|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни празнични пралиниСостојки Основа 400гр. свежи урми (без семка) 150гр. мелени овесни снегулки 1 лажица какао 1 лажица ванила кора од лимон 1-2 лажици млака вода (по потреба) Крем 150гр. непечени индиски ореви 50мл. вода 1 лажица ванила 3-4 лажици јаворов сируп сок и кора од 1/2 лимонИнтересни, вкусни и некласични пралини. Последниот рецепт за оваа година, па ќе ја искористам приликата да ви посакам среќни и весели празници поминати со најблиските. 1. Индиските ореви треба да киснат 6-7 часа, најдобро од вечер или сабајле пред да одите на работа. Прелијте со ладна вода доволно само да ги покрие и оставете ги. Потоа исцедете убаво и исушете ги на кујнска крпа. Сите состојки за кремот, освен кората од лимон, ставете ги во блендер и блендирајте подолго додека се добие убава кремаста смеса. Потоа додадете ја и кората и промешајте со лажица. Има сличен вкус на крем сирење. 2. За основата урмите измелете ги, па спојте ги со другите состојки да добиете средно мека смеса. 3. Од смесата зимајте топчиња и ставете ги во калапите за пралини, притискајте кон страните убаво да се обложи и направете бунарче во средина. Наполнете со кремот и од горе затворете со смесата од урми. Во зависност од големината на калапот ќе варира и бројот на пралини. Мојот калап е малку поголем па ми излегоа 17 парчиња. Извадете ги од калапот и оставете барем 1 час за да се спојат вкусовите. Декорирајте по желба. Јас користев чоколаден сируп, посната верзија на ројал глазурата (со шеќер во прав и сок од лимон) и малку светки. Добар апетит =) *Кремот ќе ви остане скоро половина, може во старт да ги преполовите состојките или да го искористите понатаму за нешто друго. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнични колачињаСостојки 100гр путер 100гр шеќер 1 јајце 130гр брашно 115гр брашно 15гр какао 1 кесичка (10гр) ванилин шеќер кора и сок од еден портокалПразници се ближат, празници се ближат... Празниците се во ек, но мислам дека за овие колачиња нема сезона. Првиочниот рецепт е боза, што би рекол Фичо, јас само му додадов малку празнична магија, ванила и портокал, комбинација од соништата. Синоќа ги направив прв пат ама наместо шеќер ставив сол, е тоа е, и на најдобрите им се случува, па затоа уште сабајлево замесив нови. Иде вака, во сад пенасто се матат шеќерот и путерот, се додава ванилата и кората и сокот од портокал. Смесата се дели на две, во два посебни сада и во едниот се додава 130 гр брашно а во другиот 115 грама брашно и 15 грама какао. Се меси меко глатко тесто и се витка во стреч фолија. Се остава во фрижидер на еден час. Од двете теста се развлекува кора, од белото малку подебела а од темното малку потенка. Се сечат ленти, секогаш двојно повеќе бели од црни, мене ми излегоа 6 бели со 3 црни, ленти со иста димензија, но различна дебелина. Од исечените ленти се преклопуваат дебели шнитови од кои ќе сечеме, оди бела лента, темна во средина и пак бела лента. Ми излегоа 3 вакви шнита. Шнитовите се отсекуваат на пола, отприлика на 1 см. Со оглед на тоа што од темното тесто ќе ви остане немојте да се сеќирате, од него ќе отсечете уште 3 ленти со ширина колку 3 ленти од кои направивте шнитови и дебелина исто колку и темните ленти. Сега повторно ги спојувате пресечените шнитови но во средина ги ставате темните ленти со кои ќе формирате шнитови од кои подоцна ќе отсекувате колачиња. Вака формираните шнитови ставете ги во фрижидер на уште најмалку еден час. Од шнитовите со многу остар нож внимателно отсекуваме колачиња со дебелина по желба, моите се околу 1 см. Од темното тесто направете мали машнички и ставете ги врз колачињата.