон Пандев траат од јуни и од тој период па до денеска Пандев нема ниту една минута настап за Лацио иако лани беше првата виолина на клубот од "Олимпико". Доколку се биде како што треба и судот пресуди во корист на Пандев, тимот од Рим има право на жалба и целиот процес би требало да се реши за 30 дена.

Тоа е 21 јануари со што Пандев би имал само една недела од јануарскиот преоден рок за трансфер во друг клуб. И додека се чека пресудата во Италија веќе еден куп вести за трансфер на нашиот фудбалер во Интер, Јувентус... а најновата вест е поврзана и со негово заминување во Милан. Како што се нижат вестите така доаѓаат и информациите од Лацио од каде се подготвуваат за "трампа". Римјаните веќе гледаат алтернативи во трите клуба. Од Интер го барат Виеира и Арнаутовиќ, а од Јувентус на менито е младиот Џовинко.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 08:15
Изненадувачки, вториот гигант од Милано, тимот на Милан, се вклучи во трката за македонскиот напаѓач Горан Пандев. "Росонерите" се третиот тим од Италија покрај Интер и Јувентус кои го посакуваат струмичанецот во своите редови во јануарскиот преоден рок, кога се очекува Горан да биде слободен фудбалер, откако деновиве судот во Милано треба да ја донесе конечната одлука околу ослободувањето на обврските со неговиот сегашен тим Лацио. Како гром од ведро небо се појави информацијата дека и Милан ќе тргне по потписот на нашиот најдобар фудбалер.

"Тутомеркато" во своето најново издание истакнува дека Пандев и Красиќ би требало да бидат зимските засилувања на Милан, со кои ќе атакува кон шампионската титула во Серија А. Но со Србинот има еден голем проблем: тој не би можел да биде пријавен за Лигата на шампионите во пролетниот дел од првенството, додека Пандев без проблем би играл во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент.

Пред неколку денови медиумите во Италија пишуваа дека трансферот на Пандев во Интер е готова работа, меѓутоа во последен момент неговиот градски ривал Милан е во обид да му ги "замрси" сметките и да стигне прв до потписот на македонскиот голгетер кој пет месеци е без одигран натпревар во Лацио, поради тврдоглавоста на претседателот Лотито, кој сега се чини ќе мора без никаква отштета да го пушти Пандев да замине во друг клуб. Најмали шанси за ангажман на Горан му се даваат на Јувентус, тим кој исто така е заинтересиран за македонскиот репрезентативен голгетер.

 

 

 





Изменето од fiks - 21.Декември.2009 во 16:45
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 12:11
Tesko deka ke zaigra mnogu tamu....so Eto'o i Milito gledam dvajca podobri napagjaci ali ako igra kako poluspic ima shansi....

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 16:02
"Пандев од јануари во Интер"

Поранешниот претседател на Јувентус, една од најконтроверзните личности во италијанскиот фудбал, Лучјано Моџи, вчера со категорична најава за италијанските медиуми дека најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев од јануари 2010 и дефинитивно ќе биде нов фудбалер на Интер.

"Пандев сигурно во јануари ќе се пресели во Интер затоа што и е потребен на оваа екипа. Самуел Ето ќе биде на Купот на конфедерациите во Африка па Мурињо ќе остане без напаѓач, а Пандев е идеално решение. Мислам дека купувањето на македонскиот фудбалер ќе биде одлична работа за Интер", истакна вчера Моџи.

Вчера и италијанскиот "Тутоспорт" најави дека управата на "нероазурите" нема да дозволи Ливерпул да им го открадне Горан Пандев, па според информациите раководството на Интер е подготвено во моментов да му плати на Лацио, четири милиони евра плус отстапување на младиот Марко Арнаутовиќ.

Само два дена претходно англиските медиуми, пак, најавија дека Ливерпул е подготвен веднаш да плати 7 милиони евра за услугите на нашиот репрезентативец.

