Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Мај.2015 во 08:43 |
За сите зависници од чоколадо имаме еден рецепт кој ќе ве натера да истрчате во кујна и да го пробате веднаш. Не треба да го печете, па затоа е идеален за сите прослави кои следуваат во топлите денови. Потребни состојки: - 600ml слатка павлака
- 150g темно чоколадо
- 200g бело чоколадо
- 200g млечна чоколадо
- 1 шолја дробени бисквити
- 3 лажички путер
Подготовка: Растопете го темното чоколадо и во неа додадете 200ml слатка павлака. Оставете ја фрижидер околу 1 час за да се зацврсти смесата. Во друга тава растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и неа ставете ја фрижидер. Постапката повторете ја и со млечното чоколадо. Во меѓувреме додека чекате да се зацврстат чоколадите, во тава припремете ја подлогата за тортата. Измешајте ги путерот и бисквитите и убаво пополнете ја целата површина на тавата. Откако ќе завршите со приготвувањето на подлогата, наредете го секој фил посебно. По желба можете да додадете и шлаг и чоколадни трошки или некое овошје.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2015 во 10:56 |
Ви предлагаме да ги послужите во секој дел од денот, за секоја пригода, за млади и стари - сите подеднакво ќе ги обожаваат и ќе уживаат во нив. Потребни состојки: - 2 пудинзи со вкус на ванила
- 5dl млеко
- 5 лажици шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 200g путер
- 200g шеќер во прав
- 150g + 80g брашно од кокос
- 80g печени лешници
Подготовка: Пудинзите, шеќерот и ванилиниот шеќер сварете ги во млекото и оставете да се олади до собна температура. Ставете пластична фолија и повремено мешајте за да не се направи кора. Путерот и шеќерот во прав изматете ги додека не добиете пенаста смеса, па додајте ја во пудингот и измиксирајте. Додадете 150g кокос, измешајте и оставете во фрижидер да се олади и стегне. Правете топчиња од оладената смеса, во средина ставете лешник и извалкајте ги во кокос. Послужете со омилениот чај, после ручек или после слатко кафе. Важно: Од овие состојки ќе добиете околу 70 топчиња. Ако ви се многу, секогаш може да ги преполовите состојките.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Мај.2015 во 22:04 |
Милка торта без печење
Сите го обожаваме чоколадото Милка, а уште подобро би било кога би можеле и дома да си направиме нешто со ист вкус. Израдувајте ги вашите најмили со Милка торта, која ќе ја направите за 30-тина минути и тоа без печење. Состојки за подготовка:- 1л. млеко
- 10 лажици кафеав шеќер
- 3 пудинга од ванила
- 300гр. млечно Милка чоколадо
- 100гр. бело Милка чоколадо
- 500мл. слатка павлака
- 200гр. бисквити (по желба)
Начин на подготовка:
Направете го пудингот со целото млеко. Пудинг смесата поделете ја на два еднакви дела, па во едниот дел ставете млечно, а во другиот бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се стопи. Потоа, оставете ги смесите да се изладат.
Изматете ја слатката павлака, па ¼ од добиената смеса истурете ја во двете смеси. Во тркалезен калап ставете фолија на дното и од страните, па истурете ги црната и белата смета. Малку измешајте ги за да се формираат црно-бели шари. Потоа додавајте го остатокот на слатката павлака, па повторно чоколадото на ист начин со промешување.
Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги врз смесата. Потоа преку колачот ставете фолија и ставете ја во фрижидер добро да стврдне. По неколку часа, извадете ја тортата од фрижидер, превртете ја на некоја тркалезна чинија, така што бисквитите да дојдат на дното и извадете го калапот.
Милка тортата можете да ја декорирате по ваша желба. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Мај.2015 во 20:14 |
БРЗА СЛАДОЛЕД ТОРТА СО БИСКВИТИСе што ви е потребно е сладолед од ванила (подгответе го самите, купете прашок за сладолед од најблиската продавница и изматете го) бисквити, банани и јагоди.