Наредете ги на хартија за печење и во рерна на 180 15тина минути додека не добие светлото тесто златеста боја. Доколку ви остане од тестото, а ќе ви остане, немојте да се нервирате, слободно испечете уште некоја различна форма, јас исеков произволни форми и ги печам, ми остана повеќе од темното тесто па имам чоколадни бисквити, односно какао бисквити. И да не ве буни, јас направив и обратна варијанта, црно со бело, односно темни колачиња со бели машнички. На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнични суви колачињаЗа тесто 500 гр брашно 150 гр маргарин 200 гр шеќер 3 јајца 1/4 кесичка прашок за пециво 1 ванилин шеќер 1-2 лажички какао За декорирање 50 гр темно чоколадо 50 гр бело чоколадо 30 гр марципан 30 гр кршени ореви 30 гр мешано кандирано овошје 30 гр бело суво грозје 100 гр фондан 4-5 лажици мармалад од вишни 2-3 лажици мармалад од кајсии 20 гр кокос неколку резанки кандирани портокали Користени Делимано произвоКолачињата на сликата се направени од исто тесто, но сите се со различен вкус. Тестото е едноставно и може да го користите такво, но може и да додадете разни додатоци како кокос, какао, лешници, бадеми... Меко е, па тие нема лошо да влијаат на неговиот квалитет... Напротив! Употребете ја фантазијата и ќе добиете прекрасни колачиња. Изработка на тестото Брашното и прашокот за пециво просејте ги, па во нив додадете го омекнатиот маргарин и со прстите направете трошки. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер и додате ги кај брашното. Замесете мазно тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Потоа е спремно за играње. Колачињата се печат многу кратко, зависи колку дебели ќе ги направите, но отприлика 5-10 минути на 180 степени. Треба да останат бели. Јас ставив какао во 1/4 од тестото, а останатите вкусови ги добив од „декорациите“. 1. Кружните колачиња со отвор се лепени со стоплен мармалад од вишни. За секое колаче треба да направите еден полн круг и еден круг со дупче и да ги споите. 2. Чоколадните срциња имаат глазура од бело чоколадо и суво грозје. 3. За корпичките ви треба калап, јас ги правев во калапот за мини мафини. Наједноставно е да исечете кружни форми од исуканото тесто и така да ги ставате во калапите. На овој начин сите ќе бидат еднакви. Полнети се со растопено темно чоколадо, а декорирани со кандирани портокали. Јас ги користам од слаткото од портокали на Лили. Добро исцедени ги сечкам и ги препелкам во кристал шеќер. Инаку може да се полнат со џем, ганаж, разни креми... 4. Чоколадните елкички се вистински чоколадни. 5. Четирилисните детелинки се прошарани со темно чоколадо и додека се уште беше меко ги испрскав со кокос. 6. Трилисните детелинки се со мешано кандирано овошје, ситно исечкано и измешано со тестото. Одозгора се прошарани со бело чоколадо со многу тенки линии. Инспирацијата беше од едни италијански колачиња. 7. Ѕвездичките се обложени со многу тенко исукан фондан исечен со истата форма како колачињата. Претходно ги намачкав со многу тенок слој сок од слатко за да се залепи фонданот. 8. Чоколадните крукчиња се обложени со тенко расукан марципан, а формите е најдобро да се прицврстат со капка бело чоколадо бидејќи марципанот е прозрачен. 9. Споените топчиња се инспирирани од ванилиците на Лили. Се прават мали топчиња кои се препелкаат во кршени ореви. По печењето се лепат со стоплен мармалад од кајсии. 10. Мермерните топчиња се направени од остатоците од бело и чоколадно тесто. Ги исукав многу тенко и двете, ги ставив едно преку друго и замотав ролат. Потоа сечев мали делчиња и ги правев топчиња. Од сите видови правев по 12 колачиња, освен ванилици и мермерни топчиња кои беа по 10. Значи се на се, 116 колачиња. Пријатен апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнични чоколадни колачиња (посно)Состојки 100гр мелен орев 120гр посни мелени наполитанки со вкус на лешник 100гр посно црно чоколадо 100гр посен црн еурокрем 1лажица масло 100гр посно бело чоколадо, 1 лажица масло за одозгора и чоколадни машничкиНад пареа се растопуваат чоколадото, еурокремот и маслото. Се додаваат мелените наполитанки и оревите. Сето убаво се промешува и одма со помош на лажиче се става од смесата во хартиени корпи ( додека е топла) ( одприлика околу 15 кошнички) Ако треба се порамнуваат со наводенето лажиче или послужавникот се удира од маса еднаш, двапати за да се израмни смесата. Над пареа се топи белото чоколадо со една лажица масло и се дополнуваат хартиените корпи. Се декорираат со симпатични чоколадни машнички. Од остатокот на смесата направив мали долгнавести форми, кои прво ги прелив со растопено бело чоколадо и ги декорирав со чоколадни