Како што е познато, Горан Пандев е далеку од првиот тим на "лацијалите" оставен на немилост во тимот, како резултат на неговото одбивање да потпише нов договор со тимот од Рим. Актуелниот му завршува во јуни 2010 година.
 
 
Aјде нека му е со среќа на Пандев во новиот клуб,голем предизвик ќе има за докажување во Интерголемо%20гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 20:42

Се чека одлуката на судот за Пандев


Судбината на нашиот Горан Пандев сега е во рацете на арбитражната комисија на италијанската Серија А. А, за кој клуб ќе потпише во зимскиот преоден рок не сакаше да открие неговиот агент, Карло Палавичино.

„Преферирам да не коментирам за трансфер шпекулациите кои влучуваат некакви преговори меѓу Фиорентина и Лацио. Генерално одбивам да зборувам за неговата ситуација бидејќи е многу сложена и деликатна“, изјави Палавичино за Violanews.com

Истото прашање беше поставено и на претседателот на ’небесно сините’, Клаудио Лотито.

„Навистина не знам каде ќе заврши, не сум јас гатачка. Моментално случајот е на суд и набрзо ќе ја видиме пресудата. Јасно е дека ќе се обидеме да ја докажеме нашата вистина и затоа веќе поднесовме докази“, изјави Лотито за Sportal.it
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:10
Играчите во одбрана на Пандев

Проблемот на Горан Пандев со управата на Лацио повеќе не е само проблем на двете "завојувани" страни. Мизерниот однос на клубот кон еден од своите најдобри фудбалери е причината за реакцијата на здружението на професионални фудбалери во Италија.

Колегите на Пандев го кренаа својот глас и својот став против теророт на Лацио кон Пандев и го обелоденија преку соопштение низ медиумите во својата земја. Фудбалерите застанаа на страната на нашиот репрезентативец кој наиде на терор и закани од претседателот Клаудио Лотито, кој реши да го "замрзне" фудбалерот откако тој одби да го продолжи договорот со Лацио според услови кои за него се неприфатливи.

Здружението на фудбалери во Италија од Лацио побара објаснување за настанатиот проблем и неоправданото "бришење" на Пандев од првиот тим на Лацио. Теророт кој го преживува Пандев од управат на Лацио е невиден скандал во Италија кој трае со месеци и месеци а покрај здружението на фудбалерите во наредните денови се очекува и реакција на обвинителството во Италија.

Ваков пример се уште не е виден во Италија каде еден водечки играч на некој од клубовите неоправдано е исфрлен од тимот, а потоа и условуван да потпише нов договор доколку сака да игра. Тоа е спротивно од договорот кој го имаат Пандев и Лацио па така сега со реакција на институциите но и на ФИФА се очекува нашиот фудбалер да ја добие потребната слобода и конечно да се ослободи од канџите на Лотито.

Лацио иако вчера го доби писмото од здружението на фудбалерите не даде одговор, а најновата вест од базата на "лацијалите" е тоа што во тимот се враќа Ледезма со кој е најден договор, но тоа не важи и за нашиот Пандев.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2009 во 15:19
Пандев мора итно во Рим!

Горан Пандев ден пред вчерашниот меч со Норвешка во Осло доби повик од Лацио. Пораката гласи дека тој од Осло мора итно и што е можно најбрзо да се појави во Рим. Оваа вест доаѓа по најавите дека римскиот клуб и Интер се пред наоѓање заеднички договор за трансферот на фудбалерот на Македонија во редовите на шампионот на Италија.

Денеска Пандев ќе се појави во базата "Формело" каде неговиот Лацио се подготвува за саботниот дерби меч со Јувентус. Една од причините за итниот повик е проблемите со повреда на која се жали Зарате па оттука римјаните сега барат спас во "отпишаниот" Пандев.

Во текот на вчерашниот ден медиумите во Италија веќе го најавуваа трансферот на Пандев во Интер како веќе завршена работа.

"Интер ја направи грешката со Пандев уште пред 5 години кога не го задржа иако јас лично инсистирав тој да добие шанса", коментира за медиумите Вардели, тренерот на Пандев во Интер со кој го освоија младинскиот шампионат во Италија и го освоија силниот младински турнир во Виареџо.