Изменето од Valerija - 01.Мај.2015 во 20:14
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2015 во 10:50 |
ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ СО БАДЕМИ И БИСКВИТИ
250 гр. путер 250 гр. шеќер 4 јајца 4 (штангли) чоколадо 100 гр. потпечени,па сомелени бадеми 1 мала чашка рум бисквити Подготовка: Путерот и шеќерот се матат додека не се направи пена. Во изматената смеса додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење. Потоа додадете го растопеното чоколадо и на крај бадемите. Во долгнавесто тавче наредете ги бисквитите, кои претходно сте ги потопиле во малку вода помешана со рум. Преку бисквитите ставете од филот и се така редете додека не се потрошат и бисквитите и филот. Последниот ред од тортата е само бисквити. Оставете ја во фрижидер да се стегне, а кога ќе се олади ставете и шлаг пена или чоколаден прелив.
Изменето од Valerija - 14.Април.2015 во 10:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 21:54 |
Ама ќе те префрлам во другата тема, печачката
Јас правев едни корнети за мрзливи. Ги најдов на мои рецепти Изгледаат вака и се убави само на лик..
Многу не се практични за јадење. А рецепт
Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:57
|
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 21:45 |
Да пратиш наваму една коцка !!
Изменето од Omar - 08.Април.2015 во 22:14
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 21:41 |
Еј слично е ова. Многу сум по тие рецепти со путер од кикирики, ама по дома им биле многу јаки, па погоди кој ги јаде на крај чудесиите излезени од кујна Да знаеш дека во понеделник ќе направам, си викам да постам утре, задутре...
|
|
|
Omar
Сениор
Too young to die...
Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 21:37 |
Нешто слично на рецептот погоре на Евангелине: Еднаш ги имам направено, ама сакам да ги направам пак!! Наместо кикиритки, путер од кикиритки!! Цимерот отиде до супермаркет и наместо еурокрем зел путер од кикиритки.. Стоеше така 2 недели никој не го чепна па реков дај да направам нешто ми бодеше во очи Прецептот е вака: БАЈАДЕРА СО КИКИРИТКИ:- 100 гр мелени дигестивни бисквити - 200 гр шеќер (може да се користи и шеќер во прав 250 гр ) - 200 гр чоколада - 250 гр путер од кикиритки - 120 гр путер - лажица млеко - лажица путер - лажица масло Путерот (обичниот) се топи на среден кон тивок оган, се додава шеќерот и се се меша. Одкако ке се стопи шеќерот ( ако е шеќер во прав не се чека ништо да се стопи туку само се промешува) се содава путерот од кикиритки и одкако ќе омекни се додаваат дигестивните бисквити. Се става на мрсна хартија или хартија за готвење и во меѓувреме се подготвува глазурата. Лажица млеко со путер и масло и чоколада на оган одкако се хомогенизира, се потура врз бајадерата и се става во фрижидер на 2 часа да се стврдне чоколадата.
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 21:16 |
Два пати по ред правам сникерс колачиња на најлесен начин. Како за мене, се прелесни. И сега ќе дојде Биба и ќе ме искара што не ставам точни мерки А јас пак ќе и речам, зависи од бисквитите! Колку ќе ти впијат течност
Ама се на се иде вака некако.. 450 грама бисквити 450 грама кикирики (јас сакам малку солено да е, се добива интересен контраст од благото) Ќе ги сомелеш на машинка, не на најситно, нека имаат по некое парченце покрупно, особено од кикириките.. На шпорет ставаш тенџере со вода и на пареа ќе растопиш 300 грама маргарин (по можност некој поквалитетен - ДА НЕ Е СОЛЕН), и 220 грама шеќер во прав. На страна загреваш 100-200 милилитри млеко.
Ги поливаш бисквитите и кикириките со маргаринот и шеќерот во прав и мешаш. Ако бисквитите ви се од посувите, додаваш од загреаното млеко. Треба да се добие смеса што можеш да ја обликуваш со рака. Во тавче се става хартија за печење (јас ставам од онаа растегливата проѕирна најлонска што-и-да-е во моментов не ми текнува!!!) се распоредува смесата подеднакво. Ставаш тенок слој карамел (може да се подготви дома или да се купи готова, јас купувам) Во истото тенџере на оган, растопуваш една и пол чоколада со поголем процент какао (ги обожавам од Европа), ја преливаш и ја посипуваш со уште малку рендани кикирики..
Може и Омар да ги испроба, како тазе готвач
Правев еднаш една мноооогу покомплицирана од оваа, ама не вреди за времето потрошено...
И ќе заборавев! На крај одат во фрижидер околу саат време. Не бидете лакоми како мене
Изменето од evangeline - 08.Април.2015 во 21:17
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2015 во 20:56 |
ЧОКОЛАДНА НЕПЕЧЕНА ТОРТА
- 1.Калапот за торта (ние користевме округли калап со ширина од 24 сантиметри)намачкајте го со путер и обложете го со мрсна хартија за печење. Не заборавајте да ги обложите и страничните делови.