трошки. Се редат во хартиени корпи Изработка на машнички Се што ви треба е трпение, воља, мало силиконско калапче и чоколадо. Над пареа растопуваме бело чоколадо со малку масло. Со мало лажиче ставаме во калапчето и чекаме 3-4 минутки да стегни чоколадото. внимателно ги вадиме и постапката ја повторуваме. Во белото чоколадо ставив на врвот на ножот црвена прехрамбена боја и добив розови машнички. постапката е иста и со црното чоколадо. Количините на чоколадо одредете си ги сами. Пожелно е садот во кој е растопено чоколадото да стои над сад со жешка вода за да не се стегнува, туку лесно да се работи. Наздравје со овие симпатични, вкусни колачиња |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнични колачиња (посно)Состојки Тесто 250 гр маргарин омекнат на собна температура 200 гр шеќер рендана кора од лимон и портокал 12-13 лажици вода по 2 лажици сок од лимон и портокал 1 лажиче прашак за пециво 500 гр брашно Други додатоци за во тестото 1 лажиче какао 1 лажиче цимет по 1/4 лажиче морско оревче, ѓумбир и каранфилче За декорација 50 гр чоколада за готвење + 1 лажица масло 2 лажици шеќер во прав + лимонов сок по потреба по потреба шеќерни трошки Користени Делимано производиПосни и вкусни празнични, декоративни колачина спремни за дегустирање, а и за поклони за дечиња. Маргаринот и шеќерот убаво изматете ги со миксер, со маталките за тесто. Потоа додајте го брашното, пецивото, сокот и кората од лимонот и портокалот и водата. Продолжите да матите додека тестото убаво се измеси, изедначи. Префрлете го на работна маса посипана со брашно и размесете и малку со рака. Поделете го на два дела. Едниот дел оставете го така жолт, завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час. Во другиот дел додајте го какаото и другите зачини и повторно убаво измесете го да се соединат во тестото. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час. Прво од жолтото тесто на работната маса посипана со брашно развлечите кора дебела околу 5-6 мм и со калапчина вадите форми по ваша желба. Ставајте ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 10 минути, толку е доволно да останат светли. Остатоците од тестото премесете ги и правите колачи додека се потроши целото. Истата постапка повторете ја и со кафеавото тесто. Јас неколку направив и мали корпиња (се гледаат на сликата). Со калапче цвет се вади од тестото и се ставаат во мали хартиени корпиња за колачи. Откако ќе се испечат одма им се реди по малку мармалад на средина. Печените колачина декорирајте ги по ваша желба и замисла. Некои со стопената чоколада, некои со глазура од шеќер во прав и лимон, со шеќерни трошки и тн. Од овие колачи направивме и поклончина за деца. По неколку стававме во алуминиумски чинивчина и ги завиткавме со проѕирна фолија и панделка. Навистина беа прерадосни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнични ѓумбир колачињаСостојки 125гр путер 1 јајце 1 лажичка сода бикарбона 1 лажичка ѓумбир во прав 1 лажичка цимет 1 лажица гликозен сируп или мед 100гр кафеав шекер(или обичен) околу 350гр брашно(може и 250гр брашно и 50гр густин) плус црвена,црна,жолта прехрамбена боја и кокос за ројал ајсинг 1 белка околу 200гр шеќер во прав неколку капки сок од лимон Користени Делимано производиПразнични колачиња радости за дечиња. Минатата година ги правев за прв пат, но во форма на ирвасот Рудолф, а оваа година стомачиња на Дедо Мраз. Се мати јајцето со шеќерот, се додава маргаринот и на крај сувите сосотојки. Се меси мазно тесто, се остава да отсои 30 тина минути. Се вадат форми со калапчиња и се печат во загреана рерна на 180 степени 5-7минути. Откако ќе оладат се украсуваат со ројал ајсинг (се мати белката со шеќерот во прав и сокот од лимон, додавате шеќер додека не ја добиете посакуваната густина) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лешник колачиња – Лампиони (посно)Состојки 2 чаши мелени овесни снегулки 1 чаши мелени печени лешници 1/2 чаша мелени сурови лешници 1/2 чаша кафеав шеќер 1/2 чаша вода 1 ванилин шеќер со вкус на рум 1/4 чаша мелена гранола 1/2 лажичка рогач во прав 1 лажичка мелен цимет 1 лажичка мелен ѓумбир 1/2 лажичка мелено каранфилче За чоколаден прелив 100 гр чоколадо 3 лажици масло 1/4 лажичка чили во прав За украсување гоџи бобинки, шеќерни перли во разни бои и сл.