"Пандев беше подобар од Мартинс и сега ќе беше прва ѕвезда на тимот. Неговото враќање во Интер е полн погодок. Тој би бил идеален во составот на Мурињо да игра зад Ето и Милито, кои се недопирливи", е анализата на Вардели.

Интер во Пандев гледа замена за Ето, кој на стартот на 2010 година ќе биде два месеци отсутен затоа што ќе игра за Камерун на Купот на Африка, а Лацио не може повторно да му каже "НЕ" на Морати, кој ќе плати 6.000.000 евра и ќе му го отстапи на римскиот клуб талентираниот Арнаутовиќ.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Delija sever Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delija sever Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 14:09
I sto sega ge gree klupa, ili uste poloso na tribini.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 12:27
Ништо од трансферот на Пандев 


Гоче ќе чека да биде слободен играч во јануари
01/09/2009 11:26

После може да се рече чекање од цел еден ден, најпосле добивме информација за Горан Пандев. Како што пишува Lalaziosiamonoi.it Гоче судбината ќе ја решава во јануари.

Иако сите ние сакавме да прочитаме дека заминува во некој добар клуб каде што ќе игра во ЛШ и ќе се бори за шампионска титула сепак ќе мора да почекаме до јануари.

Во овои моменти Пандев сака да почека до наредниот трансфер период (јануари) и се надева дека до тогаш ќе заврши спорот со Лацио и ќе добие, по што Гоче ќе стане слободен фудбалер и ќе оди каде сака. Дотогаш ќе мора да се бори со управата на Лацио и да проба да се одржува во топ форма, по што со сигурност нема да заигра.

Трансфер периодот заврши во цела Европа, освен во Англија каде што трансфери се можни до 17:00 и тешко да очекуваме Пандев да замине таму. 

Со ова завршува сагата за Горан Пандев и се надеваме на објаснување од Горан кога ќе стаса во Македонија за подоготовките со националниот тим за престојните два решавачки квалификациони натпревари со Шкотска и Норвешка на гостински терен.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 12:24
"Цела македонска јавност знае дека сакам да си заминам од Лацио, но сега единствено сакам да се концентрирам на репрезентацијата, а Лацио во моментов не ме интересира", истакна вчера Пандев кој најверојатно во Интер оди од јануари 2010
13 милиони евра + Матераци = Пандев

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вчера приклучувајќи се на подготовките на нашиот национален тим од Охрид ја очекуваше разврската околу сопствената идна клупска кариера.

И последниот ден од "трансфер прозорецот" до синоќешните часови не го даде конечниот одговор околу преселбата на нашиот репрезентативец во Интер иако последните информации говореа, како што најавивме и претходно, дека шампионот на Италија сепак ќе најде заеднички јазик со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

И додека синоќа траеја преговорите меѓу Морати и Лотито кој до последно одбивал секаква понуда. Италијанските медиуми како последна ја објавија информацијата дека Горан Пандев ќе потпише за Интер за сума од 13 милиони евра плус дефанзивецот Марко Матераци кој би се преселил во Рим. Меѓу варијантите од договорот се потенцира дека, и покрај новиот трансфер, сепак Пандев би останал во Лацио до јануари 2010 година кога би се приклучил на составот на Мурињо откако Самуел Ето ќе биде отсутен поради учество на африканскиот шампионат.

"Не е коректно од Морати да барам нови жртви, но Пандев навистина го посакувам во мојот тим, и веројатно тој би бил последното наше засилување", вчера и менаџерот на Интер, Хозе Мурињо повторно го засили впечатокот околу дефинитивно враќање на нашиот репрезентативец во Милано.

Горан Пандев, пак, откако пристигна во Охрид без премногу оптоварување за време на првиот свој одработен тренинг со националниот тим иако свесен дека притисокот при една неизвесна ситуација секогаш постои.