- 2.Путерот растопете го заедно со шеќерот и водата и додадете ги мелените бисквити. Добиената смеса распоредете ја на дното на калапот.
- 3.Подгответе ги пудинзите. Во сад, на оган, ставете малку помалку од 2/3 од млекото (600 мл млеко) и оставете го да зоврие. Настрана, двата чоколадни пудинзи изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 4 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го чоколадниот пудинг, двете млечни темни чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса. Пудингот тргнете го настрана и покријте го проѕирна фолија.
- 4.Од остатокот млеко тргнете 60 мл и зовријте го. Пудингот од ванила изматете ги со 60 мл млеко и ставете (по желба) 2 лажици шеќер. Откако млекото ќе зоврие, ставете го пудингот и една млечна бела чоколада и мешајте се додека не добиете густа смеса.
- 5.Во сад со вода (околу 70-80 мл вода) растворете ги двете кесички желатин, а потоа садот ставете го во топла вода и мешајте се додека желатинот не се растопи. 2/3 од желатинот ставете во темната смеса и добро промешајте, а 1/3 во белата смеса.
- 6.Со миксер, изматете 500 мл слатка павлака. 1/3 од слатката павлака ставете во темната смеса, 1/3 во белата смеса, а остатокот тргнете го настрана кој ќе служи за украсување.
- 7.Пудингот од темно чоколадо истурете го врз бисквитите, израмнете и врз него истурете го пудингот од бело чоколадо. Тортата оставете ја во фрижидер околу 1 до 2 часа или се додека не се стврдне.
- 8.Оладената торта премачкајте ја со остатокот од изматената слатка и павлака и украсете со чоколадни бонбони. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2015 во 08:08 |
Само 3 состојки, без печење, без варење и за околу 20 минути имате совршен десерт кој ќе го изедете додека да трепнете. За 16 - 18 бомбици потребно ви е: - 300g бело чоколадо
- 30 Орео колачиња
- 100g крем сирење
- 4 Орео колачиња за декорација
Подготовка: Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок. Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците. Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач. За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го. Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото. Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне. Може да стојат 2-3 дена, но не веруваме дека ќе ви издржат со оглед на тоа каков вкус имаат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2015 во 17:49 |
Рецепт: Чоколаден ролат без печењеПотребни состојки: - 2 јајца
- 150g шеќер
- 100g чоколадо за готвење
- 85g маргарин или путер
- ½ шолја сечкани ореви
- 200g бисквити
По желба, може да додадете суво грозје и смокви исечкани на ситни парчиња. Подготовка: Во еден сад измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете го искршеното чоколадо и маргаринот или путерот. Загревајте додека состојките не се стопат и соединат. Смесата изладете ја, па во неа додадете ги оревите и издробените бисквити. Добро измешајте. Ако смесата ви изгледа премногу кашеста, додајте уште малку бисквити. На работна површина ставете целофан и на него изгмечете ја смесата. Обликувајте ролат и оставете го да се олади. Може да користите и калапи за обликување на ролатот. Исечете, послужете и уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2015 во 08:35 |
Чоколадното виножито е еден од омилените десерти на најмладите, но заради леснотијата со која се прави, од денес ќе биде и вашето омилено колаче. Овој десерт може да го послужите после ручек, со кафе, за роденден или да го подарите на пријателите кои се љубители на благо. Потребно ви е: - 200g чоколадо за секоја боја
- 700ml засладено кондензирано млеко (за торта со 6 бои)
- Неколку капки екстракт од ванила
- Прехранбени бои
Подготовка: Исечкајте ја белата чоколада, па додајте околу 110ml од засладеното кондензирано млеко. Кондензираното млеко се купува во сите поголеми маркети спакувано во конзерви или можете да го направите сами по овој рецепт. Додајте една боја во чоколадото и млекото, малку ванила и добро промешајте. Еден длабок калап обложете со алуминиумска фолија, па ставете ја чоколадната смеса во него. Постапката повторувајте ја толку пати колку што сакате колачот да има бои, само почекајте претходниот слој да се стврдне. Кога ќе завршите, ставете го калапот во фрижидер неколку минути, а потоа извадете го виножитото сосе фолијата. Крајниот резултат би требало да е ваков:
Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 08:35
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|