Мирисни и вкусни колачиња кои не потсетија дека доаѓаат празници, ама и секој од нас сакаше да си ја присвои кутијата со колачињата. Добро бе, јадете сите колку ви се јаде, пак ќе направам, лесни се за правење!!! Подготовка На оган во тенџере ставаме вода и шеќерите. Кога ќе поврие кратко ја тргаме на страна и ги ставаме мелените овесни снегулки и мелените лешници, како и зачините. Формираме смеса. Ја ставаме помеѓу најлонска фолија, поминуваме преку неа со оклагија и вадиме кругчиња кои ги редиме на намрсено тавче или хартија за печење. Ги печеме т.е. сушиме на 100 степени во рерна со уклучен вентилатор 30 минути. Ги вадиме и ладиме. Чоколадото го топиме на пареа или на сосема ниска температура на рингла и во него промешуваме чили и масло. Секое колаче го потопуваме до половина во чоколадото и украсуваме по желба. Забелешка Чашата е 250 мл или 1 cup. Можете да додадете во смесата и кора од портокал по желба и вкус или пак аранчини. Ако ви е ретка смесата, за да ја формирате додадете од овесните снегулки. Инаку користам делимано тава за печење која воопшто не ја ни намрсив за да ги печам колачињава. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медени колачиња - лампиониСостојки Колачи 125 гр путер 100 гр шеќер 125 гр мед 100 мл млеко 300 гр брашно 1 лажичка мелен ѓумбир 1 лажичка цимет 1/2 лажичка каранфилче 1 лажичка пециво прстофат сол За украсување 1 белка 200 гр прав шеќер 1 лажичка сок од лимон1. Путерот се сече на коцки и се става во сад. 2. Шеќерот, сирупот и млекото се загреваат да се растопат и се преливаат преку путерот 3. Се меша се да се растопи и се остава да се подолади, не скроз туку да биде млако. 4. Се додаваат сувите состојки, се замесува тесто и се става во фолија да одстои преку ноќ во фрижидер. Во моментот кога ќе го подготвувате тестото е меко, меѓутоа со стоењето во фрижидер ќе се стегне така да нема потреба да додавате дополнително брашно. 5. Следниот ден тестото се вади од фрижидер и со помош на брашно се расукува тенко, се вадат форми и се печат отприлика 10мин на 175Ц 6. Се оставаат убаво да се оладат па потоа се украсуваат по желба. 7. Смесата за украсување се подготвува едноставно, се мешаат сите состојки за да се соединат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќна баклаваСостојки 500гр кори за баклава 400гр ораси 5 лажици гриз 250гр маргарин 50 мл масло За шербет 1 л вода 1 кг шеќер 1 ванилин шеќер 1 лимон Користени Делимано произвоВо тава се топи маргаринот и се додава маслото за готвење. Потоа се додава и гризот и се готви 3-4 мин. 200гр ораси се сецкаат, 200гр се мелат. Се зема една кора и врз неа се пропрскува со смесата со гриз и масло. Потоа се ставаат мелените ораси низ цела кора, а на почетокот од кората се редат под линија сецканите ораси. Се зема мало стапче и кората се мора околу него во ролна. Почнувајќи од средината кон краевите се гужва и се става во тава за печење. Зависно од тоа колку кори имате, се распределува смесата и состојките и се редат во ред. Се сече на 4 дела и се става да се пече на 180 степени, половина час. Во меѓувреме се подготвува шербетот. На оган се става 1 литар вода и 1 килограм шеќер и се вари 5-6 мин, за да се згусне смесата. Врз испечената и оладена баклава, се става врелиот шербет и се остава да одстои неколку часа пред сервирање. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќна торта со јаткасти плодовиСостојки за прва и втора кора по... 3 јајца цели 6 лажици шеќер 3 лажици врела вода 1/2 кесе печиво 3 лажици брашно 2 лажици мелени ореви 2 лажици мелени лешници за третата кора... 3 цели белки 5 лажици шеќер 1 лажица брашно 2 лажици печени мелени ореви 2 лажици печени мелени лешници за фил... 1 пудинг нугат 250 мл. млеко 125 гр. путер 4 лажици шеќер 3 биени жолчки 180мл. слатка павлака 100гр. мелени оревиТортата е празнична, едноставна и вкусна. Печењето за сите 3 кори е во бр. 30 модла, најдолу под секоја кора користев хартија за печење. Подготовката на секоја кора е иста и вообичаена. Се бијат јајцата