"Сигурно не е едноставно да се концентрираш само на натпреварот пратен од една ситуација каква што е мојата актуелна со клубот од Рим. Цела македонска јавност знае дека сакам да си заминам од Лацио, но сега единствено сакам да се концентрирам на репрезентацијата, а Лацио во моментов едноставно не ме интересира", порача вчера Пандев од Охрид.

А, со оглед на крајот на преодниот рок...

"Точно е дека преодниот рок завршува денеска, но после репрезентацијата ќе мислиме на клупските обврски", вели најдобриот фудбалски Македонец убеден дека како и да е новата успешност на неговата клупска кариера нема да биде доведена под прашање.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 16:52
Пандев од денеска во Интер
Менаџерот на Интер, Мурињо, потврди дека е заинтересиран за нашиот репрезентативец. Доколку не се најде во моментов заеднички договор со Лацио, тогаш Пандев од 1. јануари 2010 се сели во Милано

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, по бурното "трансфер-лето" за него според последните најави денеска конечно треба да го има својот нов клуб.

Италијанскиот шампион Интер е меѓу се почесто изминативе денови најавуваните нови дестинации на нашиот репрезентативец откако и нивниот менаџер, Мурињо, отворено ја потврди заинтересираноста...

"Пандев? Ми се допаѓа, но нашиот тим и така е фантастичен", истакна Мурињо за "24спорт".

Согласно нашите нформации, Интер посакува да склучи договор за враќање во своите редови на Пандев веднаш меѓутоа сето тоа се очекуваше да биде одлучено доцна синоќа низ преговорите со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Доколку не се најде договор со Лацио, Пандев ќе потпише преддоговор за преселба во Милано од 1. јануари 2010 година, иако синоќа дефинитивно се очекуваше да биде официјализиран новиот голем трансфер на нашиот најдобар фудбалер.

Вчера и руски Зенит повторно, на крајот од преодниот рок низ последните трансфер часови, го засили притисокот за ангажман на нашиот феномен. Како и да е, според најавите Лацио во секој случај ќе мора да одлучи. Синоќа од Италија следеше и информацијата дека најдоцна до 19 часот низ текот на денешниот ден Горан Пандев ќе го има името на својот нов клуб, за што индиректно потврди и македонскиот селектор Мирсад Јонуз.

"Поволен момент за нас е што Пандев ме информираше дека денеска потпишува за голем европски клуб и што на репрезентативниот собир во Охрид ќе допатува растоварен од проблемите кои ги имаше со Лацио", изјави вчера Јонуз.

Името на Горан Пандев, како што е познато, претходно беше поврзувано и со Јувентус, Арсенал, Лион, Фиорентина и Баерн Минхен...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 16:29
Живеам со тензии!!!

Секој ден има по неколку приказни околу Горан Пандев. Се споменуваа многу клубови, многу понуди и многу милиони. А Горан Пандев се уште нема трансфер. Се уште е член на Лацио и тренира со оваа екипа. Сака да замине ова лето струмичанецот од редовите на римскиот клуб. Таа желба му е од мал, а еве и по три месеци се уште трае отпорот на неговиот клуб со кој има договор до 2010 година. Има многу понуди, многу екипи, но има и проблеми.

"Цифрата од 18.000.000 евра која ја бара Лацио за мојата слобода е премногу голема. Мислам дека нема клуб кој ќе плати таква цифра за играч кој следното лето може да си замине без отштета", изјавува Пандев по вчерашниот тренинг во Рим со Ледезма и де Силвестри. Тоа е триото кое не замина со Лацио на Супер-купот со Интер во Пекинг. Трио кое сака да си замине и трио кое може да ја спаси касата на римјаните.

"Во ниту еден момент не сум се однесувал арогантно кон Лацио. Многупати сум кажал дека нема да имам и ништо против ако останам уште една сезона. Сметам дека и за мене и за Лацио ова е најдоброто време за една пријателска разделба. Јас да ја исполнам мојата желба, а клубот да заработи од моето заминување. Но, сепак, не очекував ваков отпор иако сега се надевам дека за многу брзо време ќе се средат работите. Живеам со тензии и исчекувања. Еве Лацио се засили во нападот со Круз и со тоа се отвори можност за мое заминување. Мислам дека сега доаѓа периодот во Италија кога ќе се случат многу трансфери", оптимистички гледа кон настаните Пандев, кој не сака да ги коментира сите овие настани затоа што секој збор се одразува против односот на Лацио кон него и неговиот менаџерски тим.

Многумина очекуваат да го видат струмичанецот ова лето во дресот на Јувентус. Чека "Старата дама" на Пандев и се надева дека тој ќе ја засили за многу брзо време.

"Само Лацио да се смилува и да прифати понуда за помалку пари. Реков дека сакам да одам во клуб со шампионски амбиции и екипа која ќе настапува во Лигата на шампионите. Се уште стојам на сите тие мои зборови. Не доаѓа предвид трансфер во екипа од неатрактивна земја. А од таму се нудат многу пари, но за мене ова е период во кој сакам да играм во голем европски клуб. Секојдневно има по некоја понуда и кога ќе падне договорот со Лацио тогаш ќе коментираме околу тоа која понуда е најдобра. Јуве!? Тоа е голем клуб...!!!", додава Пандев околу очекувањата и неговите желби каде би одел ако добие зелено светло за трансфер од Лацио.

Римјаните в сабота играат со Интер во Пекинг и по тој меч се очекува да се решат случаите со Пандев, Ледезма и де Силвестри.

"Досадно ми е повеќе да зборувам за нив тројцата. Мојот став околу тие проблеми е ист. Ќе ги продадам ако имам добри понуди", беше вчерашната изјава на Клаудио Лотито, првиот човек на тимот од "Олимпико", поврзан за споменатото трио на фудбалери кои лани беа носители на играта и кои му го донесоа пехарот на Лацио во Купот на Италија.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2009 во 19:42
Интер понуди пред договор за Пандев

Горан Пандев уште денеска може да потпише тригодишен договор со Интер и да се врати во својот матичен клуб во Италија каде не му дадоа можност да се докаже во деновите кога нашиот најдобар фудбалер беше тинејџер и беше дел од младинскиот тим на "нероазурите". Но со тоа тој за да игра за шампионот на Италија ќе мора да чека една година. Клубот од Милано има понуда за преддоговор за Пандев, кој би бил активиран по 365 дена и во време кога нашиот најпознат фудбалер би немал никакви проблеми со проблематичниот Клаудио Лотито.

За преговори со Пандев, кој би го засилил нападот на Интер идното лето, дозвола дал и тренерот Жозе Мурињо, кој летово на "Џузепе Меаџа" ги доведе Диего Милито и Самуел Ето, но остана без Ибрахимовиќ и Круз.

Сепак, Интер е во втор план за Пандев и неговиот менаџерски тим. Утре можеби е еден од пресудните денови во драмата наречена "Горан Пандев" и неизвесноста околу тоа каде еден од најдобрите фудбалери на Лацио ќе ја продолжи кариерата. Пандев не е во преден план на новиот тренер кој на тест средбите му дава шанса на нашиот фудбалер со "втората" екипа. Лацио заминува за Пекинг каде се игра Супер купот на Италија против Интер. Неодењето за Кина ќе биде најава за заминувањето на Пандев од Лацио. Како второ се уште трае неизвесноста околу судбината на Трезеге. За Јувентус да влезе во сериозни преговори со Лацио за Пандев ќе мора да собере пари и да ослободи место со заминувањето на Французинот.

Вчерашното издание на римскиот весник "Лего" најавува дека до 1 август Пандев ќе замине во Јувентус за 12.000.000 евра со тоа што Трезеге ќе биде продаден на Милан или Олимпик Лион, а Лацио ќе се засили со холандскиот голгетер Ван Хаселинг од Селтик.

Такви приказни околу судбината на Пандев има барем по десетина во еден ден во различни медиуми низ Европа.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.