се додава шеќерот, врела вода, брашното помешано со печиво, ореви и лешници кои претходно е убаво да се потпечат ,,на суво,, над шпорет неколку минутки пред да се сомелат. Секоја кора се печи на 200 во загреана рерна. За кората со белки не е потребно печиво. Се бијат белките со шеќер, се исклучва миксерот, се додаваат останатите состојки. Со дрвена лажица се меша и се тура над хартија, се печи исто. За филот, се бијат жолчките, се става на оган млекото, се додава прашокот за пудинг помешан претходно со малку од количината предвидено млеко. Се додаваат жолчките и на тивко се вари крем. На страна се бие путерот,с е изедначуваат заедно со ладен пудинг. Во погоден сад на оган се ставаат јатки ореви или лешници зависи што ви е по вкус поубаво, да се потпечат на суво, притоа мешајќи. Ладни се мелат. Во трет сад се бие слатката павлака,се ддава од претходно подготвениот фил во биена сатка павлака, лажица по лажица и на крај се додаваат мелените ореви. На погодна подлога ставаме првата кора, фил, третата кора, фил најгоре втората кора. Се украсува по желба. На здравје. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач со суво и јаткасто овошјеСостојки 250 гр јаткасто овошје (орев, бадем, лешник по избор) 250 гр смокви 250 гр црно суво грозје 250 гр урми 3 јајца 100 гр шеќер 1 кора од портокал Декорација- бела чоколадна маса за декорирање и марципанОвој празничен Божиќен колач го немам спремано неколку години, иако предходно често се наоѓаше на Божиќната трпеза. Бидејќи овој колач е мрсен, затоа се спрема за Божиќ, а не за Бадник. 1. Смоквите и урмите исецкајте ги на ситни коцки. Јас користев бадеми овојпат и ги исецкав на крупни парчиња во Делимано Кларити Про. 2. Се матат 3 белки со 100 гр шеќер во густо шне. На крај од матењето се додава 1 жолчка, другите две ќе служат за премачкување на колачот. 3. Се мешаат јајцата заедно со сувото овошје и бадемите и се додава кората од портокал. Ќе добиете убава густа смеса, која лесно се обликува. Смесата се дели на 3 ролати или во мојот случај ја поделив на две смеси и го распределив во калап за печење леб, одложен со хартија за печење. Одозгора се премачкуваат со жолчка. 4. Се пече на 150 степени, околу 1час. Треба на тивко да се суши колачот и јајцата пополека термички да се обработат. 5. Печениот колач се остава убаво да се излади и потоа се декорира. За декорација користев бела чоколадна маса за декорирање и марципан во боја. ----------------------------------------------------------------------------- Јас не сум јас ако не го променам основниот рецепт. Кон горенапишаниот основен рецепт внесов промена при оваа подготовка. Експериментирав со рецептот, бидејќи многупати го имам подготвувано, па можев да си дозволам отстапки. Ставив 125 гр суво грозје и 125гр брусница. Сувите овошја ги потопив во 1 чашка рум и стоеа околу 15-20 мин. Исто така додадов и пола лажичка мускатво оревче и пола лажичка цимет. Сетоа ова дополнително го украси колачот и даде побогат вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач со урмиСостојки 2 чаши бело брашно 1/2 чаша интегрално брашно 30 парчиња свежи урми 3 лажици мед 50 грама суво грозје 2 чаши оризово млеко или вода 100 мл масло 30 гр кокосово масло или путер 2 лажички цејлонски цимет во прав 1 лажица какао 1 лажица сода бикарбона 1 лажица прашок за пециво 200 гр чоколадо со над 60% какао 1 лажичка кокосово масло или путер 1 лажица оризово млеко 1 лажичка маслоДвата вида брашно со прашокот за пециво, содабикарбоната, какаото, циметот и медот се мешаат со оризовто млеко или вода. Доколку е потребно се додава уште течност за да се добие не многу густа смеса. Се додава и маслото и растопеното кокосово масло или путер. Се додаваат сецканите свежи урми и сувото грозје. Убаво се меша и се става во правоаголен плех обложен со хартија за печење. Се пече во претходно загрена рерна околу 40 минути на 200 степени, се вади од рерна и се превртува од обратната страна. Се остава колачот малку да се олади. За тоа време се подготвува чоколадниот прелив. Кокосовото масло заедно со чоколадото и 1 лажица оризово млеко и мало лажиче масло се става на оган да се растопи. Со овој прелив се полива горниот дел од колачот. Се остава да се олади и се сечат парчиња. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колач со вишни (посно)Состојки Суви состојки 2 чаши брашно 2 чаши пченичен гриз 1 чаша шеќер 1 пециво плус 900гр вишни 2 ванили 1 чаша шеќер 170мл масло Чашата е од 200мл Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости. Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата. Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни. Потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот. На крајот се додава сокот од исцедените вишни. Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин. Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни. Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќен колачСостојки 450 гр кандирано овошје (цреши, смокви, вишни ) 230 гр кандирана кора од лимон и портокал 150 гр суво грозје 150 гр суви црни сливи 150 гр суви рибизли 150 гр свежи урми 150 гр бадеми 120 мл бренди 60 гр брашно 250 гр брашно 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка сол 1 лажичка цимет 1 лажичка мелено каранфилче 1 лажичка пимент 225 гр путер на собна температура 440 гр кафеав шекер 6 јајца на собна температура 180 мл темен мед 180 мл сок од јаболко Користени Делимано произвоБожиќ изгледа далеку, ама овој колач за да ја развие потполната арома и вкус и да созрее треба да отстои најмалку 6 недели. Затоа, сега е време да се направи. За Клара и ЛУДО, кои мислат дека досегашните мои рецепти се “со чекање“... Е не баш, овој е таков... Исецкајте го на коцки кандираното овошје, кандираната кора од агруми, урмите и црните сливи. Бадемите излупете ги и исецкајте ги на ливчина. Цело суво и кандирано овошје заедно со бадемите ставете го во еден поголем сад кој добро се затвара, прелијте со Бренди, добро измешајте, затворете и оставете го во фрижидер најмалку преку ноќ. На денот кога ке го подготвувате колачот обложете ги со хартија за печење дното и страните на округли калап број 24 или 26. Од страните хартијата нека е повисока за 2 - 3 цм од работ на калапот. Рерната загрејте ја на 135 Ц. Во смесата на суво и кандирано овошје додајте 60 гр брашно и измешајте. Во еден мал сад со жица измешајте го брашното со солта, содата и зачините. Оставете на страна. Измешајте го медот со сокот од јаболко. Оставете на страна. Во еден многу голем сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот, додајте го кафеавиот шеќер и повторно матете. Едно по едно додајте ги јајцата, добро матејки меѓу секое додавање. Продолжете да матите и наизменично додавајте ги брашното и сокот од јаболко, така да ќе почните и завршите со суви состојки. Јас сувите состојки ги додавам во три наврати, а водените во два. На крај со шпатула или со голема лажица измешајте го во смесата сувото овошје. Истурете ја смесата во калапот за печење, израмнете ја површината и печете го колачот 3 до 3 1/2 часа. Проверете со чепкалка. Оставете го колачот сосема да се излади. Прелијте го со 2 - 3 лажици Бренди, завиткајте го лабаво во хартија за печење, а потоа и во алуминиумска фолија. Ставете го во кутија која добро затвара и заборавете го до Нова Година или до Божиќ. Чувајте го на ладно, но не во фрижидер. Е, кога после ке го отворите ке ве награди со исклучителен вкус, текстура и арома. Ако сакате пред да го послужите можете да го обложите со марципан или со Ројал ајсинг. Овој колач кај мене е обавезен за празниците. Сите мои пријатели кога ми доагаат на гости очекуваат да ги послужам со него или барем да им испратам по едно парче. Годинава оваа количина ја печев во два калапи со пречник 16 цм и во 6 средни силиконски калапи за мафини. Сите поединечно ги завиткав и ги оставив да отстојат до празниците. Видот на суво и кандирано овошје можете да го менувате според ваша желба, тоа ќе ви даде и малку поинаков вкус на колачот, но запазете ја количината дадена во рецептот, 680 гр кандирано овошје и 600 гр суво овошје. Со годините мене оваа комбинација најмногу ми се бендиса. Наместо кандирано, можете да користите овошје од слатко, но најпрво добро нека се исцеди од сирупот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |